Вартоломеј I Цариградски

Екуменскиот Патријарх Вартоломеј I (грчки: Βαρθολομαίος Α; 29 февруари 1940 во ИмбросЦариградски патријарх и „прв меѓу еднаквите“ од 2 ноември 1991 година[1][2][3][4].

Вартоломеј I
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Ракоположен2 ноември 1991
Службата завршилаво служба
ПретходникДимитриј I
Лични податоци
Роден29 февруари 1940(1940-02-29)(84 г.)
Имброс, Турција
НационалностГрк
Вероисповедправославие
ЖивеалиштеЦариградска патријаршија, Фенер, Истанбул, Турција
ЗанимањеПатријарх
ЗанимањеТеолог

Тој е роден на Имброс, турски остров во Егејско Море. Има турско државјанство, но е припадник на малото етничко-грчко малцинство во Турција. Течно говори турски, грчки, латински, француски, англиски, италијански и германски јазик.

Како екуменски Патријарх тој е меѓународно активен. Една од неговите првични работни задачи била обновувањето на еднаш прогонетите Источно-православни Цркви во поранешниот Источен Блок после падот на комунизмот во деведесеттите години на 20 век. Со таа цел работел за да придонесе за зацврстување на врските меѓу повеќето национални Цркви и Патријархии. Исто така, го продолжи и помирувачиот дијалог со другите религии, вклучително и другите Христијански, Исламски и Еврејски секти. Невообичаено и интересно, се здоби и со репутација на активен екологист преку вклучувањето на неговата Патријаршија во бројни меѓународни еколошки каузи и програми. Ова му го донесе и прекарот „Зелениот Патријарх“.

Наводи

уреди
  1. Ecumenical Patriarch Bartholomew: insights into an Orthodox Christian worldview (2007) John Chryssavgis International Journal of Environmental Studies, 64, (1);pp: 9 - 18
  2. „Ecumenical Patriarch of the Worldwide Orthodox Christian Church Meets with American Bible Society Leaders“. Religious News Service. July 17, 2007. Архивирано од изворникот на 2007-10-09. Посетено на 2010-10-13.
  3. „American Bible Society Sees Potential in Blossoming Greek Orthodox Relations“. The Christian Post. July 23, 2007.
  4. „The Patriarch“. Time. 29 July 2007. Архивирано од изворникот на 2013-08-27. Посетено на 2010-10-13.

Надворешни врски

уреди