Христо Батанџиев
Христо Иванов Батанџиев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО).[1][2]
Христо Батанџиев | ||
Роден | 1869 Гуменџе, Солунски Вилает, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 18 јуни 1913 Егејско Море, Кралство Грција | (возр. 43–44)
Животопис
уредиХристо Батанџиев е роден во Гуменџе, Ениџевардарско. Се школувал во родното село, каде што подоцна и учителствувал. Тој најпрво работел како учител во солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а потоа бил секретар во солунската црковно училишна општина и Егзархиската Митрополија во Солун.
Како патриот, загрижен за судбината на Македонија ѝ пристапил на групата македонски интелектуалци-истомисленици, со кои во Солун ја основале Македонската револуционерна организација. Организацијата е основана на 23 октомври 1893 година (стар стил) во неговото живеалиште.
По Младотурска револуција во 1908 година и Хуриетот бил активен член на Сојузот на бугарските конституциони клубови во Македонија.
Во текот на Балканските војни, Батанџиев заедно со уште 183 други Македонци од Солун и Солунско, бил уапсен од грчката војска. Некои од нив, вклучувајќи го и Батанџиев, требале да бидат интернирани со брод од Солун до островот Трикери.[1][2] Загинал заедно со архимандритот Евлогиј во 1913 година, бил фрлен и удавен во Егејското Море од страна на Грците.
Денес во софискиот кварт Орландовци е именувана една улица по него [3][4], а во Скопје е именувана една спортска сала во општината Ѓорче Петров.
-
Портрет на Батанџиев -
Портрет на Батанџиев -
Споменик „Паднати за слободата на Македонија“ во Ќустендил со името на Батанџиев -
Споменик - Основачи на ВМРО -
Спортската сала „Христо Батанџиев“ во населбата Волково, Општина Ѓорче Петров
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 65. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 39. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Енциклопедия „България“, том 1, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 222.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 17.