Аеродром Свети Апостол Павле

(Пренасочено од Охридски аеродром)

Охридскиот аеродром (IATA: OHDICAO: LWOH) (Аеродром Охрид) познат и како аеродром Апостол Павле е аеродром на Охрид и Струга, Македонија.

Аеродром „Св. Апостол Павле“

Аеродром Охрид
Поглед на влезот на аеродромот
Општо
ТипЈавен
ОператорТАВ Аеродроми
Опслужуван градОхрид
МестоположбаОровник, Македонија
Надморска височина705 m / 2.313 ft
Мрежно местоohd.airports.com.mk
Карта
OHD is located in Македонија
OHD
OHD
Местоположба во Македонија
Карта
Писти
Правец Должина Површина
m ft
02/20 2.550 8.366 асфалт
Статистика (2019)
Патници159072[1]

Аеродромот се наоѓа в Општина Дебрца, на 2,5 km од Струга и 5 km од Охрид, долж магистралниот пат Охрид-Кичево-Скопје. Аеродромот во моментов има 8 паркинг позиции за авиони од комерцијалната и 5 паркинг позиции за авиони од генералната авијација на пристанишната платформа. Пристанишната зграда и другите аеродромски инфраструктурни објекти опслужуваат околу 60 000 патници и околу 1 000 операции на воздухоплови на годишно ниво. Основната причина за постоење на охридскиот аеродром е развој на туризмот во охридскиот туристички регион, како и алтернативен аеродром за летовите на Меѓународниот аеродром Скопје. Аеродромските услуги на охридскиот аеродром ги користат многу странски авиокомпании.

Историја

уреди
 
Аеродром Свети Апостол Павле

Во својот развоен пат, од леталиште со тревни маневарски површини од сезонски карактер, наменето за одвивање на спортска, школска и комерцијална авијација во домашниот воздушен сообраќај во услови на надворешна видливост, до модерно, современо и афирмирано меѓународно воздухопловно пристаниште во рамките на глобалниот воздухопловен транспортен систем, Аеродром Охрид бележи развоен пат долг цели 53.5 години.

Периодот на настанување и афирмација на охридскиот аеродром започнува со официјалното ЈАТ-ово изведување на првиот промотивен лет во комерцијалниот сообраќај на 5 јули 1953 и трае до почетокот на 1968 година, кога се започнати практичните активности околу модернизирање и реконструкција на аеродромот. Со промоцијата на новата воздушна туристичка линија на релација Белград - Скопје - Охрид, ЈАТ го вклучил охридскиот аеродром во сопствената домашна воздушна мрежа на аеродроми во тогашната југословенска заедница.

Во втората половина на 60-тите години, со модернизацијата на флотата на авиониц во ЈАТ и со зголемувањето на физичкиот обем на сообраќајот, честопати било поставувано прашањето за потреба од модернизација и реконструкција на охридскиот аеродром. Активностите околу изнаоѓањето на реални можности за реализација на таквата идеја започнале уште кон крајот на 1965 година, а последната оперативна зона на стариот аеродром се одвивала во летниот период 1967 година. Практично, со почетокот на 1968 година завршува превиот развоен период на охридскиот аеродром. Во периодот од 1968 до 1970 година, согласно техничката документација за изградба на новиот аеродром, прво биле изведувани подготвителните работи околу приспособување на теренот на постојната аеродромска локација, а потоа биле започнати градежни работи врз изградба на нова асфалтно-полетно-слетна патека и другите маневарски површини, пристанишна платформа, пристанишна зграда, контролна кула, гаражи, трафостаница, паркинг простор, технички комплекс, приодни патишта, периметарска ограда и други инфраструктурни објекти. Старата пристанишна зграда била реконструирана, проширена и адаптирана за сместување на административните служби.

По завршувањето на градежните работи, целиот аеродромски комплекс зафаќал површина од 640.850 м , од кои 29.350 м во надворешната (земска) страна, а 611.500 м во оградената (воздушна) страна на аеродромот. Асфалтната површина на полетно-слетната патека, спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки изнесувала околу 155.000 м.

Потребите за стопанско поврзување на регионот во однос на пазарното опкружување во тогашната југословенска заедница, како и за користење на туристичките потенцијали за опслужното подрачје, биле поврзани со потребите за „совладување“ на патните дистанци во рамка на заедничката држава. Патните растојанија на Охрид до Белград (608км), Загреб (998км), Љубљана (1.136 км), Сараево (663км), Титоград (519км), Дубровник (686км), Сплит (884км) и другите потенцијални стопански и туристички центри, ги оправдувале погодностите во користењето на воздушниот транспорт за опслужното подрачје на аеродромот.

Сепак, огромните потенцијали за развој на туризмот во опслужното подрачје на аеродромот го претставувале главниот адут и најважната причина за постоење на Аеродром Охрид.

Периодот на осовременување и експанзија на охридскиот аеродром започнува со изведувањето на првиот промотивен лет од страна на чартер превозникот од Белград “Авиогенекс“ во комерцијалниот воздушен сообраќај на новоизградениот аеродром на 08.06.1970 година и ќе трае наредните дваесет години, до крајот на 1990 година.

Вистинската експанзија во физичкиот обем на сообраќајот на Аеродром Охрид започнала во втората половина на 80-тите години, со интензивниот развој на стационарниот туризам во текот на летниот период на охридската ривиера. Голем број меѓународни туристи, пред сè од Холандија, Германија и Велика Британија, како и туристи од Словенија и Србија, со што се потврдува фактот дека една од основните причини за постоење на охридскиот аеродром, можеби и најголемата, е развојот на туризмот во Македонија.

Тоа го потврдуваат статистичките податоци за физичкиот обем на сообраќајот во периодот од 1970 до 1990 година; (во 1970 година се превезени 11 674 патници, реализирани се 308 операции на авиониц и 2.9 карго пратки; во 1990 година се превезени 67 811 патници, а реализирани се 1 298 операции на авиони и 119.9 карго пратки).

Бројот на ваквите ,,туристички,, аеродроми во светот е голем, а познат е фактот дека повеќе од половината аеродроми во тогашна СФРЈ биле од таков вид: Дубровник, Сплит, Тиват, Риека, Пула, Пореч, Бања Лука, Охрид и други. Конечно, многу е логично за Аеродром Охрид да се зборува како за туристички аеродром, кога најголемиот туристички центар во Македонија се наоѓа во опслужното подрачје на аеродромот.

Во период март-мај 1990 година е изведена реконструкција на полетно-слетната патека и другите маневарски површини на аеродромот.

Меѓутоа, во 1990 и 1991 година, неколку настани и случувања од сферата на општественото, политичкото и економското живеење во просторите на заедничката држава, кои биле причина за огромни промени на регионален план, предизвикале големи промени во работењето и функционирањето и на охридскиот аеродром и всушност го одредиле преломниот момент во неговиот понатамошен развој. Практично, со тоа завршува вториот развоен период на Аеродромот Охрид. Без оглед на бројноста на домашните воздушни превозници и шареноликоста на нивната флота и без оглед на воспоставените воздушни релации кои ја поврзаа Република Македонија со светот, никој од нив не се обиде да направи посериозни напори за да го поврзе охридскиот аеродром со атрактивните меѓународни одредишта и да му ја врати „старата“ слава.

Во периодот 1994-1995 година извршена е комплетна реконструкција и проширување на пристанишната зграда, со што се подобрени условите и зголемени можностите за ефикасно извршување на активностите околу регистрацијата на патниците и нивниот багаж.

Во есента 1996 година извршено е проширување и осветлување на пристанишната платформа, со што се зголемени капацитетите и подобрени условите за безбедно, несметано и ефикасно прифаќање и отпрема на воздухопловите.

Во текот на 1999 година оспособен е новиот складиштен и магацински простор, со што се подобрени условите за развој на карго дејноста на аеродромот.

Во периодот март-јули 2004 година извршена е реконструкција на пистата на Аеродром Охрид од страна на УЦВП со користење на кредит од Европската банка за обнова и развој.

Врз трендот на опаѓање на физичкиот обем на сообраќајот во последните години на Аеродром Охрид, значајно влијание имаа неколку битни објективни фактори:

  • политичката и воената криза во Република Македонија во 2001 година;
  • глобалните тектонски пореметувања во воздушниот сообраќај по случувањата на 11 септември 2001 година во САД;
  • отворањето на аеродромот во Приштина за одвивање и на цивилен воздушен сообраќај;
  • несредените односи помеѓу домашните превозници и другите релевантни субјекти во воздухопловниот транспортен систем во Македонија;
  • непостоење на долгорочна стратегија за развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија;
  • непостоење на стратегија за развој на туризмот во Република Македонија и непреземање на организирани активности и мерки од страна на државата за заживување на меѓународните туристички движења во домашните туристички центри.
  • релативно ниското ниво на техничката и технолошката опременост на сообраќајните капацитети во пружањето на основните аеродромски услуги на Аеродром Охрид.

Авиопревозници и одредишта

уреди
АвиопревознициДестинации
Arkia Сезонски: Тел Авив-Бен Гурион
Brussels Airlines Сезонски: Брисел
Corendon Dutch Airlines Сезонски: Амстердам, Мастрихт/Ахен
Enter Air Сезонски чартер: Варшава-Шопен
Helvetic Airways Сезонски: Цирих
Nordica Сезонски: Талин
Onur Air Сезонски: Истанбул–Ататурк
TUI fly Netherlands Сезонски: Амстердам, Ајндховен
Wizz Air Базел/Милуз, Виена
Сезонски: Лондон–Лутон

Статистика

уреди

Погледнете го необработеното барање + препораки на за Wikidata.

Бројот на патниците на Охридскиот аеродром се прикажани во следната табела:

Година Патници Промена
1990 67,811
1991 60,440 10,9%
1992 34,344 43,2%
1993 48,022 39,8%
1994 18,681 61,1%
1995 39,270 110,2%
1996 104,229 165,4%
1997 42,544 59,2%
1998 55,417 30,3%
1999 74,497 34,4%
2000 65,941 11,5%
2001 53,954 18,2%
2002 60,209 11,6%
2003 51,082 15,5%
2004 32,309 36,8%
2005 53,901 66,8%
2006 50,336 6,6%
2007 45,515 9,6%
2008 44,413 2,4%
2009 33,873 23,7%
2010 14,095 58,4%
2011 78,246 455,1%
2012 84,736 8,3%
2013 83,060 2,0%
2014 69,984 15,7%
2015 107,916 54,2%
2016(01.01-31.08) 104,998 44,4%

Установи и услуги

уреди

Катеринг за авионските фри-шопови (на ARR и DEP), обработка на протоколи, CIP (бизнис), телефон и факс, телефонски картички, царинска и имиграциона контрола, полициско обезбедување (24 часа), аеродромско обезбедување (24 часа), продавница за сувенири, менувачница, ресторан во AD (100 оброци на час), установи за паркинг на такси и автомобили (70 автомобили + 3 автобуси), установи за справување со товар (простор за складирање на товар 340 m²) и патнички капацитет од 300 луѓе на час.

Историја на несреќи

уреди

На 20 ноември 1993 авион од типот Yak 42D на Авиоимпекс се срушил во близина на аеродромот. Леталото било на пат од Женева кон Скопје, но било пренасочено кон Охрид поради лошите временски услови на аеродромот во Скопје. При слетувањето, леталото се срушило на планината Тројани близу Охрид. Сите осум членови на екипажот, и 115 од 116-те патници загинале. Единствениот преживеан патник им подлегнал на повредите неколку дена подоцна во охридската болница.

Извори

уреди
  1. „Macedonian airports post record results“. EX-YU Aviation News. Посетено на 7 February 2018.

2. http://ohd.airports.com.mk/

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  Меѓународни аеродроми во Република Македонија  
Охридски аеродром | Скопски Аеродром