Учителска школа (Скопје)
Учителската школа — некогашна педагошка образовна установа во кругот на денешна Општина Центар во Скопје. Oстаток од неа е само порталот како споменик и сведок на минатото.
Учителска школа | |
---|---|
Влезот од Учителската школа, оставен на забот на времето | |
Општи податоци | |
Статус | Воглавно срушена |
Место | Дебар Маало |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Уништена | 1962 (Скопска поплава) 1963 (Скопски земјотрес) |
Историја
уредиХафиз Мехмед-паша (турски:Hafiz Mehmed Paşa), роден во Багдад, доаѓа 1820 во Скопје за скопски валија. Помеѓу другото неговото внимание го посветува на образованието па почнува со градба на средното училиште „Идадија“ во близина на градскиот парк, кој е исто така негово дело, во тоа време познат под името „Ислахански парк“.
Во средното осмогодишно училиште можеле да учат сите деца и од сите вероисповеди, учејки во дневно или вечерно училиште.
Набрзо потоа се претвора во гимназија, а во 1898 г. во Учителска школа. Во неа се создава кадар за потребите на образованието - учители така што во учебната 1913/1914 година завршиле 287 ученици.
Во 1935 Учителската школа е поплавенa од излевањето на Вардар. Како спомен на таа непогода на едниот столб од порталот е издлабена годината и водостојот која го зафатила.
На 3 ноември 1944 во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
Школата за народни учители во Скопје службено започнува со работа на 1 март 1945 година, со 13 наставници и 314 ученици во 9 паралелки.
Третиот кат бил интернат за женските ученици, со болнички стационар, a машките биле сместени во градбите во дворот на истата.
Подоцна од Учителска школа се преименува во Учителска школа „Никола Карев“ – Скопје.
По земјотресот
уредиПо вторпат во 1962 година реката Вардар го поплавува училиштето, а веќе следната година по катастрофалниот земјотрес во 1963 година се урива зградата, оставајќи го само влезниот портал од Учителската школа, како нем споменик.
Во 2006 Општина Центар започна со иницијатива порталот од Учителската школа да претставува симболичен влез во новата општинска зграда, спречувајќи го така неговото пропаѓање од забот на времето.
Поврзаност
уредиНа 9 април 1909 година турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграле првиот фудбалски натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.
Надворешни врски
уреди- Потсетување на првите фудбалски збиднувања во нашата земја Архивирано на 26 септември 2007 г.
- Портата на старата учителска школа ќе се обновува в година Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Наградата ќе донесе општинска зграда или уреден кеј[мртва врска]
- Заборавената порта на учителската школа се враќа меѓу скопјани Архивирано на 29 септември 2007 г.
- Го посеавме чудотворното семе на знаењето Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Општинска зграда ќе се гради со европски пари Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Порталот на Учителска школа ќе добие нова врата Архивирано на 29 септември 2007 г., Вест 21.12.2006
Интернет Досие: Учителската школа (Скопје) - Хронологија
уреди- Заборавената порта на учителската школа се враќа меѓу скопјани Архивирано на 29 септември 2007 г. (Вест 10/18/2001)
- Портата од старата учителска школа остана руина Архивирано на 29 септември 2007 г. (Вест 5/7/2003)
- Ќе се обнови порталот на Учителската школа? Архивирано на 27 септември 2007 г. (Дневник - 2003/06/10)
- Центар бара пари за Старата чаршија и за градење на стариот Народен театар Архивирано на 26 септември 2007 г.(Вест 6/11/2003)
- Општина Центар конкурира со пет проекти Архивирано на 26 септември 2007 г.(Утрински весник 2003/06/19)
- Аларова ќе го враќа сјајот на порталот на Учителската школа Архивирано на 27 септември 2007 г.(Дневник 2003/06/27)
- Аларова крева врева за нова зграда за Матично Архивирано на 29 септември 2007 г. (Вест 7/29/2003)
- Објектот на матичната служба пред распаѓање Архивирано на 26 септември 2007 г.(Утрински весник 2004/04/15)
- Аларова ќе си замине низ обновен портал? Архивирано на 27 септември 2007 г. (Дневник 2004/04/17)
- ВИ ТЕКНУВА ЛИ: На портата од старата учителска школа Архивирано на 26 септември 2007 г. (Вест 5/9/2005)
- Го посеавме чудотворното семе на знаењето Архивирано на 27 септември 2007 г. (Дневник 2005/10/31)
- Реконструкцијата на порталот - догодина Архивирано на 8 октомври 2007 г. (Вечер 2005/10/31)
- Седница на советот на општина центар (иди види 2005/12/07)Недостапно на интернет
- Ќе се ревитализира порталот на некогашната Учителска школа Архивирано на 26 септември 2007 г. (Утрински 2005/12/09)
- Аларова ќе ја обнови портата на старата учителска школа Архивирано на 26 септември 2007 г. (Вест 2005/12/09 )
- Порталот ќе се реставрира Архивирано на 8 октомври 2007 г. (Вечер 2005/12/09)
- СО ПАРИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР: Портата на старата учителска школа ќе се обновува в година Архивирано на 27 септември 2007 г.(Дневник 2005/12/12 )
- Турците ќе го реставрираат порталот на Учителската школа Архивирано на 26 септември 2007 г.(Вест 2006/06/15)
- За европската улица - европска награда Архивирано на 8 октомври 2007 г.(Вечер Датум: 2006-07-19)
- Ќе се гради нова општинска зграда Архивирано на 26 септември 2007 г. (Вест 2006/07/20)
- Виолета Аларова ќе гради општинска зграда Архивирано на 28 септември 2007 г. (Вечер 2006/07/20)
- Со турска помош ќе се обновува порталот на Учителската школа Архивирано на 26 септември 2007 г. (Утрински весник 2006/07/21)
- Аларова прави нова врата за Учителската школа Архивирано на 29 септември 2007 г. (Вест 2006/09/26)