Чарлс Дарвин

англиски природонаучник

Чарлс Роберт Дарвин (англиски: Charles Robert Darwin; 12 февруари 180919 април 1882) — англиски природонаучник кој го сфатил и изложил несовладливиот доказ дека сите живи видови еволуираат од заеднички предок, преку процесот кој тој го нарекол природна селекција.[1] Фактот дека еволуцијата настанува, е прифатена од страна на научната заедница и поголем дел од народот за време на неговото живеење, додека неговата теорија на природна селекција доаѓа до таа точка да биде широко прифатена како основно образложение на процесот на еволуција во 1930-ите,[2] и сега ги образува основите на модерната еволуциона теорија. Во изменета форма, Дарвиновото научно откритије е изедначувачка теорија на животните науки, овозможувајќи логично објаснување на разновидноста на животот.[3]

Чарлс Дарвин
Чарлс Роберт Дарвин. на 51 годишна возрат, Чарлс Дарвин штотуку ја издал За потеклото на видовите.
Роден(а)12 февруари 1809(1809-02-12)
Маунт Хаус, Шрузбери, Шропшир, Англија
Починал(а)19 април 1882(1882-04-19) (возр. 73)
Даун Хаус, Даун, Кент, Англија
ЖивеалиштеАнглија
НационалностБританец
Полињаприродонаука
УстановиКралско географско друштво
ОбразованиеЕдинбуршки универзитет
Кембрички универзитет
МенториЏон Стивенс Хенслоу
Адам Сеџвик
Познат поПатувањето на Бигл
За потеклото на видовите
Природна селекција
Влијание одЧарлс Лајел
Џозеф Далтон Хукер
Влијаел врзТомас Хенри Хаксли
Џорџ Џон Романес
Поважни наградиКралски медал (1853)
Воластонски медал (1859)
Коплиев медал (1864)
Потпис
Белешки
Тој бил внук на Иразмес Дарвин и на Џосаја Веџвуд и ја оженил својата братучетка Ема Веџвуд.

Почетниот интерес за природата го натерал Дарвин да го запостави своето медицинско образование на Единбуршкиот Универзитет, и наместо тоа тој помагал при истражувањето на морските безрбетници[4]. Неговата страст кон природните науки била охрабрена од студиите на Универзитетот на Кембриџ. Петгодишното патување со „Бигл“ го потврдил неговиот статус како еминентен геолог чии набљудувања и теории ги поддржувале униформитарианистичките идеи на Чарлс Лајел, а објавувањето на дневникот што го водел на неговото патување го прославил како автор.

Заинтригиран од географското распределување на дивиот свет и фосилите што ги собрал на неговото патување, Дарвин ја истражувал трансмутацијата на видовите и ја зачнал неговата теорија за природна селекција во 1838 година[5]. Иако разговарал за своите идеи со неколку биолози, му требало време за опширно истражување и неговата геолошка работа била приоритет[6]. Додека ја поставувал својата теорија во 1858 година, Алфред Расел Волес му испратил есеј во кој била опишана истата идеја, на што следело заедничко објавување на двете теории[7]. Делото на Дарвин го утврдило еволутивното потекло со мала модификација како доминантно научно објаснување за разновидноста во природата[2]. Во 1871 година, тој ја проучил човечката еволуција и сексуалната селекција во делото „Потеклото на човекот, и селекцијата според полот“, потоа следело „Изразувањето на емоции кај човекот и животните“. Неговото истражување за растенијата било објавено во неколку тома книги, а во неговата последна книга ги проучувал дождовните црви и нивното влијание врз почвата[8][9].

Како потврда за неговото најрано истакнување како научник[10], Дарвин бил еден од петте личности без кралско потекло што во 19 век биле почестени со државен погреб и погребан во Вестминстерската опатија, во близина на Џон Хершел и Исак Њутн. Дарвин е опишан како една од највлијателните личности во историјата на човештвото

Животот на Дарвин уреди

Детство и образование уреди

 
Седумгодишниот Чарлс Дарвин во 1816 г.

Чарлс Роберт Дарвин е роден во Шрузбури, Шропшајр во Англија на 12 февруари 1809 година во семејниот дом.[11]. Тој е петто од шесте деца на богатиот доктор и финансиер Роберт Дарвин и Сузан Дарвин (моминско презиме Веџвуд), внук на Еразмус Дарвин по таткова линија, и Џозија Веџвуд по мајчинска линија.

Двете семејства биле унитаристи, иако семејството Веџвуд полека го усвојувале англиканството. Роберт Дарвин, кој потајно се прокламирал како човек со слободни размислувања (атеист), го крстил бебето Чарлс во Англиканска црква, но Чарлс и неговите браќа и сестри оделе во унитаристичката капела со нивната мајка. Осумгодишниот Чарлс веќе пројавил интерес за природонауката и колекционерството кога почнал да посетува дневно училиште кај својот проповедник во 1817 година. Неговата мајка починала во јули истата година. Во септември 1818 година тој почнал да го посетува англиканското училиште кое било во близина заедно со неговиот постар брат Еразмус[12].

Во 1825 година, Дарвин го поминал летото како доктор во пракса, помагајќи му на неговиот татко да ги лекува сиромашните луѓе во родното место, пред да замине на Единбуршкиот Универзитет во училиште за медицина со неговиот брат Еразмус во октомври 1825 година. Предавањата му биле досадни, а хирургијата стресна, па затоа ги запоставил студиите. Научил таксидермија од Џон Едмонстон, ослободен црн роб кој го придружувал Чарлс Вотертон во јужноамериканските дождовни шуми, и често бил во друштво на овој „многу пријатен и интелигентен човек[13].

За време на втората година, Дарвин се зачленил во Плинианското Друштво, студентска група за природонауката чии дебати застранувале кон радикален материјализам[14]. Му помагал на Роберт Едмонд Грант во истражувањата за анатомијата и животниот циклус на морските Безрбетници и на 27 март 1827 година го презентирал своето лично откритие дека црните спори кои може да се најдат во школките на остригите се јајца на еден вид пијавици. Во еден наврат, Грант ги пофалил идеите за еволуција на Жан-Батист Ламарк. Дарвин бил воодушевен, но не толку одамна тој прочитал слични идеи од неговиот дедо Еразмус и останал воздржан[15]. Предавањата за природонауката кои ја опфаќале геологијата што ги држел Роберт Џејмисон му биле досадни, вклучувајќи ја дебатата помеѓу нептунизмот и плутонизмот. Учел за класификацијата на растенија, и помагал во работата со колекциите на Универзитетскиот музеј, еден од најголемите музеи во Европа во тоа време[16].

Запоставувањето на медицинските студии му пречело на неговиот татко, кој го пратил на Христовиот Колеџ во Кембриџ, за диплома која ќе го означи првиот чекор кон станување на англикански свештеник. Бидејќи не бил доволно квалификуван за свештеник од повисок ранг, тој се запишал на студиите за обична диплома во јануари 1828 година[17]. Повеќе сакал јавање и пукање отколку студирање. Неговиот братучед Вилијам Дарвин Фокс го запознал со популарното лудило за колекционирање на бубачки кое Дарвин почнал ревносно да го практикува, а некои од неговите откритија биле објавувани во „Илустрациите на Британската ентомологија“. Станал близок пријател и следбеник на професорот по ботаника Јон Стивенс Хенслоу, и се запознал со многу други водечки природонаучници кои на научната работа гледале како на природна теологија, и меѓу овие луѓе станал познат како „човекот што се дружи со Хенслоу“. Дарвин се сосредоточил на своите студии кога дошло време за испити, и бил воодушевен од јазикот и логиката на делото на Вилијам ПејлиДокази за христијанството[18]. Добро поминал на последното испитување во јануари 1831 година, и бил десетти по ред од вкупно 178 кандидати за дипломата[19].

Дарвин морал да остане на Кембриџ до јуни. Учел за природната теологија, која расправала за божествениот дизајн во природата, објаснувајќи ја адаптацијата како дејствување на Бог преку законите на природата[20]. Ја прочитал новата книга на Џон Хершел во која била опишана највисоката цел на природната филозофија како сфаќање на таквите закони преку индуктивно расудување врз основа на набљудување, и книгата на Александар Вон ХумболдтЛичен наратив на научни патувања“. Поттикнат со голема желба за придонес, по дипломирањето Дарвин планирал да го посети Тенерифе со неколку соученици за да ја проучуваат природонауката во тропските предели. Како дел од подготовките, тој се запишал на курс по геологија воден од Адам Сеџвик, и летото отишол со него на две недели за да документираат слоеви во Велс.[21][22].

Патешествието на „Бигл“ уреди

 
Патот на „Бигл“ околу светот, 1831–1836

После поминатата недела со пријатели во Бармаут, се вратил дома и добил писмо од Хенслоу во кое го предлага Дарвин за соодветен (иако недипломиран) биолог како придружник со самофинансирање на Роберт Фицрој, повеќе како придружник отколку како обичен колекционер, на бродот „Бигл“ кој требало да замине за четири недели на експедиција за мапирање на крајбрежјето на Јужна Америка[23]. Неговиот татко се противел на планираното двегодишно патување, нарекувајќи го губење време, но бил убеден од неговиот сват Џозија Веџвуд да се согласи за учеството на син му[24].

Почнувајќи на 27 декември 1831 година, патувањето траело скоро пет години и како што Фицрој планирал, Дарвин го поминал поголемиот дел од тоа време на копно, истражувајќи ја геологијата и правејќи колекции за природонауката, додека „Бигл“ го надгледувал и мапирал крајбрежјето[2][25]. Внимателно ги бележел своите набљудувања и теоретски шпекулации, и во интервали за време на патувањето ги праќал примероците до Кембриџ заедно со писма во кои имало и копии од неговиот дневник, за семејството[26]. Имал некаква стручност од областа на геологијата, собирањето бубачки и дисецирање на морски безрбетници, но бил почетник во сите други области и собирал примероци за проценка од експертите[27]. Иако пател од морска болест, Дарвин пишувал обемни белешки и додека бил на бродот. Повеќето од неговите белешки за зоологијата биле за морските безрбетници, почнувајќи од планктоните кои ги собирал[25][28].

На нивната прва посета на брегот на Св. Јаго, Дарвин открил дека има морски школки во белиот појас високо на вулканските карпи. Фицрој му го дал првиот том од „Начела на геологијата“ од Чарлс Лајел[29], дело во кое биле утврдени униформитарианските концепти за наталожувањето и ерозијата на земјени слоеви во огромни временски периоди, и Дарвин почнал работите да ги согледува според тој концепт, создавал теории и мислел да напише книга за геологија. Бил воодушевен од тропските шуми во Бразил[30], но го презирал ропството[31].

Во Пунта Алта во Патагонија Дарвин го имал своето прво големо откритие на фосилни коски од големи изумрени цицачи во карпите покрај модерните морски школки, што укажувало на неодамнешно изумирање со никакви знаци на промена во климата или природна катастрофа. Тој го идентификувал помалку познатиот мегатериум со помош на еден заб и неговата поврзаност со коскест оклоп кој на прв поглед наликувал на џиновска верзија на оклопот на локалните оклопници (армадили). Пронајдоците привлекле голем интерес кога стигнале во Англија[32][33].

На патувањата со гаучосите во внатрешноста на земјата да ја истражува геологијата и да собере повеќе фосили, Дарвин се здобил со социјален, политички и антрополошки увид во животот на домородците како и на колонијалистите во време на револуција, и научил дека два вида на реа имаат различни територии[34][35], но територии што се поклопуваат. Подолу на југ видел рамнини на шиндра и школки во вид на издигнати плажи со знаци од неколку издигнатини. Го прочитал вториот том од книгата на Лајел и го прифатил неговото гледиште за „центри на создавање“ на видовите, но неговите откритија и теории ги предизвикале идеите на Лајел за хомоген континуитет и за изумирањето на видовите[36][37].

 
Како што „Бигл“ се приближувал до бреговите на Јужна Америка, Дарвин теоретизирал за геологијата и исчезнувањето на џиновските цицачи.

Трите Фугијци на бродот кои биле заробени за време на првото патување на „Бигл“ поминале една година во Англија, и потоа биле вратени во Тера дел Фуго како мисионери. Според Дарвин тие биле пријателски настроени и цивилизирани, но нивните роднини изгледале како „мизерни, деградирани дивјаци“, различни како што се различни дивите од припитомените животни[38]. Оваа разлика за Дарвин значела културен напредок, а не расна инфериорност. За разлика од неговите пријатели научници, тој мислел дека не може да не постои мост во јазот меѓу луѓето и животните[39]. По една година, мисијата била прекината. Фугиецот кој тие го нарекле Џеми Батон живеел исто како и другите домородци, имал жена и немал никаква желба да се врати во Англија[40].

Додека бил во Чиле Дарвин бил сведок на земјотрес и видел знаци дека земјата била штотуку подигната, вклучувајќи и легла на школки заглавени над високата плима. Високо во Андите тој видел морски школки и неколку фосилизирани дрва кои растеле на песочна плажа. Поставил теорија дека земјиштето се кренало, океанските острови потонале и коралните гребени кои ги опкружувале пораснале и образувале атоли[41][42].

На геолошки новите острови Галапагос, Дарвин барал докази кои би го поврзале дивиот свет со постар „центар на создавање“ и пронашол вид на птици сродни со оние во Чиле, но се разликувале од остров до остров. Слушнал дека мали варијации во формата на оклопот на желките биле показатели на тоа од кој остров потекнуваат, но не успеал да ги собере, дури и откако јадел желки на бродот како храна[43][44]. Во Австралија, кенгурот - глушец од редот торбари и клунарот му се чинеле толку необични што Дарвин мислел дека двајца различни Создатели се фатиле за работа[45]. Абориџините ги сметал за „пријатни луѓе со добра смисла за хумор“, и го забележал нивното постепено уништување заради европските доселеници[46].

„Бигл“ го истражувал образувањето на атолите на Кокосовите Острови, и ова истражување ги поткрепило теориите на Дарвин[42]. Фицрој почнал со пишување на официјалниот Наратив на патувањата на „Бигл“, и откако го прочитал дневникот на Дарвин тој предложил да го вметне во делото[47]. Дарвиновиот Дневник потоа бил препишан како посебен, трет том од природонауката[48].

Во Кејптаун, Дарвин и Фицрој го сретнале Џон Хершел кој неодамна му напишал пофалба на Лајел за неговиот униформитарианизам како отворена смела шпекулација дека „таа мистерија над мистериите, заменувањето на изумрените видови со други“ е „природна а не чудотворен процес[49]. Додека ги организирал своите белешки на бродот дур патувал кон дома, Дарвин напишал дека ако неговиот се` поголем сомнеж за птиците, желките и лисицата од Фолкландските Острови е точен, „таквите факти би ја поткопале стабилноста на видовите“, и потоа внимателно додал „би“ пред „поткопале“.[50]. Подоцна тој напишал дека таквите факти „ми изгледаа како да фрлаат малку светлина врз потеклото на видовите[51].

Зачеток на дарвиновата теорија за еволуцијата уреди

 
Уште како млад Дарвин ѝ се придружил на научната елита

Кога „Бигл“ стигнал во Фалмаут, Корнвол на 2 октомври 1836 година, Дарвин веќе се прославил во научните кругови со тоа што во декември 1835 година, Хенслоу ја поттикнал репутацијата на неговиот поранешен ученик делејќи памфлети со геолошките писма на Дарвин на одбрани природонаучници[52]. Дарвин го посетил својот дом во Шрусбури и ги видел своите роднини, а потоа побрзал назад во Кембриџ да го види Хенслоу кој го советувал да најде биолози на располагање за да ги подредат во каталог неговите колекции и се согласил да ги преземе ботаничките примероци. Таткото на Дарвин организирал инвестиции, овозможувајќи му на својот син да биде самофинансиран научник, и возбудениот Дарвин тргнал на пат низ лондонските институции каде што бил познат и барал експерти за опис на неговите колекции. Зоолозите имале огромен застој во работата, па постоела опасност дека примероците ќе бидат заборавени во складиштето[53].

Чарлс Лајел нестрпливо чекал да го запознае Дарвин за првпат на 29 октомври и набргу потоа го запознал со анатомот во издигнување, Ричард Овен, кој на располагање ги имал установите на Кралскиот колеџ за хирурзи за да работи на фосилните коски кои Дарвин ги собрал. Изненадувачките резултати на Овен вклучувале и други огромни изумрени животни како земјени мрзливци, како и мегатериумот, скоро целосен скелет од непознатиот сцелидотериум, и череп од глодач со големина на нилски коњ наречен токсодон, кој наликувал на џиновска капибара[54][33]. Фрагментите од оклоп всушност потекнувале од глиптодон, големо суштество налик на оклопник, како што Дарвин и се сомневал. Овие изумрени животни биле во сродство со некои живи видови од Јужна Америка.[55].

Во средината на декември Дарвин закупил станови во Кембриџ за да ја организира работата на неговите колекции и одново да го напише својот Дневник[56] . Ја напишал неговата прва студија, покажувајќи дека земјиштето во Јужна Америка полека се издигнува, и со ентузијастичката поддршка од Лајел ја прочитал пред Лондонското Геолошко Друштво на 4 јануари 1837 година. На истиот ден, тој ги презентирал примероците на цицачи и птици пред Зоолошкото Друштво. Орнитологот Џон Гулд набргу објавил дека птиците од Галапагос за кои Дарвин мислел дека се мешавина од неколку други видови, всуштност биле 12 посебни видови на ист род птици. На 17 февруари Дарвин бил избран во Советот на Геолошкото Друштво, и Лајел во своето официјално претседателско обраќање ги презентирал наодите на Овен за дарвиновите фосили, со акцент на географскиот континуитет на видовите како поддршка за неговите униформитарианистички идеи[57].

 
Во средината на јули 1837 г. Дарвин ги започнал своите "Б" белешки за Трансмутацијата на видовите

На почетокот на март Дарвин се преселил во Лондон за да биде поблиску до својата работа, и се приклучил на кругот на научници и експерти на Лајел, кој вклучувал експерти како Чарлс Бебиџ[58] , кој го опишувал Бог како програмер на законите. Дарвин останал со неговиот слободоумен брат Еразмус, кој станал дел од кругот на „Периките“ и близок пријател на писателот Хериет Мартину која промовирала малтусианизам кој лежи во основата на реформите во законот за сиромашни, да се укине социјалната помош заради пренаселеност и причина за уште повеќе сиромаштија. Како унитарист, за неа биле добредојдени радикалните импликации на трансмутацијата на видовите кои биле промовирани од Грант и некои помлади хирурзи кои биле под влијание на Џефри. Трансмутацијата била како анатема за поддржувачите на англиканците, но почитувани научници отворено дискутирале на оваа тема и имало широк интерес за писмото од Џорџ Хершел во кое тој го пофалува пристапот на Лајел како начин да се најде биолошка причина за постанокот на новите видови.[49].

Гулд се сретнал со Дарвин и му кажал дека птиците од Галапагос од различни острови биле посебни видови, а не само варијации[59]. Дарвин не ги означувал птиците според островот, туку ги распределувал видовите на соодветниот остров, како што е забележано во белешките на другите патници на „Бигл“, вклучувајќи го и Фицрој. Двете „реи“ исто така биле различни видови, и на 14 март Дарвин објавил како нивната распределба се менувала како се одело се` појужно.[60] . Во средината на јули во 1837 година, Дарвин ја започнал втората тетратка за Трансмутација на видовите, и на 36 страна напишал „Само така мислам“ над неговото прво еволуциско дрво.

До средината на март, Дарвин во својата Црвена тетратка шпекулирал за можноста дека „еден вид не се менува во друг“ за да ја објасни географската распределба на живите видови како реите, и оние изумрените како чудната макрауценија која наликувала на џиновско гванако. Неговите мислења за животниот век, асексуалната репродукција и сексуалната репродукција ги развивал во неговата „Б“ тетратка во периодот на средината на јули, и продолжиле во варијација на потомците „да ја адаптираат и променат расата кон светот што се менува“, објаснувајќи за желките, птиците и реите од Галапагос. Го скицирал разгранетото потекло, а потоа и генеалошкото разгранување на едно еволутивно дрво, во кое „апсурдно е да се зборува за едно животно да биде повисоко од друго“, отфрлајќи ги независните лози на Ламарк кои напреднувале во повисоки форми[61].

Работа, болест и брак уреди

Додека ја развивал интензивната студија за трансмутацијата, Дарвин се заглавил во уште повеќе работа. Додека сѐ уште го препишувал својот Дневник, се зафатил со уредување и објавување на експертските извештаи за неговите колекции, и со помош на Хенслоу добил спонзорство од 1000 фунти од националниот трезор за повеќетомната Зоологија на патувањето на „Бигл“, сума еквивалентна со 75 илјади фунти во 2009 година[62]. Го проширил финансирањето за да вклучува и негови книги за геологијата, и се согласил на нереални датуми со издавачот. Со почетокот на Викторијанската ера, Дарвин продолжил со пишување на Дневникот, и во август 1837 година почнал со исправање на грешките при печатење[63].

Здравјето на Дарвин почнало да слабее заради притисокот. На 20 септември имал „непријатни палпитации на срцето“, па неговите доктори го советувале да „ја остави целата работа“ и да живее во село неколку недели. Откако го посетил родното место, им се придружил на неговите роднини по мајчинска линија во Маер Хол, Стафордшир, но тие биле премногу нестрпливи да ги чујат приказните од неговото патување и не му давале одмор. Неговата шармантна, интелигентна и културна роднина Ема Веџвуд, која била 9 месеци постара од него, се грижела за неговата тетка инвалид. Вујко му Џос му покажал една област каде што земјата исчезнувала и мислел дека тоа е дело на дождовните црви, и со тоа инспирирал „нова и важна теорија“ за нивната улога во образувањето на почвата која Дарвин ја претставил пред Геолошкото друштво на 1 ноември[64].

Вилијам Вивел го терал Дарвин да ги преземе своите должности како секретар на Геолошкото Друштво. Откако најпрво тој ја одбил работата, го прифатил местото во март 1838 година[65]. И покрај притисокот од пишувањето и уредувањето на извештаите од „Бигл“, Дарвин имал значителен напредок во трансмутацијата, искористувајќи ја секоја прилика да ги испрашува биолозите експерти, и спроти обичаите испрашувал и луѓе со практично искуство, како фармери и љубители на гулаби[2][66]. Со текот на времето неговото истражување привлекло и информации од неговите роднини и деца, семејниот батлер, соседите, колонистите и поранешните пријатели од бродот[67]. Го вклучил и човечкиот род во своите шпекулации од самиот почеток, и за време на една посета на зоолошката градина на 28 март 1838 година го забележал налик детското однесување на еден орангутан[68].

Целиот напор имал своја цена, и во јуни Дарвин бил закован за креветот со денови со проблеми со стомакот, главоболки и симтоми на срцето. До крајот на неговиот живот постојано имал напади на стомачни болки, повраќање, сериозни чиреви, палпитации, тресење и други симптоми, особено кога бил под стрес кога посетувал состаноци или правел социјални посети. Причината за неговата болест остана непозната, и обидите за лечење немале голем успех[69].

На 23 јуни тој направил пауза и отишол да „геологизира“ во Шкотска. Го посетил Глен Рој кога времето било убаво за да ги види паралелните „патишта“ засечени во ридовите на три нивоа. Подоцна го објавил своето мислење дека овие биле подигнати морски плажи, но морал да прифати дека всуштност биле брегови линии од проглацијално езеро[70].

 
Дарвин се оженил за неговата братучетка Ема Веџвуд

Откако целосно заздравил, во јули се вратил во Шрусбури. Навикнат на запишување дневни белешки за размножувањето на животните, шкртал несредени мисли во врска со кариерата и напредокот на два листа хартија, една со колона што пишувала „За брак“, а другата „Против брак“. Предностите вклучувале „постојан придружник и пријател кога ќе остари...во секој случај подобро од куче“, а негативностите „ помалку пари за книги“ и „ужасно губење на време“. Се одлучил за предностите, и за тоа разговарал со татко му, а потоа на 26 јули отишол да ја посети Ема. Не успеал да и предложи брак, но и покрај советите на татко му и ги спомнал неговите идеи за трансмутацијата[71].

Продолжувајќи со своето истражување во Лондон, Дарвин го проширил опусот на читање со шестото издание на „Расправа за начелата на населувањето“ од Малтус:

„Во октомври 1838 година, односно 15 месеци откако ја започнав систематската потрага, случајно за забава прочитав едно дело на Малтус за населувањето, и бидејќи добро бев подготвен да ја почитувам борбата за опстанок која секаде се случува од долготрајното набљудување на навиките на животните и растенијата, наеднаш се сетив дека под овие околности, поволните варијации се стремат кон тоа да се зачуваат, додека неповолните се уништуваат. Резултатот би бил појава на нов вид. Тука, тогаш, конечно ја открив теоријата според која ќе работам...“[72]


Малтус тврдел дека ако човечката популација не се држи под контрола, таа се зголемува со геометриска прогресија и набрзо ќе ги надмине резервите со храна. Ова тврдење уште е познато и како малтусова катастрофа. Дарвин бил добро подготвен веднаш да увиди дека ова се однесувало и на „војната на видовите“ на Де Кандол за растенијата и борбата за опстанок меѓу дивиот свет, објаснувајќи како голем број видови ретко кога биле стабилни. Бидејќи видовите секогаш се размножуваат над границата на средства за живот што се на располагање, поволните варијации би ги направиле организмите поспособни за преживување и пренесување на овие варијации на нивното потомство, додека неповолните би се изгубиле[2][73]. Ова би резултирало со создавање на нови видови[2][74]. На 28 септември 1838 година, го забележал ова сознание, опишувајќи го како еден вид на присилување на приспособените структури во празнини во економијата на природата, додека послабите структури биле отфрлани. До средината на декември ја увидел сличноста меѓу фармерите кои ја одбирале најдобрата стока за размножување и малтусовата природа која одбирала по случајни варијанти за „секој дел од новостекнатата структура да биде целосно практичен и усовршен“, кажувајќи дека оваа споредба е „убав дел од мојата теорија“.

На 11 ноември се вратил во Мајер и ја запросил Ема, уште еднаш повторувајќи и ги своите идеи. Таа прифатила, и потоа во размена на љубовни писма му покажала колку ја цени неговата отвореност во споделувањето на нивните разлики, исто така изразувајќи ги нејзините силни унитарианистички верувања и грижите дека неговите искрени сомнежи ќе ги разделат во задгробниот живот.[75] . Додека тој барал куќа во Лондон, нападите на болеста продолжиле и Ема му пишала молејќи го да се одмори, дури предвидувајќи „Немој повеќе да бидеш болен мој мил Чарли додека не дојдам јас да те негувам“. Нашол една куќа што ја викале „колибата Макау“ (заради својот шарен ентериер), и потоа за време на Божиќ таму го пренел својот „музеј“. На 24 јануари 1839 година, Дарвин бил избран за член на Кралското друштво[76][77].

На 29 јануари Дарвин и Ема Веџвуд се венчале во Мајер со англиканска церемонија како што им доликува на унитарианистите, и веднаш потоа се качиле на воз кон Лондон и нивниот нов дом.

Подготовка за објавување на теоријата за природната селекција уреди

Дарвин веќе ја имал основната идеја за неговата теорија за природната селекција „според која треба да работи“,[72] како негово „примарно хоби[78]. Неговото истражување вклучувало и сточарство како и обемни експерименти со растенија, пронаоѓање на докази дека видовите не биле фиксирани и истражување многу детални идеи за да ја рафинира и поддржи својата теорија[2]. Петнаесет години оваа работа била во сенка на неговата главна окупација со пишување за геологијата и објавување на експертските извештаи за збирките од „Бигл“[79].

Кога Наративот на Фицрој бил објавен во мај 1839 година, Дарвиновиот „Дневник и импресии“ имал успех каков што имал третиот том кој подоцна бил самостојно издаден[80]. Во почетокот на 1842 година, Дарвин му пишувал на Чарлс Лајел за своите идеи, кој забележал дека неговиот сојузник „одбива да види почеток на секоја група видови[81].

Книгата на Дарвин „Структура и распределба на коралните гребени“ и неговата теорија за образувањето на атоли била објавена во мај 1842 година по повеќе од три годишна работа, и тогаш тој го направил првиот „нацрт“ на неговата теорија за природна селекција[82]. За да им избега на притисоците во Лондон, семејството се преселило во рурална област во септември[83]. На 11 јануари 1844 година Дарвин му го спомнал своето теоритизирање на ботанистот Џозеф Далтон Хукер, пишувајќи со мелодраматичен хумор дека „тоа е исто како да признаеш убиство[84][85]. Хукер на тоа му одговорил: „Можеби во моето мислење имало низа наоди на различни места, и исто така и постепена промена на видовите. Ќе бидам воодушевен ако го чујам вашето размислување дека оваа промена можеби се случила, бидејќи ниедно скоро зачнато мислење не ме задоволува на оваа тема[86].“

 
Дарвиновото пешачење до Даун Хаус била неговата рута за размислување[87]

До јули, Дарвин ја проширил својата „скица“ во „Есеј“ од 230 страници, кој требало да биде надополнет со резултатите од неговото истражување во случај на негова прерана смрт[88]. Во ноември, анонимно објавениот сензационален бестселер „Траги од природонауката на создавањето“ донел голем интерес за трансмутацијата. Дарвин ја презирал аматерската геологија и зоологија, но внимателно ги прегледал своите аргументи. Избила контроверзија, и делото продолжило добро да се продава и покрај привременото критикување на научниците[89][90].

Дарвин ја завршил својата трета книга за геологијата во 1846 година. Сега тој ја обновил воодушевеноста и експертизата за морските безрбетници која датирала уште од неговите студентски денови со Грант, кога дисецирал и класифицирал пијавици што ги собрал за време на патувањето и размислувал за споредбите со сродните структури[91]. Во 1847 година, Хукер го прочитал „Есејот“ и му пратил белешки што на Дарвин му го овозможиле смирениот критички повратен ефект што му требал, но не сакал да се обврзе и се сомневал во противењето на Дарвин кон постојаните акти на создавање[92].

Во обид да го поправи своето хронично лошо здравје, во 1849 година Дарвин отишол кај доктор Џејмс Гали во неговиот лековит центар (бања) и бил изненаден кога му помогнала хидротерапијата.[93]. Потоа во 1851 година, неговата сакана ќерка Ени се разболела, повторно будејќи му го стравот дека болеста можеби е наследна, и по долга низа на кризи, таа починала[94].

Во осумгодишната работа со прилепци (Cirripedia), теоријата на Дарвин му помогнала да најде „хомологии“ покажувајќи дека малку изменетите делови на телото имале различни функции за да се приспособат на новите услови, и во некои подвидови тој нашол мали машки паразити на хермафродити, укажувајќи на преодна фаза во еволуцијата на различните полови[95]. Во 1853 година, ова откритие му донело медал од Кралското друштво[96], и стекнал репутација како биолог[97]. Ја продолжил работата на теоријата за видовите во 1854 година, и во ноември сфатил дека дивергентноста во карактерот на потомците може да се објасни со тоа што тие се приспособиле на „насочени места во економијата на природата[98].

Објавување на теоријата за природна селекција уреди

 
Дарвин бил принуден брзо да ја објави неговата теорија за природна селекција.

До почетокот на 1856 година, Дарвин истражувал дали јајцата или семињата можат да преживеат патување преку морската вода, за да ги расеат видовите низ океаните. Хукер сеповеќе се сомневал во традиционалното мислење дека видовите се фиксирани, но нивниот млад пријател Томас Хенри Хакси цврсто и се противел на еволуцијата. Лајел го заинтересирале дарвиновите шпекулации, без да ја сфати нивната длабочина. Кога прочитал една статија од Алфред Расел Волес за „Запознавање на видовите“, видел сличност со мислењата на Дарвин и го натерал да ги објави за да стекне предност. Иако Дарвин во тоа не гледал закана, почнал со работа на мала студија. Барањето на одговори за тешките прашања постојано го поттикнувало, па ги проширил своите планови за „голема книга за видовите“ наречена „Природна селекција“. Продолжил со своите истражувања, здобивајќи се со информации и примероци од биолози низ целиот свет, вклучувајќи го и Волес кој тогаш работел во Борнео. Американскиот ботаничар Аса Греј покажал слични афинитети, и на 5 септември 1857 година, Дарвин му пратил на Греј детален преглед на своите идеи, вклучувајќи ја и замислата за „Природна селекција“. Во декември, Дарвин добил писмо од Волес во кое тој прашува дали книгата ќе го истражува потеклото на човекот. Одговорил дека ќе ја избегне таа тема „толку опкружена со предрасуди“, но ги охрабрувал теориите на Волес и додал: „Одам многу подалеку од тебе“.[99]

Книгата на Дарвин не била довршена кога на 18 јуни 1858 година, добил една студија од Волес во која била опишана природната селекција. Шокиран дека бил forestalled, Дарвин му ја пратил студијата на Лајел по барање на Волес[100][101], и иако Волес не сакал објавување, Дарвин му предложил да ја прати до било кој весник тој ќе го избере. Неговото семејство било во криза, децата од селото умирале од шарлах, и затоа им ги препуштил работите на Лајел и Хукер. По неколку дискусии, тие решиле заедно да го презентираат делото „За стремежот на видовите да образуваат соеви; и за долготрајност на соевите и видовите преку природните начини на селекција“ пред Линеанското Друштво, на 1 јули. Сепак, малиот син на Дарвин починал од шарлах, и тој бил премногу деконцентриран за да учествува[102].

Првичното внимание за неговото објавување на теоријата било мало, претседателот на Линеанското Друштво во мај 1859 година забележал дека таа година не била одбележана со некои револуционерни откритија[103]. Само една критика се провлекла во сеќавањето на Дарвин, професорот Семјуел Хотон од Даблин тврдел дека „се што е ново во нив е лажно, а вистината е застарена[104]. Тринаесет месеци Дарвин се борел да ја создаде замислата за неговата „голема книга“, страдајќи од лошо здравје, но со постојано охрабрување од неговите пријатели научници. Лајел средил да се издаде преку Џон Мареј[105].

За потеклото на видовите“ се покажала како неочекувано популарна книга, со залиха од 1250 примероци по претходна нарачка, кога почнала да се продава во книжарниците на 22 ноември 1859 година[106]. Во книгата, Дарвин поставил „една широка расправа“ од детални набљудувања, заклучоци и разгледувања на очекуваните приговори[107]. Неговата единствена алузија за човечката еволуција била потценувачката изјава дека „ќе се фрли светлина врз потеклото на човекот и неговата историја[108][IV]. Неговата теорија е едноставно поставена во воведот:

Како што многу повеќе поединки од сите видови се раѓаат отколку што можат да преживеат; и како што последователно има борба за опстанок која постојано се повторува, следува дека секое суштество, ако има мали варијации на било кој начин за да стекне предност, под сложените и некогаш менливите услови за живот, ќе има подобра шанса за преживување, и затоа ќе биде природно селектиран. Од силниот принцип на наследност, секоја селектирана варијација ќе се стреми кон прифаќање на новата изменета форма[109].


Изградил силен случај за заедничкото потекло, но го избегнувал тогаш контроверзниот термин „еволуција“, и на крајот на книгата заклучил дека:

Има величественост во овој поглед на животот, со неколкуте моќи, кој првично бил вдахнат во неколку форми, или пак една; и дека, додека оваа планета продолжува да кружи според веќе одредениот закон за гравитација, од толку едноставен почеток, бескрајно многу форми кои биле или се најпрекрасни и најубави, еволуирале[110].


Рејакции по објавувањето уреди

 
Во текот на одморот на семејството Дарвин во 1868 г. Јулија Маргарет Камерон портретирала колку разбушавената брада на Дарвин пораснала од 1866 година.
 
Карикатура од 1871 година; по објавувањето на Потеклото на човекот било типично Дарвин да се прикажува со тело на мајмун

Книгата предизвикала меѓународен интерес, со помалку контроверзии отколку популарната „Траги на природонауката на создавањето[111]. Иако заради болеста, Дарвин се држел подалеку од јавните дебати, тој нестрпливо го испитувал научниот одзив, коментирајќи на средби со печатот, рецензии, статии, сатири и карикатури, и се допишувал за тоа со колеги низ целиот свет[112]. Дарвин рекол „Ќе се фрли светлина врз потеклото на човекот[108][IV], но во првата рецензија се вели дека направил кредо на идејата „луѓе од мајмуни“ од „Трагите[113]. Меѓу најраните позитивни одговори била критиката на Хаксли, наменета за Ричард Овен[114], водач на научната постава што Хаксли сакал да ја урне[115]. Во април, Овен во рецензијата ги нападнал пријателите на Дарвин и постепено ги одбивал неговите идеи[116], но Овен и други подоцна почнале да промовираат идеи за еволуција водена од нешто натприродно[117].

Одговорот од Црквата на Англија бил конфузен. Старите тутори на Дарвин од Кембриџ, Сеџвик и Хенслоу не ги прифатиле неговите идеи, но либералното свештенство ја протолкувало природната селекција како инструмент на божествениот дизајн, на чело со свештеникот Чарлс Кингсли, кој на тоа гледал како „исто толку благородно како и зачетокот на Божеството[118]. Во 1860 година, објавувањето на „Есеи и Рецензии“ од седум либерални англикански теолози го пренасочиле вниманието на свештенството подалеку од Дарвин, со идеи кои вклучувале повисока критика напаѓан од црковните власти како ерес. Во делото, Баден Пауел расправа дека чудата ги прекршиле божјите закони, и затоа верувањето во нив било атеистичко, и го пофалил „Маестралниот том на господин Дарвин (кој го поддржува) големиот принцип на само-еволуирачките моќи на природата[119]. Аса Греј дискутирал за теологијата со Дарвин, кој го увезол и дистрибуирал памфлетот за теистичка еволуција на Греј, наречен „Природната селекција не е недоследна со природната теологија[118][120]. Најпознатото соочување било на јавната Оксфордска дебата за еволуцијата во 1860 година, за време на состанок на Британската асоцијација за унапредување на науката, каде што бискупот од Оксфор, Семјуел Вилберфорс, кој иако не се спротивставувал на трансмутацијата на видовите, расправал против објаснувањето на Дарвин за човечкото потекло од мајмуните. Џозеф Хукер силно се залагал за Дарвин, а познатиот исказ на Томас Хаксли, дека порадо би потекнувал од мајмун, отколку од човек кој ги злоупотребува неговите дарби, стана симбол на триумфот на науката над религијата[118][121].

Дури и блиските пријатели на Дарвин – Греј, Хукер, Хаксли и Лајел се` уште имале мала резервираност, но му давале голема поддршка како и многу други, особено млади биолози. Греј и Лајел биле во потрага по помирување со верата, додека Хаксли бил израз на поларизација меѓу религијата и науката. Одлучно се залагал против авторитетот на свештенството во образованието[118], со цел да ја скрши доминацијата на свештениците и аристократските аматери под палката на Овен, во полза на новата генерација на професионални научници. Хаксли докажа дека тврдењето на Овен дека анатомијата на човечкиот мозок била доказ дека луѓето се посебен биолошки ред од мајмуните е невистинито, со долготрајна расправа, која Кингсли пародично ја нарекол „Прашањето на големиот хипокампус“ и го побил Овен[122].

Дарвинизмот станал движење кое опфаќало широк спектар на еволутивни идеи. Во 1863 година, „Геолошки докази за староста на човекот“ од Лајел ја популаризирала предисторијата, иако неговата внимателност кон еволуцијата го разочарала Дарвин. По неколку недели била објавена „Докази за местото на човекот во природата“ на Хаксли, каде што се покажува дека од анатомска гледна точка, луѓето се мајмуни, а потоа „Биологот на реката Амазон“ од Хенри Волтер Бејтс, овозможи емпириски докази за природната селекција[123]. Лобирањето на Дарвин му донело највисока научна чест во Британија, медал од Кралското друштво кој му бил доделен на 3 ноември 1864 година[124]. Тој ден, Хаксли го одржал првиот состанок на она што станал влијателниот „Екс клуб“, посветен на „науката, чиста и слободна, неограничена од религиските догми[125]. До крајот на деценијата повеќето научници се согласиле дека имало еволуција, но само мал дел од нив го поддржувале мислењето на Дарвин дека главниот механизам за тоа била природната селекција[126].

Потеклото на видовите“ била преведена на многу јазици, и станала главен научен текст кој привлекувал промислено внимание од сите класи на луѓе, вклучувајќи ги и „работниците“ кои во голем број ги посетувале предавањата на Хаксли[127] . Теоријата на Дарвин исто така се проширила со неколку движења во тоа време, и станала клучно тело на популарната култура. Карикатуристите правеле пародии од животинските предци со стара традиција на портретирање на луѓе со животински одлики, и во Британија овие цртежи служеле за популаризирање на теоријата на Дарвин на безопасен начин. Додека бил болен во 1862 година, Дарвин пуштил брада, и кога повторно се појавил во јавноста во 1866 година, карикатурите на кој е претставен како мајмун помогнале во препознавањето на сите форми на еволуционизмот како Дарвинизам[128].

Потеклото на човекот, полова селекција и ботаника уреди

 
Марка на Македонска пошта по повод 200 години од раѓањето на Дарвин и 150 години од објавувањето на делото „Теорија на еволуцијата“ (ФДЦ 8а/2009 , 17 јуни 2009).

И покрај константните напади на болест во текот на последните дваесет и две години од неговиот живот, Дарвин продолжил со својата работа. Откако го објавил „Потеклото на видовите“ како апстракт на неговата теорија, тој продолжил со своите експерименти, истражување и пишување на неговата „голема книга“. Го опфатил човековото потекло од попрости животни, вклучувајќи и еволуција на општеството и менталните способности, како и објаснувајќи ја украсната убавина на дивиот свет и различно од ова, опфатил и иновативни студии за растенијата.

Прашањата во врска со опрашувањето со помош на инсекти довеле до нови студии за дивите орхидеи во 1861 година, покажувајќи го приспособувањето на нивните цветови за да привлечат различни молци за секој вид за сигурно да може да има вкрстено опрашување. Во 1862 година, „Оплодување на охридеите“ ја даде првата детална демонстрација на моќта на природната селекција за да ги објасни сложените еколошки односи, правејќи предвидувања што можат да се тестираат. Како што здравјето му се намалувало, тој лежел на својот болнички кревет во соба полна со инвентивни експерименти за да ги следи движењата на ползавците[129]. Меѓу посетителите кои биле воодушевени бил Ернст Хекел, фанатичен поборник за внесување на ламаркизмот и идеализмот на Гете во дарвинизмот[130]. Волес сè уште го поддржувал, иако се` повеќе се наклонувал кон спиритуализмот[131].

Првиот дел од планираната книга на Дарвин бил „Варијациите на животни и растенија при припитомување“ во 1868 година, и вклучувал неуспешни хипотези за пангенеза во обид да се објасни наследноста. Се продавала солидно на почетокот, и покрај обемот, била преведена на многу јазици. Скоро го напишал вториот дел за природната селекција, но не го дочекал објавувањето додека бил жив. Пунчовиот алманах за 1882 година, објавен набргу по смртта на Дарвин, го отсликува сред еволуцијата од хаосот до викторијански џентлмен со титулата Човекот е само црв[132].

 
Списанието „Панч“ од 1882 година, објавено непосредно пред смртта на Чарлс Дарвин

Лајел веќе ја популаризирал човековата предисторија, и Хаксли покажал дека од анатомска гледна точка, луѓето се мајмуни. Со „Потеклото на човекот“ и „Селекцијата во врска со полот“ објавени во 1871 година, Дарвин изложил докази од бројни извори дека луѓето се животни, покажувајќи континуитет во физичките и менталните атрибути, и ја покажал сексуалната селекија за да ги објасни непрактичните животински одлики како што се перјата на паунот, како и човечката еволуција на културата, половите разлики, и физичките и расните културни одлики, истакнувајќи дека луѓето се еден единствен вид[133]. Неговото истражување, заедно со слики било проширено во неговата книга „Покажување на емоции кај човекот и животните„ во 1872 година, една од првите книги во која имало испечатено фотографии, а во која се зборувало за еволуцијата на човековата психологија и нејзиниот континуитет со однесувањето на животните. Двете книги се покажале како многу популарни, и Дарвин бил воодушевен од општата согласност со која биле примени неговите мислења, забележувајќи дека „сите зборувааат за тоа без да бидат шокирани[134]. Неговиот заклучок бил дека „човекот и сите негови благородни квалитети, со сочувство и за најизопаченото, со добронамерност која не се однесува само на другите луѓе, туку и на најскромното живо суштество, со неговиот божествен интелект кој се пробил во движењето и составот на сончевиот Систем-со сите овие возвишени моќи – Човекот се` уште го носи во својата телесна рамка неизбришливиот печат на неговото просто потекло[135].

Неговите експерименти и истражувања поврзани со еволуцијата довеле до книги за „Растенија кои јадат инсекти“, „Ефектите на вкрстеното и самостојното оплодување во кралството на растенијата, и различни форми на цвеќињата на растенија од истиот вид“, и „Моќта на движење во растенијата“. Во својата последна книга тој се вратил на „Создавањето на растителна мувла преку активноста на црвите“.

Смрт и погреб уреди

Починал на 19 април 1882 година. Очекувал да биде погребан во дворот на црквата Св. Марија во Даун, но по барање на колегите на Дарвин, Вилијам Спотисвуд (претседател на Кралското друштво) средил тој да добие државен погреб и да биде погребан во Вестминстерската опатија, во близина на Џон Хершел и Исак Њутн. Само петмина личности без кралско потекло ја имале таа чест да добијат државен погреб во Велика Британија во 19 век.

Дарвин го доживувале како национален херој кој го сменил начинот на размислување, и научниците ја прифатиле еволуцијата како потекло со модификација, но само неколку се сложувале со него дека „природната селекција била главното, но не и единственото средство за модификација“. Во „затемнувањето на дарвинизмот“ најпопуларни биле алтернативните еволуциски механизми, но овие се покажале како тешки за докажување, и развојот на модерната еволуциска синтеза со популарната генетика и менделевата генетика од 1930 до 1950-тите, довел до широко научно согласување дека природната селекција е основниот механизам на еволуцијата. Истражувањата и дебатите на оваа тема продолжиле и понатаму.

Децата на Дарвин уреди

Деца на Дарвин
Вилијам Ерзам Дарвин (27 декември 1839 – 8 септември 1914)
Ен Дарвин (2 март 1841 – 23 април 1851)
Мери Елеонор Дарвин (23 септември 1842 – 16 октомври 1842)
Хенриета Литчфилд (25 септември 1843 – 17 декември 1927)
Џорџ Дарвин (9 јули 1845 – 7 декември 1912)
Елизабет Дарвин (8 јули 1847 – 8 јуни 1926)
Франсис Дарвин (16 август 1848 – 19 септември 1925)
Леонард Дарвин (15 јануари 1850 – 26 март 1943)
Хорациј Дарвин (13 мај 1851 – 29 септември 1928)
Charles Waring Darwin (6 декември 1856 – 28 јуни 1858)
 
Дарвин во 1842 година со неговиот најстар син Вилијам Еразмус Дарвин

Дарвин имал десет деца: две од нив починале на многу рана возраст, и смртта на Ени на 10 годишна возраст имала разурнувачки ефект врз нејзините родители. Чарлс бил посветен татко и невообичаено грижлив со неговите деца[4]. Кога и да се разболеле, тој се плашел дека можеби ги наследиле слабостите од инцестот, заради блиските семејни врски што тој ги имал со неговата сопруга и роднина, Ема Веџвуд. Ја разгледувал оваа тема во своите забелешки, и правел контраст меѓу тоа и предностите на вкрстувањето на многу организми[136]. И покрај неговите стравови, повеќето од преживеаните деца и многу од нивните потомци пораснале и граделе кариера[137].

Од неговите преживеани деца, Џорџ, Френсис и Хорас станале дел од Кралското друштво[138], со функции на астроном[139], ботаничар и градежен инженер, соодветно[140]. Неговиот син Ленард станал војник, политичар, економист, и ментор на статистичкиот и еволуционарниот биолог Роналд Фишер[141].

 
Во 1851 година, Дарвин бил запрепастен кога неговата ќерка Ени умрела. До тогаш, неговата вера во христијанството исчезнала, и тој престанал да оди во црква

Религиозни погледи уреди

Семејната традиција на Дарвин била неконформистички унитарианизам, додека татко му и дедо му биле „слободни мислители“ (атеисти), а неговата крштевка и интернатот биле под англиканската црква. Кога отишол во Кембриџ за да стане англиканско свештено лице, тој не се сомневал во буквалната вистина на Библијата. Ја изучувал науката на Џон Хершел, која како и природната теологија на Вилијам Пејли, повеќе барала објаснувања на природните закони отколку чуда, и го разгледувала приспособувањето на видовите како доказ на создавањето. Додека бил на Бигл, Дарвин бил прилично побожен и ја цитирал Библијата како авторитет на моралноста. Барал „центри на создавање“ за да го објасни распределувањето, и го поврзал новиот вид инсект што го нашол во близина на кенгурите со различен „период на Создавање“.

По доаѓањето дома тој станал критички настроен кон Библијата од историска гледна точка, и се прашувал зошто сите религии не се подеднакво вистинити. Во следните неколку години, додека интензивно се занимавал со геологија и трансмутација на видовите, многу размислувал за религијата и отворено зборувал за ова со Ема, чии верувања исто така потекнувале од интензивни студии и прашување. Теолошките размислувања на Палев и Томас Малтус ги оправдувале злата како што е гладот, како резултат на законите на добронамерниот создател, кои во целост имале добар ефект. За Дарвин, природната селекција ја создала поволноста на адаптација, но ја отстранила потребата од божествен дизајн, и тој повеќе не можел да ја согледува работата на семоќен бог покрај сета болка и страдање, како на пример осата која парализира гасеници како жив оброк за своите јајца. Се` уште ги гледал организмите како совршено приспособени, и си ги одразувал теолошките погледи во „Потеклото на видовите“. Иако на религијата гледал како на племенска стратегија за преживување, Дарвин се` уште верувал дека Господ бил врховниот законодавец.

Дарвин останал близок пријател со викарот од Даун, Џон Ајнс, и продолжил да ја игра главната улога во парохиските работи на црквата, но од околу 1849 година почнал во недела да оди на прошетки, додека неговото семејство одело во црква. Сметал дека е „апсурдно да се сомневаш дека човек може да биде и предан верник и еволуционист“, и иако бил таинствен во врска со неговите религиозни ставови, во 1879 година тој напишал дека „Јас никогаш не сум бил атеист во смисла на порекнување на постоењето на Бог. – Сметам дека агностик би бил најточниот опис на моите сегашни размислувања.“

Во „Приказната за г-ѓа Надеж“, објавена во 1915 година, се тврдело дека Дарвин повторно му се вратил на христијанството дур бил во својот болнички кревет. Тврдењата биле осудени од неговите деца, и историчарите ги отфрлиле како невистинити. Неговите последни зборови биле кон неговото семејство, кажувајќи и на Ема „Не сум ни најмалку исплашен од смртта – сети се колку добра жена ми беше – кажи им на моите деца да се сетат колку тие биле добри кон мене“, а додека таа се одмарала, постојано им повторувал на Хенриета и Францис „Скоро и вреди да сум болен, затоа што ме негувате вие.“

Политички интерпретации уреди

Славата и популарноста му помогнале на Дарвин неговото име да биде поврзано со идеи и движења кои понекогаш имале само индиректна врска со неговите дела, а некогаш биле директно против неговите коментари.

 
Карикатура од 1871 г.

Евгеника уреди

Дарвин бил заинтересиран од една расправа на неговиот полубратучед Френсис Галтон, која ја изнел во 1865 година, дека статистичките анализи на наследноста покажале дека моралните и менталните особини на човекот можат да бидат наследени, и дека принципите на животинското размножување можат да важат и за луѓето. Во „Потеклото на човекот“ Дарвин забележал дека помагањето на слабите да преживеат и да имаат семејства може да ги изгуби предностите од природната селекција, но предупредил дека потиснувањето на таа помош би го загрозила инстинктот на сочувствување, „најблагородниот дел од нашата природа“, и факторите како образованието би биле поважни. Кога Галтон предложил дека објавување на истражувањата може да ги охрабри браковите меѓу истите „касти“ од „оние кои се природно надарени“, Дарвин ги предвидел практичните тешкотии и за тоа рекол: „Единствен остварлив, иако се плашам дека е утописки план на процедура за подобрување на човечкиот род“, претпочитајќи едноставно да ја рекламира важноста на наследноста и да ја остави одлуката на поединците[142]. Галтон во 1883 година оваа област на студии ја нарекол „Евгеника[VIII], по смртта на Дарвин, и ја развил биометриката. Евгенските движења биле широко распространети во време кога природната селекција на Дарвин била засенета со генетиката на Мендел, и во некои земји се донеле закони за задолжителна стерилизација, од кои најпознатите биле донесени во нацистичка Германија. Ова движење било отфрлено насекаде низ светот.

Општествен дарвинизам уреди

Земањето описни идеи како моралот и општественото оправдување, го создава етичкиот „е-треба да биде“ проблем. Кога Томас Малтус расправал дека порастот на населението над можните ресурси било предодредено од Бога за да ги натера луѓето продуктивно да работат и да покажат воздржаност во правењето на семејства, ова било користено во 1830-тите години за да се оправдаат работните куќи и комлетно либерализираната економика[143]. Се сметало дека еволуцијата има општествени импликации, и книгата на Херберт СпенсерОпштествена статика“ од 1851 година отсликувала идеи за човечката слобода и поединечните слободи во неговата ламаркистичка еволуционистичка теорија[144].

Дарвиновата теорија за еволуцијата била предмет на објаснување. Тој мислел дека е „апсурдно да се зборува дека едно животно има предност пред друго“, и за него еволуцијата немала цел, но набргу по објавувањето на „Потеклото“ во 1859 година, критичарите се потсмевале на неговиот опис на борбата за опстанок како малтуистичко оправдување за англискиот индустриски капитализам во тоа време. Терминот дарвинизам се користел за еволуционарните идеи на дргите, вклучувајќи ја и „Опстанок на најсилните“ од Спенсер, како напредок на слободниот пазар, и расистичките идеи за човечкиот развој на Ернст Хекел. Дарвин не го делел расизмот кој во тоа време бил вообичаен, точка што ја истражувал филозофот Ентони Флу, кој со мака се обидувал да ги оддели ставовите на Дарвин од оние кои подоцна му биле припишани. Дарвин строго се противел на ропството, против „рангирање на таканаречените човечки раси како различни видови“, и против лошиот третман на домородците.

Ставовите на Дарвин за општествените и политичките прашања го одразувале неговото време и општествена положба. Сметал дека надмоќта на мажите врз жените е резултат на природната селекција, мислење кое било оспорувано од Антоанета Браун Блеквел во „Половите низ природата“. Ја ценел европската цивилизација и сметал дека колонизацијата е ширење на нејзините поволности, со жалниот но неизбежен ефект на истребување на дивјачките народи кои не станале цивилизирани. Теориите на Дарвин ова го претставиле како природно, и биле компетентни за промоција на политики кои оделе против хуманитаристичките принципи.[145] Писателите ја користеле природната селекција за да расправаат за различни, често спротивставени идеологии како што е целосно либерализираниот капитализамчовек на човека е волк“, расизмот, воените прашања, колонијализмот и империјализмот. Меѓутоа холистичките ставови на Дарвин кон природата вклучувале и „зависност на едно суштество од друго“, па така пацифистите, социјалистите, либерал социјалистичките реформисти и анархистите како Петар Кропоткин ја истакнувале вредноста на меѓусебната соработка наспроти борбата во рамките на еден вид.[146] Самиот Дарвин инсистирал дека општественаа политика не треба само да биде водена од концепти на борба и селекција во природата[147].

Терминот „општествен дарвинизам“ често се користел во периодот на 1890-тите години, но станал популарен како навредлив термин во 1940-тите години кога бил користен од Ричард Хофстадтер како напад врз целосно либерализираниот конзервативизам на оние како Вилијам Греам Самнер кои се противеле на реформите и социјализмот. Оттогаш се користи како термин на злоупотреба од оние кои се против она што според нив се моралните последици од еволуцијата[148][143].

Комеморација уреди

 
Дарвин во 1881 година бил истакната научна фигура, чиј придонес во еволуцијата имал огромен ефект врз многу полиња на науката.

За време на неговиот живот, многу географски одлики го добиле неговото име. Едно водно пространство кое се граничи со протокот Бигл е наречено Дарвин Саунд од страна на Роберт Фицрој, по една брза акција на Дарвин заедно со двајца или тројца од екипажот, кои ги спасиле од насукување на некој брег во близина кога се срушил ледник и предизвикал голем бран кој ќе ги збришел нивните бродови[149]. Планината во близина е наречена Монт Дарвин во Андите во чест на 25-тиот роденден на Дарвин[150]. Кога Бигл ја истражувал Австралија во 1839 година, Џон Лорт Стоукс, пријател на Дарвин, здогледал природно пристаниште кое капетанот на бродот го нарекол Порт Дарвин, исто така едно населено место во 1911 година е преименувано во Дарвин, и станало главен град на северната територија на Австралија[151].

Повеќе од 120 видови и девет родови биле именувани според Дарвин[152]. Во еден пример, група на птици кои биле во сродство со оние кои Дарвин ги открил на островите Галапагос во 1947 година станале познати како дарвинови сипки, поттикнувајќи неточни легенди за нивната значајност за неговата работа[153]. Работата на Дарвин продолжила да се слави преку бројни публикации и настани. Линејското друштво на Лондон ги комеморирало достигнувањата на Дарвин преку наградата Дарвин-Волесов медал од 1908 година. Денот на Дарвин станал годишна прослава, и во 2009 година биле организирани различни настани ширум светот за двестагодишнината од раѓањето на Дарвин и 150-тата годишнина од објавувањето на „Потеклото на видовите[154]. Дарвин го празнуваат во Велика Британија, со негов портрет испечатен на задната страна на банкнотите од 10 фунти[155], заедно со „Колибри“ и „Бигл“, издадени од Банката на Англија.

Дела уреди

Дарвин бил плоден писател. Дури и без објавување на неговите дела за еволуцијата, тој би стекнал значителна репутација како автор на „Патувањето на Бигл“, како геолог кој долго време објавувал трудови за Јужна Америка и ја решил загатката на образувањето на коралните атоли, и како биолог кој ја објавил конечната студија за пијавиците. Додека „Потеклото на видовите“ доминира во перцепцијата на неговите дела, „Потеклото на човекот“ и „Изразувањето на емоциите кај човекот и животните“ имале значително влијание, и неговите книги за растенијата вклучувајќи ја и „Моќта на движење на растенијата“ биле иновативни студии со голема важност, како и неговото последно дело на тема „Образување на растителна мувла преку активноста на црвите[156][157].

Второто патување на „Бигл“ уреди

Второто патување на бродот „Бигл“, од 27 декември 1831 година до 2 октомври 1836 година, било втората истражувачка експедиција на „Бигл“, под водство на капетан Роберт Фицрој кој ја преземал командата врз бродот на првото патување, откако првиот капетан извршил самоубиство. Фицрој претходно ги зел предвид предностите да има експерт по геологија на бродот, и барал господин биолог кој би го придружувал додека бродот е на море. Младиот дипломец Чарлс Дарвин се надевал дека ќе ги види тропските предели пред да стане свештено лице, и ја прифатил можноста. До крајот на експедицијата веќе стекнал репутација како геолог и колекционер на фосили, и објавувањето на неговиот дневник кој станал познат како „Патувањето на Бигл“ го направил широко познат како писател.

Бигл пловел низ Атлантскиот Океан, и потоа извршил детални хидрографски истражувања околу крајбрежјето на јужниот дел на Јужна Америка, и преку Тахити и Австралија се вратил откако ја заобиколил Земјата. Иако се очекувало експедицијата да трае две години, траела скоро пет.

Поголемиот дел од експедицијата, Дарвин го поминал истражувајќи на копно: три години и три месеци на копно, 18 месеци на море. На почетокот на патувањето одлучил дека ќе напише книга за геологија, и покажал дарба за теоризирање. Во Пунта Алта направил големо откритие на гигантски фосили од изумрени цицачи, кои дотогаш биле познати само преку неколку примероци. Успешно собрал и направил детални набљудувања на растенија и животни, со резултати кои го разнишале неговото верување дека видовите биле статични и станале основата на идеите кои ги добил по враќањето во Англија, и довеле до неговата теорија за еволуцијата преку природна селекција.

Цели на експедицијата уреди

Главната цел на експедицијата била да спроведе хидрографско истражување на крајбрежјето на Јужна Америка како продолжение на работата од претходните истражувања. Ова било за да се направат наутички карти кои покажувале навигациски и информации за длабочината на морето во случај на поморска војна или тргување, заедно со нацрти на ридовите од морска перспектива, и измерената надморска височина на ридовите. Конкретно, географската должина на Рио де Жанеиро која била почетна точка на овие истражувања, била тешко да се одреди заради разлики во мерењата, и требало да се најде точната должина со користење на калибрирани хронометри, и со проверка на овие инструменти преку континуирани астрономски набљудувања. Исто така, потребни биле континуирани податоци за плимата и временските услови.

Помал приоритет бил даден на истражувањето на приодите кон пристаништа на Фолкландските Острови, и зависно од годишното време, островите Галапагос. Бигл требало да продолжи кон Тахити а потоа и Порт Џексон, Австралија, кои биле веќе познати точки за верификација на хронометрите. Имало дополнителна потреба од геолошко истражување на кружен корален атол во Тихиот Океан, вклучувајќи истрага на неговиот профил и на текот на плимата.

Патување уреди

Првичната замисла била Бигл да замине на 24 октомври 1831 година, но поради доцнење со нејзините подготовки, заминувањето било одложено до декември. Пробала да замине на 10 декември, но наишла на лошо време. Конечно, утрото на 27 декември, Бигл го напушти пристаништето во Барн Пул, под Монт Еџкумб на западната страна од Плимут Саунд и ја започна својата истражувачка експедиција.

Фицрој предвидел дека додека тој и офицерите се занимавале со хидрографијата, Дарвин требало да го испитува копното, обезбедувајќи ја стручноста за минералогија или геологија што Фицрој ја барал за време на првото патување на Бигл. Капетанот морал да го документира неговото истражување со макотрпна документација, и Дарвин исто така правел дневни записи како и тетратки со детали од неговите пронајдоци и шпекулации, и личен дневник кој станал и негов официјален дневник. Во тетратките на Дарвин имало целосен професионализам кој веројатно го научил на Единбуршкиот Универзитет додека правел белешки за природонауката, за време на истражувањето на крајбрежјето на Фортскиот ферт заедно со неговиот брат Еразмус во 1826 година, и додека ги проучувал морските безрбетници заедно со Роберт Едмунд Грант во 1827 година.

Геологијата била „примарната пасија“ на Дарвин и неговите белешки на таа тема биле скоро четирипати пообемни од оние за зоологијата. За време на патувањето, тој и напишал на неговата сестра дека „нема ништо како геологијата, задоволството при ловењето еребици на првиот ден, или ловот на почетокот не може да се спореди со пронаоѓање на фина група на фосилни коски, кои ја раскажуваат нивната приказна за дамнешни времиња, со скоро жив јазик“. Нему, истражувањето на геологијата му помогнало да научи да размислува и му дала шанса за теоризирање.

Иако тој ја изучувал геологијата во втора година од студиите во Единбург, сметал дека е досадна, но од Велигден па сè до август 1831 година научил многу со Адам Сеџвик и многу се заинтересирал. Неколкуте месеци поминати во проучување на малите морски суштества со Грант имале значаен напредок, и на Кембриџ тој собирал бубачки, но бил аматер во сите други области на природонауката. Ја истражувал геологијата и малите безрбетници, додека собирал примероци од други суштества за експертите да ги проучат и опишат по враќањето на Бигл во Англија. Повеќе од половина од неговите внимателно организирани белешки за зоологијата биле за морските безрбетници, и во нив имало логични интерпретации на она што го нашол, за нивната сложена внатрешна анатомија додека дисецирал примероци под микроскоп, и за мали експерименти во врска со нивните реакции кон стимулација. Неговите набљудувања на копно вклучувале аналитички коментари на можни причини за однесувањето, распределбата и врската со средината на суштествата што ги набљудувал. Добро ја искористил бродската библиотека со книги за природонауката, но континуирано се прашувал за нивната точност.

Атлантските острови уреди

Бигл стигнала до Мадејра за потврдена позиција без запирање, потоа на 6 јануари стигнал до Тенерифе, но била под карантин заради епидемијата на колера во Англија. Иако биле на измачувачки блиско растојание од градот Санта Крус, на големо разочарување на Дарвин, не им било дозволено прикотвување. Отпловиле кога временските услови се подобриле и на 10 јануари Дарвин ја испробал планктонската мрежа што ја имал осмислено да се влече позади бродот, и тоа било втора документирана употреба на ваква мрежа. Следниот ден, ги забележал големиот број животни собрани далеку од копното и напишал: „Многу од овие животни кои се долу на скалата на природата се толку посебни во нивните форми и богати бои – Создава чувство на чудење како може толку многу убавина наводно да биде создадена за толку мала намена“.

Продолжиле понатаму за првпат да се закотват кај вулканскиот остров Св. Јаго во Кејп Верд островите, и токму тука е првиот опис во објавените почетоци на Дневникот на Дарвин. Додека се правеле отчитувања за попрецизно потврдување на географската должина, Дарвин отишол на брегот и се фасцинирал од првото здогледување на тропска вегетација, како и од геологијата на вулканскиот остров. Направил внимателни проучувања на стратиграфијата на начин што го научил од Адам Сеџвик, и шпекулирал за тоа како слоевите биле образувани. Наместо со објаснување на одликите на резултатите од локалните поплави, тој ги применил идеите од „Начела на геологијата“ од Чарлс Лајел, разбирајќи ги формите на земјата како резултат на постепен процес за време на огромни временски периоди, за да го образува својот револуционерен увид во геолошката историја на островот. Забележал истакнат бел појас на бели карпи образувани од иситнети корали и морски школки, високо на црните карпи од лава, и го толкувал ова со термини од тезата на постепено издигнување и паѓање на Земјината кора поставена од Лајел. Ова го инспирирало да почне да размислува за пишување на книга на таа тема. Подоцна Дарвин пишувал за „гледање на работи што Лајел никогаш не ги видел, човек сепак ги гледал делумно преку неговите очи“.

Вообичаено, бродскиот хирург ја имал позицијата на биолог, и хирургот на Бигл Роберт МекКормик бил во потрага по слава и богатство како истражувач. Кога првпат се сретнале на почетокот на патувањето, Дарвин запишал дека „Мојот пријател (МекКормик) е магаре, но ние се однесуваме прилично пријателски.“ Заедно го истражувале островот Св. Јаго, и Дарвин сметал дека пристапот на хирургот е премногу старомоден, за разлика од новите идеи на Лајел. МекКормик почнал да ги замразува поволностите што Фицрој му ги дал на Дарвин за да помага при колекционирањето. На половина пат до Бразил, Фицрој прикотвил мала група вклучувајќи се себеси и Дарвин на карпите на Св. Пол, за да откријат дека морските птици се толку питоми што лесно можат да се убијат, додека вознемирениот МекКормик бил оставен да кружи низ островчињата во втор чамец.

Дарвин имал посебна позиција како гостин и социјално еднаков на капетанот, па помладите офицери му се обраќале со „Сер“ (Господин), додека капетанот не му го даде името Филос како кратенка од „бродски филозоф“, и ова станало неговиот соодветен прекар.

Истражување на Јужна Америка уреди

Сега Бигл ја вршел својата истражувачка работа долж крајбрежјето на Јужна Америка, движејќи се напред-назад за да овозможи внимателно мерење и проверување. Дарвин поголемиот дел од времето го прошол надвор од бродот, и се враќал со претходен договор кога Бигл се враќала на пристаништата каде што можело да се подигне поштата и белешките на Дарвин, неговите дневници и колекции да бидат пратени во Англија. Тој се осигурал дека неговите колекции биле лично негови и дека биле испраќани назад до Хенслоу во Кембриџ каде што го чекале неговото враќање. Неколкумина други на бродот, вклучувајќи го и Фицрој и други офицери биле способни аматерски билози, и му дале великодушна помош на Дарвин, а правеле и колекции за кралицата, кои биле сместувани во Британскиот музеј.

Дарвин имал долги патувања во внатрешноста, со сопатници од тоа место. Во Патагонија тој јавал со гаучосите кога ги забележал како користат ласо за да ги соборат „ноевите“ (реите), и како јадат печен оклопник.

Наводи уреди

  1. As Darwinian scholar Joseph Carroll of the University of Missouri–St. Louis puts it in his introduction to a modern reprint of Darwin's work: "The Origin of Species has special claims on our attention. It is one of the two or three most significant works of all time—one of those works that fundamentally and permanently alter our vision of the world....It is argued with a singularly rigorous consistency but it is also eloquent, imaginatively evocative, and rhetorically compelling." Carroll, Joseph, уред. (2003). On the origin of species by means of natural selection. Peterborough, Ontario: Broadview. стр. 15. ISBN 1551113376.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 van Wyhe 2008
  3. The Complete Works of Darwin Online - Biography. darwin-online.org.uk. Посетено на 2006-12-15
    Dobzhansky 1973
  4. 4,0 4,1 Leff 2000, About Charles Darwin
  5. Desmond & Moore 1991, стр. 263–274
  6. van Wyhe 2007, стр. 184, 187
  7. Beddall, B. G. (1968). „Wallace, Darwin, and the Theory of Natural Selection“ (PDF). Journal of the History of Biology. 1 (2): 261–323. doi:10.1007/BF00351923. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-10-30. Посетено на 2017-10-03.
  8. Freeman 1977
  9. „AboutDarwin.com – All of Darwin's Books“. www.aboutdarwin.com. Посетено на 2016-03-30.
  10. „Special feature: Darwin 200“. New Scientist. Посетено на 2 April 2011.
  11. John H. Wahlert (11 June 2001). „The Mount House, Shrewsbury, England (Charles Darwin)“. Darwin and Darwinism. Baruch College. Посетено на 26 ноември 2008.
  12. Desmond & Moore 1991, стр. 12–15
    Darwin 1958, стр. 21–25
  13. Darwin 1958, стр. 47–51
    Desmond & Moore 2009, стр. 18–26
  14. Desmond & Moore 1991, стр. 31–34.
  15. Browne 1995, стр. 72–88
  16. Desmond & Moore 1991, стр. 42–43
  17. Browne 1995, стр. 47–48, 89–91
    Desmond & Moore 2009, стр. 47–48
  18. Desmond & Moore 1991, стр. 73–79
    Darwin 1958, стр. 57–67
  19. Browne 1995, стр. 97
  20. von Sydow 2005, стр. 5–7
  21. Darwin 1958, стр. 67–68
  22. Browne 1995, стр. 128–129, 133–141
  23. „Darwin Correspondence Project – Letter 105 – Henslow, J. S. to Darwin, C. R., 24 Aug 1831“. Посетено на 29 December 2008.
  24. Desmond & Moore 1991, стр. 94–97
  25. 25,0 25,1 Keynes 2000, стр. ix–xi
  26. van Wyhe 2008b, стр. 18–21
  27. Gordon Chancellor; Randal Keynes (October 2006). „Darwin's field notes on the Galapagos: 'A little world within itself'. Darwin Online. Посетено на 16 септември 2009.
  28. Keynes 2001, стр. 21–22
  29. Browne 1995, стр. 183–190
  30. Keynes 2001, стр. 41–42
  31. Darwin 1958, стр. 73–74
  32. Browne 1995, стр. 223–235
    Darwin 1835, стр. 7
    Desmond & Moore 1991, стр. 210
  33. 33,0 33,1 Keynes 2001, стр. 206–209
  34. Desmond & Moore 1991, стр. 189–192, 198
  35. Eldredge 2006
  36. Desmond & Moore 1991, стр. 131, 159
    Herbert 1991, стр. 174–179
  37. „Darwin Online: 'Hurrah Chiloe': an introduction to the Port Desire Notebook“. Посетено на 24 October 2008.
  38. Darwin 1845, стр. 205–208
  39. Browne 1995, стр. 243–244, 248–250, 382–383
  40. Keynes 2001, стр. 226–227
  41. Desmond & Moore 1991, стр. 160–168, 182
    Darwin 1887, стр. 260
  42. 42,0 42,1 Darwin 1958, p 98–99
  43. Keynes 2001, стр. 356–357
  44. Sulloway 1982, стр. 19
  45. „Darwin Online: Coccatoos & Crows: An introduction to the Sydney Notebook“. Посетено на 2 January 2009.
  46. Keynes 2001, стр. 398–399.
  47. „Darwin Correspondence Project – Letter 301 – Darwin, C.R. to Darwin, C.S., 29 Apr 1836“.
  48. Browne 1995, стр. 336
  49. 49,0 49,1 van Wyhe 2007, стр. 197
  50. Keynes 2000, стр. xix–xx
    Eldredge 2006
  51. Darwin 1859, p. 1
  52. Darwin 1835, editorial introduction
  53. Desmond & Moore 1991, стр. 195–198
  54. Owen 1840, стр. 16, 73, 106
    Eldredge 2006
  55. Desmond & Moore 1991, стр. 201–205
    Browne 1995, стр. 349–350
  56. Browne 1995, стр. 345–347
  57. Desmond & Moore 1991, стр. 207–210
    Sulloway 1982, стр. 20–23
  58. „Darwin Correspondence Project – Letter 346 – Darwin, C. R. to Darwin, C. S., 27 Feb 1837“. Посетено на 19 December 2008. proposes a move on Friday 3 March 1837,
    Darwin's Journal (Darwin 2006, стр. 12 verso) backdated from August 1838 gives a date of 6 March 1837
  59. Sulloway 1982, стр. 9, 20–23
  60. Browne 1995, стр. 360
    „Darwin, C. R. (Read 14 March 1837) Notes on Rhea americana and Rhea darwinii, Proceedings of the Zoological Society of London. Посетено на 17 December 2008.
  61. Herbert 1980, стр. 7–10
    van Wyhe 2008b, стр. 44
    Darwin 1837, стр. 1–13, 26, 36, 74
    Desmond & Moore 1991, стр. 229–232
  62. Browne 1995, стр. 367–369
  63. Keynes 2001, стр. xix
  64. Desmond & Moore 1991, стр. 233–234
    „Darwin Correspondence Project – Letter 404 – Buckland, William to Geological Society of London, 9 Mar 1838“. Посетено на 23 December 2008.
  65. Desmond & Moore 1991, стр. 233–236.
  66. Desmond & Moore 1991, стр. 241–244, 426
  67. Browne 1995, стр. xii
  68. Desmond & Moore 1991, стр. 241–244
  69. Desmond & Moore 1991, стр. 252, 476, 531
    Darwin 1958, стр. 115
  70. Desmond & Moore 1991, стр. 254
    Browne 1995, стр. 377–378
    Darwin 1958, стр. 84
  71. Desmond & Moore 1991, стр. 256–259
  72. 72,0 72,1 Darwin 1958, стр. 120
  73. „Darwin transmutation notebook D pp. 134e–135e“. Посетено на 4 June 2012.
  74. Desmond & Moore 1991, стр. 264–265
    Browne 1995, стр. 385–388
    Darwin 1842, стр. 7
  75. „Darwin Correspondence Project – Belief: historical essay“. Архивирано од изворникот на 25 February 2009. Посетено на 25 November 2008.
  76. „Fellows of the Royal Society“. London: Royal Society. Архивирано од изворникот на 2015-03-16.
  77. Desmond & Moore 1991, стр. 272–279
  78. „Darwin Correspondence Project – Letter 419 – Darwin, C. R. to Fox, W. D., (15 June 1838)“. Посетено на 8 February 2008.
  79. van Wyhe 2007, стр. 186–192
  80. Darwin 1887, p. 32.
  81. Desmond & Moore 1991, стр. 292
  82. Desmond & Moore 1991, стр. 292–293
    Darwin 1842, стр. xvi–xvii
  83. Darwin 1958, стр. 114
  84. van Wyhe 2007, стр. 183–184
  85. „Darwin Correspondence Project – Letter 729 – Darwin, C. R. to Hooker, J. D., (11 January 1844)“. Посетено на 8 February 2008.
  86. „Darwin Correspondence Project – Letter 734 – Hooker, J. D. to Darwin, C. R., 29 January 1844“. Посетено на 8 February 2008.
  87. Darwin 1887, стр. 114–116
  88. van Wyhe 2007, стр. 188
  89. Browne 1995, стр. 461–465
  90. „Darwin Correspondence Project – Letter 814 – Darwin, C. R. to Hooker, J. D., (7 Jan 1845)“. Посетено на 24 November 2008.
  91. van Wyhe 2007, стр. 190–191
  92. Desmond & Moore 1991, стр. 320–323, 339–348
  93. „Darwin Correspondence Project – Letter 1236 – Darwin, C. R. to Hooker, J. D., 28 Mar 1849“. Посетено на 24 November 2008.
  94. Browne 1995, стр. 498–501
  95. Darwin 1958, стр. 117–118
  96. Freeman 2007, стр. 107, 109
  97. Desmond & Moore 1991, стр. 383–387
  98. Desmond & Moore 1991, стр. 419–420
  99. Desmond & Moore 1991, стр. 412–441, 457–458, 462–463
    Desmond & Moore 2009, стр. 283–284, 290–292, 295
  100. Ball, P. (2011). Shipping timetables debunk Darwin plagiarism accusations: Evidence challenges claims that Charles Darwin stole ideas from Alfred Russel Wallace. Nature. online
  101. J. van Wyhe and K. Rookmaaker. (2012). A new theory to explain the receipt of Wallace's Ternate Essay by Darwin in 1858. Biological Journal of the Linnean Society10.1111/j.1095-8312.2011.01808.x
  102. Desmond & Moore 1991, стр. 466–470
  103. Browne 2002, стр. 40–42, 48–49
  104. Darwin 1958, стр. 122
  105. Desmond & Moore 1991, стр. 374–474
  106. Desmond & Moore 1991, стр. 477
  107. Darwin 1859, p 459
  108. 108,0 108,1 Darwin 1859, стр. 488
    Darwin & Costa 2009, стр. 199, 488
    van Wyhe 2008
  109. Darwin 1859, p 5
  110. Darwin 1859, p 492
  111. van Wyhe 2008b, стр. 48
  112. Browne 2002, стр. 103–104, 379
  113. Radick 2013, стр. 174–175
    Huxley & Kettlewell 1965, стр. 88
  114. Desmond & Moore 1991, стр. 477–491
  115. Browne 2002, стр. 87
    Leifchild 1859
  116. Browne 2002, стр. 110–112
  117. Bowler 2003, стр. 158, 186
  118. 118,0 118,1 118,2 118,3 „Darwin and design: historical essay“. Darwin Correspondence Project. 2007. Архивирано од изворникот на 15 June 2009. Посетено на 17 September 2008.
  119. Desmond & Moore 1991, стр. 487–488, 500
  120. Miles 2001
  121. Bowler 2003, стр. 185
  122. Browne 2002, стр. 156–159
  123. Browne 2002, стр. 217–226
  124. „Darwin Correspondence Project – Letter 4652 – Falconer, Hugh to Darwin, C. R., 3 Nov (1864)“. Посетено на 1 December 2008.
  125. „Darwin Correspondence Project – Letter 4807 – Hooker, J. D. to Darwin, C. R., (7–8 Apr 1865)“. Посетено на 1 December 2008.
  126. Bowler 2003, стр. 196
  127. Desmond & Moore 1991, стр. 507–508
    Browne 2002, стр. 128–129, 138
  128. Browne 2002, стр. 373–379
  129. van Wyhe 2008b, стр. 50–55
  130. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 5 јуни 2010. Посетено на 6 март 2009. Cambridge University Press. Retrieved 25 June 2012
  131. Smith 1999.
  132. Freeman 1977, стр. 122
  133. Darwin 1871, стр. 385–405
    Browne 2002, стр. 339–343
  134. Browne 2002, стр. 359–369
    Darwin 1887, стр. 133
  135. Darwin 1871, стр. 405
  136. Desmond & Moore 1991, стр. 447.
  137. Leff 2000, Darwin's Children
  138. „List of Fellows of the Royal Society / 1660–2006 / A-J“. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 February 2017. Посетено на 16 September 2009.
  139. Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Чарлс Дарвин“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)
  140. Berra, Tim M. Darwin and His Children: His Other Legacy, (Oxford: 2013, Oxford UP), 101, 129, 168. George became a knight commander of the Order of the Bath in 1905. Francis was knighted in 1912. Horace became a knight commander of the KBE in 1918.
  141. Edwards, A. W. F. 2004. Darwin, Leonard (1850–1943). In: Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press.
  142. Desmond & Moore 1991, стр. 556–557, 572, 598
    Darwin 1871, стр. 167–173, 402–403
    „Correspondence between Francis Galton and Charles Darwin“. Посетено на 8 November 2008.
  143. 143,0 143,1 Wilkins 1997
    Moore 2006
  144. Sweet 2004
  145. Barta, Tony (2 June 2005). „Mr Darwin's shooters: on natural selection and the naturalizing of genocide“. Patterns of Prejudice, Volume 39, Issue 2. Routledge. стр. 116–137. doi:10.1080/00313220500106170. Посетено на 2009-05-20.
  146. Петар Кропоткин, „Меѓусебната помош: фактор на еволуцијата“
  147. Paul 2003, стр. 223–225
  148. Paul 2003
    Kotzin 2004
  149. FitzRoy 1839, стр. 216–8
  150. Leff 2000, Darwin's Timeline
  151. „Territory origins“. Northern Territory Department of Planning and Infrastructure, Australia. Архивирано од изворникот на 18 September 2006. Посетено на 15 December 2006.
  152. „Charles Darwin 200 years – Things you didn't know about Charles Darwin“. Посетено на 23 May 2009.
  153. Sulloway 1982, стр. 45–47
  154. Shapin, Steven (7 January 2010). „The Darwin Show“. London Review of Books. Посетено на 25 January 2010. Наводот journal бара |journal= (help)
  155. „Bank of England – Current Banknotes – £10 – Design Features“. Bank of England. Архивирано од изворникот на 2005-05-25. Посетено на 15 March 2011.
  156. Balfour 1882
    van Wyhe 2008
    Anonymous 1882
  157. Brummitt, R. K.; C. E. Powell (1992). Authors of Plant Names. Royal Botanic Gardens, Kew. ISBN 1-84246-085-4.

Надворешни врски уреди