Даблин
Даблин (англиски: Dublin, ирски: Baile Atha Cliath, Бел Оха Клах) — главниот и најголемиот град на Република Ирска. Се наоѓа во источниот дел на државата при вливањето на реката Лифи во Ирското Море. Градот има околу 506 211 население а заедно со околината 1 585 327.
Даблин Dublin | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
град | ||||||||
Локација во Ирска | ||||||||
Координати: 53°20′52″N 6°15′35″W / 53.34778° СГШ; 6.25972° ЗГД | ||||||||
Земја | Ирска | |||||||
Покраина | Ленстер | |||||||
Грофовија | Даблин | |||||||
Управа | ||||||||
• Лорд градоначалник | Хазел Чу (Зелена партија) | |||||||
Површина | ||||||||
• град | 114,99 км2 (44,40 ми2) | |||||||
• Градска | 318 км2 (123 ми2) | |||||||
Население (2016) | ||||||||
• град | 554 554 | |||||||
• Градскo | 1 173 179 | |||||||
• Метро | 1 417 700 | |||||||
Час. појас | WET (UTC+0) | |||||||
• Лето (ЛСВ) | IST (UTC+1) | |||||||
Повик. бр. | 01 | |||||||
Мреж. место | dublincity.ie |
Потекло на поимот
уредиАнглиското име на градот Даблин изведен е од ирскиот израз Dubh Linn (црна бара, црно езерце).
Ирското име на градот е Baile Átha Cliath, што во адекватен превод би значело „град на препоручена газа“. Името се однесува на газата преку реката Лифи на која е основан градот.
Историја
уредиПрвата позната населба на подрачјето на Даблин се викала Еблана - името е најдено во деловите од александрискиот географ Птоломеј, од 2 век п.н.е. Градот подоцна во историјата се појавува под името „Црно Езерце“ (ирски: Dubh-linn), кога доселениците во 291 година извојувале победа над вооружените сили на кралството Ленстер. Денешното официјално име на градот Baile Átha Cliath се применува од наредните доселувања. Жителите на ова подрачје околу 450 година го примиле христијанството од страна на Свети Патрик, кој подоцна станал светец-заштитник на Ирска. Ирските бунтовници успеале, во повеќе наврати во текот на наредните 3 века, да ја преземат власта над градот. Во 1171 година, Данците ги протерале Англонорманите, предводени од Хенри II, крал на Англија. Владеењето на Ангија со Даблин траела непрекинато до 1534 година, кога ирскиот патриот Томас Фицџералд извршил опсада над градот. Но, наскоро градот повторно потпаднал под англиската круна.
Сè до половината на 17 век, Даблин останал мал, средновековен град, опкружен со ѕидини. Во текот на 17 век, за време на англиките граѓански војни, познати под името „Голема Револуција“, даблин бил предаден на англиските власти, да би се избегнал негов пад во рацете на Ирците. Даблин останал од британска власт сè до ирската револуција во 1798 година, кога и пропаднал обидот да се зароби овој град.
Вториот обид, изведен во 1803 година, под водство на Роберт Емет, исто така завршил неуспешно. Наредните револуции се одиграле во 1847 и во 1867 година. Даблин бил центар на најострите ворби во текот на ирската револуција водени во 1916 година и од 1919 до 1921 година. Исходот бил воспоставување на Ирска слободна држава. По стекнувањето независност, Даблин станал политичко, економско и културно средиште на новата држава.
Последните три децении Даблин, како ретко кој град во Европа, има забележан развој и пораст.
Географија
уредиГеографска положба
уредиГеографската положба на Даблин е изразито поволна. Даблин се наоѓа во средишниот дел на ситочното крајбрежје на Ирска, која е најблиска до Велика Британија и европското копно.
Од вториот по големина град на островот, Белфаст во Северна Ирска, Даблин е оддалечен 170 километри јужно, додека од вториот град по големина во Република Ирска, Корк, градот е оддалечен 250 километри североисточно.
Релјеф
уредиДаблин се наоѓа на источниот брег на островот Ирска, на местото каде реката Лифи се влева во Море. Јужниот дел од градот е бреговит, за да јужно од градот би се издигнал малку низок рид. Западниот и северниот дел од градот се претежно рамичарски.
Клима
уредиКлимата во Даблин е умерено-континентална со иразито големо влијание на Атлантик и топлата Голфска струја. Затоа, градот се одликува со блага клима. Најниската просечна температура во јануари и февруари е 6°С, а највисока во текот на јули и август 15°С. Годишно количество на врнежи е околу 760-1000мм, што е најмалку на целиот остров.
Хидрографија
уредиДаблин се наоѓа на источниот брег на островот Ирска, на сливот на реката Лифи во Даблинскиот Залив на Ирско Море. Реката има широк слив, што е поволно за застанување на големите бродови. Ваквата положба овозможила развој на градот како најважно пристаниште на островот.
Градските предели архитектурата
уредиДаблин се наоѓа во рамничарски предел , кој реката Лифи го дели на северен и јужен дел. реката е преградена со десет мостови, од кои се идвојува О`Конелиев мост, кој ги поврзува главните патишта на градот. Во југозападниот дел на Даблин, улиците се тесни и со превои, додека остатокот од градот е добро уреден, со широки авении и широки плоштади. Тие се посебно бројни во југоисточниот и североисточниот дел на градот.
Два канала, Ројал и Гранд, ја обезбедуваат врска помеѓу пристанишките области во јужните и северните делови на реката Шанон.
Даблин е град со ниски згради, бидејќи се наоѓа во рамница, со врвовите на неколку згради кои потекнуваат и од периодот пред 17 век. Римокатоличките цркви датираат од 19 век и XX век. Една од највисоките згради е Либерти Хол кој ретставува баз на троговското друштво. Достигнува 17 катови, додека поголемиот дел од зградите не ја надминуваат висината од 10 ката.
Целата архитектура на градот се сведува на стни детали, во главно вратата кои ги има во безброј комбинации и бои. Надвор од градот, тоа се мали куќи, со убаво средени дворови, со обим од 11 километри. Покрај рекреативните објекти, Феникс Парк содржи и зоолошки градини, неколку станклени градини, како и резиденција на претседателот на републиката. Даблине познат и по стотини пабови и барови. Меѓу најпознатите се Гинис и Олд Џејмсон Дестилерија.
Демографија
уредиВо 17 век Даблин бил еден од најголемите градови во Европа, но подоцна го изгубил тој статус. Во текот на втората половина на XX век, населението на Даблин и неговата околина годишно се зголемува за 1%. Во периодот помеѓу 1961 и 1981 година се забележува најголем пораст на населението. Во почетокот населувањето започнал од руралните во урбаните делови на Даблин. Но последната четвртина од XX век, во централниот дел на градот почнуваат да ја губи привлечноста во корист на нови предградија на југозапад. Последните 20 години даблин спаѓа во најбрзо растечки градови во Европска Унија, благодарејќи на значајниот природен прираст на ирското население и значителното доселување на странско население, најмногу од Полска и Литванија.
Според последните проценки, извршени во 2011 година, Даблин во управните грании има околу 520.000 жители. Меѓутоа, градот одамна ги преминал дадените граници, па изграденото градско подрачје на Даблин се шири на уште три предградски окрузи, кои сочинуваат 1,2 милиони жители во урбаната средина. На крај метрополитенското подрачје на Даблин има над 1,8 милиони жители.
Етнички состав: Населението на Даблин до пред неколку децении било исклучително етнички ирско. Меѓутоа, бројните доселеници од странски земји го измениле составот на населението. Така денес Даблин има преку 17% население родено во странство, и тоа значително повеќе од просекот на државата.
Стопанство
уредиДенес Даблин е високо развиен град, кој спаѓа во 30 најважни градови во светот. Во гтадот има традиционално развиени дејности, а во последните децении сè повеќе се развиваат трговијата, банкарството и услугите.
Најголемите традиционални индустрии на Даблин се пиварстовто, дестилеријата, производство на грана и текстинлната индустрија. Тука се наоѓаат и бродоградилишта, како и одреден број на леарници и фабрики за склопување на автомобили. Сите овие гранки на индустријата претрпеле пад од 1970 година, па многу од дотогашните значајни индустриски делови на градот изгубиле на значење и почнале да пропаѓаат.
Најпознат погон во градот е секако Гинис пиварата, која е основана во 1759 година и една од најголемите производители. Една од поголемите дејности во последните години стана и производство и извоз на компјутерски харвери и софтвери. Основата на извозот ја сочнуваат и земјоделските производи и домашната стока од цела држава. Даблин е престлнина на ирските најголеми банкарски и трговски установи. Значаен потег во економскиот живеот се случил со пристапувањето на ирска кон Европкса економска заедница во 1973 година. Исто така, нагло се зголемил и бројот на банки во Даблин.
Култура
уредиДаблин игра главна улога во културната преродба на Ирска, кој започнал во 1884 година со основање на Галската атлетска асоцијација. Денес, Даблин е културна метропола на Европа, која на светот му ги дала прочуените книжевници: Џорџ Бернард Шо, Оскара Вајлд, Јејтс и Џејмс Џојс, но и современите поп-ѕвезди: У2, Симпл Мајндс и Шинејд О'Конор. Даблин на посетителите им нуди голем број знаменитости, како: цркви, историски згради, библиотеки, музеи, галерии, паркови и градини.
Сообраќај
уредиГрадот преку поморски пат е поврзан со поголемите градови, како што се Корк во Ирска, Белфаст во Северна Ирска и различните пристаништа во Англија, Шкотска и Франција.
Преку пругите е поврзан со важните одредишта во Ирска.
Даблин е и главно пристаниште на државата.
Даблин како мотив во уметноста и во популарната култура
уреди- „Даблинци“ (англиски: Dubliners) — збирка раскази на Џејмс Џојс.
- „Даблин“ (англиски: Dublin) — песна на англиската поп-група Prefab Sprout од 1989 година.[1]
Галерија
уреди-
Соборна црква Св. Патрик
-
Алстерска банка
-
Зградата на четирите судови
-
Главна пошта
-
Главна улица на Даблин, О'Конел улица
-
Либерти Хол, еден од градските облакодери
-
Пивара "Гинис"
-
Колеџ Св. Тројица
Извори
уредиНадворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Dublin. |