Државен удар
Државен удар (француски: coup d'état; се користат и термините воен преврат или пуч) е насилно преземање на власта во една држава од страна на политичка фракција, бунтовничка група, војска или диктатор,[1] извршено преку кршење на уставните и правните норми кои се на сила во државата,[2] и апсење или ликвидација на дотогашните водачи.[3] Се смета дека пучот е успешен ако узурпаторите ја преземат и ја задржат власта најмалку седум дена.[1]
Зачестеност и историја
уредиСпоред податоците за државен удар од Клејтон Тајн и Џонатан Пауел во периодот од 1950 до 2010 година имало 457 обиди за државен удар, од кои 227 (49,7%) биле успешни, а 230 (50,3%) биле неуспешни.[4] Според овие податоци државните удари „најчести се во Африка и Америка (36,5% и 31,9%, соодветно). Во Азија и на Блискиот Исток процентот на државни удари бил 13,1% и 15,8% од вкупните воени удари во светски рамки, соодветно. Во Европа имало најмалку обиди за државен удар: 2,6%“[4] Повеќето од обидите за државен удар се случиле кон средината на 1960-тите, но имало и многу обиди за државен удар во средината на 1970-тите и раните 1990-ти.[4] Од 1950 до 2010 година, мнозинството преврати на Блискиот Исток и во Латинска Америка биле безуспешни. Шансите за успех биле нешто поголеми во Африка и Азија.[5] Бројот на успешни државни удари се намалува со текот на времето.[4]
Исходи
уредиЕдна студија од 2016 година наведува дека се можни четири исходи по државен удар во диктатура:[6]
- Неуспешен државен удар
- Државен удар без промена на режимот, на пример кога лидерот е незаконски сменет од власт без промена на идентитетот на групата на власт или правилата на владеење
- Замена на еден режим со друга диктатура
- Соборување на диктатурата проследено со демократизација (познати и како „демократски удари“) [7]
Во студијата се наведува дека околу половина од државните удари во диктатурите - за време на Студената војна и по неа - се воведуваат нови автократски режими.[6] Новите диктатури воведени по државен удар се порепресивни во годините што следат по државниот удар отколку што бил режимот пред пучот.[6] Во една третина од државните удари во диктатурите за време на Студената војна и 10% од ударите по неа немало промена на режимот.[6] Во 12% од државните удари во Студената војна и во 40% од оние по неа биле воведена демократија.[6]
Превратите во периодот по Студената војна поверојатно е да резултираат со воведување на демократски системи отколку превратите за време на Студената војна,[6][8][9] иако и по државните удари сè уште владее авторитаризмот.[5] Превратите за време на граѓанска војна го скратуваат времетраењето на војната.[10]
Предвесници
уредиСпоред академски извештај од 2003 година следниве фактори може да се предвесници на државни удари:
- лични жалби на офицерите
- жалби од воени организации
- воена популарност
- воена кохезивност на ставови
- економска рецесија
- домашна политичка криза
- прелевање од други воени удари во регионот
- надворешна закана
- учество во војна
- дослух со странска воена сила
- доктрина за национална безбедност на војската
- офицерска политичка култура
- неинклузивни институции
- колонијално наследство
- економски развој
- недиверзифициран извоз
- офицерски класен состав
- големина на војската
- силата на граѓанското општество
- легитимитетот на режимот и минати државни удари.
Во студијата од 2016 година се додаваат и етничкиот фракционизам, странски влади кои даваат поддршка, неискуство на лидерите, бавен економски раст, ценовни шокови на стоките и сиромаштија.[11]
Замка од државен удар
уредиВкупниот број на државни удари е во една земја е силен предвесник за идни државни удари.[12][13][14] Овој феномен се нарекува замка од државен удар.[14][15] Студија од 2014 година во 18 земји од Латинска Америка покажала дека воспоставувањето политички натпревар им помага на земјите да се извлечат од „замката од државен удар“ и ги намалува циклусите на политичка нестабилност.[15]
Тип на режим и поларизација
уредиХибридните режими се поподложни на државни удари од авторитарните или демократските држави.[16] Во студијата од 2021 година се наведува дека демократските режими имаат мала веројатност да доживеат пуч.[17] Студија од 2015 година открива дека тероризмот е поврзан со државни удари без промена на режимот.[18] Студија од 2016 година открива дека има етничка компонента во државните удари: „Кога лидерите се обидуваат да создадат етнички армии или да ги уништат оние создадени од нивните претходници, тие предизвикуваат насилен отпор од воените офицери“.[19] Друга студија од 2016 година покажува дека со протестите се зголемува ризикот од пуч.[20] Трета студија од 2016 година открива дека државните удари се поверојатни во пресрет на избори во автократија, откако резултатите ќе откријат изборна слабост на актуелниот автократ.[21] Четвртата студија од 2016 година открива дека нееднаквоста меѓу социјалните класи ја зголемува веројатноста за пуч.[22] Петтата студија од 2016 година не најде докази за регионално прелевање на државните удари; државен удар во еден регион не предизвикува други државни удари во тој регион.[23] Едно истражување покажа дека поверојатно е државните удари да се случат во држави со мало население, бидејќи се надминуваат проблемите во координацијата меѓу пучистите.[24]
Во автократиите, зачестеноста на државните удари е под влијание на постоечките правила за наследување.[25][26][27]
Во студија од 2014 година за 18 земји од Латинска Америка во 20-тиот век покажала дека законодавните овластувања на претседателството не влијаат на зачестеноста на државен удар.[15]
Територијални спорови, внатрешни конфликти и вооружени конфликти
уредиСтудија од 2017 година покажа дека автократските лидери чии држави се вклучени во меѓународни територијални спорови имаат поголема веројатност да бидат соборени со државен удар.[28] Сепак, две студии од 2016 година покажале дека лидерите вклучени во милитаризирани конфронтации и конфликти е помалку веројатно да се соочат со државен удар.[29][30]
Студија од 2019 година покажала дека државите кои неодамна потпишале мировни договори по граѓанска војна е поверојатно да доживеат пуч, особено кога тие договори содржат одредби кои ги загрозуваат интересите на војската.[31]
Народна опозиција и регионални бунтови
уредиИстражувањата наведуваат дека протестите поттикнуваат државни удари, затоа што им помагаат на елитите во државниот апарат да ги координираат државните удари.[32]
Ефект на војската
уредиСтудија од 2018 година покажала дека обидите за државен удар биле поневеројатни во државите каде што војската остварува значителни приходи од мировни мисии.[33] Студијата тврди дека војската била одвратена од организирање пуч затоа што се плашеле дека ОН повеќе нема да ја ангажира војската во мировни мисии.[33]
Друга студија од 2018 година покажала дека постоењето на воени академии е поврзано со државни удари. Авторите тврдат дека воените академии им олеснуваат на воените офицери да планираат пуч, бидејќи училиштата им помагаат на воените офицери да изградат мрежа.[34]
Економија, стапка на раст и развој
уредиСтудијата од 2018 година покажала дека „шоковите на цената на нафтата поттикнуваат државни удари во земји кои располагаат со нафта, а ги спречуваат во земји кои немаат нафта“.[35]
Студија од 2020 година покажала дека изборите имаат двострано влијание врз обидите за државен удар, во зависност од економската состојба. За време на периоди на економска експанзија, изборите ја намалуваат веројатноста на обиди за државен удар, а изборите за време на економска криза ја зголемуваат.[36]
Студија од 2021 година покажала дека земји богати со нафта имаат зголемен ризик од обиди за државен удар, но тие удари веројатно нема да успеат.[37]
Студија од 2014 година за 18 земји од Латинска Америка утврдила дека зачестеноста на државните удари не зависи од нивото на економски развој, економската нееднаквост, ниту од стапката на економски раст.[15]
Заштита од државен удар
уредиВо т.н. „заштита од државен удар“, режимите создаваат структури кои ѝ отежнуваат на некоја мала група да ја преземе власта. Овие стратегии за заштита од државен удар опфаќаат стратешко поставување на семејните, етничките и религиозните групи во војската; создавање на паравоени сили паралелно со редовната војска и создавање на внатрешни безбедносни агенции со преклопна надлежност каде што постојано се надгледуваат една со друга.[38] ТИстражувањата покажуваат дека некои стратегии за заштита од државен удар го намалуваат ризикот од негова појава.[39][40] Сепак, методите на заштита од државен удар ја намалуваат воената делотворност.[41][42][43][44][45] Една од причините зошто авторитарните влади се стремат да имаат некадарни војски е затоа што тие се плашат дека нивната војска ќе изврши државен удар.[46]
Влијание
уредиДемократија
уредиИстражувањата укажуваат дека државните удари преку кои се цели кон демократизација во авторитарни режими со текот на времето шансите за воспоставување на демократски систем се намалуваат, но и дека позитивното влијание се зајакнува по завршувањето на Студената војна.[6][8][47][48][49]
Репресија и контра пучеви
уредиСпоред Наунихал Синг, автор на Преземање на моќта: Стратешка логика на воените удари (2014), „прилично е ретко“ владата насилно да ја исчисти армијата по спречување на државен удар. Ако се започне со масовно убивање на елементи од армијата, како и офицери кои не биле вмешани во пучот, тоа може да предизвика „контра-пуч“ од војници кои се плашат дека тие се следни. За да се спречи таков контра-пуч кој може да биде поуспешен од првиот обид, владите обично прибегнуваат кон отпуштање на истакнати офицери и ги заменуваат со лојалисти.[50]
Некои истражувања укажуваат дека обично и по успешните и по неуспешните обиди за државен удар следат зголемената репресија и насилството.[51]
Попознати контра пучеви се: Отоманскиот контра пуч од 1909 година, контра пучот во Лаотија во 1960 година, масовните убиства во Индонезија од 1965-66 година, нигерискиот контра-пуч од 1966 година, грчкиот контра државен удар од 1967 година, суданскиот контра пуч од 1971 година и државниот удар од дванаесетти декември во Јужна Кореја.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Powell, Jonathan M.; Thyne, Clayton L. (2011-03-01). „Global instances of coups from 1950 to 2010 A new dataset“. Journal of Peace Research (англиски). 48 (2): 249–259. doi:10.1177/0022343310397436. ISSN 0022-3433.
- ↑ Празен навод (help). — «Clearly the coup is by definition illegal».
- ↑ Празен навод (help) „Архивированная копия“. Архивирано од изворникот на 2012-07-02. Посетено на 2011-07-13.CS1-одржување: неподобна URL (link)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Coup d'état“. Oxford Dictionaries. Архивирано од изворникот на 6 November 2015. Посетено на 12 January 2019.
- ↑ 5,0 5,1 Brooks, Risa A. (2019-05-11). „Integrating the Civil–Military Relations Subfield“. Annual Review of Political Science (англиски). 22 (1): 379–398. doi:10.1146/annurev-polisci-060518-025407. ISSN 1094-2939.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Derpanopoulos, George; Frantz, Erica; Geddes, Barbara; Wright, Joseph (1 January 2016). „Are coups good for democracy?“. Research & Politics. 3 (1): 2053168016630837. doi:10.1177/2053168016630837. ISSN 2053-1680.
- ↑ Varol, Ozan O. (20 May 2021). The Democratic Coup d'État. Oxford University Press. ISBN 9780190626020 – преку Amazon.com.
- ↑ 8,0 8,1 Marinov, Nikolay; Goemans, Hein (1 October 2014). „Coups and Democracy“. British Journal of Political Science. 44 (4): 799–825. doi:10.1017/S0007123413000264. ISSN 1469-2112.(бара претплата)
- ↑ Miller, Michael K. (1 October 2016). „Reanalysis: Are coups good for democracy?“. Research & Politics. 3 (4): 2053168016681908. doi:10.1177/2053168016681908. ISSN 2053-1680.
- ↑ Thyne, Clayton (25 March 2015). „The impact of coups d'état on civil war duration“. Conflict Management and Peace Science. 34 (3): 0738894215570431. doi:10.1177/0738894215570431. ISSN 0738-8942.
- ↑ Bell, Curtis (17 February 2016). „Coup d'État and Democracy“. Comparative Political Studies. 49 (9): 0010414015621081. doi:10.1177/0010414015621081. ISSN 0010-4140.
- ↑ Belkin, Aaron; Schofer, Evan (1 October 2003). „Toward a Structural Understanding of Coup Risk“. Journal of Conflict Resolution. 47 (5): 594–620. doi:10.1177/0022002703258197. ISSN 0022-0027.
- ↑ Przeworski, Adam; Alvarez, Michael E.; Cheibub, Jose Antonio; Limongi, Fernando (2000). Democracy and Development: Political Institutions and Well-Being in the World, 1950–1990. Cambridge Studies in the Theory of Democracy. Cambridge University Press. ISBN 9780521793797.
- ↑ 14,0 14,1 Londregan, John B.; Poole, Keith T. (1 January 1990). „Poverty, the Coup Trap, and the Seizure of Executive Power“. World Politics. 42 (2): 151–183. doi:10.2307/2010462. ISSN 1086-3338. JSTOR 2010462.(бара претплата)
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 Lehoucq, Fabrice; Pérez-Liñán, Aníbal (2014). „Breaking Out of the Coup Trap“. Comparative Political Studies. 47 (8): 1105–1129. doi:10.1177/0010414013488561.
- ↑ Hiroi, Taeko; Omori, Sawa (1 February 2013). „Causes and Triggers of Coups d'état: An Event History Analysis“. Politics & Policy. 41 (1): 39–64. doi:10.1111/polp.12001. ISSN 1747-1346.
- ↑ Kim, Nam Kyu; Sudduth, Jun Koga (2021-03-03). „Political Institutions and Coups in Dictatorships“. Comparative Political Studies (англиски). 54 (9): 1597–1628. doi:10.1177/0010414021997161. ISSN 0010-4140.
- ↑ Aksoy, Deniz; Carter, David B.; Wright, Joseph (1 July 2015). „Terrorism and the Fate of Dictators“. World Politics. 67 (3): 423–468. doi:10.1017/S0043887115000118. ISSN 1086-3338.(бара претплата)
- ↑ Harkness, Kristen A. (1 June 2016). „The Ethnic Army and the State Explaining Coup Traps and the Difficulties of Democratization in Africa“. Journal of Conflict Resolution. 60 (4): 587–616. doi:10.1177/0022002714545332. ISSN 0022-0027.
|hdl-access=
бара|hdl=
(help) - ↑ Johnson, Jaclyn; Thyne, Clayton L. (26 June 2016). „Squeaky Wheels and Troop Loyalty How Domestic Protests Influence Coups d'état, 1951–2005“. Journal of Conflict Resolution. 62 (3): 597–625. doi:10.1177/0022002716654742. ISSN 0022-0027.
- ↑ Wig, Tore; Rød, Espen Geelmuyden (1 August 2016). „Cues to Coup Plotters Elections as Coup Triggers in Dictatorships“. Journal of Conflict Resolution. 60 (5): 787–812. doi:10.1177/0022002714553106. ISSN 0022-0027.
- ↑ Houle, Christian (1 September 2016). „Why class inequality breeds coups but not civil wars“. Journal of Peace Research. 53 (5): 680–695. doi:10.1177/0022343316652187. ISSN 0022-3433.
- ↑ Miller, Michael K.; Joseph, Michael; Ohl, Dorothy (26 May 2016). „Are Coups Really Contagious? An Extreme Bounds Analysis of Political Diffusion“. Journal of Conflict Resolution. 62 (2): 410–441. doi:10.1177/0022002716649232. ISSN 0022-0027.
- ↑ Gassebner, Martin; Gutmann, Jerg; Voigt, Stefan (1 December 2016). „When to expect a coup d'état? An extreme bounds analysis of coup determinants“. Public Choice. 169 (3–4): 293–313. doi:10.1007/s11127-016-0365-0. ISSN 0048-5829.
|hdl-access=
бара|hdl=
(help) - ↑ Kurrild-Klitgaard, Peter (2000). „The constitutional economics of autocratic succession“. Public Choice. 103 (1/2): 63–84. doi:10.1023/A:1005078532251. ISSN 0048-5829.
- ↑ Kurrild-Klitgaard, Peter (2004). „Autocratic succession“. Encyclopedia of Public Choice. 103: 358–362. doi:10.1007/978-0-306-47828-4_39. ISBN 978-0-306-47828-4.
- ↑ Escribà-Folch, Abel; Böhmelt, Tobias; Pilster, Ulrich (2019-04-09). „Authoritarian regimes and civil–military relations: Explaining counterbalancing in autocracies“. Conflict Management and Peace Science (англиски). 37 (5): 559–579. doi:10.1177/0738894219836285. ISSN 0738-8942.
|hdl-access=
бара|hdl=
(help) - ↑ Florea, Adrian (2018). „Spatial Rivalry and Coups Against Dictators“ (PDF). Security Studies. 27: 1–26. doi:10.1080/09636412.2017.1360072. ISSN 0963-6412.
- ↑ Piplani, Varun; Talmadge, Caitlin (1 December 2016). „When War Helps Civil–military Relations Prolonged Interstate Conflict and the Reduced Risk of Coups“. Journal of Conflict Resolution. 60 (8): 1368–1394. doi:10.1177/0022002714567950. ISSN 0022-0027.
- ↑ Arbatli, Cemal Eren; Arbatli, Ekim (2014). „External threats and political survival: Can dispute involvement deter coup attempts?“. Conflict Management and Peace Science. 33 (2): 115–152. doi:10.1177/0738894214545956.
- ↑ White, Peter (2020). „The Perils of Peace: Civil War Peace Agreements and Military Coups“. The Journal of Politics. 82: 104–118. doi:10.1086/705683. ISSN 0022-3816.
- ↑ Casper, Brett Allen; Tyson, Scott A. (1 April 2014). „Popular Protest and Elite Coordination in a Coup d'état“. The Journal of Politics. 76 (2): 548–564. doi:10.1017/S0022381613001485. ISSN 0022-3816.(бара претплата)
- ↑ 33,0 33,1 Lundgren, Magnus (2018). „Backdoor peacekeeping: Does participation in UN peacekeeping reduce coups at home?“. Journal of Peace Research. 55 (4): 508–523. doi:10.1177/0022343317747668.
- ↑ Böhmelt, Tobias; Escribà-Folch, Abel; Pilster, Ulrich (2018-08-13). „Pitfalls of Professionalism? Military Academies and Coup Risk“ (PDF). Journal of Conflict Resolution. 63 (5): 002200271878974. doi:10.1177/0022002718789744. ISSN 0022-0027.
|hdl-access=
бара|hdl=
(help) - ↑ Nordvik, Frode Martin (2019). „Does Oil Promote or Prevent Coups? the Answer Is Yes“. The Economic Journal. 129 (619): 1425–1456. doi:10.1111/ecoj.12604. ISSN 1468-0297.
- ↑ Krishnarajan, Suthan; Rørbæk, Lasse Lykke (2020-01-21). „The Two-sided Effect of Elections on Coup Attempts“. Journal of Conflict Resolution (англиски). 64 (7–8): 1279–1306. doi:10.1177/0022002719900001. ISSN 0022-0027.
- ↑ Powell, Jonathan; Schiel, Rebecca; Ben Hammou, Salah (2021). „Oil Wealth, Risk Acceptance, and the Seizure of Power“. Journal of Global Security Studies (англиски). 6 (4): 1–8. doi:10.1093/jogss/ogaa053. ISSN 2057-3189.
- ↑ T., Quinlivan, James (1 January 2000). „Coup-Proofing“. Посетено на 20 January 2016. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Powell, Jonathan (1 December 2012). „Determinants of the Attempting and Outcome of Coups d'état“. Journal of Conflict Resolution. 56 (6): 1017–1040. doi:10.1177/0022002712445732. ISSN 0022-0027.
- ↑ Braithwaite, Jessica Maves; Sudduth, Jun Koga (1 January 2016). „Military purges and the recurrence of civil conflict“. Research & Politics. 3 (1): 2053168016630730. doi:10.1177/2053168016630730. ISSN 2053-1680.
- ↑ Talmadge, Caitlin (2016-01-02). „Different Threats, Different Militaries:Explaining Organizational Practices in Authoritarian Armies“. Security Studies. 25 (1): 111–141. doi:10.1080/09636412.2016.1134192. ISSN 0963-6412.
- ↑ Narang, Vipin; Talmadge, Caitlin (31 January 2017). „Civil-military Pathologies and Defeat in War“. Journal of Conflict Resolution. 62 (7): 1379–1405. doi:10.1177/0022002716684627.
- ↑ Brown, Cameron S.; Fariss, Christopher J.; McMahon, R. Blake (1 January 2016). „Recouping after Coup-Proofing: Compromised Military Effectiveness and Strategic Substitution“. International Interactions. 42 (1): 1–30. doi:10.1080/03050629.2015.1046598. ISSN 0305-0629.(бара претплата)
- ↑ Bausch, Andrew W. (2018). „Coup-proofing and Military Inefficiencies: An Experiment“. International Interactions. 44 (ja): 1–32. doi:10.1080/03050629.2017.1289938. ISSN 0305-0629.
- ↑ Biddle, Stephen; Zirkle, Robert (1996-06-01). „Technology, civil‐military relations, and warfare in the developing world“. Journal of Strategic Studies. 19 (2): 171–212. doi:10.1080/01402399608437634. ISSN 0140-2390.
- ↑ Paine, Jack (2022). „Reframing the Guardianship Dilemma: How the Military's Dual Disloyalty Options Imperil Dictators“. American Political Science Review (англиски): 1–18. doi:10.1017/S0003055422000089. ISSN 0003-0554.
- ↑ Thyne, Clayton L.; Powell, Jonathan M. (1 April 2014). „Coup d'état or Coup d'Autocracy? How Coups Impact Democratization, 1950–2008“. Foreign Policy Analysis: n/a. doi:10.1111/fpa.12046. ISSN 1743-8594.
- ↑ Powell, Jonathan M. (3 July 2014). „An assessment of the 'democratic' coup theory“. African Security Review. 23 (3): 213–224. doi:10.1080/10246029.2014.926949. ISSN 1024-6029.(бара претплата)
- ↑ Derpanopoulos, George; Frantz, Erica; Geddes, Barbara; Wright, Joseph (1 April 2017). „Are coups good for democracy? A response to Miller (2016)“. Research & Politics. 4 (2): 2053168017707355. doi:10.1177/2053168017707355. ISSN 2053-1680.
- ↑ Zack Beauchamp (16 July 2016). „Why Turkey's coup failed, according to an expert“. Vox. Посетено на 16 July 2016.
- ↑ „Are coups good for democracy?“. Washington Post. Посетено на 17 July 2016.