Бон (германски: Bonn) — град во Германија (19-ти по големина), во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, кој се наоѓа на околу 20 km јужно од Келн, на реката Рајна на север од Зибенгебирге. Бон беше главен град на Западна Германија од 1949 до 1990. Од 1288 до 1803, пак, тој беше резиденција на келнските архиепископи.

Знаме на Бон

Во 1969 година, независните градови Бад Годесберг и Беуел, како и неколку села, беа вклучени во Бон, со што градот двојно се зголеми. Бад Годесберг и Беуел постанаа области (Stadtbezirke) на Бон со одредена независност и население од околу 70.000 жители.


Надворешни врскиУреди