Свитоци од Мртвото Море
Свитоци од Мртвото Море (исто така наречени и Кумрански ракописи или Кумрански свитоци) се стари еврејски верски ракописи, претежно напишани на хебрејски јазик, најдени во пештерите кај Кумран во близина на Мртвото Море.[1]
Свитоци од Мртвото Море | |
---|---|
Свитокот со Псалми (11Q5), еден од 972 текстови, со транскрипција | |
Материјал | папирус, пергамент и бронза |
Натписи | Главно хебрејски јазик; арамејски, грчки и Набатејски јазик |
Создаден | Околу 408 п.н.е. до 318 н.е. |
Откриен | 1946/47–1956 |
Сегашна локација | Пештерите кај Кумран |
Преглед
уредиИлјадници фрагменти од текстови биле откриени во областа на Мртвото Море. Тие претставуваат остатоци од поголеми ракописи кои биле оштетени од природата или од луѓето. Најголемиот дел од нив имаат само остатоци од текстот. Сепак, малиот број на добро сочувани, речиси непроменети ракописи кои преживеале — се помалку од дванаесет.[2] Истражувачите собрале колекција од околу 981 различни ракописи – откриени во 1946/47 и во 1956 година – во 11 пештери.[3] Пештерите се наоѓаат на околу 1,6 км западно од северозападниот брег на Мртвото Море.[4] Постои научен консензус кој ги датира Кумранските свитоци дека потекнуваат од последните три века пред нашата ера и првиот век од нашата ера. Бронзените монети пронајдени на истото место се од времето на Јован Хиркан (на служба од 135-104 г. п.н.е.) па сè до периодот од Првата еврејско–римска војна (66-73 CE), со што се потврдува и датирањето на свитоците направено според радиојаглеродната и палеографската анализа.[5]
Откривање
уредиСвитоците од Мртвото Море се најдени во дванаесет пештери во местото познато како Кумран блиску до Мртвото Море на западниот брег од реката Јордан меѓу 1946 и 1956 од страна на бедуински овчари и група археолози.[6] Практиката на криење свети ракописи во пештери или под земја ја имале древните Евреи.
Првични откритија (1946–1947)
уредиПрвото откритие се случило меѓу ноември 1946 и февруари 1947 година.[7][8] Бедуините овчари Мухамед ед-Диб, неговиот роднина Јума Мухамед и Калил Муса, откриле седум свитоци ставени во ќупови во пештера блиску кај Кумран. Научникот Џон Тревер ја реконструирал приказната за свитоците после неколку интервјуирања на бедуините. Роднината на Ед-Диб ги забележал пештерите, но ед-Диб бил првиот што влегол внатре. Нашол свитоци, кои Тревер ги идентификувал како Свиток Исаија, Хабакук коментар, и Правило на заедницата, кои ги однел во кампот за да ги покаже на своите. Ниеден свиток не бил уништен при тоа.[9] Бедуинот ги чувал свитоците обесени на шаторот додека да реши што да прави со нив, а одвреме-навреме ги изнесувал за да ги покаже на други луѓе. Во меѓувреме, свитокот „Правило на заедницата“ се распаднал на два дела. Бедуинот најпрво ги однел кај препродавач по име Ибраим Иха во Витлеем. Иха му ги вратил, велејќи дека се безвредни, посебно откако бил предуреден дека можеби се украдени од некоја синагога. Потоа бедуинот ги однел на блискиот пазар, каде Сириец христијанин се понудил да ги купи. Шеикот кој се приклучил на разговорот, предложил да се однесат свитоците кај Калил Ескендер Шаин „Кандо“, кој повремено тргувал со антиквитети. Бедуинот и препродавачите се вратиле кај пештерите, откако еден свиток ставиле кај Кандо, а три продале за 7 јордански фунти (во вредност од околу 28 американски долари).[9][10]:5 Свитоците менувале сопственици откако бедуинот ги оставил кај препродавачите.
Во 1947 година, за седумте свитоци дознал доктор Џон Тревер од Американското училиште за ориентални истражувања (ASOR). Научникот го споредил писмото од свитоците со она во најстариот библиски познат ракопис, Папирус Наш, и нашол сличности. Во март, поради арапско-израелскиот конфликт некои од свитоците биле преместени во Бејрут, Либија, од безбедносни причини. На 11 април 1948 година, Милар Бароус, директорот на Американското училиште за ориентални истражувања, го објавил откривањето на свитоците преку медиуми.
Потрага по Кумранските пештери (1948–1949)
уредиНа почетокот на септември 1948 година, бискупот Мар Самјуел донел некои дополнителни свитоци кај професорот Овид Селерс, новиот директор на Американското училиште за ориентални истражувања. До крајот на 1948 година, речиси две години по првото откритие на свитоците, научниците ја немаа откриено првата пештера каде биле најдени првите свитоци. Поради конфликтот во земјата во тој период, не можело да се започне со поголемо истражување. Селерс се обидел да убеди некои Сиријци да помагаат при потрагата по пештерата, но не можел да ја плати цената што ја побарале. На почеток од 1948 година, владата на Јордан дала дозвола на Арапската легија да ја пребара областа каде се мислело дека се наоѓа пештерата. Пештерата означена со број 1 била најдена на 28 јануари 1949 година, од страна на белгискиот набљудувач за Обединетите нации, капетанот Филипе Липенс и капетанот на Арапската легија Акаш ел-Зебн.[11]
Откритија на нови свитоци (1949–1951)
уредиСо повторното откритие на пештерата означена со бројот 1 кај Кумран, започнало истражувањето на целиот тој простор од 15 февруари до 5 март 1949 година, од страна на јорданското одделение за антиквитети предводено од Џералд Ланкестер Хардинг и Роланд де Вокс.[12] Во околината на пештерата број 1 дополнително биле пронајдени нови фрагменти од свитоци, алишта, ќупови и други артефакти.[13]
Откривање на нови пештери (1951–1956, 2017)
уредиВо ноември 1951 година, Роланд де Вокс и неговиот тим од Американското училиште за ориентални истражувања започнале целосно истражување кај Кумран.[14] До февруари 1952 година, биле пронајдени 30 фрагменти во пештерата број 2.[15] Откривањето на втората пештера довело до откривање на 300 делови од 33 ракописи, вклучувајќи делови од Книга на јубилеи и Книга на Сирах напишани на хебрејски јазикw.[13][14] Наредниот месец, на 14 март 1952 година, тимот на Американското училиште за ориентални истражувања ја откриле третата пештера каде нашле делови од „Книга на јубилеи“ и Бакарен свиток.[15] Меѓу септември и декември 1952 година, фрагментите и свитоците од пештерите 4, 5 и 6 биле откриени од тимот.[14]
Како се зголемувала цената на свитоците и тие станувале сè попопуларни, бедуините и археолозите од Американското училиште за ориентални истражувања истражувале секој посебно, во истата област кај Кумран, што опфаќала повеќе од 1 километар во должина. Меѓу 1953 и 1956 година Роланд де Вокс повел четири нови археолошки експедиции во таа област.[13] Пештерата 11 била најдена во 1956 година.[16]
Пештерите 4–10 се наоѓаат во иста област од околу 150 метри од Кирбет Кумран, додека пештерите 1, 2, 3 и 11 се на околу 1-2 километри северно.[17][18]
Во февруари 2017 година, археолози од Еврејскиот универзитет објавиле дека пронашле нова пештера, дванаесетта.[19] Таму бил најден само еден празен пергамент во ќуп, а скршените ќупови најдени внатр исто така сугерираат дека пештерата била посетена и ограбена во 1950-те години.[20]
Свитоци и фрагменти
уредиРакописите најдени кај Кумран се во два формата: свитоци и фрагменти односно делови од свитоци. Во пештерата број 4 фрагментите биле искинати на 15.000 парчиња. Овие ситни парчиња се проблем за науката. Џ.Л. Хардинг, директорот на јорданското одделение за антиквитети започнал да ги составува парчињата, и после 40 години сè уште не завршил.[21]
Првите седум свитоци најдени во пештерата 1 кај Кумран се Свиток на Исаија (1QIsaa), втора копија од Исаија (1QIsab), Правило на заедницата (4QSa-j), Хабакук коментар (1QpHab), Воениот свиток (1QM), Химни на благодарност (1QH), и Апокрифи за поеклото (1QapGen).[22]
Наводи
уреди- ↑ „The Digital Library: Introduction“. Leon Levy Dead Sea Scrolls Digital Library.
- ↑ „The Digital Dead Sea Scrolls: Nature and Significance“. Israel Museum Jerusalem. Посетено на 2014-10-13.
- ↑ „Hebrew University Archaeologists Find 12th Dead Sea Scrolls Cave“. The Hebrew University of Jerusalem. Посетено на 2017-06-07.
- ↑ Down, David. Unveiling the Kings of Israel. p. 160. 2011.
- ↑ ARC Leaney, Fom Judaean Caves, p.27, Religious Education Press, 1961.
- ↑ „Dead Sea Scrolls“. virtualreligion.net.
- ↑ Humphries, Mark. Early Christianity. 2006.
- ↑ Evans, Craig. Guide to the Dead Sea Scrolls. 2010.
- ↑ 9,0 9,1 John C. Trever. The Dead Sea Scrolls. Gorgias Press LLC, 2003.
- ↑ James VanderKam; Peter Flint (10 July 2005). The Meaning of the Dead Sea Scrolls: Their Significance For Understanding the Bible, Judaism, Jesus, and Christianity. A&C Black. ISBN 978-0-567-08468-2. Посетено на 15 March 2013.
- ↑ „The Archaeological Site OF Qumran and the Personality Of Roland De Vaux“ (PDF). Посетено на 22 May 2012.
- ↑ VanderKam, James C., The Dead Sea Scrolls Today, Grand Rapids: Eerdmans, 1994. p. 9.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 S.S.L. Frantisek Trstensky. „The Archaeological Site Of Qumran and the Personality Of Roland De Vaux“ (PDF). Посетено на 22 May 2012.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 „Dead Sea Scrolls: Timetable“. The Gnostic Society Library. Посетено на 23 May 2012.
- ↑ 15,0 15,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеVanderKam, James C. 1994. p. 10-11
. - ↑ „Digital Dead Sea Scrolls at the Israel Museum, Jerusalem – Discovery“. imj.org.il.
- ↑ Yizhar Hirschfeld (2002). „Qumran in the Second Temple Period: Reassessing the Archaeological Evidence“ (PDF). Liber Annuus. Jerusalem: Studium Biblicum Franciscanum. 52: 279–281. Архивирано од изворникот (PDF) на 17 May 2006. Посетено на 23 January 2016.
Some of these caves, such as 4 and 5, are located ca. 160 yd from the site, while others, such as 1, 2, 3 and 11, are at a distance of 1 mile to it's north (Fig. 12)
- ↑ Martinez/Tigchelaar (1999). The Dead Sea Scrolls Edition, Caves 1 to 11 & more (Enoch Aramaic fragments and translation by Milik: Hénoc au pays des aromates, pp.413,425,430)
- ↑ Hebrew University of Jerusalem (8 февруари 2017). "Hebrew University Archaeologists Find 12th Dead Sea Scrolls Cave". Соопштение за печат.
- ↑ McKernan, Bethan (2017). „New Dead Sea Scrolls cave filled with ancient artefacts discovered for first time in 60 years“. The Independent=.
- ↑ Wise, Michael; Abegg Jr., Martin; Cook, Edward (2005). The Dead Sea Scrolls. New York, New York: Harper San Franscisco. стр. 5, 6. ISBN 0-06-076662-X. | Les manuscrits de la Mer Morte avec textes originaux traduits en français par I. Fortunato)
- ↑ Geza Vermes, The Complete Dead Sea Scrolls in English, London: Penguin, 1998. ISBN 0-14-024501-4.