Гусар бил воен брод којшто бил признат од државата и за напад на друг брод добивал известување или писмо. Гусарството уште е опишано и како легално пиратство. Поточно, гусарот можел да нападне друг брод , да го уништи или да го ограби само за време на војна.

Борба помеѓу Англиски и гусарски брод


Гусарите биле прифаќани за време на војните, а активни биле од XVI век до XVIII век кога и биле поддржувани од сите поморски сили. Трошоците биле покривани од посебни инвеститори коишто се јавувале помеѓу побогатите трговци коишто сакале без трговија да добијат дел од добивката остварена преку кражбите и освојувањата н противничките бродови.