Шести вселенски собор

Шестиот вселенски собор (грчки: Η ΣΤ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Τρίτη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης - Трет цариградски собор) бил одржан во Цариград од 7 ноември 680 до 16 септември 681 година. Соборот бил свикан од страна на царот Константин IV Погонат, и одржан во царскиот двор, во свечена сала со куполи (τρουλλος).

Шести вселенски собор
Датум680-681
Прифатен одРимокатоличка црква, Старокатоличка црква, православие
Претходен собор
Петти вселенски собор
Следен собор
Римокатоличка: Седми вселенски собор
Православие: Трулски собор
Свикан одЦар Константин IV Погонат
ПретседавачГеоргиј I Цариградски
Папа Агатон
Присутниоколу 300
Времеследен список на собори

Римскиот Епископ Агатон бил претставен преку три пратеника. Соборот бил свикан за да се даде одговор на монотелитската ерес, која се појавила во времето на Ираклиј I (610-641 г.) а била формулирана од страна на патријархот Сергиј и прифатена од римскиот Епископ Хонориј. Според тоа учење, познато и како Ектесис, Господ Исус Христос има две природи, а после Воплотувањето има само една волја (монотелитизам) или едно дејство (моноенергизам). Вака формулираното учење ја нудело можноста монофизитите да се вратат во црквата, но било противречно на Халкидонскиот орос[1].

Присуствувале 174 епископи, кои го осудиле монотелитството и ја востановиле формулата против него, која гласи:

„Во Исуса Христа има две природи – Божествена и Човечка, а исто така и две волји – Божествена и Човечка, така што втората и се покорувала на првата.“.

Наводи

уреди
  1. Давитковски, Петар (1987). Историја на христијанската црква II дел. Скопје: Скопје.