Хенри Мортон Стенли

Хенри Мортон Стенли (англиски: Sir Henry Morton Stanley, 6 јануари 1841 - 10 мај 1904) е велшко-американски новинар и патешественик, кој ја иследувал Африка.

Хенри Мортон Стенли
Sir Henry Morton Stanley
новинар и истражувач
Роден(а)28 јануари 1841(1841-01-28)
Денби, Велс
Починал(а)10 мај 1904(1904-05-10) (возр. 63)
Лондон, Англија
Потпис

Тој во 1871 година се прославил со „спасувањето“ на шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон, за кого погрешно се верувало дека се изгубил во Африка. До 1889 година повеќепати патувал во Африка при што ги открил езерата Албертово, Едвардово и Леополдово, како и планинскиот масив Рувензори, а вршел и испитување на голем дел од сливот на реката Конго. Највисоката планина во масивот е наречена Стенли во негова чест.

Кога наполнил 15 години заминал во Њу Орлеанс, САД каде се спријателил со богатиот трговец Стенли. По воената обука учествувал во Американската граѓанска војна на двете страни. Во тоа време започнал да се занимава со новинарство, каде станал еден од најблиските соработници на Џејмс Гордон Бенет, основач на Њујорк Хералд. Неговиот син во 1869 година го замолил на Хенри Стенли да го пронајде шкотскиот мисионер Дејвид Ливингстон, за кој се знаело дека се наоѓа во Африка но за него се немало слушнато долго време.

Така, во 1871 година, по налог на сопственикот на "Њујорк Хералд" Џејмс Гордон Бенет, Стенли се упатил во потрага на Дејвид Ливингстон во Централна Африка. Експедицијатата целосно била финансирана од новинскиот магнат, но главната причина за организирањето и спроведувањето на експедицијата била рекламирањето и зголемувањето на тиражот на весникот, кои целосно биле оправдени подоцна. На 21 март 1871 заминал на запад во Источна Танзанија. Пристигнал во Табора, но разбрал дека директниот пат кон езерото Танганика бил отсечен поради востанието на локалните племиња против арапските робови, поради што експедицијата прави голема заобиколување од југоисток и југ. На 6º ЈГШ. и 34º ИГД врти на запад-југозапад и продолжил кон реката Угала. На 10 ноември пристигнал во Уџиџи, каде што го најдел Дејвид Ливингстон и до февруари 1872 учествувал во неговите истражувања. Во март во Табора, Стенли се разделил со Ливингстон, ги зел неговите писма и дневници и заминал за Европа. Кога по една година Ливингстон починал, Стенли решил да продолжи со случајот - да ја открие тајната на изворите на реката Нил.

Стенли починал на 10 мај 1904 година.