Силмарилион (англиски: The Silmarillion) - збирка дела од Џ. Р. Р. Толкин, што по неговата смрт ја приредил и објавил неговиот син Кристофер Толкин во 1977 година, со помош на Гај Гавриел Кеј[2], кој е познат како писател на фантастична проза. „Силмарилион“, преку појаснувања и доближувања на дејствијата и ликовите од другите дела на Толкин, ја појаснува идејата за обемна, но поради смртта на авторот недовршена приказна за дејствијата на универзумот кој се погрижил за постанокот на Средната Земја. Таа посебна, фантастична земја е всушност дом на приказните за чудесните битија: хобити, џуџиња (каради), виленици, волшебници, за првите луѓе, но и за зли битија кои посакуваат да ја преземат власта и да ја уништат секоја убавина во тој свет, во настани опишани во романите „Хобит“ и „Господарот на прстените“.[3]

Силмарилион
The Silmarillion
Изданието од 1977 година
УредникКристофер Толкин
со Гај Гавриел Кеј
АвторЏ. Р. Р. Толкин
ИлустраторКристофер Толкин (мапи)
Изработувач на
корицата
Џ. Р. Р. Толкин (уред)
ЗемјаОбединето Кралство
Јазиканглиски
Жанр
ИздавачЏорџ Ален и Анвин (Обединето Кралство)
Издадена
15 септември 1977[1]
Медиумпечатено
Страници365
НаградаНаграда Локус за најдобра фантастична новела (1978)
ISBN0-04-823139-8
OCLC3318634
823/.9/12
Клас. КБPZ3.T576 Si PR6039.O32

Толкин започнал да го работи „Силмарилион“ по барање на издавачот, кој по големиот успех на „Хобит“ барал книга која е нејзин претходник, а пред да биде објавена тритомната сторија „Господарот на прстените“. Но издавачитем, заради неразбирање, без да го разгледаат текстот до крај, истиот го отфрлиле.

Поделба на книгата

уреди

Книгата „Силмарилион“ е поделена на пет дела. Првично, деловите биле напишани посебно, но Толкин имал замисла и желба да бидат објавени во една книга.[2] По неговата смрт, синот Кристофер ги собрал ги дополнил деловите со напомена дека во некои делови морал да интервенира и со потполно нови видувања и толкувања, со што ги отклонил противречностите кои татко му не успеал да ги доврши. Првиот дел на „Силмарилион“ е „Аинулиндале“, кој го објаснува постанокот на Еа, светот во кој е сместена Средната Земја. „Валаквента“ е втор дел во кој се опишуваат натприродните битија: валари, мајари (арди) и други натприродни чинители на Еа. Третиот дел е „Квента Силмарилион“, во кој се зборува за настаните што се случиле во текот на Првото доба на Сонцето: војните на Нолдорите против Морготите за враќање на светите скапоцени камења силмарили. Четврти дел, „Акалабет“ ја дава историјата и страдањето на островската земја Нуменор и почетокот на исчезнување на неговите жители. Петтиот дел, „За прстените на моќта и третото доба“, претставува кусо резиме за историјата на третото доба, поврзано со настаните кои се импресивно опишани во романот „Господарот на прстените“.

Наводи

уреди
  1. Rayner Unwin (1978), in Amon Hen, bulletin of The Tolkien Society, no. 32 p. 13.
  2. 2,0 2,1 Silmarillion 1977, Foreword
  3. Tolkien, J.R.R. Christopher Tolkien (уред.). "The Lays of Beleriand". Ballantine. стр. 433–4. ISBN 978-0-345-38818-6.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: