Пишување
Пишување — човечка активност со која на некој медиум се остава траг во вид на симболи (букви) од низа строго утврдени симболи (азбука). Пушувањето се разликува од цртањето, сликањето или снимањето по тоа што симболите се видливи со човечко око, строго дефинирани и можат да се разликуваат само по големина или дебелина.
За пишувањето треба познавање од четири вештини: познавање на зборови од јазикот на кој се пишува, знаење на граматиката, знаење на правописот и познавање на буквите.
Резултатот што останува од пишувањето се вика текст, запис или напис.
Секој човек има специфичен начин на пишување (ракопис), по кој е можно недвосмислено да се установи кој го напишал одредениот текст. Ова особеност на пишувањто се користи и за потпис.
Поимот пишување се користи и за мисловниот процес при создавање на некој текст.