Википедија:Избрана статија/2018/23
Човечки папиломен вирус (HPV, од анг. human papillomavirus) — папиломен вирус, кој ја инфицира кожата и слузните ципи кај луѓето. Многу е поопасен за жени, отколку за мажи. Идентификувани се околу 130 типови HPV. Некои типови на HPV предизвикуваат појава на брадавици (verrucae), некои предизвикуваат рак, а некои немаат никакви симптоми. Повеќето луѓе, кои се заразени од HPV, не знаат дека го имаат вирусот.
Околу 30-40 типови на HPV, вообичаено се пренесуваат преку сексуален контакт и го заразуваат аногениталниот дел. Некои полово преносливи типови на HPV можат да предизвикаат генитални брадавици. Долготрајна инфекција со „високоризични“ типови на HPV, кои се поинакви од оние што предизвикуваат брадавици, можат да напредуваат до предканцерозни лезии и инвазивен карцином. Заразеноста со HPV е причина за речиси сите случаи на рак на грлото на матката. Меѓутоа, повеќето од овие типови, не предизвикуваат болест.
За да се откријат измени на ткивото се зема цервикален Папаниколау тест. Ова овозможува прецизно хируршко отстранување на кондиломатозните и/или потенцијално предканцерогенозните ранички, пред да дојде до развивање на агресивниот рак на грлото на матката. Иако проширеноста на Пап-тестирањето ја намали зачестеноста и фаталноста на ракот на грлото на матката во развиените држави, оваа болест сепак убива неколку стотици илјади жени годишно, низ целиот свет. HPV- вакцините, гардасил и церварикс, кои спречуваат заразување со некои од полово преносливите типови на HPV што се воедно и најзастапени, може да водат кон намалување на бројот на канцери предизвикани од HPV. (Дознајте повеќе...)