Јутоацтечки јазици
Јутоацтечките јазици сочинуваат јазично семејство кое се зборува во Северна Америка и делови од Средна Америка. Ова јазично семејство е составено од над 30 јазици. Најголем дел од јазиците се зборуваат во западните делови на САД и Мексико, но има и мал број на јазици кои се зборуваат во периферните предели на Средна Америка. Името на јазичното семејство е сложенка од двата јазика со најекстремна распространетост север-југ, јутски јазик и ацтечки јазик.
Јутоацтечки јазици | |
---|---|
Географска распространетост: | САД, Мексико, делови од Средна Америка |
Класификација: | Една од основните јазични семејства во светот. |
Прајазик: | прајутоацтечки |
Гранки: |
серански †
опатски †
|
ISO 639-5: | azc |
Распоространетост на јутоацтечките јазици пред европските доселеници. | |
Сегашна распространетост на јутоацтечките јазици во Мексико. |
Јутоацтечките јазици се една од најголемите јазични семејства во Америка, по број на жители, број на јазици и географска распространетост.[1] Најсеверниот јазик е шошонскиот, кој се зборува сè до Салмон, Ајдахо. Најјужниот јутоацтечки јазик е пипилскиот, кој се зборува во Ел Салвадор. Според „Етнолог“, бројот на јазици во ова семејство е 61 со вкупно 1.900.412 говорници.[2] Од ова јазично семејство најголем јазик е ацтечкиот (наватлски) кој го зборуваат околу 1,9 милиони луѓе, или 78.9% од вкупниот број на јутоацтечки говорници.
Внатрешната класификација на јазичното семејство е најчесто составена од две гранки: северната гранка ги вклучува јазиците во САД, а јужната гранка ги вклучува јазиците во Мексико. Сепак, денес сè уште се разговара за тоа дали оваа класификација е соодветна, односно дали е генеричка или географска. Татковината на јутоацтечките јазици, општо гледано, е југозападни САД, или северозападно Мексико.
Прајутоацтечки јазик
уредиПрајутоацтечкиот е хипотезен заеднички предок на јутоацтечките јазици. Стручните лица за историјата на оваа јазична група најчесто ја сместуваат прајутоацтечката татковина на пограничниот регион на денешни САД и Мексико, поточно горските региони на Аризона и Ново Мексико, како и мексиканските сојузни држави Сонора и Чивава. Татковината на јутоацтечките јазици одговара со Соноранската пустина, како и западниот дел на Чиваванската пустина. Овој јазик се зборувал во регионот пред 5.000 години.
Реконструкцијата на ботаничкиот зборовен фонд дава знаци за еколошката средина населена од Прајутоацтеките. Според Фоулер средиштето на Прајутоацтеките била средишна Аризона, каде северните дијалекти достигнувале распространетост до Невада и пустината Мохаве. Јужните дијалекти се протегале до Мекксико.[3] Татковината на нимиските јазици се претпоставува била јужна Калифорнија во близина на Долината на смртта. Татковината на јужните јутоацтечки јазици се претпоставува дека била крајбрежната област на Сонора.[4]
Споротивна теорија за татковината на прајутоацтечкиот ја сместува татковината многу појужно. Во 2001 година Џејн Х. Хил, базирајќи се на реконструкцијата на зборовен фонд поврзан со пченка, ја објавила оваа теорија. Според нејзината теорија, претпоставените говорници на прајутоацтечкиот биле одгледувачи на пченка (житни култури) од Средна Америка, кои постепено мигрирале кон север. Со тоа тие го донеле и одгледувањето на пченка кон север. Ова се одвивале пред 4.500 или 3.000 годуни. Географската дифузија на говорниците се совпаѓа со распадот на јазичната еднаквост.[5][6] Хипотезата била критикувана од неколку аспекти и не е општо прифатена од научниците специјалисти за јутоацтечките јазици.[7][8][9][10][11]
Фонологија
уредиСамогласки
уредиПрајутоацтечкиот, при неговата реконструкција, имал несвојствени самогласки: *i *a *u *o *ɨ. Лангекер (1970) прикажал дека петтата самогласка треба да биде реконструирана како *ɨ како спротивност на *e, и има долгогодишна расправија за соодветна реконструкција на самогласките.[12][13][14]
Согласки
уредидвоусни | преднојазични | преднонепчени | заднонепчени | уснени заднонепчени |
гласилни | |
---|---|---|---|---|---|---|
избувни | *p | *t | *k | *kʷ | *ʔ | |
слеани | *ts | |||||
струјни | *s | *h | ||||
носни | *m | *n | *ŋ | |||
вевни | *r | |||||
полусамогласки | *j | *w |
*n и *ŋ можеби биле *l и *n, соодветно.
Географска распространетост
уредиЈутоацтечките јазици се зборуваат во Северна Америка, во западните планински предели. Поточно, овие јазици се зборуваат во западни САД, односно во сојузните држави Орегон, Ајдахо, Монтана, Јута, Калифорнија, Невада и Аризона, како и во Мексико, поточно во сојузните држави Сонора, Чивава, Најарит, Дуранго, Закатекас, Халиско, Мичоакан, Гереро, Сан Луис Потоси, Идалго, Пуебла, Веракрус, Морелос, сојузна држава Мексико и Град Мексико. Пипилскиот јазик, кој е најсроден со (или произлегол од) ацтечкиот, се зборува во Ел Салвадор. Овој јазик е исчезнат во Гватемала и Хондурас, а во Ел Салвадор е скоро исчезнат.
- Јутоацтечките јазици во Мексико
Класификација
уредиГенеолошка класификација на јутоацтечките јазици | ||||||
семејство | групи | јазици | место | трудови | ||
ЈУТОАЦТЕЧКИ ЈАЗИЦИ | северни јутоацтечки јазици | нумиски јазици | западнонумиски | севернопајутски јазик | 700 говорници во Калифорнија, Орегон, Ајдахо и Невада | Nichols (1973) |
моноански јутеацтечки јазик | околу 40 говорници во Калифорнија | Lamb (1958) | ||||
централнонумиски | ||||||
шошонски јазик | 1000 говорници, плус уште 1000 како втор јазик во Вајоминг, Јута, Невада и Ајдахо | McLaughlin (2012) | ||||
команчејски јазик | 100 говорници во Оклахома | Robinson & Armagost (1990) | ||||
тимбишански јазик | 20 говорници во Калифорнија и Невада | Dayley (1989) | ||||
јужнонумиски | јутејски јазик | 920 говорници во Колорадо, Невада, Калифорнија, Јута и Аризона | Givón (2011) , Press (1979) , Sapir (1992) | |||
каваисуски јазик | 5 говорници во Калифорнија | Zigmond, Booth & Munro (1991) | ||||
калифорниска јазична група | серански | сераноански јазик, китанемучки јазик (†) | нема говорници | Hill (1967) | ||
Cupan | кавилјански јазик, купењски јазик | 35 говорници во Кавилја, нема говорници за купењскиот. | Seiler (1977) , Hill (2005) | |||
луисењски јазик | 5 говорници во Калифорнија | Kroeber & Grace (1960) | ||||
тонгвански јазик | Последниот говорник умрел во раните 1900-ти. Во тек е оживување | Munro & Gabrielino/Tongva Language Committee (2008) | ||||
хописки | хописки јазик | 6,800 говорници во Аризона | Hopi Dictionary Project (1998) , Jeanne (1978) | |||
тубатулабалски | тубатулабалски јазик | 5 говорници во Керн, Калифорнија | Voegelin (1935) , Voegelin (1958) | |||
јужни јутоацтечки | пимански јазици | |||||
пимски | одхамски јазик | 14,000 говорници во Аризона и Сонора | Zepeda (1983) | |||
долнопимански јазик | 650 говорници во Чивава и Сонора | Estrada-Fernández (1998) | ||||
тепевански | севернотепевански јазик | 6,200 говорници во Чивава | Bascom (1982) | |||
јужнотепевански јазик | 10,600 говорници во јужно Дуранго | Willett (1991) | ||||
тепекански јазик (†) | Исчезнат од околу 1985 година, се зборувал во Халиско | Mason (1916) | ||||
таравмарски јазици | таравмарски јазик (неколку дијалекти) | 45,500 говорници со сите дијалекти, се зборуваат во Чивава | Caballero (2008) | |||
горен варихиски и долен варихиски | 2,840 говорници во Чивава и Сонора | Miller (1996) | ||||
тубарски јазик (†) | Се зборувал во Синалоа и Сонора | Lionnet (1978) | ||||
каитски јазици | јакиски јазик | 11,800 говорници во Сонора и Аризона | Dedrick & Casad (1999) | |||
мајоански јазик | 33,000 говорници во Сонора и Синалоа | Freeze (1989) | ||||
опатски јазици | опатски јазик (†) | Исчезнат од 1930-тите, се зборувал во Сонора. | Shaul (2001) | |||
еудевски јазик (†) | Се зборувал во Сонора, исчезнат од 1940 г. | Lionnet (1986) | ||||
корачолски јазици | корански јазик | 13,600 говорници во Најарит | Casad (1984) | |||
уичолски јазик | 17,800 говорници во Најарит и Халиско | Iturrioz Leza, Ramírez de la Cruz & (2001) | ||||
навански јазици (ацтечки) | почутечки јазик (†) | исчезнат од 1970-тите, се зборувал на брегот на Оахака | Boas (1917) | |||
јадрени наватлски | пипилски јазик | 20-40 говорници во Ел Салвадор | Campbell (1985) | |||
ацтечки јазик | 1,500,000 говорници во централно Мексико | Launey (1986) , Langacker (1979) |
Покрај горенаведената класификација, јазичарите се сомневаат дека има уште неколку други исчезнати јазици, но за кои нема никакви докази. Тие јазици би се зборувале во Мексико и се претпоставува дека биле сродни на јутоацтечките.[15]
Наводи
уреди- ↑ Caballero 2011.
- ↑ Ethnologue (2014). „Summary by language family“. SIL International. Посетено на July 2, 2014.
- ↑ Fowler 1983.
- ↑ Campbell 1997, стр. 137.
- ↑ Hill 2001, [1].
- ↑ Hill 2010, [2].
- ↑ Kemp и др. 2010, [3].
- ↑ Merrill и др. 2010, [4].
- ↑ Brown 2010, [5].
- ↑ Campbell 2003.
- ↑ Campbell & Poser 2008, стр. 346-350.
- ↑ Langacker 1970, [6].
- ↑ Dakin 1996, [7].
- ↑ Campbell 1997, стр. 136.
- ↑ Campbell 1997.