Марсеј
Марсеј (француски: Marseille) — втор најголем град во Франција, најважно француско пристаниште и трето пристаниште во Европа по големина. Градот се наоѓа во департманот Устие на Рона (регион Прованса-Алпи-Азурен Брег). Марсејската урбана област е трета по големина, зад париската и лионската. Градот лежи на брегот на Лионскиот Залив, кој припаѓа на Средоземното Море.
Марсеј Marseille | |||
---|---|---|---|
Старото градско пристаниште | |||
Гесло: Actibus immensis urbs fulget Massiliensis. „Поради своите големи дела,Марсеј сјае“ | |||
| |||
Координати: 43°17′47″N 5°22′12″E / 43.2964° СГШ; 5.37° ИГД | |||
Земја | Франција | ||
Регион | Прованса-Алпи-Азурен Брег | ||
Департман | Устие на Рона | ||
Округ | Марсеј | ||
Општ. заедница | Урбана заедница Марсеј | ||
Управа | |||
• Градоначалник (од 2020) | Бенуа Паjaн (PS) | ||
Површина1 | 240,62 км2 (9,290 ми2) | ||
• Градска | 1.731,91 км2 (66,869 ми2) | ||
• Метро | 3,173,50 км2 (1,225,30 ми2) | ||
Население (јан. 2011[1])2 | 850.636 | ||
• Ранг | 2. зад Париз | ||
• Густина | 35/км2 (92/ми2) | ||
• Градскo (јан. 2011) | 1,560,921[2] | ||
• Метро (јан. 2011) | 1,720,941[3] | ||
INSEE/Пошт. бр. | 13055 / 13001-13016 | ||
Повик. бр. | 0491 или 0496 | ||
Мреж. место | marseille.fr | ||
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Географија
уредиМарсеј заедно со урбаната зона околу него е една од најгусто населените области во Франција, односно е трета по големина, зад париската и лионската област. Градското население во Марсеј е околу 821.000 жители, а во пошироката градска агломерација околу 1.804.000 жители (2007).
Значењето на Марсеј како пристаниште се зголемило во 19 век, пред сè како резултат на колонизирањето на Африка, откривањето на Суецкиот Канал и развивањето на трговијата.
Клима
уредиКлима на Марсеј | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 11,8 | 12,9 | 15,5 | 17,9 | 22,2 | 26,7 | 29,1 | 28,7 | 25,0 | 20,4 | 15,0 | 12,6 | 19,7 |
Просечна температура (°C) | 8,4 | 9,1 | 11,2 | 13,4 | 17,5 | 21,8 | 24,0 | 23,7 | 20,4 | 16,3 | 11,5 | 9,3 | 15,5 |
Просечна минимална (°C) | 4,9 | 5,3 | 6,9 | 8,9 | 12,7 | 16,8 | 18,9 | 18,7 | 15,8 | 12,3 | 7,9 | 6,0 | 11,2 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 65,4 | 47,3 | 48,7 | 55,2 | 41,0 | 26,8 | 9,1 | 34,0 | 65,5 | 91,6 | 55,2 | 52,3 | 592,2 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 5 | 5 | 4 | 6 | 5 | 3 | 1 | 3 | 5 | 6 | 6 | 6 | 53 |
Сончеви часови (месечно) | 150,0 | 155,5 | 215,1 | 254,8 | 292,5 | 336,2 | 386,4 | 337,4 | 284,3 | 214,5 | 155,5 | 143,3 | 2.925,5 |
Спорт
уредиНајпопуларен спортски клуб е фудбалскиот клуб, Олимпик Марсеј, којшто има освоено вкупно 8 шампионски титули во француското првенство и една титула во Лигата на Шампионите на УЕФА во 1993 година, како и две финалиња на УЕФА купот во 1999 и 2004 година.
Наводи
уреди- ↑ „Séries historiques des résultats du recensement - Commune Marseille (13055)“. INSEE. Посетено на 30 јули 2014.
- ↑ „Séries historiques des résultats du recensement - Unité urbaine 2010 de Marseille - Aix-en-Provence (00759)“. INSEE. Посетено на 30 јули 2014.
- ↑ „Séries historiques des résultats du recensement - Aire urbaine 2010 de Marseille - Aix-en-Provence (003)“. INSEE. Посетено на 30 јули 2014.
Надворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Marseille. |
- Марсеј - средоземен главен град Архивирано на 9 ноември 2013 г. (англиски)
- Официјална страница за европска престолнина 2013 (француски)
- Туристичка страница
- Дневни тури низ Марсеј