15 ноември (настани)

шаблон на Викимедија
1492  Кристофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент - Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје.
1577  Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка.
1920  Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена.
1944  Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај „Гази Баба“ (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
1988  Палестина е прогласена за независна држава.
1994  Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
1995  Република Македонија стана членка на програмата на НАТО, Партнерство за мир.
2001  Прогласени Амандманите на Уставот на Република Македонија, во согласност со Охридскиот рамковен договор.
2002  Заврши пописот на населението.
2003  Започна втората фаза од акцијата за собирање на доброволно предаденото нелегално оружје во Македонија.
2004  Премиерот Хари Костов поднесе оставка.
2012  Си Ѓинпинг е назначен за Генерален секретар на Комунистичката партија на Кина.
2022  Според проценката на ООН, светското население достигнало 8 милијарди.