Мраз
Мразот претставува цврста агрегатна состојба на водата. Водата во нормални услови преминува од течна во цврста агрегатна состојба на температура од 0 °C. Поради специфичното просторно распоредување на молекулите вода, мразот има помала густина од водата (за приближно 8,5%) и поради тоа плови на нејзината површина. Специфичната топлина на мразот е двојно помала од онаа на водата во течна состојба. Поради тоа мразот брзо се формира на површината на водата разладена на температура од 0 °C, а за неговото топење е потребно двојно помало количество топлина. Со зголемување на соленоста на водата се намалува нејзината точка на заледување. Така морската вода замрзнува на температура од -1,91 °C. Најголема количина лед во биосферата има на поларните капи.
Но мразот не е својствен само за водата. Всушност тој вид лед се нарекува воден мраз. Имено речиси секоја гасовита супстанца при одредена температура и притисок може да премине во состојба на мраз. Во вселената е познато постоење на воден мраз, но исто така има и на пример метански мраз на Плутон или мраз од амонијак на нешто поблискиот Уран.
Мразот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Голомразица“ — песна на рускиот поет Владимир Висоцки.[1]
- „Мразевите“ — песна на рускиот писател Борис Пастернак.[2]
- „Пукањето на мразот“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[3]
- Коцка Мраз (англиски: Ice Cube) — американски рапер и глумец.[4]
- „Куќа од мраз“ (англиски: Ice House) - песна на британската рок-група Кричрс (The Creatures) од 1983 година.[5]
- „Заробен под мраз“ (англиски: Trapped Under Ice) — песна на американската хеви-метал група Металика (Metallica) од 1984 година.[6]
- „Мраз“ (англиски: Ice) — песна на британската рок-група Стренглерс (The Stranglers) од 1979 година.[7]
- „Ледено студен мраз“ (англиски: Ice Cold Ice) — песна на американската рок-група Хускер Ду (Husker Du) од 1987 година.[8]
Наводи
уреди- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 117.
- ↑ Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 259.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 46-48.
- ↑ Официјално мрежно место на Ајс Кјуб (пристапено на 2.3.2017)
- ↑ DISCOGS, The Creatures – Feast (пристапено на 16.8.2021)
- ↑ DISCOGS, Metallica – Ride The Lightning (пристапено на 12.9.2020)
- ↑ DISCOGS, The Stranglers – The Raven (пристапено на 24.4.2021)
- ↑ YouTube, Ice cold ice - Husker-Du (пристапено на 2.3.2017)
Оваа статија од областа на хемијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
„Мраз“ на Ризницата ? |