Молучки Острови
Молучки Острови (индонезиски: Kepulauan Maluku) или Молуци — архипелаг во источниот дел на Индонезија. Сместен е источно од Сулавеси, западно од Нова Гвинеја и северно и источн од Тимор. Се смета за географско-културен пресек на Азија и Океанија.
Kepulauan Maluku | |
---|---|
Географија | |
Место | Југоисточна Азија, Меланезија |
Координати | 03°S 129°E / 3° ЈГШ; 129° ИГД |
Вкупно острови | ~1000 |
Поголеми острови | Халмахера, Серам, Буру, Амбон, Тернате, Тидоре, Ару, Kaj |
Површина | 78.897[1] км2 |
Највисоко место | 3.027 м |
Највисока точка | Бинаја |
Држава | |
Покраини | |
Најголема населба | Амбон |
Демографија | |
Население | 3.131.860[2] (2020) |
Етнички групи | Амбонци, Алфуури, Нуалуанци, Буги |
Островите се нарекувале Зачински Острови поради морското оревче и каранфилчето кои ги имало само таму, и чие присуство го поттикнало европскиот колонијален ентерес во XVI век.[3]
Сите Молучки Острови биле сместени во една покраина од независноста на Индонезија до 1999 г. кога се разделени на две покраини. Новата покраина Северно Малуку го опфаќа подрачјето помеѓу Моротај и Сула, а островскиот лак од Буру и Серам до Ветар останал во постоечката покраина Малуку. Северно Малуку е претежно муслиманско, и неговото седиште е Софифи на островот Халмахера. Малуку има поголем број на христијани, и неговото седиште е Амбон. Иако изворно биле Меланезијци,[4] многу жители на островите, особено на Банда, биле исклани во XVII век за време на Холандско-португалската војна, наречена и „Војна за зачини“. Вториот прилив на доселеници од Јава започнал на почетокот на XX век под власт на Холанѓаните и продолжува во индонезиско време, причинувајќи спорови и немири.[5]
Историја
уредиРана историја
уредиПрвите жители на островите биле Австраломеланезијците, кои се доселиле пред барем 40.000 години. Околу 2000 г.п.н.е. се случило доселување на австронезиски говорници.[6] Други археолошки наоди укажуваат на можно доселување на арапски трговци во XIV век кои со себе го довеле исламот. Преобраќањето во ислам се случило на многу острови, особено во центрите на трговијата, а домородниот анимизам се задржал во задгрбнината и поизолираните острови. Археолошките наоди на тие места се водат според присуството на свински заби како доказ за внесување (или невнесување) на свинско месо.[7] Утврдени се остатоци од експедициите на царството Маџапахит во усното наследство и археолошките наоѓалишта. Една приказна од Летвуан на островот Кај Кечил раскажува за балиски пратеник нс Гаџах Мада по име Касдев, неговата сопруга Дит Ратнгил и нивните осум деца. Старите гробници најдени во заливот Сорбај јужно од Летвуан одат во прилог на оваа приказна, како и некои културни обичаи на Кеј кои се од балиско потекло.[8] Други наоди се статуата на Шива од островот Кеј Бесар. Друга приказна говори за маџапахитска експедиција во XIV век во Негери Ема, Амбон, од пратеник наречен Њи Мас Кенанд Еко Сутарми со придружба од 22 лица и копјеносец, кои се обиделе да стапат во трговски односи и сојуз со водачот на Негери Ема по име Капитан Адинг Аданг Анаан Танахатуила. На средбата посредувал Малеси Соа Лиса Мајтиму, но страните не успеале да се спогодат. Не успевајќи, Сутарми решила да остане, а нејзините придружници се венчале за мештани од Ема. Од оваа експедиција се најдени сончеви симболи со девет зраци од чешми, копја и ударниот инструмент тотобуанг, како и многу грнчарија.[9]
Португалски период
уредиВо август 1511 г. Португалците ја освоиле Малака, тогаш град-држава. Најзначајната трајна последица од португалското присуство било нарушувањето и преуредувањето на трговијата во Југоисточна Азија, како и воведувањето на христијанството во источна Индонезија, вклучувајќи го Малуку.[10]
Во еден португалски дневник е забележано „Има преку триесетина години откако станаа Маври“.[11]
Афонсо де Албукерке дознал за патот до Банда и другите „Зачински Острови“, па испратил истражувачка експедиција од три брода под команда на Антонио де Абреу, Симаоу Афонсо Бизигудо и Франсиско Сераун.[12] Враќајќи се назад, Сераун доживал бродолом на островот Хиту (северен Амбон) во 1512 г. Таму воспоставил врски со месниот владетел кој бил воодушевен од неговите борбени вештини. Владетелите на конкурентските островски султанати Тернате и Тидоре исто така барале португалска помош, и новодојденците биле добредојдени како купувачи на залихи и зачини за време на затишјето на регионалната трговија предизвикано од привремениот прекин на пловидбата на Јаванците и Малајците во овие краишта поради судирот во Малака од 1511 г. Трговијата со зачини набргу заживеала, но Португалците не можеле наполно да ја монополизираат или пореметат.[13]
Осојузувајќи се со владетелот на Тернате, Сераун изградил тврдина на тој мал остров и возглавил дружина од португалски платеници во служба на еден од двата завојувани султана кои ја контролираче трговијата со зачини. Меѓутоа, Сераун и Фернандо Магелан загинале пред да се сретнат.[13] Португалците најпрвин впловиле во Амбон во 1513 г. но тој станал центар на нивните дјества во Малуку дури откако биле истерани од Тернате. Европската моќ во регионот била слаба и Тернате станала растечка, жестоко исламска и антиевропска држава; Португалско-тернатските војни беснееле за време на султанот Бабула (вл. 1570–1583) и син му Сајди Беркат (вл. 1583–1606).[14]
Мисионерската дејност на Португалците создала големи христијански заедници во источна Индонезија до денешни времиња, што придонело кон чувството на заеднички интерес со Европејците, особено меѓу Амбонците.[14]
Холандски период
уредиХоланѓаните пристигнале во 1599 г. и почнале да се натпреваруваат со Португалците во трговијата.[15] Холандската источноиндиска компанија во текот на Холандско-португалската војна се осојузила со султанот на Тернате и ги освоила Амбон и Тидоре во 1605 г., и ги истерала Португалците. Ибериското владеење во делови од Северно Малуку било обновено со шпанскиот противнапад од Филипините, што траело сè до 1663 г. Меѓутоа, Холанѓаните воспоставиле монопол на производството на и трговијата со зачини со немилосрдни мерки. Такви примери се геноцидното освојување на Банда во 1621 г., елиминацијата на Англичаните во Амбон во 1623 г. и потчинувањето на Тернате и Тидоре во 1650-тите. Големи делови од Малуку и Папуа пламнале во антиколонијално востание предводено од принцот Нуку од 1780 до 1810 г. во сојуз со Британците. За време на Француските револуционерни војни, а потоа и во Наполеоновите војни, британските сили ги зазеле островите во 1796–1801 и 1810 г., задржувајќи ги до 1817 г. Во тоа време тие откорнале многу зачински дрва за пресадување на разни места во Британската Империја.[16]
По независноста на Индонезија
уредиСо прогласувањето на единствена Индонезија во 1950 г. како замена за сојузната држава, прогласена е Република Јужно Малуку. Овој обид за отцепување бил предводен од Крис Соумокил (поранешен врховен јавен обвинител на Источна Индонезија) и поддржан од молучките припадници на специјалните единици на Кралската холандска источноиндиска армија (КХИА). Движењето било поразено од индонезиската армија, и со посебен договор со Холанѓаните молучките единици биле иселени во Холандија. Подоцна потомците на овие молучки војници на КХИА во Холандија приредиле заложничка криза во воз (1975), грабнале воз (1977) и направиле училишна заложничка криза од истата година за да го свртат вниманието кон нивната кауза за независна Република Јужно Малуку.
Малуку е една од првите покраини на Индонезија, прогласена во 1945 и траела до 1999 г. кога од неа е одвоена одделна покраина Северно Малуку. Главен град бил Тернате на мал остров западно од големиот остров Халмахера, но подоцна главен станал Софифи на самата Халмахера. Главен град на денешната покраина Малуку е Амбон.
Граѓански судири (1999–2003)
уредиВо јануари 1999 г. низ островите избиле верски и етнички судири. Во следните 18 месеци се воделе борби помеѓу месни групи сочинети од муслимани и христијани против џихадистички групи од Јава и индонезиската војска која ги поддржувала, што довело до опустошувањето на илјадници домови, раселување на 500.000 лица, загубата на илјадници човечки животи и сегрегација на муслиманите и христијаните.[17]
Географија
уредиМолучките Острови зафаќаат вкупна површина од 850.000 км2, од кои 90 % отпаѓаат на морски површини.[18] Се проценува дека има 1.027 острови.[19] Најголемите два острова, Халмахера и Серам, се ретко населени, а најразвиените Амбон и Тернате се мали.[19]
Највеќето острови се покриени се шумовити и планински. Островите Танимбар се суви и ридести, додека архипелагот Ару е низок и блатест. Највисока планина е Бинаја (3.027 м) на Серам. Неколку острови како Серам (1.721 м) и островите ТНС се вулкани што се издигаат од морето, а околу нив на бреговите има села. Во изминатите 500 години се слулиле 70 силни вулкански избуви. Земјотресите исто така се чести.[19]
Геологија
уредиГеологијата на Молучките острови има слично минато, одлики и процеси како соседните Мали Сундски Острови. Геолошките проучувања на регионот се одвиваат уште од индонезиско колонијално време; меѓутоа, геолошкото образување и напредок не се наполно објаснети, и теориите за нивниот геолошки развој во голема мера се променети во последниве децении.[20] Молучките Острови се едно од геолошки најсложените и најактивните подрачја на светот,[21] што се должи на нивната поставеност на спојот на четири тектонски плочи и два континентални блока.
Екологија
уредиВо биогеографски поглед, сите острови освен групата Ару се сместени во екорегионот Волесија, сместен помеѓу Сундскиот Праг (дел од Азискиот блок) и Арафурскиот Праг (дел од Австралискиот блок). Поточно, лежат помеѓу Веберовата и Лидекеровата Линија, поради што нивната фауна е повеќе австралиска отколку азиска. Биоразновидноста и нејзината распределба се повлијаени од различни тектонски активности; највеќето острови се геолошки млади (1-15 милиони години) и никогаш не биле дел од копното. Молучките Острови се разликуваат од другите подрачја во Индонезија; ги опфаќат најмалите острови во земјата, имаат корални гребени расеани низ најдлабоките води на светот и немаат големи острови како Јава и Суматра. Затоа, преселбата на растителните и животинските видови помеѓу островите е ограничена, што води до висок степен на ендемизам.[20]
Екологијата на Малучките Острови со векови предизвикувала големо љубопитство кај природонаучниците; книгата „Малајскиот Архипелаг“ (1869) на Алфред Р. Волес е првото значајно природонаучно дело посветно на ова подрачје и до денес претставува важен ресурс во изучувањето на индонезиската биоразновиднос. Малуку е обработено во две епохални природонаучни дела на Георг Ебергард Румпф: „Амбонски хербариум“ (Herbarium Amboinense) и „Амбонска одаја на реткости“ (Amboinsche Rariteitkamer).[22]
Најголемиот дел на северно и централно Малуку бил прекриен со дождовна шума, која на помалите острови била заменета со насади како оние со каранфилче и морско оревче, ендемски на подрачјето. Островите Танимбар и другите југоисточни острови се суви, со ретка растителност, слично на соседниот остров Тимор.[19] Со цел да се заштитат загрозените видови основани се националните паркови „Манусела“ (1997) и Акетаџве-Лолобата (2004).
Највеќето домородни цицачи се торбари како кускусот и бандикотот; застапени се и малајската цибетка и подивените свињи, кои се доведени.[19] Има околу 100 ендемски птици, при што најголема разновидност се среќава на големите острови Халмахера и Серам. Северно Малуку има два ендемски вида на рајски птици.[19] Островката група Ару е единствената која има чисто папуански животни како кенгури, казуари и рајски птици.[19]
Иако сите места се соочуваат со еколошки проблеми, особено засегнати се малите острови. Тие се предизвикани од развојот на човековите активности, макар што нивните последици не се секогаш однапред воочливи. Иако Индонезија е богата со природни ресурси, ресурсите на малите молучки острови се ограничени и специјализирани; покрај тоа, особено ограничени се ресурсите за човечкото население.[23]
За Молучките Острови важат следниве општи согледувања[24][25][23]
- Поголем дел од земјиштето е засегнато од вулканска активност, земјотреси, свлечишта и штети од циклони;
- Климата веројатно има океански влијанија;
- Сливовите се помали, а степенот на ерозија е поголем;
- Поголем дел од земјиштето е сочинет од крајбрежни подрачја;
- Поголем степен на околинска специјализација, со поголем удел на ендемските видови во сеопшто осиромашена заедница;
- Заедниците задржуваат поголемо културно чувство поради нивниот развој во релативна изолација;
- Населението на малите острови е позасегнато од доселувања од економски причини.
Клима
уредиЦентралните и јужните Молучки Острови претрпуваат сув монсун помеѓу октомври и март и влажен монсун од мај до август, што е обратно од остатокот од Индонезија. Највисоката просечна температура на сувиот монсун изнесува 30 °C, а на влажниот е 23 °C. Во Северно Малуку влажниот монсун е од декември до март, во склад со остатокот од Индонезија. Секоја островска група има своја климатски варијанта, а најголемите острови имаат посуви крајбрежни низини и повлажна планинска задгрбнина.[19]
Демографија
уредиНаселение
уредиПокраината Малуку во 2020 г. имала 1.848.923, а покраината Северно Малуку истата година броела 1.282.937 лица.[2] Тала, влкупното население на Молучките Острови таа година изнесувало 3.131.860 жители.
Народи
уредиМолучаните имаат мошне мешано потекло поради долгата историја на трговија и морепловство.[19] Австронезиските народи се смешале со домородното меланезиско население околу 2000 г. п.н.е..[26] Меланезиските одлики се најзастапени на островските групи Кеј и Ару, како и меѓу внатрешното население на островите Серам и Буру. Подоцна кон оваа смеса е придодадена извесна индиска и арапска крв. Најнови доселеници се бугиските трговци од Сулавеси и јаванските преселници.[19]
Јазици
уредиНекогаш на островите се говореле преку 130 јазици. Многу од жителите денес ги говорат креолскиот јазик на Тернате и оној на Амбонците, кој е лингва франка на северно односно јужно Малуку.[19]
Административна поделба
уредиМолучките Острови се пдоелени на две покраини: Малуку и Северно Малуку.
Стопанство
уредиДо денес на островите се одгледуваат каранфилчето и морското оревче, како и какаото, кафето и разно овошје. Значајна гранка на сите острови е риболовот, особено околу Халмахера и Бакан Бачан. Островите Ару произведуваат бисери, а Серам извезува јастози. На поголемите острови развиена е дрвосечата; на Серам се добива железно дрво, а на Буру се добиваат тик, абонос.[19]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Moluccas | islands, Indonesia | Britannica“. www.britannica.com. Посетено на 4 октомври 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Jumlah Penduduk Hasil SP2020 menurut Wilayah dan Jenis Kelamin (Orang), 2020“ (индонезиски). Badan Pusat Statistik. Архивирано од изворникот 28 јануари 2022. Посетено на 28 јануари 2022.
- ↑ „Welcome to Maluku“. Lonely Planet. Архивирано од изворникот 1 август 2017. Посетено на 11 април 2017.
- ↑ IRJA.org Архивирано на 14 април 2009.
- ↑ „IV. THE CONFLICT“. Indonesia:The Violence in Ambon. Human Rights Watch. март 1999. Посетено на 27 февруари 2024.
- ↑ Alaidrus, Shariva; Anggoro, Febrianto Budi (14 јуни 2021). „Pameran Cagar Budaya di Ambon pamerkan arca Majapahit ditemukan di Ternate“. Antara News (индонезиски). Ambon, Maluku. Архивирано од изворникот 18 јануари 2022. Посетено на 18 јануари 2022.
- ↑ Lape, P. V. (2000). „Contact and Colonialism in the Banda Islands, Maluku, Indonesia“. Indo-Pacific Prehistory Association Bulletin. Maluku Papers. 4 (20): 2–3. Архивирано од изворникот на 23 септември 2009. Посетено на 23 февруари 2010.
- ↑ Riyani, Utami Evi (21 јули 2017). „TERUNGKAP! Sejarah Hubungan Bali dan Kepulauan Kei yang Tak Banyak Diketahui Orang : Okezone Travel“. travel.okezone.com/ (малајски). Архивирано од изворникот 18 јануари 2022. Посетено на 18 јануари 2022.
- ↑ Al Mujabuddawat, Muhammad (1 август 2018). „Jejak Kedatangan Utusan Majapahit di Pulau Ambon“. PURBAWIDYA: Jurnal Penelitian Dan Pengembangan Arkeologi. 7 (1): 53–70. doi:10.24164/pw.v7i1.254. ISSN 2528-3618. S2CID 135373280. Архивирано од изворникот 29 јули 2022. Посетено на 25 јули 2022.
- ↑ Ricklefs, M. C. (1991). A History of Modern Indonesia Since c.1300 (2. изд.). London: MacMillan. стр. 26. ISBN 0-333-57689-6.
- ↑ Lach, D. F. (1994). Asia in the Making of Europe: The Century of Discovery. 1. Chicago University Press.
- ↑ Abendanon, E. C.; Heawood, E. (декември 1919). „Missing Links in the Development of the Ancient Portuguese Cartography of the Netherlands East Indian Archipelago“. The Geographical Journal. Blackwell Publishing. 54 (6): 347–355. Bibcode:1919GeogJ..54..347A. doi:10.2307/1779411. JSTOR 1779411. Архивирано од изворникот 28 јули 2020. Посетено на 3 јуни 2020.
- ↑ 13,0 13,1 Ricklefs, M. C. (1991). A History of Modern Indonesia Since c.1300 (2. изд.). London: MacMillan. стр. 24. ISBN 0-333-57689-6.
- ↑ 14,0 14,1 Ricklefs, M. C. (1991). A History of Modern Indonesia Since c.1300 (2. изд.). London: MacMillan. стр. 25. ISBN 0-333-57689-6.
- ↑ „Maluku | province, Indonesia | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 4 октомври 2022.
- ↑ Milne, Peter (16 јануари 2011). „Banda, the nutmeg treasure islands“. Jakarta Post. Jakarta. стр. 10–11. Архивирано од изворникот 22 октомври 2019. Посетено на 22 декември 2011.
But the economic importance of the Bandas was only fleeting. With the Napoleonic wars raging across Europe, the British returned to the Bandas in the early XIX век, temporarily taking over control from the Dutch. The English uprooted hundreds of valuable nutmeg seedlings and transport them to their own colonies in Ceylon and Singapore, breaking the Dutch monopoly and consigning the Bandas to economic decline.
- ↑ „Troubled history of the Moluccas“. BBC News. 26 јуни 2000. Архивирано од изворникот 25 декември 2018. Посетено на 17 мај 2007.
- ↑ Monk, K. A.; de Fretes, Y.; Reksodiharjo-Lilley, G. (1996). The Ecology of Nusa Tenggara and Maluku. Hong Kong: Periplus Editions Ltd. стр. 9. ISBN 962-593-076-0.
- ↑ 19,00 19,01 19,02 19,03 19,04 19,05 19,06 19,07 19,08 19,09 19,10 19,11 Witton, Patrick (2003). Indonesia. Melbourne: Lonely Planet. стр. 818. ISBN 1-74059-154-2.
- ↑ 20,0 20,1 Monk (1996), page 9
- ↑ Monk, K. A.; Fretes, Y.; Reksodiharjo-Lilley, G. (1996). The Ecology of Nusa Tenggara and Maluku. Hong Kong: Periplus Editions Ltd. стр. 9. ISBN 962-593-076-0.
- ↑ Monk, K. A.; Fretes, Y.; Reksodiharjo-Lilley, G. (1996). The Ecology of Nusa Tenggara and Maluku. Hong Kong: Periplus Editions Ltd. стр. 4. ISBN 962-593-076-0.
- ↑ 23,0 23,1 Monk, K. A.; Fretes, Y.; Reksodiharjo-Lilley, G. (1996). The Ecology of Nusa Tenggara and Maluku. Hong Kong: Periplus Editions Ltd. стр. 1. ISBN 962-593-076-0.
- ↑ Beller, W., P. d'Ayala, and P. Hein. 1990. Sustainable development and environmental management of small islands. Paris and New Jersey: United Nations Educational, Scientific, and Cultural Organisation and Parthenon Publishing Group Inc. (нав. во Monk)
- ↑ Hess, A. (1990). "Overview: sustainable development and environmental management of small islands". In Sustainable development and environmental management of small islands. eds W. Beller, P. d'Ayala, and P. Hein, Paris and New Jersey: United Nations Educational, Scientific, and Cultural Organisation and Parthenon Publishing Group Inc. (нав. во Monk)
- ↑ Taylor, Jean Gelman (2003). Indonesia: Peoples and Histories. New Haven and London: Yale University Press. стр. 5–7. ISBN 0-300-10518-5.
Надворешни врски
уреди„Молучки Острови“ на Ризницата ? |
- Молучки Острови — Википатување (англиски)
- Обесшумување на Молуците (архив. 3 март 2016) (англиски)
- Шпанското присуство на Молуците: Тернате и Тидоре (архив. 3 март 2016) (англиски)
- Траектории на ранонововековните кралства во источна Индонезија (англиски)
- Интереста статија за ибериското присуство во на Молуците со документарец (англиски)