Вангард 1 (Ознака на Харвард: 1958-Beta 2,[1] COSPAR ID: 1958-002B[2])беше четвртиот вештачки сателит на Земјата, и прв со напојување на сончева енергија[3] . Иако комуникацијата со него е прекината во 1964 година, денеска е најстариот објект направен од човек кој е сѐ уште во орбита, и како таков е најстарото парче во облакот на вселеснки остатоци што кружат околу Земјата.

Вангард 1 со шест прикачени соларни ќелии.

Самото летало претставува алуминиумска сфера што тежи 1,47 килограми, и е 165 милиметри во пречник.

Лансиран: 17 март 1958 во 12:16 по Гринич, од Кејп Каневерал LC-18A, со Вангард ТВ-4
Орбита: 658 km x 3 968 km x 34,35° x 134,18 min.
Испаднат од орбита: Најстар вештачки сателит во орбита

Инструментација

уреди

Леталото содржи 10 миливатни трансмитери од 108 мегахерци, напојувани од живини батерии, и 5 миливатни трансмитери од 108,03 мегахерци, напојувани од шесст сончеви ќелии монтирани на болидот од сателитот. Шест кратки антени излегуваат од сферата. Трансмитерите највеќе беа користени за собирање инженерски и податоци за следење на леталото, но и за откривање на целосната електрон-содржина измеѓу сателитот и станиците на земјата. Вангард носи и два термистора кои ја мерат внатрешната температура на секои шеснаесет дена, за да се следи делотворноста на топлинската заштита.

Тек и крај на мисијата

уреди

Вангард 1 е дизајниран за тестирање на можностите на три-степеното лансирно летало, како дел од Проект Вангард, и за ефектите на околината врз сателитот и неговите системи во Земјината орбита. Исто така беше користен за добивање на геодетски мерења преку анализи на орбитата.

Собраните податоци од геодетските мерења служеле за да се покаже дека обликот на Земјата е асиметричен гледано од север према југ. Вангард 1 собра податоци и за ефектите од сончевиот притисок.

Според првичните предвидувања, се сметало дека Вангард 1 ќе остане во орбита цели 2000 години. Но, подоцна се откри дека притисокот од сончевото зрачење заедно со атмосферското триење за време на висока сончева активност значително ја менува висината на која што се наоѓа сателитот, а со тоа го намалува и неговиот животен век на само 240 години.

Наводи

уреди
  1. „U.S. Space Objects Registry“. Архивирано од изворникот на 2013-10-06. Посетено на 2009-06-25. Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  2. „Display: Vanguard 1 1958-002B“. NASA. 14 May 2020. Посетено на 1 February 2021. Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  3. „Vanguard I The World's Oldest Satellite Still in Orbit“. Архивирано од изворникот на 2015-03-21. Посетено на September 24, 2007. Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.

Надворешни врски

уреди

Вангард 1 - Астрoномски Клуб Куманово