Магнетизам
Магнетизам — класа на физички појави кои се придружени од магнетни полиња. Електричните струи како и магнетните моменти на елементарните честички го создаваат магнетното поле, кое дејствува на други струи и магнетни моменти. Секој материјал е под влијание на некое магнетно поле. Најпознатион ефект е оној на постојаните магнети, кои имаат постојани магнетни моменти предизвикани од феромагнетизмот. Повеќето материјали немаат постојани моменти. Некои се привлечени од магнетното поле (парамагнетизам); а други пак се одбиени од магнетното поле (дијамагнетизам); други пак имаат спожени заемодејства кога ќе бидат под дејство на магнетно поле (вртежно стакло и антиферомагнетизам). Супстанциите кои се незначително под влијание на магнетното поле се познати како немагнетни супстанци. Такви се: бакарот, алуминиумот, гасовите, и пластиката. Чистиот кислород пројавува магнетни својства кога ќе биде изладен до течна состојба.
Магнетната состојба (или магнетната фаза) на материјалот зависи од температурата и други променливи, како што се притисокот и дејството на магнетното поле. Еден материјал може да пројавува повеќе од еден облик на магнетизам во зависност од промената на овие променливи.