Република Крим

република во Руската Федерација

Република Крим (руски: Республика Крым; кримскотатарски: Къырым Джумхуриети, Qırım Cumhuriyeti; украински: Республіка Крим) — република и федерален субјект на Русија сместен на најголемиот дел од полуостровот Крим во Црното Море.

Република Крим
Република
Республика Крым
Друга транскр.
 • укр.Къырым Джумхуриети (кр. тат.)
Республіка Крим
Знаме на Република КримГрб на Република Крим
Химна:
Нивы и горы твои волшебны, Родина (руски)
Твоите ниви и гори се волшебни, Татковино
Местоположбата на the  Република Крим  (red) во Русија  (light yellow)
Местоположбата на the  Република Крим  (red)

во Русија  (light yellow)

Местоположбата на  Република Крим  (light yellow) во Кримскиот Полуостров
Местоположбата на  Република Крим  (light yellow)

во Кримскиот Полуостров

ДржаваРусија
Федерален округКримски[1][2]
Економски регионКримски[3]
Главен градСимферопол
Управа
 • ОрганДржавниот совет
 • НачалникСергеј Аксјонов
Површина[4]
 • Вкупно26.100 км2 (10,100 ми2)
Население
 • проц. од (2018)[5]1.913.731
Час. појасмосковско време Уреди википодатоци[6] (UTC+3)
Службени јазицируски;[7] украински, кримскотатарски
Мреж. местоhttp://crimea.gov.ru/

Создадена е во 2014 г. откако властите на поранешната Автономна Република Крим и градот Севастопол објавиле независност од Украина и добиле речиси апсолутна поддршка (96,77%) од населението на референдум да станат составен дел од Русија како два нејзини федерални субјекта.[8] Украинските власти и дел од украинскиот народ, Крим го сметаат за дел од Украина и не го признаваат неговиот статус како дел од Русија, и покрај изгласаниот референдум поради неговата незаконитост, забележани фалсификати и отсуство на набљудувачи од други земји за време на самиот референдум .[9]

Западните сили и нивните заеднички сојузи и организации се искажале дека го сметаат референдумот за незаконит и неважечки, бидејќи во него не учествувале сите граѓани на Украина во целина. Меѓутоа, уште во самиот проглас за независност се образложува правната полноважност на референдумот, повикувајќи се на примерот со Косово, кое исто така еднострано прогласило независност без да се праша целата тогашна Србија — потег кој истите тие сили го оправдувале и целосно поддржувале.

Историја

уреди

Територијата на Крим била освојувана и контролирана многупати во текот на неговата историја. Кимеријците, Старите Грци, Скитите, Готите, Хуните, Прабугарите, Хазарите, државата Киевска Русија, Византија, Кипчаците, Отоманското Царство, Златната Орда и Монголите го контролирале Крим некое време во текот на историјата. Во XIII век, делумно бил контролиран од Венецијанците и од Република Џенова; по што следеле Кримското ханство и Отоманското Царство во периодот XV-XVIII век, Руската Империја од XVIII до XX век, Германија во Втората светска војна и Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република, а подоцна и Украинската Советска Федеративна Социјалистичка Република, во рамките на Советскиот Сојуз во текот на XX век.

Припојување кон Украина

уреди

Во 1954 г. Крим е одземен од тогашната Руска СФСР и доделен на Украинската ССР по одлука на тогашниот државник Никита Хрушчов и без никакво консултирање на јавното мислење.[10] Како таков, Крим останува во Украина сè до неговото отцепување на референдум во 2014 г.

Криза и враќање во Русија

уреди

По немирите во Украина, во 2014 г. во Крим се јавува т.н. „Кримска криза“ поттикната од стравувања кај мнозинското руско население од загрозеност. Како последица од тоа Русија, извесни неофицијални единици и месното население издејствуваат смена на управата на републиката. Подоцна, парламентот на Крим носи одлука за припојување на Крим кон Русија под услов предлогот да помине на референдум во самиот Крим и Севастопол. Управата на Крим потоа распишува референдум за оцепување од Украина за 16 март истата година.[11] На референдумот, преку 96,77% од граѓаните искажале поддршка за присоединување кон Русија, при излезност од 83%.[12] Дел од Кримските Татари не излегле на гласање.

Украина сè уште не го признава Крим за дел од Русија, и покрај изгласаниот референдум и со тоа Феодосија ја смета за дел од Украина.

Управување и политика

уреди

Законодавниот дом на Крим е сточленото собрание наречено Врховен совет на Крим.[13]

Извршната власт Министерски совет, на чие чело стои претседател. Надлежностите на Врховниот и Министерскиот совет се пропишани со устав и други републички закони, како и со одлуките донесени во неговата редовна работа.[14]

Правосудната власт ја имаат судовите.[14]

Кримските Татари се претставени преку свој орган, наречен „Меџлис на кримскотатарскиот народ“ (Къырымтатар Миллий Меджлиси), кој доставува примедби и барања до Врховниот совет, началникот и извесни меѓународни тела.[15]

Административна поделба

уреди

Република Крим и понатаму се раководи според административната поставеност на АР Крим, делејќи ја територијата на 25 подрачја: 14 реони и 11 градски општини (офиц. територии во надлежност на градски совети).[16]

Реони
1. Бахчисарајски
2. Белогорски
3. Џанкојски
4. Кировски
5. Красногвардејски
6. Красноперекопски
7. Ленински
8. Нижнегорски
9. Првомајски
10. Раздолненски
11. Сачки
12. Симферополски
13. Советски
14. Црноморски
Градски општини
15. Алушта
16. Армјанск
17. Џанкој
18. Евпаторија
19. Керч
20. Красноперекопск
21. Саки
22. Симферопол
23. Судак
24. Феодосија
25. Јалта
 

Поважни градови

уреди

Најголем град е Симферопол, а други поважни градови се Керч, Џанкој, Јалта.

Име Население Површина
(км2)
Густина
(жит/км2)
Прибелешки
Симферопол 362.366 107,41 3.374 главен град
Керч 145.319 108 1.347 град-херој, важен индустриски, сообраќаен и туристички центар
Евпаторија 106.840 65 1.644 поважно пристаниште, железничка клучка и одморалиштен град
Јалта 78.040 17,37 4.493 едно од најзначајните одморалишта во Крим
Феодосија 69.786 35,2 1.983 пристаништен и одморалиштен град
Џанкој 35.700 26 1.373 важна железничка клучка со индустриски подрачја
Красноперекопск 29.700 22 1.319 индустриски град
Алушта 28.418 одморалиштен град
Бахчисарај 26.482 престолнина на некогашното Кримско ханство
Армјанск 22.468 индустриски град

Демографија

уреди
 
Удел на Русите во разните реони на Крим според пописот во 2014 г.

Според пописот од 2001 г. Крим имал 2.033.700 жители.[17] Меѓутоа, во 2013 г. населението се намалило на 1.967.119 жители.

Етничкиот состав е следниов:[18]

Стопанство

уреди

Најголема улога во стопанството на Крим играат туризмот и земјоделството, но има и индустриски капацитети, претежно на северот на републиката. Позначајни индустриски капацитети има во Џанкој, Красноперекопск и Армјанск.

Најзначајни стопански гранки се прехранбената, хемиската, машинската, металопреработувачката и енергетската индустрија.[14] Од нив, 60% отпаѓа на производството на прехранбени стоки. Постојат преку 290 покрупни производни претпријатија и над 1000 малостопанственици.[14]

Земјоделството е најзастапено со житарки, раноградинарски култури и винарството, особено во подрачјата на Јалта и Масандра. Поскромно развиени се говедарството, живинарството и овчарството.[14] На полуостровот се експлоатираат и минерали како сол, порфир, варовник и железна руда (околу Керч).[20]

Енергетика

уреди

Републиката исто така има неколку наоѓалишта на земен гас (копнени и подводни), спроведени со гасовод во мрежата на Украина.[21][22] Копнените се наоѓаат во Црноморскиот реон и општината Џанкој, а подводните се кај западниот брег на Црното Море и североисточниот брег на Азовското.[23]

Инфраструктура

уреди
Тролејбус во Симферопол
Жичницата во Јалта
Јавен превоз

Практично секое населено место на Крим е поврзано со другите со автобус. Полуостровот има и најдога (96 км) тролејбуска линија на светот („Кримски тролејбус“), која води од Симферопол до Јалта.[24]

Железничкиот сообраќај во Крим се одвива по следниве линии: Армјанск—Керч (со преод за Феодосија) и Мелитопол—Севастопол (со преод за Евпаторија), поврзувајќи го полуостровот со Украина.

Автопати
Морски превоз

Јалта, Феодосија, Керч, Севастопол, Черноморское и Евпаторија се меѓусебно поврзани со пловни линии.

Туризам

уреди

Туризмот во Крим почнал масовно да се развива во втората половина на XIX век, со развојот на железничкиот сообраќај. Во XX век се изградени бројни дворци, вили и дачи. На полуостровот има повеќе знајачни знаменитости кои привлекуваат многу туристи. Најпосетувани одморалишни места на јужниот брег се Јалта и Алушта, Евпаторија и Саки на западниот и Феодосија и Судак на југоисточниот.

Од особено значење е разновидноста на природните предели во Крим, каде се среќаваат планински венци, висорамнини, тревести предели и пештери. Во Саки има лековита кал, а Евпаторија има плажи со најчист кварцен песок.[25]

Според National Geographic, Крим се котирал меѓу 20-те најпожелни туристички одредишта во 2013 г.[26]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Путин потпиша низа закони за повторното обединување на Крим и Севастопол со Русија“. Архивирано од изворникот на 2014-03-22. Посетено на 2014-03-21.
  2. Президент Российской Федерации. Указ №849 от 13 мая 2000 г. «О полномочном представителе Президента Российской Федерации в федеральном округе». Вступил в силу 13 мая 2000 г. Опубликован: "Собрание законодательства РФ", No. 20, ст. 2112, 15 мая 2000 г. (President of the Russian Federation. Decree #849 од May 13, 2000 „On the Plenipotentiary Representative of the President of the Russian Federation in a Federal District“. Стапил на сила May 13, 2000).
  3. Госстандарт Российской Федерации. №ОК 024-95 27 декабря 1995 г. «Общероссийский классификатор экономических регионов. 2. Экономические районы», в ред. Изменения №5/2001 ОКЭР. (Gosstandart of the Russian Federation. #OK 024-95 December 27, 1995 „Russian Classification of Economic Regions. 2. Economic Regions“, по измените на Amendment #5/2001 OKER. ).
  4. „Сведения о наличии и распределении земель в Российской Федерации на 01.01.2019 (в разрезе субъектов Российской Федерации)“. Federal Service for State Registration, Cadastre and Cartography. Архивирано од изворникот на 9 February 2022. Посетено на 29 August 2023.
  5. „26. Численность постоянного населения Российской Федерации по муниципальным образованиям на 1 января 2018 года“. Федерална служба за државна статистика. Посетено на 23 јануари 2019.
  6. „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации (руски). 3 June 2011. Посетено на 19 January 2019.
  7. Official throughout the Russian Federation according to Article 68.1 of the Constitution of Russia.
  8. „Kremlin: Crimea and Sevastopol are now part of Russia, not Ukraine“. CNN. 18 March 2014. Посетено на 18 March 2014.
  9. Александар Турчинов (20 март 2014). „Декларація "Про боротьбу за звільнення України" (Декларација „За борбата за ослободување на Украина")“. Дума на Украина. Посетено на 24 април 2014.
  10. "Подарунок Хрущова". Як Україна відбудувала Крим | Історична правда
  11. „Парламентот на Крим донесе одлука за припојување кон Русија - Нова Македонија“. Нова Македонија. 6 март 2014. Посетено на 6 март 2014.[мртва врска]
  12. „Повеќе од 90 отсто од жителите на Крим се изјасниле за присоединување кон Русија - Нова Македонија“. Нова Македонија. 16 март 2014. Посетено на 17 март 2014.[мртва врска]
  13. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-03-18. Посетено на 2014-03-19.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 „Autonomous Republic of Crimea – Information card“. Cabinet of Ministers of Ukraine. Посетено на February 22, 2007.
  15. Ziad, Waleed; Laryssa Chomiak (February 20, 2007). „A lesson in stifling violent extremism“. CS Monitor. Посетено на March 26, 2007.
  16. „Infobox card – Avtonomna Respublika Krym“. Врховна рада на Украина. Архивирано од изворникот на 2007-10-01. Посетено на February 23, 2007. (украински)
  17. „Подрачја на Украина / Автономна Република Крим“. Сеукраински попис 2001. Посетено на December 16, 2006.
  18. „Општи резултати од пописот / Национален состав на населението“. Сеукраински попис 2001. Посетено на December 16, 2006.
  19. Во податоците не е вброен Севастопол, бидејќи претставува посебна административна единица.
  20. Bealby, John T. (1911). Encyclopædia Britannica Eleventh Edition. Cambridge University Press. стр. 449.
  21. Gloystein, Henning (7 март 2014). „Ukraine's Black Sea gas ambitions seen at risk over Crimea“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 7 март 2014.
  22. „East European Gas Analysis – Ukrainian Gas Pipelines“. Eegas.com. 2013-02-09. Посетено на 2014-03-08.
  23. „Ukraine crisis in maps“. BBC. 5 март 2014. Посетено на 7 март 2014.
  24. „The longest trolleybus line in the world!“. blacksea-crimea.com. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на January 15, 2007.
  25. „Crimea Travel Guide“. CrimeaTravel. Посетено на 2012-12-25.
  26. Best Trips 2013 Crimea Архивирано на 30 ноември 2012 г., National Geographic Society

Надворешни врски

уреди