2 март (настани)
шаблон на Викимедија
1492 | Шпанскиот крал Фардинанд II, наречен „Католикот“ го наредил прогонот на Евреите од Шпанија, дел од кои завршиле во Македонија. |
1923 | Започнал да излегува американскиот неделник „Тајм“. |
1933 | Во Њујорк се одржала премиерата на филмот „Кинг Конг“. |
1942 | Близу до Плетвар, загинале Борка Талески - Црниот и Лазо Колевски - Лавски — народни херои на Македонија. |
1943 | Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија. |
1946 | Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам. |
1956 | Поранешната француска колонија, Мароко се здобила со независност. |
1965 | На Бродвеј била одржана премиерата на познатиот мјузикл „Моите песни, моите сништа (The sound of music)“. |
1969 | На аеродромот во Тулуза бил извршен пробниот лет на надзвучниот патнички авион „Конкорд“ во траење од 27 минути. |
1970 | Поранешната британска колонија Родезија била прогласена за република, со што и формално се стекнала со независност. |
1972 | Во САД е лансиран вселенскиот брод „Пионер 10“ за испитување на планетата Јупитер. |
1973 | Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот документ за мир во Виетнам. |
1980 | Во Скопје бил формиран Факултетот за ликовни уметности. |
1993 | Во Скопје, во Касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана. |
1995 | Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата. |