Попис на население или цензус претставува организирано прибирање на разни податоци за населението кое се спроведува во една држава.[1] Со пописот на жителите, често се прави и попис на домаќинства, стопанства, и бегалци. Гранката на статистиката која се занимава со пописот се нарекува Пописна статистика. Поголемиот број на држави ги организира пописите во точно одредени временски делови, кој е обично околу 10 години. Популационата комисија на Обединетите нации предложила, заради компарација на податоците, пописите да се обавуваат на крајот на секоја декада или на почетокот на секоја деценија. Пописите кои се поврзани со економијата (фабрики, рудници, претпријатија, фарми) се прават по друг распоред. Тие се прават во критичен момент (Цензусен ден) кој го одредува државата.

Попишувач во посета на ромско семејство кое живее во приколка, Холандија 1925

Елементи на пописот

уреди

Пописот се прави во 4 фази:

  • Подготовка за Попис

Која подразбира, дефинирање на прашањата кои ќе ги одговараат пописниците, известување на населението дека ќе има попис. Прашањата се дефинираат врз однапред подготвените параметри кои и се потребни на државата за нормално функционирање на нејзините институции, и информации кои ги бараат меѓународните организации каде што членува државата.

  • Собирање на информации

Кое може да се прави од врата на врата, преку интернет или по пошта. Во минатото постоел принцип каде што овластени попишувачи оделе од врата на врата, додека денес тоа може да го направи едно домаќинство.

  • Анализирање на податоците

Ова е всушност и најтешкиот дел од пописот, кој подразбира шифрирање на податоците, и разни пресметки. Денес овој систем е дигитализиран и се прави со компјутерски програми кои во зависност од внесените податоции, вршат класификација, поделба и изведуваат статистички податоци.

  • Објавување на податоците

Кое подразбира јавно известување за резултатите од пописот, нивно вбројување во статистичките заводи, архивирање и објавување преку разни медиуми.

Потекло на пописот

уреди

Примитивни облици на попис биле правени од Вавилонците (3800 п.н.е), Грците, Евреите, Кинезите, Египќаните и Римјаните. Овој попис се правел со цел да се евидентира воената сила, со цел исполнување на даночни обврски итн. Првиот модерен попис е направен на Француската територија во Канада во 1665 и 1666 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „попис“Дигитален речник на македонскиот јазик