Џон Филип Ки (англ. John Phillip Key, р. 9 август 1961) — новозеландски политичар, пратеник, поранешен водач на Националната партија и Премиер на Нов Зеланд со парламентарните избори во 2008 г.[1] .

Џон Филип Ки

Пратеник (MP)
38ми Премиер на Нов Зеланд
Стапува
19 ноември 2008
Монарх Елизабета II
Генерален управник Ананд Сатјананд
Заменик Бил Инглиш
Претходник Бил Инглиш
Водач на опозицијата
На должноста
27 ноември 2006 – 8 ноември 2008
Заменик Бил Инглиш
Претходник Дон Бреш
Наследник Фил Гоф
Водач на Националната партија
На должноста
27 ноември 2006 – 12 декeмври 2016
Заменик Бил Инглиш
Претходник Дон Бреш
Наследник Бил Инглиш
Пратеник во Парламентот на Новозеландскиот
за {{{constituency_пратеник}}}
На должноста
Стапил
27 јули 2002
Мнозинство 18,562
Лични податоци
Роден(а) 9 август 1961(1961-08-09)(63 г.)
Окленд, Нов Зеланд
Партија Национална
Сопружник Брона Ки
Деца 2
Живеалиште Парнел, Окленд
Вероисповед неизјаснет
Портал www.johnkey.co.nz

Пред политичката кариера

уреди

Ки е роден во Окленд, Нов Зеланд, во еврејско семејство на Џорџ и Рут Ки (мом. Лазар). Татко му починал од срцев удар во 1967 г. Ки и неговите две сестри израснале во социјален стан во Крајстчерч со нивната мајка, која била Еврејка, доселеник од Австрија.[2][3]

Се школувал во Бернсајдското средно училиште, а во 1981 година дипломирал сметководство на Кантерберискиот универзитет .[2] Посетувал и курсеви по менаџмент на универзитетот Харвард, иако таму не дипломирал.[4] [5]

За првпат се вработил во 1982 година како ревизор во фирмата МекКалох Мензис, а потоа работел две години како проектен менаџер во Лејн Вокер Радкин, фабрика за облека во Крајстчерч.[6] Потоа Ки се вработил како девизен дилер во Елдерс Фајненс во Велингтон, а по две години работа се издигнал на функцијата главен девизен трговец. Во 1988 се вработил во оклендската фондација Бенкерс Траст.[2]

Во 1995 се вработил во фирмата Мерил Линч како главен раководител за девизно работење со Азија во Сингапур. Истата година во фирмата бил унапреден во главен глобален раководител за девизна трговија сместена во Лондон, каде веројатно заработувал околу 2,25 милиони американски долари годишно, вклучувајќи бонуси.[2][7] Некои колеги го нарекувале „насмеаниот ликвидатор“, бидејќи секогаш бил весел, иако отпуштал дузини (некои велат стотици) вработени по тешките загуби во Руската економска криза во 1998 година.[3][7] Бил член на Комитет за девизна трговија на Њујоршката федерална банка на резерви од 1999 до 2001 година.[8]

Во 2001 година, дознавајќи за неговиот интерес во политиката, претседателот на Новозеландската национална партија Џон Слејтер, заедно со тогашниот водач на партијата Џени Шипли, активно се заложил за да го придобие во партијата.

Ки ја запознал неговата сопруга Брона уште во средно училиште. Тие се венчале во 1984 година. Нејзината професија е исто така од сферата на трговијата, а работела како кадров консултант пред наполно да му се посвети на домаќинството. Имаат две деца, Стефи и Макс.[3]

Политичка кариера

уреди
Парл. Изб. единица Ранг Партија
47ми Хеленсвил 43 Национална
48ми Хеленсвил 7 Национална
49ти Хеленсвил 1 Национална

Хеленсвил

уреди

Со порастот на населението во Окленд, посведочен од пописот од 2001 година, се јавила потребата за создавање на нова изборна единица Хеленсвил, која го покрива северозападниот дел од населената област на Окленд. Ки во предизборите го победил Брајан Нисон, кој веќе одамна ја држел таа функција. На изборите во 2002 Ки го добил местото со водство од 1,705 над Гери Расел од Лабуристичката партија, додека Нисон, кој сега се кандидирал како независен, бил дури трет. Ки со леснотија бил повторно избран на изборите во 2005, освојувајќи 63% од гласовите во Хеленсвил.

Портпарол за финансии

уреди

Во 2004 година, Ки бил поставен на првата клупа на опозицијата од тогашниот водач д-р Дон Бреш и станал партиски портпарол за финансии. Кон крајот на 2006 година, Бреш дал оставка. Потоа Ки го наследил Бреш како водач на Националната партија.

водач на опозицијата

уреди

Во неговиот прв говор како водач на 28 ноември 2006 година, Ки зборувал за „нижа класа“ во Нов Зеланд на која „ѝ било дозволено да се развие“, тема која добила големо внимание од медиумите.[9] Ки во февруари 2007 го проследил овој говор со формулирање на програма за снабдување на храна во најсиромашните училишта во Нов Зеланд.[10]

На 25 јули 2008 година, Ки за првпат бил ставен на списокот на богати личности на списанието Нејшнл бизнис ривју(National Business Review - NBR)[11]. На списокот се наведени најбогатите поединци и семејни групи во Нов Зеланд. Според проценките, Ки имал околу 50 милиони новозеландски долари.

Политички ставови

уреди

Ки се прикажува себеси како повеќе центристички поставен отколку неговиот претходник Дон Бреш. Меѓутоа тој вели дека разликата е повеќе во стилот, отколку во било што друго. Иако умерен, Ки смета дека приватизацијата му помага на Нов Зеланд да се развива економски - став кој наидува на постојан отпор од противничката партија.

Од своја страна, Ки бележи разнолики гласови во парламентот: гласал против граѓански бракови[12], но учествувал во големиот блок на парламентарци кои гласале за поништување на законот кој го дефинира бракот како заедница на маж и жена.[13] Ки гласал во неуспешниот обид за враќање на старосната граница за консумирање на алкохол од 18 на 20 години.[14]

Верски ставови

уреди

Ки не припаѓа на ниедна вероисповед, изјаснувајќи се дека не е посебен верник и дека не верува во задгробен живот, иако мајка му била Еврејка, што значи дека е Евреин по мајка. Tој е третиот премиер на Нов Зеланд со еврејско потекло (другите двајца се Џулиус Фогел и Френсис Бел).

Надворешни врски

уреди

Англиски

уреди

Македонски

уреди

Наводи

уреди
  1. http://www.electionresults.govt.nz/
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Политика: Џон Ки - Краткок увид“. Сандеј Стар Тајмс. 3 февруари 2008. Архивирано од изворникот на 2008-06-04. Посетено на 28 февруари 2008.
  3. 3,0 3,1 3,2 Беван Репсон (26 април 2005). „Златно момче“. Метро Магазин. Архивирано од изворникот на 2008-07-26. Посетено на 28 февруари 2008.
  4. Меги Тејт (27 ноември 2006). „Профил: Џон Ки“. Новозеландски Хералд. Посетено на 28 февруари 2008.
  5. „Новозеландски парламент - Ки, Џон“. Архивирано од изворникот на 2008-03-03. Посетено на 28 февруари 2008.
  6. Дона МекИнтајр (12 јануари 2008). „Моето запослување: Џон Ки, водач на Националната партија“. Новозеландски Хералд. Архивирано од изворникот на 2019-11-30. Посетено на 2008-10-09. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. 7,0 7,1 Гилијан Тет и Рут Логесен (3 февруари 2008). „Кој е Џон Ки?“. Сандеј Стар Тајмс. Архивирано од изворникот на 2008-12-11. Посетено на 28 февраури, 2008. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „Парламент на Нов Зеланд - Ки, Џон“. Архивирано од изворникот на 2008-03-03. Посетено на 28 февруари 2008.
  9. Џон Ки (28 ноември 2006). „Говор на ручекот на Штабот на Националната партија во Северниот Брег“. Новозеландска национална партија. Архивирано од изворникот на 2007-10-04. Посетено на 23 август 2007.
  10. Џон Ки (4 февруари 2007). „Националната партија ја лансира програмата за храна во училиштата“. Скуп. Посетено на 23 август 2007.
  11. Персонал на NBR (25 јули 2008). „Список на богати личности за 2008: Лоша економија, но богатите сепак уште повеќе се богатат“. National Business Review. Архивирано од изворникот на 2012-03-05. Посетено на 25 септември 2008.
  12. Њусток ЗБ и вработени во Хералд (2 декември 2004). „Парламентарците гласаат 65-55 за Законот за граѓански бракови“. Посетено на 27 февруари 2008.
  13. „Амандман-закон за брак (полова класификација), Прво читање“. Хансард. 7 декекмври, 2005. Архивирано од изворникот на 2008-10-14. Посетено на 2008-10-09. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. Мајк Хулахан (9 ноември 2006). „Старосната граница за консумирање на алкохол останува на 18“. Посетено на 26 февруари 2008.

Извори

уреди

Функции

уреди
Пратенички места
Нова изб. единица Пратеник од Хеленсвил
2002 –
На должноста
Политички функции
Претходник
Дон Бреш
водач на опозицијата
2006 – 2008
Наследник
Фил Гоф
Претходник
Хелен Кларк
Премиер на Нов Зеланд
2008–моментално
На должноста
Партиски функции
Претходник
Дон Бреш
водач на Новозеландската национална партија
2006–моментално
На должноста