3 март (настани)
шаблон на Викимедија
1822 | Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ. |
1878 | По завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес на кој е извршена ревизија. Ова е Ден на независноста на Бугарија. |
1918 | Потпишан е Брест-литовскиот договор меѓу Русија и Централните сили, со кој Русија излегла од Првата светска војна. |
1944 | Во близина на Ново Село, Кумановско, III Македонска НОУ бригада заробила околу 30 четници кои по разбивањето на четничкиот Вардарски корпус се криеле во овој регион. |
1974 | Во близината на Париз се урнал турски авион што летал на релацијата Анкара-Лондон при што загинале 345 лица. |
1996 | Во Шпанија, конзервативната Народна партија на Хосе Марија Азнар победи на парламентарните избори. |
2002 | Во Швајцарија се одржал референдум во кој граѓаните се изјасниле за влез во Обединетите Нации. |