Цар на Јапонија
Царот на Јапонија е шеф на државата и глава на царското семејство на Јапонија. Во Уставот на Јапонија, царот е дефиниран како „симболот на државата и на единството на народот“, а неговата титула е изведена од „волјата на народот, кој е суверен“. Наследувањето на престолот е регулирано согласно Законот за царскиот дом на Јапонија. Врховниот суд на Јапонија нема судска моќ над царот.[1] Царот на Јапонија се смета за поглавар на шинто религијата. Царот е нарекуван „Небесен суверен“ или „Божји цар“. Јапонската шинто религија го смета царот за директен потомок на божицата на сонцето Аматерасу.
Царскиот дом на Јапонија е најстариот постојан монархиски дом во светот.[2] Историското потекло на јапонските цареви лежи во доцниот кофун период од 3 до 6 век од н.е., но според хрониките Коџики (завршени во 712 година) и Нихон шоки (завршени во 720 година), Јапонија е основана во 660 година п.н.е. од страна на царот Џинму, за кој се вели дека е директен потомок на Аматерасу.[3][4]
Нарухито е актуелен цар на Јапонија. Тој застанал на Хризантемовиот престол по абдикацијата на неговиот татко, царот Акихито, на 1 мај 2019 година.
Наводи
уреди- ↑ „最高裁判所判例集 事件番号 平成1(行ツ)126“. Supreme Court of Japan. Посетено на August 10, 2020.
- ↑ „Japan desperate for male heir to oldest monarchy“. independent.co.uk. London. March 1, 1996. Посетено на June 5, 2010.
- ↑ Kinsley, David (1989). The goddesses' mirror : visions of the divine from East and West. Albany: State University of New York Press. стр. 80–90. ISBN 9780887068355.
- ↑ „Amaterasu“. Ancient History Encyclopedia. Посетено на 21 October 2017.