Класични велосипедски трки

Класични велосипедски трки се еднодневни професионални велосипедски друмски трки во меѓународниот календар. Повеќето од трките, сите се возат во западна Европа, се наоѓаат на професионалниот календар со децении, а најстарата потекнува од 19 век. Тие обично се одржуваат во исто време секоја година. Во последните неколку години, петте најпознати трки понекогаш се опишуваат како „монументални“.

Том Бонен (лево) и Филипо Поцато (десно) на Трката околу Фландрија 2012, една од класичните велосипедски трки.

Во сезоните 2005-2007, класиците создале дел од UCI ProTour, водена од Меѓународниот велосипедистички сојуз. Оваа серија на трки исто така вклучувала различни етапни трки, како што се Тур де Франс, Џиро д’Италија, Вуелта а Еспања, Париз-Ница и Критериум ду Дофине Либере и различни некласични еднодневни настани. ProTour бил заменет со серијата Светски друмски куп UCI, кој содржел само еднодневни трки. Многу од класиците и сите Гранд Тур не биле дел од ProTour во сезоната 2008, поради спорот помеѓу UCI и ASO, која го организира Тур де Франс и неколку други големи трки.

Класици

уреди

Професионални трки најчесто сметани како класици од страна на Меѓународниот велосипедистички сојуз:

Пролетни

уреди

Заедно, Милано-Санремо, калдрмисаните и арденските класици ги создаваат „пролетните класици“, сите одржувани во март и април.

  •   Страде Бјанке – трка која вклучува делови со чакал. И покрај својата кратка историја, Страде Бјанке брзо стекнал углед и престиж.
  •   Милано-Санремо – првиот вистински класик во годината, нејзиното италијанско име е La Primavera (Пролет), оваа трка обично се одржува на крајот на март. Првпат возена во 1907 година.

Калдрмисани класици

уреди
  •   Е3 Харелбеке – првиот од „пролетните класици“ во Фландрија, првпат одржана во 1958 година.
  •   Гент-Вевелгем – првпат возена во 1934 година, во поново време возена во недела помеѓу Милано-Санремо и Трката околу Фландрија.
  •   Трка околу Фландрија – обично се одржува во почетокот на април. Првпат одржана во 1913 година.
  •   Париз-Рубе – La Reine („Кралица на класиците“) или l'Enfer du Nord („Пекол на Северот“) е традиционално една недела по Трката околу Фландрија и првпат била возена во 1896 година.

Арденски класици

уреди
  •   Амстел Голд Рејс – обично се одржува во средината на април. Првпат возена во 1966 година и е една од трите „арденски класици“.
  •   Флеш Валон – првпат возена во 1936 година, Walloon Arrow традиционално се одржува во средината на неделата помеѓу Амстел Голд и Лиеж-Бастон-Лиеж. Втор „арденски класик“.
  •   Лиеж-Бастон-Лиеж – на крајот од април. La Doyenne, најстариот класик, првпат бил одржан во 1892. Таа е трет „арденски класик“.

Летни класици

уреди

Летните класици се одржуваат од јули до септември.

Есенски класици

уреди

Есенските класици се одржуваат од септември до ноември.

  •    Париз-Брисел – првпат одржана во 1893 година, од 2013 година преименуван како Бриселски велосипедски класик и се вози единствено во Белгија
  •   Гран при де Фурмје – одржувана од 1928 година во северниот дел на Франција
  •   Париз-Тур – позната како „Спринтерски класик“, првпат возена во 1896 година
  •   Тритико ди Аутуно – три италијански трки во неделата по Светското првенство кон крајот на септември:
    • Милано-Торино – првпат возена во 1876 година, трката имала проблеми со одржливост поради финансии, но се вратила во календарот на UCI во 2012 година.
    • Џиро дел Пиемонт – првпат возена во 1906 година
    • Џиро ди Ломбардија – исто така позната како „Трка на паѓачките листови“, првпат одржана во 1905 година како Милано-Милано. Сметана за најголем есенски класик.
  •   Џиро дел’Емилија – една недела по Џиро ди Ломбардија, еден од најтешките класици во календарот, со познатиот круг Сан Лука.
  •   Јапонски куп – одржувана од 1992 година, на крајот на октомври.

Отворачи на сезоната

уреди

Првите трки во сезоната вообичаено не се сметаат како другите класици, но добиваат внимание поради нивната поставеност рано во сезоната, вообичаено во февруари.

Минати класици

уреди

Некои класици престанале често поради финансиски проблеми.[1] Тука влегуваат:

  •   Париз-Брест-Париз – извонредно долга трка (околу 1.200 км), одржувана на секои 10 години од 1891 до 1951 година како професионална трка
  •   Бордо-Париз – истоштувачки 560 км, делумно темпо со мотор, одржувана од 1891 до 1988 година
  •   Класик Винкантон – одржувана од 1989 до 1997 година, најважна британска трка во 1990-тите
  •   Порто-Лисабон – одржувана од 1911 до 2004 година (најдолг еднодневен класик од 1989 додека не била откажана)
  •   Цири-Мецгете – исто позната како Циришко првенство, одржувана од 1914 до 2006 година; во својот најдобар период, сметана како шестиот монумент
  •   Џиро дел Лацио – одржувана од 1933 до 2008 година (трката кратко се вратила во 2013 и во 2014 година како „Рома Максима“)[2]
  •   Џиро дела Ромања – одржувана од 1911 до 2011 година (трката се споила со Меморијал Марко Пантани во 2013 година, бидејќи обете биле одржувани во Емилија-Ромања)[3]

Монументи

уреди

Петте монументални трки во велосипедизмот генерално се сметаат дека се најстари и најпрестижни еднодневни трки на календарот.[4][5][6] Секој од нив има долга историја и специфични поединости.

  •   Милано-Санремо – првиот вистински класик во годината, неговото италијанско име е „Пролет“ (La Primavera), бидејќи се одржува кон крајот на март. Првпат одржана во 1907 година, сметана како спринтерски класик. Трката е особено долга (околу 300 км), главно долж лигурскиот брег, што им дозволува на спринтерите да учествуваат.
  •   Трка околу Фландрија – првиот од калдрмисаните класици, се вози секоја прва недела во април. Првпат била одржана во 1913 година, што ја прави најнова од петте монументи. Позната е по тесните кратки брда на Фламанските Ардени, особено стрмно и со калдрма, рутата ги принудува најдобрите возење постојано да се борат за простор на чело на групата. Патеката малку се менува секоја година: од 2017 година трката започнува во Антверпен, а од 2012 завршѕва во Ауденарде.
  •   Париз-Рубе – Кралица на класиците или „Пекол на Северот“ (l'Enfer du Nord) традиционално се вози една недела по Трката околу Фландрија е последна од трките со калдрма. Првпат била организирана во 1896 година. Нејзини одлучувачки делови се многуте долги делови со калдрма, што ја прави една од најнепријатните еднодневни трки. Трката завршува на иконскиот велодром во Рубе. На крајот на трката, возачите обично се покриени со кал и прашина што се смета за најбруталните тестови на психичка и физичка издржливост во велосипедизмот.
  •   Лиеж-Бастоњ-Лиеж – се одржува кон крајот на април. „Ла Дојен“ (La Doyenne), најстариот класик, е последниот од арденските класици и обично последна од пролетните трки. Била првпат организирана во 1892 година како аматерска трка; професионалното издание следело во 1894 година. Претставува долга и макотрпна трка позната по своито стрмни ридови на Ардените и завршницата на нагорнина во индустриските предградија на Лиеж.
  •   Џиро ди Ломбардија – Есенски класик или Трка на паѓачките лисја, се одржува во октомври или крајот на септември. Првично организирана како Милано-Милано во 1905 година, била наречена Џиро ди Ломбардија во 1907 година. Позната е по својата ридска и променлива рута околу езерото Комо со рамна завршница во Бергамо. Од 2012 година има нова дата на одржување на крајот на септември, една недела по Светското првенство. Често е освојувана од искачувачи со силна спринтерска завршница.

Најмногу победи

уреди

Само три возачи ги имаат освоено сите пет монументални еднодневни трки во текот на нивните кариери: Роже де Влеминк, Рик ван Лој и Еди Меркс, сите тројца Белгијци. Со победи на сите други монументи, Шон Кели скоро ќе се придружел на оваа група, завршувајќи втор на Трката околу Фландрија на три наврати (1984, 1986 и 1987). Холандскиот возач Хени Кајпер го освоил секој монумент, освен Лиеж-Бастон-Лиеж, во кој завршил втор во 1980. Белгискиот возач Фред де Брујн исто така бил близу, завршувајќи втор на Џиро ди Ломбардија во 1955 и победувајќи на сите други четири трки во текот на неговата кариера.

Велосипедисти кои победиле на повеќе од два „монумента“
Место Велосипедист Националност Прва
победа
Последна
победа
М-С ТоФ П-Р Л-Б-Л ЏдЛ Вкупно
1 Меркс, ЕдиЕди Меркс   Белгија 1966 1976 7 2 3 5 2 19
2 Де Влеминк, РожеРоже Де Влеминк   Белгија 1970 1979 3 1 4 1 2 11
3 Џирарденго, КостантеКостанте Џирарденго   Италија 1918 1928 6 3 9
Копи, ФаустоФаусто Копи   Италија 1946 1954 3 1 5 9
Кели, ШонШон Кели   Ирска 1983 1992 2 2 2 3 9
6 ван Лој, РикРик ван Лој   Белгија 1958 1965 1 2 3 1 1 8
7 Бартали, ЏиноЏино Бартали   Италија 1939 1950 4 3 7
Бонен, ТомТом Бонен   Белгија 2005 2012 3 4 7
Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара   Швајцарија 2006 2014 1 3 3 7
10 Пелисје, АнриАнри Пелисје   Франција 1911 1921 1 2 3 6
Бинда, АлфредоАлфредо Бинда   Италија 1925 1931 2 4 6
де Брујн, ФредФред де Брујн   Белгија 1956 1959 1 1 1 3 6
Мозер, ФранческоФранческо Мозер   Италија 1975 1984 1 3 2 6
Аргентин, МореноМорено Аргентин   Италија 1985 1991 1 4 1 6
Музеув, ЈоханЈохан Музеув   Белгија 1993 2002 3 3 6
16 Белони, ГаетаноГаетано Белони   Италија 1915 1928 2 3 5
ван Стенберген, РикРик ван Стенберген   Белгија 1944 1954 1 2 2 5
Ино, БернарБернар Ино   Франција 1977 1984 1 2 2 5
Бартоли, МикелеМикеле Бартоли   Италија 1996 2003 1 2 2 5
Бетини, ПаолоПаоло Бетини   Италија 2000 2006 1 2 2 5
21 Ребри, ГастонГастон Ребри   Белгија 1931 1935 1 3 4
Шеперс, АлфонсАлфонс Шеперс   Белгија 1931 1935 1 3 4
Бобе, ЛујонЛујон Бобе   Франција 1951 1956 1 1 1 1 4
Дерике, ЏерменЏермен Дерике   Белгија 1953 1958 1 1 1 1 4
Џимонди, ФеличеФеличе Џимонди   Италија 1966 1974 1 1 2 4
Годефрот, ВалтерВалтер Годефрот   Белгија 1967 1978 2 1 1 4
Кипер, ХениХени Кипер   Холандија 1981 1985 1 1 1 1 4
Рас, ЈанЈан Рас   Холандија 1977 1983 1 2 1 4
Цабел, ЕрикЕрик Цабел   Германија 1997 2001 4 4
Валверде, АлехандроАлехандро Валверде   Шпанија 2006 2017 4 4
Жилбер, ФилипФилип Жилбер   Белгија 2009 2017 1 1 2 4
32
Уа, ЛеонЛеон Уа   Белгија 1892 1894 3 3
Лапиз, ОктавОктав Лапиз   Франција 1909 1911 3 3
Вермандел, РенеРене Вермандел   Белгија 1921 1924 1 2 3
Брунеро, ЏованиЏовани Брунеро   Италија 1922 1924 1 2 3
Гејселс, РоменРомен Гејселс   Белгија 1931 1932 2 1 3
Бујс, АхилАхил Бујс   Белгија 1940 1943 3 3
Мањи, ФјоренцоФјоренцо Мањи   Италија 1949 1951 3 3
де Ро, ЈоЈо де Ро   Холандија 1962 1965 1 2 3
Демс, ЕмилЕмил Демс   Белгија 1960 1963 1 1 1 3
Симпсон, ТомТом Симпсон   Обединето Кралство 1961 1965 1 1 1 3
Леман, ЕрикЕрик Леман   Белгија 1970 1973 3 3
Чмил, АндрејАндреј Чмил   Молдавија/  Белгија 1994 2000 1 1 1 3
Тафи, АндреаАндреа Тафи   Италија 1996 2002 1 1 1 3
ван Петегем, ПетерПетер ван Петегем   Белгија 1999 2003 2 1 3
Фреир, ОскарОскар Фреир   Шпанија 2004 2010 3 3
Кунего, ДамијаноДамијано Кунего   Италија 2004 2008 3 3
  • Возачите означени со сино се сè уште активни. Бројот на победи означени со златна боја го означуваат моменталниот носител на рекорд.

Список на победници

уреди
Година Милано-Санремо Трка околу Фландрија Париз-Рубе Лиеж-Бастоњ-Лиеж Џиро ди Ломбардија
1892 не се одржала не се одржала не се одржала   Леон Уа (БЕЛ) (1/3) не се одржала
1893   Леон Уа (БЕЛ) (2/3)
1894   Леон Уа (БЕЛ) (3/3)
1895 не се одржала
1896   Јозеф Фишер (ГЕР)
1897   Морис Гарен (ИТА) (1/2)
1898   Морис Гарен (ИТА) (2/2)
1899   Албер Шампион (ФРА)
1900   Емил Бухур (ФРА)
1901   Лисјен Лесна (ФРА) (1/2)
1902   Лисјен Лесна (ФРА) (2/2)
1903   Иполит Окутирје (ФРА) (1/2)
1904   Иполит Окутирје (ФРА) (2/2)
1905   Луј Труселје (ФРА)   Џовани Герби (ИТА)
1906   Анри Корне (ФРА)   Џузепе Брамбилја (ИТА)
1907   Лисје Пети-Бретон (ФРА)   Жорж Пасерио (ФРА)   Гистав Гаригу (ФРА) (1/2)
1908   Сирил ван Хауверт (БЕЛ) (1/2)   Сирил ван Хауверт (БЕЛ) (2/2)   Андре Труселје (ФРА)   Франсоа Фабер (ЛУК) (1/2)
1909   Лујџи Гана (ИТА)   Октав Лапиз (ФРА) (1/3)   Виктор Фастре (БЕЛ)   Џовани Куниоло (ИТА)
1910   Ожен Кристоф (ФРА)   Октав Лапиз (ФРА) (2/3) не се одржала   Џовани Микелото (ИТА)
1911   Гистав Гаригу (ФРА) (2/2)   Октав Лапиз (ФРА) (3/3)   Јозеф ван Деле (БЕЛ)   Анри Пелисје (ФРА) (1/6)
1912   Анри Пелисје (ФРА) (2/6)   Шарл Крупелант (ФРА) (1/2)   Омер Версхоре (БЕЛ)   Карло Оријани (ИТА)
1913   Одил Дефраје (БЕЛ)   Пол Деман (БЕЛ) (1/2)   Франсоа Фабер (ЛУК) (2/2)   Мауриц Мориц (БЕЛ)   Анри Пелисје (ФРА) (3/6)
1914   Уго Агостони (ИТА)   Марсел Бујсе (БЕЛ)   Шарл Крупелант (ФРА) (2/2) не се одржала   Лауро Бордин (ИТА)
1915   Ецио Корлаита (ИТА) не се одржала не се одржала   Гаетано Белони (ИТА) (1/5)
1916 не се одржала   Леополдо Торичели (ИТА)
1917   Гаетано Белони (ИТА) (2/5)   Филип Тис (БЕЛ)
1918   Костанте Џирарденго (ИТА) (1/9)   Гаетано Белони (ИТА) (3/5)
1919   Анџело Гремо (ИТА)   Анри ван Лерберге (БЕЛ)   Анри Пелисје (ФРА) (4/6)   Леон Девос (БЕЛ) (1/2)   Костанте Џирарденго (ИТА) (2/9)
1920   Гаетано Белони (ИТА) (4/5)   Жил ван Хевел (БЕЛ) (1/2)   Пол Деман (БЕЛ) (2/2)   Леон Шиер (БЕЛ)   Анри Пелисје (ФРА) (5/6)
1921   Костанте Џирарденго (ИТА) (3/9)   Рене Вермандел (БЕЛ) (1/3)   Анри Пелисје (ФРА) (6/6)   Луј Мотијат (БЕЛ) (1/2)   Костанте Џирарденго (ИТА) (4/9)
1922   Џовани Брунеро (ИТА) (1/3)   Леон Девос (БЕЛ) (2/2)   Алберт Дејонг (БЕЛ)   Луј Мотијат (БЕЛ) (2/2)   Костанте Џирарденго (ИТА) (5/9)
1923   Костанте Џирарденго (ИТА) (6/9)   Хајри Зутер (ШВА) (1/2)   Хајри Зутер (ШВА) (2/2)   Рене Вермандел (БЕЛ) (2/3)   Џовани Брунеро (ИТА) (2/3)
1924   Пјетро Линари (ИТА)   Жерар Дебетс (БЕЛ) (1/2)   Жил ван Хевел (БЕЛ) (2/2)   Рене Вермандел (БЕЛ) (3/3)   Џовани Брунеро (ИТА) (3/3)
1925   Костанте Џирарденго (ИТА) (7/9)   Жилиен Делбек (БЕЛ) (1/2)   Феликс Селје (БЕЛ)   Жорж Ронсе (БЕЛ) (1/2)   Алфредо Бинда (ИТА) (1/6)
1926   Костанте Џирарденго (ИТА) (8/9)   Денис Верширен (БЕЛ)   Жилиен Делбек (БЕЛ) (2/2)   Диодоне Сметс (БЕЛ)   Алфредо Бинда (ИТА) (2/6)
1927   Пјетро Кеси (ИТА)   Жерар Дебетс (БЕЛ) (2/2)   Жорж Ронсе (БЕЛ) (2/2)   Морис Рес (БЕЛ)   Алфредо Бинда (ИТА) (3/6)
1928   Костанте Џирарденго (ИТА) (9/9)   Јан Мертенс (БЕЛ)   Андре Ледик (ФРА)   Ернест Мотард (БЕЛ)   Гаетано Белони (ИТА) (5/5)
1929   Алфредо Бинда (ИТА) (4/6)   Џеф Дервес (БЕЛ)   Шарл Менје (БЕЛ)   Алфонс Схеперс (БЕЛ) (1/4)   Пјеро Фосати (ИТА)
1930   Микеле Мара (ИТА) (1/2)   Франс Бондуел (БЕЛ)   Жилиен Вервеке (БЕЛ)   Херман Бузе (ГЕР)   Микеле Мара (ИТА) (2/2)
1931   Алфредо Бинда (ИТА) (5/6)   Ромен Гејселс (БЕЛ) (1/3)   Гастон Ребри (БЕЛ) (1/4)   Алфонс Схеперс (БЕЛ) (2/4)   Алфредо Бинда (ИТА) (6/6)
1932   Алфредо Бове (ИТА)   Ромен Гејселс (БЕЛ) (2/3)   Ромен Гејселс (БЕЛ) (3/3)   Марсел Хују (БЕЛ)   Антонио Негрини (ИТА)
1933   Леарко Гера (ИТА) (1/2)   Алфонс Схеперс (БЕЛ) (3/4)   Силвер Мес (БЕЛ)   Франсоа Гардје (БЕЛ)   Доменико Пјемонтези (ИТА)
1934   Џеф Демијсер (БЕЛ)   Гастон Ребри (БЕЛ) (2/4)   Гастон Ребри (БЕЛ) (3/4)   Тео Херкенрат (БЕЛ)   Леарко Гера (ИТА) (2/2)
1935   Џузепе Олмо (ИТА) (1/2)   Луј Дуерло (БЕЛ)   Гастон Ребри (БЕЛ) (4/4)   Алфонс Схеперс (БЕЛ) (4/4)   Енрико Моло (ИТА)
1936   Анџело Варето (ИТА)   Луј Ардикест (БЕЛ)   Жорж Спешер (ФРА)   Албер Бекерт (БЕЛ)   Џино Бартали (ИТА) (1/7)
1937   Чезаре дел Канча (ИТА)   Мишел д’Оге (БЕЛ)   Жил Роси (ИТА)   Елој Меленберг (БЕЛ)   Алдо Бини (ИТА) (1/2)
1938   Џузепе Олмо (ИТА) (2/2)   Едгард де Калуве (БЕЛ)   Лисјен Сторме (БЕЛ)   Алфонс Делор (БЕЛ)   Чино Чинели (ИТА) (1/2)
1939   Џино Бартали (ИТА) (2/7)   Карел Керс (БЕЛ)   Емил Масон Помладиот (БЕЛ)   Албер Ритсервелт (БЕЛ)   Џино Бартали (ИТА) (3/7)
1940   Џино Бартали (ИТА) (4/7)   Акил Бујсе (БЕЛ) (1/3) не се одржала не се одржала   Џино Бартали (ИТА) (5/7)
1941   Пјерино Фавали (ИТА)   Акил Бујсе (БЕЛ) (2/3)   Марио Ричи (ИТА) (1/2)
1942   Адолфо Леони (ИТА)   Брик Схоте (БЕЛ) (1/2)   Алдо Бини (ИТА) (2/2)
1943   Чино Чинели (ИТА) (2/2)   Акил Бујсе (БЕЛ) (3/3)   Марсел Кинт (БЕЛ)   Ришар Депортер (БЕЛ) (1/2) не се одржала
1944 не се одржала   Рик ван Стенберген (БЕЛ) (1/5)   Морис Десимпелере (БЕЛ) не се одржала
1945   Силвен Грисол (БЕЛ)   Пол Маје (ФРА)   Жан Енгелс (БЕЛ)   Марио Ричи (ИТА) (2/2)
1946   Фаусто Копи (ИТА) (1/9)   Рик ван Стенберген (БЕЛ) (2/5)   Жорж Клес (БЕЛ) (1/2)   Проспер Депредом (БЕЛ) (1/2)   Фаусто Копи (ИТА) (2/9)
1947   Џино Бартали (ИТА) (6/7)   Емил Фењерт (БЕЛ)   Жорж Клес (БЕЛ) (2/2)   Ришар Депортер (БЕЛ) (2/2)   Фаусто Копи (ИТА) (3/9)
1948   Фаусто Копи (ИТА) (4/9)   Брик Схоте (БЕЛ) (2/2)   Рик ван Стенберген (БЕЛ) (3/5)   Морис Молен (БЕЛ)   Фаусто Копи (ИТА) (5/9)
1949   Фаусто Копи (ИТА) (6/9)   Фјоренцо Мањи (ИТА) (1/3)   Серсе Копи (ИТА)
  Андре Мае (ФРА)[notes 1]
  Камил Дангијом (ФРА)   Фаусто Копи (ИТА) (7/9)
1950   Џино Бартали (ИТА) (7/7)   Фјоренцо Мањи (ИТА) (2/3)   Фаусто Копи (ИТА) (8/9)   Проспер Депредом (БЕЛ) (2/2)   Ренцо Солдани (ИТА)
1951   Лујон Бобе (ФРА) (1/4)   Фјоренцо Мањи (ИТА) (3/3)   Антонио Бевилаква (ИТА)   Фердинанд Киблер (ШВА) (1/2)   Лујон Бобе (ФРА) (2/4)
1952   Лорето Петручи (ИТА) (1/2)   Роже Декок (БЕЛ)   Рик ван Стенберген (БЕЛ) (4/5)   Фердинанд Киблер (ШВА) (2/2)   Џузепе Минарди (ИТА)
1953   Лорето Петручи (ИТА) (2/2)   Вим ван Ест (ХОЛ)   Жермен Дерејке (БЕЛ) (1/4)   Алојс де Хертог (БЕЛ)   Бруно Ланди (ИТА)
1954   Рик ван Стенберген (БЕЛ) (5/5)   Рајмонд Импанис (БЕЛ) (1/2)   Рајмонд Импанис (БЕЛ) (2/2)   Марсел Ернцер (ЛУК)   Фаусто Копи (ИТА) (9/9)
1955   Жермен Дерејке (БЕЛ) (2/4)   Лујон Бобе (ФРА) (3/4)   Жан Форестје (ФРА) (1/2)   Стан Окерс (БЕЛ)   Клето Мауле (ИТА)
1956   Фред де Брујн (БЕЛ) (1/6)   Жан Форестје (ФРА) (2/2)   Лујон Бобе (ФРА) (4/4)   Фред де Брујн (БЕЛ) (2/6)   Андре Дарижад (ФРА)
1957   Мигел Поблет (ESP) (1/2)   Фред де Брујн (БЕЛ) (3/6)   Фред де Брујн (БЕЛ) (4/6)   Жермен Дерејке (БЕЛ) (3/4)
  Франс Схубен (БЕЛ)[notes 2]
  Диего Ронкини (ИТА)
1958   Рик ван Лој (БЕЛ) (1/8)   Жермен Дерејке (БЕЛ) (4/4)   Леон Ванделе (БЕЛ)   Фред де Брујн (БЕЛ) (5/6)   Нино Дефилипис (ИТА)
1959   Мигел Поблет (ESP) (2/2)   Рик ван Лој (БЕЛ) (2/8)   Ноел Форе (БЕЛ) (1/2)   Фред де Брујн (БЕЛ) (6/6)   Рик ван Лој (БЕЛ) (3/8)
1960   Рене Приват (ФРА)   Артур де Каботер (БЕЛ)   Пино Черами (БЕЛ)   Албертус Гелдерманс (ХОЛ)   Емил Демс (БЕЛ) (1/3)
1961   Рајмонд Пулидор (ФРА)   Том Симпсон (ВБР) (1/3)   Рик ван Лој (БЕЛ) (4/8)   Рик ван Лој (БЕЛ) (5/8)   Вито Таконе (ИТА)
1962   Емил Демс (БЕЛ) (2/3)   Рик ван Лој (БЕЛ) (6/8)   Рик ван Лој (БЕЛ) (7/8)   Џеф Планкерт (БЕЛ)   Јо де Ро (ХОЛ) (1/3)
1963   Жозеф Грусар (ФРА)   Ноел Форе (БЕЛ) (2/2)   Емил Демс (БЕЛ) (3/3)   Франс Мелкенбек (БЕЛ)   Јо де Ро (ХОЛ) (2/3)
1964   Том Симпсон (ВБР) (2/3)   Руди Алтиг (ГЕР) (1/2)   Петер Пост (ХОЛ)   Вили Блоклант (БЕЛ)   Џани Мота (ИТА)
1965   Ари ден Хартог (ХОЛ)   Јо де Ро (ХОЛ) (3/3)   Рик ван Лој (БЕЛ) (8/8)   Кармине Прециози (ИТА)   Том Симпсон (ВБР) (3/3)
1966   Еди Меркс (БЕЛ) (1/19)   Едвард Селс (БЕЛ)   Феличе Џимонди (ИТА) (1/4)   Жак Анкетил (ФРА)   Феличе Џимонди (ИТА) (2/4)
1967   Еди Меркс (БЕЛ) (2/19)   Дино Ѕандегу (ИТА)   Јан Јансен (ХОЛ)   Валтер Годефрот (БЕЛ) (1/4)   Франко Битоси (ИТА) (1/2)
1968   Руди Алтиг (ГЕР) (2/2)   Валтер Годефрот (БЕЛ) (2/4)   Еди Меркс (БЕЛ) (3/19)   Валтер ван Свефелт (БЕЛ)   Херман ван Шпрингел (БЕЛ)
1969   Еди Меркс (БЕЛ) (4/19)   Еди Меркс (БЕЛ) (5/19)   Валтер Годефрот (БЕЛ) (3/4)   Еди Меркс (БЕЛ) (6/19)   Жан Пјер Монсере (БЕЛ)
1970   Микеле Данчели (ИТА)   Ерик Леман (БЕЛ) (1/3)   Еди Меркс (БЕЛ) (7/19)   Роже де Влеминк (БЕЛ) (1/11)   Франко Битоси (ИТА) (2/2)
1971   Еди Меркс (БЕЛ) (8/19)   Еверт Долман (ХОЛ)   Роже Росје (БЕЛ)   Еди Меркс (БЕЛ) (9/19)   Еди Меркс (БЕЛ) (10/19)
1972   Еди Меркс (БЕЛ) (11/19)   Ерик Леман (БЕЛ) (2/3)   Роже де Влеминк (БЕЛ) (2/11)   Еди Меркс (БЕЛ) (12/19)   Еди Меркс (БЕЛ) (13/19)
1973   Роже де Влеминк (БЕЛ) (3/11)   Ерик Леман (БЕЛ) (3/3)   Еди Меркс (БЕЛ) (14/19)   Еди Меркс (БЕЛ) (15/19)   Феличе Џимонди (ИТА) (3/4)
1974   Феличе Џимонди (ИТА) (4/4)   Сес Бал (ХОЛ)   Роже де Влеминк (БЕЛ) (4/11)   Жорж Пинтенс (БЕЛ)   Роже де Влеминк (БЕЛ) (5/11)
1975   Еди Меркс (БЕЛ) (16/19)   Еди Меркс (БЕЛ) (17/19)   Роже де Влеминк (БЕЛ) (6/11)   Еди Меркс (БЕЛ) (18/19)   Франческо Мозер (ИТА) (1/6)
1976   Еди Меркс (БЕЛ) (19/19)   Валтер Планкерт (БЕЛ)   Марк Демејер (БЕЛ)   Јозеф Брујер (БЕЛ) (1/2)   Роже де Влеминк (БЕЛ) (7/11)
1977   Јан Рас (ХОЛ) (1/4)   Роже де Влеминк (БЕЛ) (8/11)   Роже де Влеминк (БЕЛ) (9/11)   Бернар Ино (ФРА) (1/5)   Џанбатиста Баронкели (ИТА) (1/2)
1978   Роже де Влеминк (БЕЛ) (10/11)   Валтер Годефрот (БЕЛ) (4/4)   Франческо Мозер (ИТА) (2/6)   Јозеф Брујер (БЕЛ) (2/2)   Франческо Мозер (ИТА) (3/6)
1979   Роже де Влеминк (БЕЛ) (11/11)   Јан Рас (ХОЛ) (2/4)   Франческо Мозер (ИТА) (4/6)   Дитрих Турау (ГЕР)   Бернар Ино (ФРА) (2/5)
1980   Пјерино Гаваци (ИТА)   Мишел Полентје (БЕЛ)   Франческо Мозер (ИТА) (5/6)   Бернар Ино (ФРА) (3/5)   Фонс де Волф (БЕЛ) (1/2)
1981   Фонс де Волф (БЕЛ) (2/2)   Хени Кајпер (ХОЛ) (1/4)   Бернар Ино (ФРА) (4/5)   Јозеф Фукс (ШВА)   Хени Кајпер (ХОЛ) (2/4)
1982   Марк Гомес (ФРА)   Рене Мартенс (БЕЛ)   Јан Рас (ХОЛ) (3/4)   Силвано Контини (ИТА)   Џузепе Сарони (ИТА) (1/2)
1983   Џузепе Сарони (ИТА) (2/2)   Јан Рас (ХОЛ) (4/4)   Хени Кајпер (ХОЛ) (3/4)   Стевен Рокс (ХОЛ)   Шон Кели (ИРС) (1/9)
1984   Франческо Мозер (ИТА) (6/6)   Јохан Ламертс (ХОЛ)   Шон Кели (ИРС) (2/9)   Шон Кели (ИРС) (3/9)   Бернар Ино (ФРА) (5/5)
1985   Хени Кајпер (ХОЛ) (4/4)   Ерик Вандерерден (БЕЛ) (1/2)   Марк Мадио (ФРА) (1/2)   Морено Аргентин (ИТА) (1/6)   Шон Кели (ИРС) (4/9)
1986   Шон Кели (ИРС) (5/9)   Адри ван дер Пул (ХОЛ) (1/2)   Шон Кели (ИРС) (6/9)   Морено Аргентин (ИТА) (2/6)   Џанбатиста Баронкели (ИТА) (2/2)
1987   Ерих Мехлер (ШВА)   Клод Крикелион (БЕЛ)   Ерик Вандерерден (БЕЛ) (2/2)   Морено Аргентин (ИТА) (3/6)   Морено Аргентин (ИТА) (4/6)
1988   Лорен Фињон (ФРА) (1/2)   Еди Планкерт (БЕЛ) (1/2)   Дирк Демол (БЕЛ)   Адри ван дер Пул (ХОЛ) (2/2)   Шарли Моте (ФРА)
1989   Лорен Фињон (ФРА) (2/2)   Едвиг ван Хојдонк (БЕЛ) (1/2)   Жан Мари Вамперс (БЕЛ)   Шон Кели (ИРС) (7/9)   Тони Ромингер (ШВА) (1/2)
1990   Џани Буњо (ИТА) (1/2)   Морено Аргентин (ИТА) (5/6)   Еди Планкерт (БЕЛ) (2/2)   Ерик ван Ланкер (БЕЛ)   Жил Делион (ФРА)
1991   Клаудио Кјапучи (ИТА)   Едвиг ван Хојдонк (БЕЛ) (2/2)   Марк Мадио (ФРА) (2/2)   Морено Аргентин (ИТА) (6/6)   Шон Кели (ИРС) (8/9)
1992   Шон Кели (ИРС) (9/9)   Жаки Диран (ФРА)   Жилбер Дикло Ласал (ФРА) (1/2)   Дирк де Волф (БЕЛ)   Тони Ромингер (ШВА) (2/2)
1993   Маурицио Фондрист (ИТА)   Јохан Музеув (БЕЛ) (1/6)   Жилбер Дикло Ласал (ФРА) (2/2)   Ролф Серенсен (ДАН) (1/2)   Паскал Ришар (ШВА) (1/2)
1994   Џорџо Фурлан (ИТА)   Џани Буњо (ИТА) (2/2)   Андреј Чмил (МОЛ) (1/3)   Евгениј Берзин (РУС)   Вјачеслав Бобрик (РУС)
1995   Лорен Жалабер (ФРА) (1/2)   Јохан Музеув (БЕЛ) (2/6)   Франко Балерини (ИТА) (1/2)   Мауро Џанети (ШВА)   Џани Фарезин (ИТА)
1996   Габриеле Коломбо (ИТА)   Микеле Бартоли (ИТА) (1/5)   Јохан Музеув (БЕЛ) (3/6)   Паскал Ришар (ШВА) (2/2)   Андреа Тафи (ИТА) (1/3)
1997   Ерик Цабел (ГЕР) (1/4)   Ролф Серенсен (ДАН) (2/2)   Фредерик Жесдон (ФРА)   Микеле Бартоли (ИТА) (2/5)   Лорен Жалабер (ФРА) (2/2)
1998   Ерик Цабел (ГЕР) (2/4)   Јохан Музеув (БЕЛ) (4/6)   Франко Балерини (ИТА) (2/2)   Микеле Бартоли (ИТА) (3/5)   Оскар Каменцинд (ШВА) (1/2)
1999   Андреј Чмил (БЕЛ) (2/3)   Петер ван Петегем (БЕЛ) (1/3)   Андреа Тафи (ИТА) (2/3)   Франк Ванденбрук (БЕЛ)   Мирко Челестино (ИТА)
2000   Ерик Цабел (ГЕР) (3/4)   Андреј Чмил (БЕЛ) (3/3)   Јохан Музеув (БЕЛ) (5/6)   Паоло Бетини (ИТА) (1/5)   Рајмондас Румшас (ЛИТ)
2001   Ерик Цабел (ГЕР) (4/4)   Џанлука Бортолами (ИТА)   Сервес Кнавен (ХОЛ)   Оскар Каменцинд (ШВА) (2/2)   Данило ди Лука (ИТА) (1/2)
2002   Марио Чиполини (ИТА)   Андреа Тафи (ИТА) (3/3)   Јохан Музеув (БЕЛ) (6/6)   Паоло Бетини (ИТА) (2/5)   Микеле Бартоли (ИТА) (4/5)
2003   Паоло Бетини (ИТА) (3/5)   Петер ван Петегем (БЕЛ) (2/3)   Петер ван Петегем (БЕЛ) (3/3)   Тајлер Хамилтон (САД)   Микеле Бартоли (ИТА) (5/5)
2004   Оскар Фреир (ШПА) (1/3)   Штефен Веземан (ГЕР)   Магнус Бекштет (ШВЕ)   Давиде Ребелин (ИТА)   Дамијано Кунего (ИТА) (1/3)
2005   Алесандро Петаки (ИТА)   Том Бонен (БЕЛ) (1/7)   Том Бонен (БЕЛ) (2/7)   Александар Винокуров (КАЗ) (1/2)   Паоло Бетини (ИТА) (4/5)
2006   Филипо Поцато (ИТА)   Том Бонен (БЕЛ) (3/7)   Фабијан Канчелара (ШВА) (1/7)   Алехандро Валверде (ШПА) (1/4)   Паоло Бетини (ИТА) (5/5)
2007   Оскар Фреир (ШПА) (2/3)   Алесандро Балан (ИТА)   Стјуарт О’Грејди (АВС)   Данило ди Лука (ИТА) (2/2)   Дамијано Кунего (ИТА) (2/3)
2008   Фабијан Канчелара (ШВА) (2/7)   Стајн Дефолдер (БЕЛ) (1/2)   Том Бонен (БЕЛ) (4/7)   Алехандро Валверде (ШПА) (2/4)   Дамијано Кунего (ИТА) (3/3)
2009   Марк Кевендиш (ВБР)   Стајн Дефолдер (БЕЛ) (2/2)   Том Бонен (БЕЛ) (5/7)   Енди Шлек (ЛУК)   Филип Жилбер (БЕЛ) (1/4)
2010   Оскар Фреир (ШПА) (3/3)   Фабијан Канчелара (ШВА) (3/7)   Фабијан Канчелара (ШВА) (4/7)   Александар Винокуров (КАЗ) (2/2)   Филип Жилбер (БЕЛ) (2/4)
2011   Метју Гос (АВС)   Ник Нијенс (БЕЛ)   Јохан Вансумерен (БЕЛ)   Филип Жилбер (БЕЛ) (3/4)   Оливер Цауг (ШВА)
2012   Сајмон Геранс (АВС) (1/2)   Том Бонен (БЕЛ) (6/7)   Том Бонен (БЕЛ) (7/7)   Максим Иглински (КАЗ)   Хоаким Родригес (ШПА) (1/2)
2013   Гералд Чолек (ГЕР)   Фабијан Канчелара (ШВА) (5/7)   Фабијан Канчелара (ШВА) (6/7)   Даниел Мартин (ИРС) (1/2)   Хоаким Родригес (ШПА) (2/2)
2014   Александер Кристоф (НОР) (1/2)   Фабијан Канчелара (ШВА) (7/7)   Ники Терпстра (ХОЛ)   Сајмон Геранс (АВС) (2/2)   Даниел Мартин (ИРС) (2/2)
2015   Џон Дегенколб (ГЕР) (1/2)   Александер Кристоф (НОР) (2/2)   Џон Дегенколб (ГЕР) (2/2)   Алехандро Валверде (ШПА) (3/4)   Винченцо Нибали (ИТА) (1/2)
2016   Арно Демар (ФРА)   Петер Саган (СВК)   Метју Хејман (АВС)   Ваут Пулс (ХОЛ)   Естебан Чавес (КОЛ)
2017   Михал Квјатковски (ПОЛ)   Филип Жилбер (БЕЛ) (4/4)   Грег ван Авермат (БЕЛ)   Алехандро Валверде (ШПА) (4/4)   Винченцо Нибали (ИТА) (2/2)

Победници по држави

уреди
Место Држава М-С ТоФ П-Р Л-Б-Л ЏдЛ Вкупно
1   Белгија 20 69 56 59 12 216
2   Италија 50 10 13 12 69 154
3   Франција 13 3 28 5 11 60
4   Холандија 3 9 6 4 3 25
5   Швајцарија 2 4 4 6 5 21
6   Германија 7 2 2 2 0 13
7   Ирска 2 0 2 3 4 11
  Шпанија 5 0 0 4 2 11
9   Австралија 2 0 2 1 0 5
10   Обединето Кралство 2 1 0 0 1 4
  Луксембург 0 0 1 2 1 4
12   Казахстан 0 0 0 3 0 3
13   Данска 0 1 0 1 0 2
  Норвешка 1 1 0 0 0 2
  Русија 0 0 0 1 1 2
16   Колумбија 0 0 0 0 1 1
  Литванија 0 0 0 0 1 1
  Молдавија 0 0 1 0 0 1
  Полска 1 0 0 0 0 1
  Словачка 0 1 0 0 0 1
  Шведска 0 0 1 0 0 1
  САД 0 0 0 1 0 1

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Резултатот во 1949 година дошол по неколку месеци и две меѓународни конференции. Андре Мае дошол прв, но возел по погрешна рута. Мае бил во бегство од тројца кога стигнал на велодромот во Рубе во водство, но бил погрешно насочен од надлежните на трката и влегол во погрешна порта. Мае бил прогласен за победник, но неколку минути подоцна дошле други возачи кои ја користеле вистинската рута и Серсе Копи, брат на познатиот Фаусто, го освоил спринтот. По жалба и неколку месеци подоцна, Серсе Копи бил именуван за заеднички победник со Мае.
  2. Двајцата возачи ја поделиле победата на трката во 1957 година. Жермен Дерејке бил прв на целта, но бидејќи поминал на затворен железнички премин, второпласираниот Франс Схубен, бил прогласен за победник исто така. Дерејке не бил дисквалификуван, бидејќи имал три минути предност; судиите процениле дека не ја добил предност само поради преминот.

Наводи

уреди
  1. „Index des courses disparues“. memoire-du-cyclisme.eu.
  2. „Giro del Lazio is dead, long live Roma Maxima“. Cycling Weekly. 18 февруари 2013.
  3. „Presentato il Memorial Marco Pantani - anche Giro della Romagna“. GS Emilia. 19 мај 2013.
  4. Велосипедска сала на славата: Вовед, 2010, Архивирано од изворникот на 2010-07-26, Посетено на 2010-07-12
  5. Велосипедски монументи, 2010, Посетено на 2010-07-12
  6. „Канчелара сонува за победа на сите пет велосипедски монументи“, CyclingNews.com, 2010, Посетено на 2010-07-12