Метеороид е честичка од меѓупланетарен материјал од времето на создавањето на Сончевиот Систем, различнa по состав и потекло. Голем број од тие честички во Сончевиот Систем се со пречник од десетина (па и стотина) километри до микрочестички (кои носат име микрометеороиди).

Метероиди.

Кога метеороидот ќе биде привлечен од гравитацијата на Земјата кога поминува низ атмосферата се загрева и во случај да нема доволно голема маса таа согорува оставајќи светол зрак. Таа појава ја нарекуваме метеор. Во случај метеороидот да го „преживее“ патот низ атмосферата и падне на Земјата го нарекуваме метеорит. Микрометеоритите, благодарение на нивните ситни димензии, не согоруваат во атмосферата, туку полека паѓаат и се таложат на Земјата во вид на прашина. Зборот метеор потекнува од грчкиот збор „meteoros“ (што значи појава во воздухот).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди