Автопат
Автопатот е сувоземен пат од највисока класа што служи за движење на моторни возила. Автопатот е направен така што возилата може да се движат со поголема брзина во споредба со двонасочните неразделени патишта. Автопатот се јавува под следниве имиња: (германски: autobahn, англиски:Highway/Motorway/Freeway, француски: Autoroute, италијански: Autostrada, шпански: Autopista/Autovia, итн.
ОписУреди
На автопатиштата, ограничувањето на брзината обично изнесува до 130 км/час, во зависност од теренот, интезитетот на сообраќајот, квалитетот на подлогата, временските услови итн. Но, во некои држави, како на пример во Германија, на автопатот дури и нема ограничување во брзите ленти.
Првите автопатишта се изградени во Италија и САД во дваесетите години на 20 век, а во Германија е изграден првиот 30-километарски автопат во 1932 година.
Автопатиштата во МакедонијаУреди
Во Македонија, првиот автопат (делницата кај Петровец) е изградена за време на СФР Југославија во 1979 година (Видете: Автопатишта во Македонија).
Автопатот како тема во уметноста и во популарната култураУреди
- „Клуч за автопатот“ (Key To The Highway)“ - песна на блуз-рок групата „Дерек енд д Доминос“ (Derek and the Dominos) од 1970 година.[1]
- „Автопат“ (Autobahn) - песна од истоимениот албум на германската електронска група „Крафтверк“ (Kraftwerk) од 1974 година.[2]
- „Автопат до пеколот“ (Highway To Hell) - песна од истоимениот албум на австралиската рок-група „АЦ ДЦ“ (AC DC) од 1979 година.[3]
- „Судар на автопатот“ (Wreck On The Highway)“ - песна на американскиот рок-пејач Брус Спрингстин од 1980 година.[4]
- „Полицаец на автопатот“ (Highway Patrolman) - песна на американскиот рок-музичар „Брус Спрингстин“ (Bruce Springsteen) од 1982 година.[5]
- „Автопатот Хилбили“ (Hillbilly Highway) - песна на американскиот рок-музичар Стив Ерл (Steve Earle) од 1986 година.[6]
- „Автопатот крај пацифичкиот брег“ (Pacific Coast Highway) - песна на американската рок-група „Соник Јут“ (Sonic Youth) од 1987 година.[7]
- „Тажниот автопат“ (Blue Highway) - песна на американскиот рок-музичар Греам Паркер (Graham Parker) од 1988 година.[8]
НаводиУреди
- ↑ YouTube, Layla Derek and the Dominos (пристапено на 30.10.2017)
- ↑ YouTube, Kraftwerk - Autobahn (Album) Full (пристапено на 30.10.2017)
- ↑ Discogs, AC/DC – Highway To Hell (пристапено на 13.2.2019)
- ↑ YouTube, Bruce Springsteen - The River [1980 - Full Album (пристапено на 30.10.2017)]
- ↑ YouTube, Bruce Springsteen - Nebraska (1982) - Full Album (пристапено на 3.11.2017)
- ↑ YouTube, Steve Earle | Guitar Town | Full Album | Vinyl Rip (пристапено на 30.10.2017)
- ↑ Discogs, The Sonic-Youth – Sister (пристапено на 18.7.2019)
- ↑ Graham Parker – The Mona Lisa's Sister (пристапено на 16.12.2017)