Гари Каспаров
Гари Кимович Каспаров (руски: Га́рри Ки́мович Каспа́ров) е руски шахист роден на 13 април 1963 во Баку. Од млад се интересира за шахот, а подоцна, по желба си ги сменил името и презимето за како што и самиот вели да звучи по руски.
Гари Каспаров | |
---|---|
Гари Каспаров, 2007 | |
Целосно име | Гари Кимович Каспаров |
Земја | Русија |
Роден | 13 април 1963 Баку, Азерска ССР, Советска Русија |
Титула | велемајстор |
Светски првак | 1985–1993, 1993-2000 (ПША) |
Најв. рејтинг | 2851 (јули 1999) |
Во 1976 година станува младински првак на Советскиот Сојуз во шах, а во 1980 под водство на легендарниот Михаил Ботвиник станува младински светски првак. Во 1984 по 24 последователни реми партии против светскиот првак Анатолиј Карпов, мечот е одложен за наредната 1985 во која 22-годишниот млад талент станува најмлад светски првак во шах.
Оттогаш започнува и владеењето на Гари Каспаров во областа на шахот во светот. Кон крајот на 80-тите тој освојува и златен медал од шаховските олимпијади, а по распаѓањето на Советскиот Сојуз истото го прави и со репрезентацијата на Русија. Во 1993 година ја формира втората по големина шаховска организација (Професионална Шаховска Организација) која и станува вистинска конкуренција на ФИДЕ.
Во 1995 година длабоко е потресен по веста за смртта на неговиот учител Михаил Ботвиник, по што му посветува неколку победи од шаховски турнири од највисока 20-та категорија, а во 1997 губи од компјутерски програмираниот шаховски велемајстор Deep Blue.
Гари Каспаров повеќе не е светски првак според ФИДЕ. Неговиот највисок достигнат рејтинг според ФИДЕ од 2851 бод е втор највисок на сите времиња. Редовно секоја година е избиран за најдобар шахист во светот, но по таквата постојаност по 2003 се јавуваат гласини дека Гари Каспаров си го купува статусот за најдобар шахист во светот, што тој во целост го демантираше со фантастичната победа на турнирот во Мадрид во март 2005 година по којшто веднаш се откажува од активно играње шах и решава да и се посвети на политиката. Денес Гари Каспаров само пасивно, но и понатаму учествува во развојот на шаховската игра.