Отвори го главното мени

Интелигенција

(Пренасочено од Интелект)

Интелигенција е поим со кој го опишуваме квалитетот на умот кој опкружува и многу други способности, како капацитетот за разум, за планирање, за решавање проблеми, за размислување апстрактно, да се здобиваме со идеи, да го користиме јазикот и за учење. Има повеќе начини со кои можеме да го дефинираме поимот интелигенција. Во некои случаии, интелигенцијата може да вклучува особини како креативност, личност, карактер, знаење или мудрост. Како и да е, повеќето психолози не сакаат да ги вклучуваат овие особини во дефинирањето на интелигенцијата. Постојат неколку коефициенти на интелектуалност:

  1. Екстремно ниска интелигенција (до 70)
  2. Незабележително интелигентен (70-90)
  3. Нормално развиена интелигенција (90-110)
  4. Натпросечно ниво (110-130)
  5. Високоинтелигентен (130 и повеќе)

НаводиУреди