Баталјон „Рамиз Садику“

Баталјон „Рамиз Садику“ ― воена единица, формирана од политичките затвореници и логораши од Косово, припадници на народноослободтелното движење, во логорот „Герман“, кај Бурела во Албанија, во текот на 1942-1943 година.[1]

По капитулацијата на Италија, со помош на албанските партизани, околу 150 политички затвореници и логораши, претходно организирани во баталјонски состав, со целокупното раководство го напуштиле логорот и тргнале на пат за Дебар, кој пред тоа бил ослободен. Во почетокот на октомври, во селото Извор, Кичевско бил прогласен за Прв косовски баталјон. За кратко време, на македонска територија Баталјонот успеал наполно да се наоружа и веднаш почнал со борбени акции.[1]

На 11 ноември 1943 година, во село Сливово, Охридско, влегол како еден од баталјоните во составот на Првата македонска народноослбодителна ударна бригада.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 64. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Литовски, Д-р Александар. „На денешен ден -11 ноември во 1943 е формирана ПРВАТА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА УДАРНА БРИГАДА - АПЛА.мк - Без пардон за Битола“. apla.mk.

Надворешни врски

уреди