Мајкл Џерард „Мајк“ Тајсон, исто познат и како Малик Абдул Азис, (роден 30 јуни 1966) бил американски професионален боксер. Тој е еден од најголемите шампиони во тешка категорија и најмлад носител на титулите во верзиите на WBC, WBA и IBF. Имено, Тајсон ја освоил светската титула во бокс на само 20 години. Тој е рангиран како број 16 на списокот на најдобрите 100 боксери на сите времиња, направен од списанието „Ринг“.

Мајк Тајсон

Основни податоци
Вистинско име Мајкл Џерард Тајсон
Прекар(и) „Детски динамит“, „Железниот Мајк“ и „Најлошиот човек на планетата“
Категорија Тешка категорија
Висина 1,82 m
Националност САД САД, Американец
Дата на раѓање 30 јуни 1966(1966-06-30)(58 г.)
Место на раѓање Бруклин, Њујорк Сити, Њујорк
Стил Ортодокс
Статистика
Вкупно борби 59
Победи 50
Победи со нокаут 44
Порази 7
Нерешени 0
Незавршени 2

Животопис

уреди

Во 1992 година, кога бил на врвот на славата, Тајсон бил обвинет за силување во Вашингтон, поради што отслужил затворска казна од три години. Иако заработил вкупно 400 милиони американски долари за време на кариерата, во 2003 година Тајсон банкротирал при што било утврдено дека имал долгови од над 27 милиони долари. Тој успеал да го потроши големото богатство купувајќи луксузни автомобили и огромни палати, а уште за време на разводот од неговата сопруга загубил девет милиони долари, додека 13 милиони долари му биле одземени од даночната управа на САД.[1]

Професионална кариера

уреди

Познатиот „Детски динамит“, „Железниот Мајк“ и „Најлошиот човек на планетата“, Тајсон победил во 19 професионални борби со нокаут, од кои 12 во првата рунда. Тајсон бил апсолутен шампион во тешка категорија кога ги победил Тревор Бербик (технички нокаут, 2 рунда), Џејмс Смит (на бодови, 12 рунди), Тони Такер (на бодови, 12 рунди) и Мајкл Спинкс (нокаут, 1 рунда). Тајсон особено се истакнал во борбите против Спинкс. Тајсон првпат ја загубил шампионската титула во својата 42. борба, од Џејмс Даглас, на 11 февруари 1990 година, во Токио, со нокаут во 10. рунда.

По излегувањето од затворот во 1995 година, Тајсон ја вратил титулата во тешка категорија, но во 1997 година повторно ја загубил титулата во борбата против Ивандер Холифилд, со технички нокаут во 11. рунда. Нивната втора борба имала неверојатен крај, бидејќи Тајсон бил дисквалификуван поради гризнување на дел од увото на Холифилд. Тајсон повторно се борел за светската титула во 2002 година, на 35 годишна возраст, но тогаш загубил од Ленокс Луис. Тајсон конечно се повлекол од професионалниот бокс во 2005 година, по два последователни порази со нокаут од Дени Вилијамс и Кевин Мекбрајд.

Наводи

уреди
  1. „Тајсон изгуби 400 милиони долари, „Недојдија“ ја испразни касата на Џексон“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 23.