Настани во ноември

1 ноември


1512  Таванот на Систинската капела во Ватикан, насликан со фрески од Микеланџело, за првпат ѝ е претставен на јавноста.
1755  Во катастрофалниот земјотрес проследен со цунами што го зафатија Лисабон загинаа 60.000 луѓе.
1943  Единици на бартаљонот „Мирче Ацев“ по двочасовни борби со германските единици и со балисти по вторпат го ослободуваат Кичево.
1946  Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ).
1952  Американците ја активираа првата пробна водородна бомба на островот Ениветок во Тихиот Океан.
1954  Во Алжир започнало востание против францускиот колонијализам, кое по 8 години резултирало со независност. По тој повод 1 ноември е прогласен за национален празник на Алжир.
1973  Од ранжирната станица Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија.
1981  Антигва и Барбуда добива независност од Велика Британија.
1993  Стапува во сила Мастришкиот договор, со што се создава Европската Унија.
1998  Создаден е Европскиот суд за човекови права.
2002  Македонското Собрание со 72 гласа „за“ и 28 „против“ ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.


2 ноември


676  Дон станал папа.
1570  Голем наплив од Северното Море ги разурнал бреговите од Холандија до Данска, при што загинале над 1000 лица.
1687  Од султанскиот престол на Отоманското Царство бил симнат Мехмед IV.
1789  Во Франција е национализиран голем дел од недвижниот имот на Католичката црква.
1795  Француска револуција: Почеток на Францускиот директорат.
1914  Русија му објавила војна на Отоманското Царство.
1936  Формирана е Канадската радиодифузна корпорација, национална радио и телевизија на Канада која постои и денес (СВС).
1936  Пуштен е во работа телевизискиот сервис на британската радиодифузна коропорација Би-би-си (ВВС). Телевизискиот канал, под името ВВС1 функционира до денес.
1943  Кај селото Раштани (кичевско) единици на батаљонот „Мирче Ацев“ воделе тешка борба со балистите. Поради големите загуби балистите се повлекуваат кон селото Зајас. Утредента партизаните го ослободуваат и Зајас.
1953  Пакистанскиот парламент ја прогласил државата за Исламска Република Пакистан.
1956  Унгарија објавува дека излегува од Варшавскиот пакт.
1965  Албанскиот водач Енвер Хоџа објавува дека неговата земја влегува во сојузнички односи со Кина.
1991  Вартоломеј I станал Вселенски патријарх.
1988  За првпат на семрежјето се појавил вирус.
1999  Црна Гора ја вовела германската марка за своја валута.
2004  Џорџ Буш по вторпат станал претседател на САД.


3 ноември


1903  Со поддршка на САД, Панама прогласила независност од Колумбија. Претседателот на САД, Теодор Рузвелт не сакал да ѝ плати на Колумбија колку што барала за САД да изградат канал помеѓу Атлантскиот и Тихиот Океан. Следната година, во договор со новата влада на Панама, САД ја започнале изградбата на Панамскиот Канал.
1906  Германскиот психијатар Алојз Алцхајмер го објавил извештајот за болеста која подоцна била наречена по него.
1918  Во Падова, Италија, Австроунгарија војска потпиша капитулација, со што практично се распадна кралството Австроунгарија.
1944  На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донел решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
1944  Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
1951  Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 година, Отсекот за правни науки се одвоил како посебна високообразовна институција.
1965  Излегол првиот број на весникот на Општина Прилеп „Народен глас“.
1970  Салвадор Аљенде ја презел должноста претседател на Чиле, како прв марксист во западната полутопка, избран на слободни избори.
1992  Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја известил Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон.
1993  Република Македонија добила статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи.
2004  Републиканецот Џорџ Буш, по вторпат е избран за претседател на САД. На должноста стапил на 20 јануари 2001 г.


4 ноември


1814  Прогласен е норвешкиот устав, со кој оваа земја стана независно кралство, поврзано со Шведска само преку личен сојуз.
1893  (23 октомври по стариот календар) Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, формирана е Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери.
1944  Единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.
2004  САД ја признаа Република Македонија под уставното име.


5 ноември


1492  Морепловецот Кристофер Колумбо во својот дневник запишал дека пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето“. Тоа беше прв пишан документ во кој се спомнува пченката.
1630  Со мирот во Мадрид заврши Англиско-шпанската војна. Претходно Армијата на Шпанија која во оваа земја се бореше со Австрија против Англија, Франција и Холандија, беше поразена на море и на копно.
1854  Се одиграла Битката кај Инкерман во Кримската војна
1911  Италија ги анектирала турските покраини Триполитанија и Киренајка (во денешна Либија), како и островот Родос.
1912  Вудро Вилсон бил избран за претседател на САД, како единствен претседател во историјата на САД кој на изборите победил двајца поранешни претседатели — Вилијам Тафт и Теодор Рузвелт.
1914  Франција и Велика Британија ѝ објавиле војна на Турција.
1940  Демократот Франклин Рузвелт го победил на изборите републиканецот Вендел Вилки и по третпат бил избран за претседател на САД.
1956  Британските падобранци се спуштиле во Порт Саид за време на тројната британско-француско-израелска агресија врз Египет за контрола на Суецкиот Канал. Со енергична акција на Обединетите нации и САД, агресијата била запрена, но оставила политички последици врз целиот регион и врз светот.
1968  Во МНТ била одржана премиерата на оператаЦар Самуил“ на композиторот Кирил Македонски.
1969  САД го лансираа првиот вселенски брод „Маринер-3“ во правец кон Марс. Поради некои технички грешки мисијата претрпе неупсех.
1992  Демократскиот кандидат, гувернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победил на претседателските избори дури во 40 држави на САД.
2009  Садам Хусеин е осуден на смрт.
2008  Барак Обама станал претседател на САД.


6 ноември


355  Констанциј II го прогласил Јулијан Отпадникот за цар на Рим.
1315  Данте Алигиери е осуден на смрт.
1512  Фернандо Магелан пристигнал на Молучките Острови.
1860  Абрахам Линколн станал претседател на САД.
1942  Во селото Битуше, Гостиварско, проработи првата партизанска печатница во Македонија „Гоце Делчев“.
1943  Втора светска војна: Советската армија го ослободил градот Киев.
1944  Ослободени се градовите: Радовиш, Дојран и Валандово.
1984  Роналд Реган повторно е избран за претседател на САД.
1996  Хрватска била примена во Советот на Европа.


7 ноември


680  Започнал Шестиот вселенски собор во Цариград. Главна одлука на соборот, кој траел до 16 септември 681. година, била дека Исус има двојна природа — човечка и божја, и со тоа биле побиени и прогласени за ерес тврдењата на монотелитите дека има само божја природа.
1665  Започнал да излегува најстариот опстанат весник, „Лондон газет“.
1917  (23 октомври по стариот календар) Во Петроград избувна социјалистичката револуција во Русија, подоцна наречена Октомвриска револуција.
1944  НОВ: Ослободен е Охрид
1995  Во хотелот „Мармора“ во Истанбул беше потпишан договор за формирање мешовит македонско-турски деловен совет. Советот е формиран со цел да ги разрешува сите пречки во трговската соработка меѓу Република Македонија и Република Турција.
2004  Во Република Македонија се одржа неуспешен референдум за отфрлање на предложената територијална организација на државата.


8 ноември


392  Византискиот цар Теодосиј I го воведува христијанството како официјална религија на Византија.
1620  Триесетгодишна војна: Битка на Бела Планина и решителна победа на Светото Римско Царство.
1793  Во Париз француската револуционерна власт го отворила Лувр за јавноста како музеј.
1889  Монтана станала 41-ва држава на САД.
1895  Експериментирајќи со електрицитет, Вилхелм Рентген ги открил икс-зраците.
1932  Франклин Делано Рузвелт е избран за претседател на САД.
1941  Основана е Комунистичката партија на Албанија.
1944  НОВ: Ослободени се Штип, Неготино и Струга.
1960  Џон Ф. Кенеди е избран за претседател на САД.
1977  Грчкиот археолог Манолис Андроникос тврди дека го открил гробот на Филип II Македонски во Кутлеш, Берско, Егејска Македонија.
1995  Француската десничарска влада неочекувано поднесе оставка, но претседателот Жак Ширак побара од премиерот Ален Жипе, да остане на функцијата и да го формира новиот кабинет.
1995  Република Македонија официјално стана 38-ма членка на Советот на Европа.
2016  Доналд Трамп е избран за претседател на САД.


9 ноември


1494  Семејството Медичи завладеало со Фиренца.
1799  Во Франција се случува државниот „Преврат на 18 бример“ предводен од Наполеон Бонапарт.
1918  Во Берлин, по побуната на воената морнарица и работничкиот штрајк, царот Вилхелм II абдицирал. Тоа бил крајот на Германското Царство и почеток на Вајмарската Република. Власта ја презел водачот на социјалдемократите Фридрих Еберт.
1921  Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа на фотоелектричниот ефект.
1938  Кристална ноќ во Германија: нацистите убиле 92 Евреи, a 25-30.000 биле одведени во концентрациони логори. Започнала физичката ликвидација на Евреите.
1944  НОВ: Ослободен е Велес.
1971  Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите Нации.
1985  Советскиот шаховски велемајстор Гари Каспаров во 23 година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.
1989  Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница кон Сојузна Република Германија „падна“ Берлинскиот ѕид.
1993  На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.
1993  Војската на босанските хрвати, по неколкудневно бомбардирање, го урнала Стариот мост во Мостар, изграден во 1566 г.


10 ноември


1444  Во Битката кај Варна, крстоносците доживеале голем пораз од страна на Османлиите.
1605  Улис Алдрованди, италијански научник
1871  Хенри Мортон Стенли го пронаоѓа исчезнатиот истражувач и мисионер, Д-р Дејвид Ливингстон во близината на езерото Тангањика (тогаш ја изговорил позната реченица: Доктор Ливингстон, претпоставувам?)
1926  Хирохито станува цар на Јапонија
1944  Во Прилеп било основано Здружението на ликовните уметници при што за прв претседател бил избран Никола Мартиновски.
1961  Сталинград бил преименуван во Волгоград.
1994  Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации „Еурека 94“, на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост.


11 ноември


1675  Готфрид Лајбниц за првпат применил интегрално сметање за да ја пресмета површината под кривата y = x. Но бидејќи не ги објавил своите идеи сѐ до 1684, некои сметаат дека ги присвоил од Њутн.
1855  Токио го зафатил катастрофален земјотрес во кој загинале 106.000 луѓе.
1887  Погубени се анархистите наречени „Хејмаркетски маченици“: Огаст Спајс, Алберт Парсонс, Адолф Фишер и Џорџ Енгел.
1889  Вашингтон е примен како 42. сојузна држава на САД.
1918  Јозеф Пилсудски влегува во Варшава и Полска повторно станува независна држава.
1943  Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска ударна бригада. Таа била формирана од баталјонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон „Рамиз Садику“, Вториот косовски баталјон „Борис Вукмировиќ“ и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето, бригадата имала 700 борци и го добила називот ударна.
1944  Втора светска војна: Ослободено е Куманово.
1944  Во центарот на Гостивар албанските балисти стрелале шестмина македонски приврзаници на народно-ослободителното движење: Киро Ристовски - Дрнц, Васил Пејчиновски, Баренко Георгиевски, Изре Зафировски, Сократ Павловски и Павле Петрески.
1963  Во Скопје излегол првиот број на дневниот весник „Вечер“.
1965  Белото малцинство ја прогласило Родезија за независна држава.
1973  На 101-от километар на патот Каиро - Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално завршиле воените операции во „Октомвриската војна“ на Блискиот Исток.
1990  Во Социјалистичка Република Македонија се одржале првите слободни повеќепартиски избори.
1995  Во Брисел, шеснаесетте земји членки на НАТО му дадоа „зелено светло“ на предлогот на Политичкиот комитет Република Македонија да биде 27. потписничка на програмата „Партнерство за мир“.
2006  Во Малме, Шведска, е устоличен Владиката Пимен, осми по ред член на Синодот на МПЦ, на кого му е доделена Европската епархија.


12 ноември


1933  Хитлеровата Националсоцијалистичка германска работничка партија доаѓа на власт во Германија со мнозинска победа во собранието.
1941  Советските вооружени сили го запреа надоаѓањето на нацистичките сили кон Москва.
1992  Во Берлин започна судењето на поранешниот претседател на Источна Германија, Ерих Хонекер. На најспектакуларниот судски процес во Германија, Хонекер одговараше за убиство на 12 бегалци. На клупата на обвинетите се најдоа и шест поранешни членови на Министерството за национална одбрана.
2001  Тројца припадници на специјалната единица на македонската полиција „Лавови" загинаа, а повеќе се ранети во близина на тетовското село Требош.


13 ноември


1944  НОВ: Ослободено е Скопје
1945  Францускиот генерал Шарл де Гол е избран од 555 пратеници за претседател на привремената влада на Франција. Во новата коалициска влада, влегуваат и петмина комунисти.
1970  Во катастрофално невреме во Бангладеш загинале 300.000 луѓе.
1994  Швеѓаните на референдум одлучиле дека нивната земја може да се приклучи на Европската унија.
1997  Петнаесет земји меѓу кои и Република Македонија, ја потпишаа Европската конвенција за националностите.
2006  Европската Унија одобри преговори за визни олеснувања за Западен Балкан.


14 ноември


1944  Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во Битола, на македонски јазик ја одиграле едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа било означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија.


15 ноември


1492  Кристофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент - Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје.
1577  Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка.
1920  Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена.
1944  Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај „Гази Баба“ (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
1988  Палестина е прогласена за независна држава.
1994  Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
1995  Република Македонија стана членка на програмата на НАТО, Партнерство за мир.
2001  Прогласени Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор.
2002  Заврши пописот на населението.
2003  Започна втората фаза од акцијата за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје во Македонија.
2004  Премиерот Хари Костов поднесе оставка.
2012  Си Ѓинпинг е назначен за Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина.
2022  Според проценката на ООН, светското население достигнало 8 милијарди.


16 ноември


534  Објавена е втората и конечна ревизија на Јустинијановиот кодекс.
1912  Прва балканска војна: Започнува Битолската битка помеѓу српските и турските воени сили.
1918  Унгарија објавува независност од Австрија.
1940  Еден месец по создавањето, нацистите го оградиле со ѕидови Варшавското гето и им го забраниле излезот на неговите жители - Евреите од Варшава. Околу 440.000 Евреи останале изолирани од светот во нехумани услови сѐ до ослободувањето во 1945. Десетици илјади луѓе умреле од глад и болести. Повеќе од 310.000 оттаму биле испратени во логорите на смртта, каде што биле убивани во гасни комори.
1945  Операција „Спојувалка“: армијата на САД тајно прифатила 88 германски научници и инженери да работат на развојот на ракетната технологија.
1945  Основан е УНЕСКО.
1962  Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава.
2001  Македонскиот претседател Борис Трајковски го потпиша писмото со кое формално се потврдува амнестијата за поранешните членови на т.н. ОНА кои доброволно го предале оружјето.


17 ноември


1558  На англискиот престол дојде кралицата Елизабета I, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската „непобедлива армада“ и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите.
1913  Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година.
1984  Прогласен е Светскиот ден на непушењето, на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада.
1989  Со студентски протести во Чехословачка започнува Кадифената револуција.
1991  Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.
1991  Основана Европската ракометна федерација (ЕХФ).
2006  Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција во корист на приемот на Македонија, Хрватска, Албанија и Грузија во НАТО.
2008  Поради попречувањето на приемот во НАТО, Македонија покрена тужба против Грција за прекршување на Привремената спогодба од 1995.


18 ноември


1903  САД потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал.
1991  Српските сили го освоија хрватскиот град Вуковар, по 87-дневна опсада.
1997  Делегација на Армијата на Република Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Црешовото топче е пронајдено во Воениот музеј на Армијата на Турција.
2012  Теодор III избран за патријарх на Коптската православна црква.


19 ноември


1493  На своето второ патување за Америка, на кое тргнал со 17 бродови и со 1.500 луѓе, Кристофер Колумбо го открил островот Порторико.
1497  Португалскиот морепловец Васко де Гама на своето прво патување, во дотогаш непознат свет, го открил патот за Индија, околу ’Ртот на Добра Надеж.
1902  Прва балканска војна: Крај на Битолската битка со победа на српските над турските единици.
1944  Тетово е ослободено во Втората светска војна, како последен ослободен град на територијата на Македонија.
1991  Пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донеле Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава.
2008  Џон Ки станува премиер на Нов Зеланд.


20 ноември


1959  Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот.
1959  Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхолм потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА).
1970  Излезе првиот број на „Екран“, како седмичен колор прилог на весникот „Нова Македонија“ за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март, 1975 година излегува одделно од „Нова Македонија“ како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада.
1991  Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17.11.1991 година.
1993  Авион од типот „Јаковлев 42“ на македонската авиокомпанија „Авиоимпекс“ се сруши во близина на охридскиот аеродром. Во несреќата го загубија животот 115 лица .
1995  Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната хелсиншка федерација.
2001  Во Тетово е официјално отворен Универзитетот на Југоисточна Европа.


21 ноември


1992  Во Скопје е одржан Првиот конгрес на Лигата за демократија.
1994  Во Солунското пристаниште се блокирани 19.500 тони американска пченка за Македонија.


22 ноември


1908  Во Битола е усвоена албанската азбука.
1943  Либан стекнува независност од Франција.
1963  Во Далас е убиен американскиот претседател Џон Кенеди.
1974  Генералното собрание на Обединетите нации и доделува статус на набљудувач на Палестинската ослободителна организација.
1986  Победувајќи го актуелниот првак Тревор Бербик со технички нокаут во втората рунда, Мајк Тајсон ја освоил првачката титула во бокс во тешка категорија, во верзијата на WBC. На тој начин, на возраст од 20 години и четири месеци, тој станал најмладиот првак во тешка категорија во историјата на професионалниот бокс.
1991  Египетскиот политичар Бутрос Бутрос-Гали е избран за генерален секретар на Обединетите Нации, со што стана прв Арап (и прв жител на Африка) избран на таа функција.


23 ноември


1831  Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција.
1944  По одлука на АСНОМ, формирана е Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
1971  Народна Република Кина го зазеде своето место во ООН откако САД, по две децении спротивставување, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина.
1995  Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа трите главни странки на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.
2003  Грузискиот претседател Едуард Шеварнаѕе поднесува оставка по неколку недели масовни протести поради изборна измама


24 ноември


1859  Првото издание на „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин излегло од печат и било распродадено истиот ден.
1936  Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтернски пакт, кој потоа го потпишаа и Италија, Манџурија, Унгарија, Шпанија и Албанија. Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како „Троен пакт“.
1944  Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов - Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ.
1986  Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05.01.1981 година.
1994  Во Скопје е отворена амбасадата на Руската Федерација.


25 ноември


1867  Алфред Нобел го патентирал динамитот. Патентните права му донеле големи приходи од кои и до денес се финансира наградниот фонд на Нобеловата награда.
1918  Поранешната австроунгарска покраина Војводина прогласила отцепување и приклучување кон Кралството Србија.
1920  Во Скопје избувнал штрајк на 120 кројачки работници, кои барале осумчасовен работен ден и зголемување на платата за 10%. Штрајкот завршил со делумен успех.
1936  Германија и Јапонија го потпишуваат Антикоминтерновскиот пакт
1939  Во Самобор, Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура и на современата македонска поезија.
1965  Извршен е воен удар во Конго. Генерал Мобуто го собори претседателот Касавубу.
1973  Во Грција е извршен државен удар во кој е соборен диктаторот Пападопулос и Режимот на полковниците. Новата хунта на чело со генерал Гизикис веќе следната година им ја предаде власта на политичарите, па Константин Караманлис ја формира првата влада на национално единство.
1976  Суринам стекнува независност од Холандија
1977  Генералното собрание на ООН ја осуди израелската окупација на арапските територии само со четири гласа против - Израел, САД, Канада и Салвадор.
1990  ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во Парламентот. Сојузот на Комунистите на Македонија добива само 31 место.


26 ноември


1917  Клубовите Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас ја формирале Националната хокеарска лига (НХЛ).
1918  Собранието во Подгорица прогласило обединување на Црна Гора со Кралството Србија.
1922  Хауард Картер и Лорд Карнарвон го откриле гробот на Тутанкамон, стар преку 3000 години и целосно зачуван.
1942  Втора светска војна: започнало Првото заседание на АВНОЈ во Бихаќ, БиХ.
1986  Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот „Нова Македонија“ - „ЛИК“.
1991  Беше пуштен во употреба автопатот Велес - Градско.


27 ноември


1095  На црковниот Собор во Клермон во Франција, папата Урбан II ги повикlа соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против „неверниците“, Селџуци, кои ја зазеле „светата земја“ Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа ја поттикна Првата крстоносна војна што започна во следната година.
1895  Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. „Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум.
1919  По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија и на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС.
1926  Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија.
1942  Втора светска војна: Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите.
1946  Солунскиот партиски весник „Лаки Фони“ објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови.
1982  водачите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната „економска, воена и јадрена соработка со Јужноафриканската Република“.
1997  Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија.


28 ноември


1520  Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, впловил во Тихиот Океан, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име.
1821  Панама прогласи независност од Шпанија и ѝ се придружи на Колумбија.
1905  Во Даблин, ирскиот националист Артур Грифит ја основал партијата „Шин Фејн“.
1943  Во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Франклин Рузвелт, британскиот премиер Винстон Черчил и претседатеклот на Советскиот Сојуз, Јосиф Сталин. На конференцијата е разгледано натамошното водење на војната со Германија, повоеното уредување на Европа и друго. Конференцијата заврши на 1 декември.
1981  Со голема свеченост е предаден во употреба Споменикот на слободата во Кочани, дело на Глигор Чемерски.
1995  Чешка стана 26-та членка на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој).
1997  Во Скопје свечено е отворена амбасадата на Австрија во Република Македонија.


29 ноември


1913  Во Париз основан Меѓународниот мечувалски сојуз (ФИЕ).
1926  Во Тетово е пуштена во редовна работа ХЕЦ „Пена“ — прв хидроенергетски објект во Македонија (дотогаш сите биле на јаглен). Изградена е во периодот од 1924 до септември 1926 година. Инвеститор било Тетовското индустриско акционерско друштво основано на иницијатива на Г-дин Михајлович, руски емигрант кој живееел во Тетово.
1943  Во Јајце започнува Второто заседание на АВНОЈ. Истиот ден на заседанието Јосип Броз Тито е прогласен за Маршал на Југославија.
1947  Генералното собрание на Обединетите нации донесува резолуција за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел.
1958  Скопје и некои други градови од Македонија добиваат добар прием на италијанската телевизија.
1962  Велика Британија и Франција потпишуваат спогодба за изработка на надзвучен авион од типот „Конкорд“.
1973  Во Маврови Анови е формирано Здружението на радиостаниците во Република Македонија.


30 ноември


1894  Македонскиот револуционер Гоце Делчев, лично од Даме Груев, примен е за член на ВМРО.
1966  Барбадос, еден од островите на Малите Антили, кој 300 години беше британска колонија, прогласи независност.
1998  Избрана Владата на Република Македонија, предводена од Љубчо Георгиевски.
2001  Собранието на Република Македонија, со мнозинство гласови, го прифати седмиот по ред владин состав на Премиерот Љубчо Георгиевски.
2005  Тито Петковски ја формира НСДП, како реакција на незадоволството кое подолго време владееше во редовите на СДСМ. Формирањето на оваа партија се смета како еден од главните фактори за поразот на владата на Владо Бучковски во јули 2006 година. На тие избори НСДП освои 6 пратенички места и стана дел од владејачката коалиција.


31 ноември


31 ноември (настани)