Поштенска марка е начин на евидентирање на претплатата за поштенските услуги. Обично, тоа е мал книжен правоаголник залепен на коверт за писмо. Поштенската марка потврдува дека праќачот на писмото во потполност или делумно ја платил цената на поштенската услуга. Користењето на поштенски марки е најраширениот начин на плаќање за поштенските услуги.

Првата македонска поштенска марка
Колекција од поштенски марки

Обликот на поштенските марки е правоаголен. Сепак, постојат и триаголни и петоаголни марки. Сиера Леоне и Того издадоа поштенски марки во облик на овошки. Бутан издаде поштенска марка која претставуваше грамофонска плоча на која е снимена националната химна. Покрај на хартија, марките се издаваат и на фолија. САД издадоа една пластична поштенска марка, а во Холандија издавани се марки на сребрена фолија.

Историја

уреди

Џејмс Чалмерс од Велика Британија е првиот кој во 1834 дошол на идејата за развојот на поштенските марки. Слична замисла имал и Ловренц Кошир (Словенец), поштенски службеник од Австрија во 1835, но неговата идеја не е имала добар прием. Во Франција, сопственикот на една мала пошта, De Valayer, во 1653 година на своите муштерии им нудел мали парченца хартија на кои било испишано “потврда за платен транспорт”. Подоцна концептот на самолепливи поштенски марки го објавил Роуленд Хил во текстот (Поштенска реформа: значење и практичност)' (Postal Reform: its Importance and Practibility) од 1837 година. Во овој текст се тврди дека е подобро праќачот да го плаќа преносот на поштенската пратка. Исто така, тој се залагал за воведување на единствена тарифа 1 пени за било кое писмо, без разлика каде се праќа. Идеите на Чалмер биле прифатени во британскиот Парламент во 1839. На 6 мај наредната година е издадена првата поштенска марка Црно пени на која се наоѓал ликот на кралицата Викторија.

Поштенската маркакако тема во уметноста

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.