Средна земја
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Средна земја е фиктивен свет во поголемиот дел од книгите на авторот Џ. Р. Р. Толкин. Хобитот и Господарот на прстените целосно се случува во Средната земја, како и Силмарилион и Незавршени приказни. Толкин подготвил неколку мапи од Средна земја и од нејзините региони каде што се случуваат приказните. Некои биле објавени додека бил жив, иако некои од најраните мапи не биле објавени со до неговата смрт. Главните мапи биле објавени во Хобитот, Господарот на прстените, Силмарилион и Незавршени приказни. Најголемиот дел од настаните од Првото доба се случуваат во потконтинетот Белеријанд, кој подоцна бил проголтан од океанот на крајот од Првото доба; Сините планини на десниот крај од мапата на Белеријанд се истите Сини планини што се појавуваат на крајното лево на мапата од Средната земја во Второто и Третото доба. Мапата на Толкин за Средната земја, сепак, покажува само мал дел од светот; повеќето од земјите Рун и Харад не се покажани на мапата, а има и други континенти. Толкин многупати напишал дека Средната земја е сместена на нашата Земја. Ја опишал како имагинарен период од минатото на Земјата, не само во Господарот на прстените, туку и во неколку писма. Крајот на Третото доба го ставил 6 000 години пред неговото време, а Шајрот е всушност северозападна Европа (Хобитон, на пример, е на истата латитуда со Оксфорд), иако во писмата опишува и елементи од приказните како „... секундарна или супкреациона реалност“ или „секундарно верување“. За време на интервју во јануари 1971, кога го прашале дали приказните се случуваат во различна ера, рекол, „Не... во различна фаза од имагинација, да“. Сепак, потврдил дека приказните се од Земја; кога зборувал за Мидгард и за Средната земја, рекол: „О, да, тоа е истиот збор. Повеќето грешат кога мислат дека Средна земја е посебен вид земја или е друга планета како во научна фантастика, но, всушност е само сатромоден збор за овој свет во кој живееме, опкружен од океанот“.
Приказните
уредиПриказните на Толкин ја прикажуваат борбата за контрола на светот (наречен Арда) и на континентот Средна земја: од една страна ангелските Валари, самовилите и нивните сојузници меѓу луѓето; на другата страна демонскиот Мелкор или Моргот (Вала кој преминал на темната страна) и неговите помошници, главно Орки, Змејови и поробени луѓе. Во подоцнежните периоди, по поразот на Моргот и протерувањето од Арда, неговото место го зазема Саурон. Валарите се повлекле од директна вклученост во работите на Средна земја по поразот на Моргот, но, во подоцнежните години ги испратиле волшебниците или Истари за да помогнат во борбата против Саурон. Најважните волшебници се Сивиот Гандалф и Белиот Саруман. Гандалф останал верен на неговата мисија и се покажал како битен во борбата против Саурон. Саруман, сепак, станал расипан и барал да се утврди себеси како соперник на Саурон за апсолутна моќ во Средната земја. Другите раси во борбата против злото се Џуџињата, Ентовите и најпознатите, Хобити. Првите фази од конфликтот се наоѓаат во Силмарилион, додека последните фази од борбата за пораз на Саурон се во Хобитот и Господарот на прстените. Конфликтот за поседувањето и контролирањето на битните или магични објекти е повторувана тема во приказните. Првото доба е доминирано од проколнатата мисија на самовилата Феанор и поголемиот дел од неговиот клан Нолдорин за враќање на три скапоцени камења наречени Силмарили кои Моргот ги украл од нив. Втората и Третото доба се занимаваат со ковањето на Прстените на моќта и со судбината на прстенот направен од Саурон, кој на носителот му дава моќ да ги контролира и да влијае врз другите што ги носат прстените на моќта.
Историски концепти
уредиПотекло на поимот
уредиВо древната германска митологија, зборот луѓе е познат под неколку имиња, како Мидгард, Миденхајм, Манахајм и Миденгерд. [Староанглиски јазик|Староанглискиот збор] middangeard потекнува од прагермански збор и така има когнати во јазиците поврзани со староанглискиот, како старонордискиот збор Miðgarðr од нордиската митологија, на модерен англиски препишан како Midgard. Терминот „Средна земја“, обично употребуван и како „среден свет“, според тоа, не е измислен од Толкин. Се појавува во раниот модерен англиски како развиток на зборот од средниот англиски, middel-erde (Mittelerde, на модерен германски), кој подоцна се развил преку процесот на народна етимологија од middanġeard (каде буквата ġ е меко г, при што се изговара како ј). До периодот на среден англиски, middangeard се пишувало како middellærd, midden-erde, или middel-erde, индицирајќи дека вториот елемент е повторно толкуван, заснован на неговата сличност со зборот „земја“ („earth“). Промената во значењето не е голема, сепак, middangeard правилно означува „средно земјиште“, наместо „средна земја“. Како и да е, middangeard обично е преведувано со „средна земја“ и Толкин го следел тој курс.
Примената од Толкин
уредиЗборот middangeard Толкин го сретнал прво во старо англиски фрагмент што го студирал во 1914: Éala éarendel engla beorhtast / ofer middangeard monnum sended. Еарендел, најсветлиот од ангелите / над средната земја пратен меѓу луѓето.
Овој цитат е од вторите остатоци од поемите Крист од Циневулф. Името Еарендел бил инспирација за морнарот Ерендил на Толкин, кој патувал од Средната земја за да побара помош од ангелските моќи на Валарите. Концептот за middangeard Толкин го сметал како ист со употребата на грчкиот збор οἰκουμένη - oikoumenē (од кој е добиен зборот „игуменски“). Со таа употреба Толкин вели oikoumenē е „живеалиштето на луѓето“, со што мисли дека физичкиот свет е тој во кој човекот го живее својот живот и судбина, спротивно на невидените светови, како Рај и Пекол. „Средна земја не е мој изум. Тоа е модернизација или промена... на стариот збор за ненаселен свет од луѓе, oikoumene: средна затоа што се смета дека е сместена меѓу опкружувачките мориња и (во имагинацијата на северните народи) меѓу мразот на Северот и оганот на Југот. Многу критичари сметаат дека Средна земја е друга планета!“ - Џ. Р. Р. Толкин, Писма, бр. 21 Терминот Средна земја сепак не е употребуван во првите пишувања на Толкин за неговиот создаден свет: приказните кои датираат од раните 20-ти и кои подоцна се објавени во Книгата за загубените приказни (1983-4); ниту пак терминот е употребен во Хобитот (1937). Толкин почнал да го употребува терминот Средна земја подоцна во 1930-тите, наместо веќе употребуваните терминит „Големи предели“, „Надворешни предели“ и „Далечни предели“ што ги употребувал за опишување на овој регион во неговите приказни. Терминот Средна земја се појавува во првите нацрти за Господарот на прстените, а првото појавување на зборот „Средна земја“ во делата на Толкин е во воведот кон тоа дело: „... хобитите, всушност, живееја во мир на Средната земја многу години пред другите да дознаат за нив“.
Употреба и недоразбирања
уредиТерминот Средна земја може да се употреби и како прекар за целата творба на Толкин, наместо посоодветните, но помалку познати термини, Арда, кој упатува на светот на Толкин (вклучувајќи ги и небесните суштества) и Еа, кој упатува на универзумот. Ова се забележува и во насловот на книгите, како Целосен прирачник за Средната земја, Патот до Средната земја, Атласот на Средната земја и особено сериите Историјата на Средната земја, сите тие покриваат области надвор од строгата географска дефиниција за терминот Средна земја. Можно објаснување е дека светот Арда никогаш не се споменува во Господарот на прстените, и сè до издавањето на Силмарилионот во 1977 читателите дознале за светот.
Географија
уредиВо целиот контекст на неговата легенеда, Средната земја на Толкин била дел од неговиот создаден свет наречен Арда (кој ги вклучува и Неумирачките земји на Аман и Ересеа, отстранети од остатокот од физичкиот свет) кој самиот е дел од пошироката творба наречена Еа.
Космологијата на Средната земја
уредиЕден начин да се разбере местото на Средна земја во комплексниот систем на Толкин е да се види целата негова творба како серија од светови во светови. Како што целиот надворешен свет е самиот универзум, наречен Еа од Толкин.Во Еа има многу мистериозни и непознати светови, но настаните во неговите приказни се случуваат во светот наречен Арда. Арда е она што ние го нарекуваме Земја, нарекувана од Толкин како Имбар или Амбар, а сонцето, месечината и ѕвездите се движат околу него. Во Арда се континентите Аман и Средна земја (кој всушност е три или повеќе континенти), одделени еден од друг со големото Море Белегер (аналогно на Атлантскиот Океан). Во неговите приказни Толкин го превел името Средна земја како Ендор и Енор во самовилските јазици Кенја и Синдарин, понекогаш упатувајќи само на континентот во кој се случуваат приказните, со друг јужен континент наречен Мрачна земја. Западниот континент, Аман, е домот на Валарите и на самовилите наречени Елдар. Ненаселен источен континент се спомнува, но не фигурира во приказните. Островот Нуменор се наоѓа во Белегер меѓу Аман и Средната земја, но подоцна е потопен. Во подоцнежните периоди Аман е исто така отстранет од творецот Еру луватар од Арда за да се спречи луѓето да стигнат до него. Во почетокот се претпоставува дека Амбар е „рамен свет“, дека сите негови населени земјишта се наредени на една страна од светот. Скечовите на Толкин покажуваат лице во вид на диск за светот кој гледа кон ѕвездите. Сепак, според тоа во Силмарилионот и Господарот на прстените, кога кралот Нуменор наречен Ар-Фаразон го окупира Аман за да ја зграпчи бесмртноста од Валарите, отстапиле од бранењето на светот и луватар интервенирал, уништувајќи го Нуменор, отстранувајќи го Аман од „круговите на светот“ и повторно обликувајќи го Амбар во денешниот кружен свет. Акалабет вели дека Нуменореанците кои преживеале отпловиле што е можно подалеку на запад во потрага по древен дом, но нивните патувања само ги одвеле околу светот и назад на почетните точки. Оттаму пред крајот на Второто доба, транзицијата од „рамна земја“ во „кружна“ била завршена. Се создале и нови острови, аналогно на Новиот Свет. Неколку години по издавањето на Господарот на прстените, во една белешка поврзана со уникатната нарација „Атрабет Финрод ах Андрет“ (која се вели дека се случува во Белеиранд за време на Војната за скапоцените камења), Толкин ја изедначил Арда со Сончевиот Систем; бидејќи Арда дотогаш се содржела од повеќе од едно небесно тело (Валинор, друга планета и Сонцето и Месечината како посебни објекти, а не како објекти кои кружат околу Земјата).
Почетокот на времето
уредиТолкин напишал дека Средна земја или Ендор оригинално била голема симетрична шема расипана од Мелкор. Различните конфликти со Мелкор (како и поради дејствијата на Валарите во една пригода) резултирало со облиците на земјата која била разобличена. Оригинално, Арда почнал како еден рамен свет, а Валарите создале две светилки за да осветлуваат, Илуин и Ормал. Вала Алуе ги создал двете големи кули, Хелкар најсеверно и Рингил најјужно. Илуин е поставена на Хелкар, а Ормал на Рингил. Во средината, каде што светлата од светилките се соединувале, живееле Валарите на островот Алмарен, во средината на Големото езеро. Кога би се видело од вселена, географијата на Арда е симетрична. Кога Мелкор ги уништил светилките на Валарите, две големи внатрешни мориња (Хелкар и Рингил) и две големи мориња (Белегер и Источното море) биле создадени, но Алмарен и неговото езеро биле уништени. Валарите ја напуштиле Средната земја и заминале кон ново формираниот континент Аман на западот, каде што го создале својот дом наречен Валинор. За да го обесхрабрат Мелкор од напаѓање на Аман, го турнале континентот Средна земја кон истокот, со што го прошириле Белегер и издигнале пет големи планински вериги во Средна Земја, кои биле распоредени релативно симетрично, именувани како Сини, Црвени, Сиви, Жолти планини и Планините на ветрот. Овој чин ја уништил симетријата на обликот на континентите и нивните мориња. Многу векови по утврдувањето на Валинор, Мелкор ги издигнал Маглестите планини за да го спречи напредокот на Вала Ороме кој ги ловел ѕверовите на Мелкор за време на периодот на мрак во Средната земја, пред будењето на самовилите. Се случиле и дополнителни промени кога Валарите го нападнале Утумно, неколку години по будењето на самовилите. Северозападот на Средната земја, главно регионите западно од Сините планини (наречени Белерианд), бил главно „раскршен“. Белегер, морето меѓу Средната земја и Аман се проширил уште повеќе, создавајќи го Заливот на Балар, вкрстувањето на Сирион. Висорамнината Дортонион и планините околу Хитлум биле исто така резултат на битките. Во централниот регион на Средната земја се формирал Голем залив (на Белегер) (претходникот на подоцнежниот Залив на Белфалас). Најјужно Внатрешното море Рингил се проширило и се одделило од најјужниот дел од континентот од главното копно, со што се формирала Мрачната земја (Хјарменор) и Внатрешното море, поврзувајќи ги двата мореуза кои претходно го одделувале Белегер од Источното море.
Прво доба
уредиКако што стои во Силмарилионот, поголемиот дел од настаните во Првото доба се случуваат во земјата Белерианд и нејзините соседни региони. Толкин во Белерианд ги ставил скриените самовилски царства на Доријат, владеени од кралот Тингол, и Гондолин, формирано од Тургон. Исто толку важна е тврдината Нарготронд, подигната од самовилот Финрод Фелагунд. Во Сините планини на истокот се великите сали на џуџињата, Белегост и Ногрод. Белеиранд е поделена на источен и западен дел, од големата река Сирион. Во источен Белерианд е реката Гелион со своите седум притоки, кои го отцртуваат царството на зелените самовили, Осиријанд. Кон северот од Белереианд се наоѓаат регионите Невраст, Хитлум и Дор-ломин, и Железните планини каде е Моргот (Мелкор) и неговата тврдина Ангбанд. Насилните битки за времето на Војната на гневот меѓу Валарите и армиите на Мелкор на крајот од Првото доба довеле до уништување на Ангбанд, и го промениле обликот на Средната земја, така што поголемиот дел од Белерианд исчезнал под морето. Пелори исто така биле подигнати во раното Прво доба, заедно со Маѓепсаните острови, за Валинор да стане непрооден, освен преку оградената Калцирја.
Второто и Третото доба
уредиВо Второто и Третото доба, за кое време Толкин ги става настаните од Акалабет, Хобитот и Господарот на прстените, западните региони на Средна земја се составени од Ериадор, Гондор и Маглестите планини, и долините на големата река Андуин. Ериадор се граничи со Еред Луин, или Сините планини, кон запад, кои се граничат со морето и Сивите пристаништа, наречени и Митлонд. Кон истокот на Ериадор се наоѓаат Маглестите планини, кои се протегаат од далечниот север до Изенгард, домот на волшебникот Саруман, на југот. Маглестите планини ја содржат големата сала Дарвиш на Казад-дум, или Мориа. Во Ериадор оригинално се наоѓа царството Арнор, основано од двајца луѓе кои побегнале од уништувањето на Нуменор. Подоцна се подоцна се поделило на царствата Артедиан, Кардолан и Рудаур. И овие царства одамна се исчезнати пред да се појави Господарот на прстените. Во Ериадор се наоѓа и Шајр, домот на хобитите, и околното населено место Бри. Ривендејл, или Имладрис, домот на полусамовилот Елронд, се наоѓа исто така во Ериадор, близу западната страна на Маглестите планини. Источно од планините се наоѓа земјата наречена Рованион и големата река Андуин. На нејзината западна страна, меѓу Андуин и Маглестите планини се наоѓа самовилското кралство Лотлориен, домот на самовилот Галадриел и шумата на Фангорн, домот на Ентите. На истокот од Андуин се наоѓа големата шума Микрвуд (претходно Гринвуд), а потаму источно се Осамените планини, или Еребор, домот на змејот Смауг, градот Дејл, Дорвинион и Железните ридови. Јужно и исотчно од Маглестите планини е царството Рохан, населено од сојузниците на Гондор, а уште појужно е царството Гондор, основано од луѓето како и Арнор кои избегале од уништувањето на островот Нуменор. Источно од Гондор и опколено од високи планини е Мордор, домот на Саурон во неговата тврдина Барад-дур. Јужно од Гондор се наоѓаат Харад и Канд, и пристаништето Умбар. На далечниот исток зад Рованион е морето Рун, на чија источна страна живеат луѓето Истерлинг. Жителите на сите овие земји традиционално се непријатели на Годнор и се сојузници со Саурон во Господарот на прстените.
Картите од Средна земја
уредиТолкин никогаш не ја завршил географијата за светот поврзан со Хобитот и Господарот на прстените. Во Обликувањето на Средна земја, четврти том од Историјата на Средната земја, Христофер Толкин објавил неколку значајни карти, од оригиналната рамна земја и од кружна земја, која неговиот татко ја направил во подоцнежниот дел на 1930-тите. Карен Вин Фонстад од овие мапи се инспирирала да создаде детална, но неканонизирана, „целосна карта на светот“ рефлектирајќи свет доследен со историските ериоди опишани во Силмарилионот, Хобитот и Господарот на прстените. Мапите подготвени од Христофер Толкин и Џ. Р. Р. Толкин за светот од Толкин Естејт стои на тоа географските мапи на Средна земја или кои било други места од имагинарниот свет создаден од Џ. Р. Р. Толкин се интелектуална сопственост на Џ. Р. Р. Толкин и на неговите наследници. Толкин Естејт поради тоа го има ограничено објавувањето на мапите само на оние овластени од Естејт и правно ги гони сите кои објавуваат мапи на интернет, вклучувајќи ги сопствено нацртаните.
Совпаѓања со географијата на Средна земја
уредиТолкин го опишал регионот во кој хобитите живееле како „северозападно од Стариот Свет, источно од морето“ што индицирало поврзаност со Англија и северозападниот регион на Европа (Стариот Свет). Сепак, како што забележал во личните писма, географијата не се совпаѓала и не пробувал свесно да направи сличности додека пишувал: „Што се однесува до обликот на светот од Третото доба, се плашам дека е ’драматично‘ смислен, наместо геолошки, или палеонтолошки“. „Насочен сум историски сум. Средна земја не е имагинарен свет. Името е модерна форма (што се појавува во 13. век) од midden-erd>middel-erd, древно име за oikoumene, живеалиштето на луѓето, објективно реалниот свет, во употреба спротивставен на имагинарните светови (како што се тие од бајките) или невидените светови (како Рајот и Пеколот). Сцената на мојата приказна е оваа земја, онаа во која сега живееме, но историскиот период е имагинарен. Суштините на тоа живеалиште се таму (за жителите на северозападна Европа), така, природно е да се чувствува како слично, дури и ако е малку глорифицирано“. (Писма, бр. 183). „...ако беше ’историја‘, ќе беше тешко да се приспособат земјите и настаните (или ’културите‘) во таквите доказ какви што ги имаме, археолошки или геолошки, во врска со поблискиот или подалечниот дел од она што сега се нарекува Европа; иако Шајрот, на пример, точно пишува дека е во овој регион... јас се надевам дека евидентно долгиот но недифиниран јаз во времето меѓу падот на Барад-дур и на нашето време е доволен за ’литературен кредибилитет‘, дури и ако читателите се запознаат со она што е познато како ’праисторија‘. Јас конструирав, претпоставувам, едно имагинарновреме, но се задржав во мојата татковина. Го претпочитам модусот на трагање по далечни небесни тела во ’вселената‘. Колку и да се интересни, тие се сепак туѓи и несимпатични за луѓето...“ (Писма, бр. 211). Во едно друго писмо разговара за латитудата, не за равенки, меѓу Европа и Средна земја: „Дејствието на приказната се случува на северозападот од ’Средна земја‘, еквивалентно на латитудата со крајбрежјата на Европа и северните брегови на Медитеранот. ...Ако се земат Хобитон и Ривендејл (како што е намерено) да бидат на истата латитуда со Оксфорд, тогаш Минас Тирит, 600 милји јужно, е околу латитудата на Фиренца. Устието на Андуин и древниот град Пеларгир се на слична латитуда со древната Троја“.
Сепак, има потврдено дека Шајрот, земјата на хероите-хобити, е заснован на Англија: „Шајрот е заснован на рурална Англија, и на ниедна друга земја во светот...“
Во воведот на Господарот на прстените, Толкин пишува: „Тие денови, Третото доба на Средна земја, е сега одамна во минатото, а обликот на сите земји е изменет...“
Историја
уредиВо Силмарилионот, историјата на Арда е поделена на четири големи периоди, познати како Аинулиндале, Годините на светилките, Годините на дрвјата (Валијанските години) и Годините на сонцето. Историјата на Средна земја почнува со Првото доба и со будењето на самовилите за време на Годините на дрвјата – пред тоа е познато само како Почетокот на деновите. За време на Првото доба, будењето на луѓето коинцидира со првото појавување на сонцето и почетокот на Годините на сонцето, коишто траат од Првото доба, низ Второто сè до Третото, Четвртото и денес.
Аинулиндале
уредиВо универзумот на Толкин, Господ е наречен Еру Илуватар. Толкин создал космологија во која настанокот на светот е музички: во почетокот, Илуватар ги создал духовите наречени Аинур и ги научил да прават музика. Откако Аинур станале вешти во тоа, Илуватар им наредил да прават велика музика заснована на темата на неговиот дизајн. Најмоќниот Аину, Мелкор (подоцна наречен Моргот или „Мрачниот непријател“ од страна на самовилите) ја нарушил темата. Како одговор на тоа, Илуватар вовел нови теми кои ја подобриле музиката подалеку од сфаќањата на Аинур. Основата на творбата на Толкин е дека деловите од песните, и конфликтите во темите меѓу Мелкор и Илуватар, ги расеале семињата на големиот дел од историјата на сè уште несоздадениот универзум и луѓето кои треба да живеат таму. Тогаш Илуватар ја стопирал музиката и го открил нејзиното значење пред Аинур преку визија. Трогнати, голем број од Аинур почувствувале силен нагон директно да ги искусат нејзините настани. Илуватар така го создал Еа, самиот универзум, а некои од Аинур заминале во него за да го искусат. Но, по пристигнувањето во Еа, Аинур откриле дека тој е без облик бидејќи влегле во почетокот на времето.
Почетокот на деновите
уредиСо времето, сепак, Аинур ја формирале Арда, идното живеалиште на Децата на Илуватар: самовилите и луѓето. И Мелкор и неговите следбеници влегле во Еа, и расипувале сè што другите го правеле. Петнаесетте најмоќни Аинурци се наречени Валари; Мелкор е најмоќниот, но Манве е водачот. Секој од Валарите е привлечен од одреден аспект од светот кој станал фокусот на нивните моќи. Мелкор е привлекуван кон ужасни екстреми и насилство – мраз ладното, изгор топлото, земјотреси, уништувања, кршења, тотален мрак итн. Неговата моќ била толку силна што првиот Валар не можел да го заузда, сè до пред влегувањето на Вала Тулкас во Еа. Истеран од Тулкас, Мелкор живеел во темнината на границите од Арда. Валарците се сместиле во Арда за да го надгледуваат и да помогнат околу подготовката на будењето на децата. Годините на светилките почнала веднаш откако Валар завршиле со обликувањето на Арда. Арда е започната како рамен свет, а Валар создале две светилки да го осветлуваат, Илуин и Ормал. Валар живее на островот Алмарен во средината, каде светлата од светилките се спојуваат. Овој период, познат како Изворот на Арда, бил време кога Валарите го наредиле светот каков што посакувале да биде и каков што бил на Алмарен, а Мелкор демнеел позади Ѕидовите на ноќта. За тоа време прво се појавиле животните, а шумите почнале да растат. Изворот бил прекинат кога Мелкор се вратил во Арда и комплетно завршил кога ги уништил Светилките на Валарите. Уништувањето на светилките од страна на Мелкор било означено како крајот на Годините на светилките. Годините на дрвјата почнале по уништувањето на двете светилки од страна на Мелкор, кога Валарите се повлекле кон крајните западни региони на Арда, каде Вала Јавана ги направил Двете дрва, именувани како Телперион и Лаурелин, за да ја осветли новата татковина Валинор во Аман. Дрвата го осветлувале Аман, оставајќи го остатокот од Арда (што сега е Средна земја) во темнина, осветлена само од ѕвездите.
Првото доба
уредиПрвото доба од историјата на Толкин за Средната земја почнува кога самовилите се будат покрај езерото Куивиенен на истокот од Ендор (Средна земја). На самовилите веднаш им пристапиле Валарите, кои побарале да дојдат во Аман да живеат со нив. Голем број од самовилите биле убедени да го направат големото патување западно кон Аман, но не го завршиле сите. Валарите биле затворени од Мелкор, но побарал покајание и бил пуштен условно. Расеал голем хаос меѓу самовилите и го разгорел соперништвото меѓу самовилските принцови Феанор и Финголфин. Потоа го заклал нивниот татко, кралот Финве, го уништил Двете дрва со помош на пајакот Унголијант и ги украл Силмарилите, три извонредни скапоцени камења направени од Феанор кои ја содржеле светлината од Двете дрва, од сефот на нивниот создавач. Феанор ги убедил повеќето од неговите луѓе, Нолдорите, да го напуштат Аман во потрага по Мелкор до Белерианд, проколнувајќи го со името Моргот, „Црн непријател“. Тој и неговите синови се заколнале дека ќе ги вратат Силмарилите по секоја цена. Феанор ги водел првите две групи Нолдори. Втората и поголема група била водена од Финголфин. Нолдорите застанале кај пристанишниот град Телери, Алкалонд, но Телерите одбиле да им дадат бродови за да одат до Средна земја. Првото Братоубивање се случило кога Феанор и голем дел од неговите следбеници ги нападнале Телерите и им ги украле бродовите. Потоа отпловиле со украдените бродови и го оставиле Финголфин и неговите. Втората група немала многу избор, туку само да ја премине Средна земја низ смртоносните Хелкаракс (или „Убиствениот мраз“) на северот. Последователно Феанор бил убиен, но голем дел од неговите синови преживеале и основале царства, како што направил Финголфин и неговите наследници. Во меѓувреме Валарите ги зеле последните два плода од Двете дрва и ги употребиле за да ја создадат месечината и сонцето, кои останале дел од Арда, но биле одделени од Амбар (земниот свет). Годината на сонцето почнала кога Валарите го создале сонцето и кога тоа се издигнало над Амбар, и од тогаш времето во Првото доба се брои од датата на неговото издигнување. По неколку големи битки, следел Големиот мир кој траел четиристотини години, за чие време првит човек, Едаин, влегол во Белерианд преминувајќи преку Сините планини. Кога Моргот го растурил окупирањето на Ангабанд, еден по еден самовилските царства паѓале, дури и скриениот град Гондолин. Единствениот мерлив успех постигнат од самовилите и луѓето дошол кога Берен од Едаин и Лутиен, ќерка на Тингол и Мелиан, вратила Силмарил од круната на Моргот. Веднаш потоа умреле Берен и Лутиен, и биле вратени во живот од Валарите со тоа што Лутиен станал смртник, а Берен никогаш повеќе не бил виден од луѓето. Тингол се расправал со џуџињата од Ногрод, а тие го заклале, крадејќи го Силмарилот. Берен ги запрал џуџињата и го вратил Силмарилот, кој го дал на Лутиен. Веднаш потоа, и Берен и Лутиен умреле. Силмарилот бил даде на нивниот син Диор Полусамовилот, кој го вратил царството на Дориат. Синовите на Феанор барале Диор да им го даде Силмарилот, а тој одбил. Феанорќаните го уништиле Дориат и го убиле Диор во второто Братоубивање, но помладата ќерка на Диор, Елвинг, побегнала со скапоцениот камен. Трите сина на Феанор, Келегорм, Куруфин и Карантир, умреле обидувајќи се да го вратат каменот. До крајот на добата, сè што останало од слободните самовили и луѓето во Белерианд била населба во устието на реката Сирион. Меѓу нив бил Еарендил, кој се оженил со Елвинг. Но Феанорќаните повторно го барале Силмарилот назад кај нив, и откако барањето им било одбиено се решиле насила да го вратат, водејќи кон третото Братоубивање. Еарендил и Елвинг го пренеле Силмарилот преку Големото море, за да ги замолат Валарите за извинување и помош. Валарите одговориле. Мелкор бил заробен, повеќето од неговите дела биле уништени и бил протеран зад границите на светот, кон Вратата на ноќта. Силмарилите биле вратени по скапа цена, бидејќи самиот Белерианд бил уништен и почнал да тоне во морето. Последните синови на Феанор, Маедрос и Маглор, добиле наредба да се вратат во Валинор. Продолжиле да ги крадат Силмарилите од победничките Валари. Но, како и со Мелкор, Силмарилите им ги изгореле рацете и така сфатиле дека не се наменети за нив, и дека нивната заклетва била неважечка. Секој од браќата го стигнала својата судбина: Маедерос се фрлил со Силмарилот во јама од оган, а Маглор го фрлил својот Силмарил во морето. Така, еден Силмарил завршил на небото, носен од Еарендил, а вториот во земјата, и третиот во морето.
Второто доба
уредиНа почетокот од Второто доба, на Едаинците им бил даден островот Нуменор кон западот од Големото море, да им биде дом, додека голем број самовили биле добредојдени на западот. Нуменореанците биле благословени од Валарците со долг живот, трипати поголем од обичен човек. Станале големи морепловци и, во нивните славни денови, дошле во Средната земја да ги учат обичните луѓе некои големи вештини. Сепак, Нуменореанците станале љубоморни на нивните бесмртни браќа, самовилите. Во врвот на нивната моќ, Нуменореанците владееле со луѓето од Средната земја, наместо да им помагаат. По неколку векови, Саурон, најмоќниот слуга на Моргот и главен капетан, почнал да организира зли суштества низ источните земји. Ги убедил самовилските ковачи во Ерегион да ги создадат Прстените на моќта и тајно го направиле главниот прстен за да ги контролира другите прстени. Но, самовилите станале свесни за планот на Саурон и веднаш штом тој го ставил главниот прстен на својата рака, и ги тргнале нивните пред да може да ги контролира. За тоа време, Сенката растела над Нуменор. Нуменор, кој некогаш бил благодарен на Валараците и на Еру, сега не се мачел повеќе да плаќа данок, и станувал се позагрижен поради Проклетството на човекот, клетвата да се биде смртен. Луѓето од Нуменор се поделиле на Луѓе на кралот, тие што гледале како моќта и царувањето на Нуменор растело, а нивната благодарност кон самовилите и кон Валарите опаѓала, и на Верните, кои сè уште ги одржувале своите врски со самовилите и кои и натаму внимавале на зборовите на Еру Илуватар. Со новодобиената моќ и растечкото царување над Средна земја, Саурон тврдел дека е Кралот на луѓето. Ар-Фаразон, последниот крал на Нуменор, мислејќи дека никој не треба да ја има оваа титула, отпловил до Средна земја со армија за да го предизвика Саурон. Сауорн, откако ја видел моќта на Нуменор, знаел дека не може да му се спротивстави. Па така дозволил да биде заробен и вратен во Нуменор како заложник. Веднаш потоа итрината на Саурон и неговите навидум фер зборови го придобиле кралот. Го лажел и му рекол дека Мелкор, Лордот на темнината, бил вистинскиот Бог и дека Еру е само измислица на Валарите. Така почнало гонењето на Верните, кои се жртвувале во името на Мелкор. Конечно, како Ар-Фаразон стареел, Саурон, употребувајќи ја моќта на главниот прстен, му рекол на кралот дека никој, дури ни Валарите од Валинор, не може да ја предизвика моќта на Нуменор и дека кралот треба да го нападне Валинор, а со самото стапнување во Неумирачките земји да стане бесмртен. Ар-Фаразон, кој се плашел од смрт, собрал голема флота и отпловил таму. Амандил, главниот на тие што сè уште биле верни на Валарите, отпловил да побара милост од Валарите. За да ја прикрие својата намера, прво отишил на исток, а потоа на запад, но никогаш не бил виден повторно. Неговиот син Елендил и неговите внуци Изилдур и Анарион ги држеле Верните да не влезат во војна и се подготвил да бегаат со бродови. Пред крајот на Второто доба, кога луѓето од Нуменор се побуниле против Валарите поради измамите на Саурон, Илуватар го уништил Нуменор, го одделил Валинор од остатокот од Арда и формирал нови земји, правејќи го светот кружен. Кога силите на кралот дошле до Аман, Валарите го повикале Илуватар да интервенира. Светот бил променет, така што Аман бил отстранет од Имбар. Од тоа време па натаму луѓето повеќе не можеле да го пронајдат Аман, но, самовилите барајќи премин во специјални бродови добиле милост да го употребуваат Правиот пат кој водел од морињата на Средна земја до морињата на Аман. Моќната флота на Ар-Фаразон и земјата на Нуменор биле целосно уништени и со нив телото на Саурон; но, неговиот дух преживеал и се вратил во Средна земја. Елендил и неговите синови побегнале во Ендор и ги основале царствата Гондор и Арнор. Саурон повторно се издигнал, но самовилите стапиле во сојуз со луѓето за да го формираат Полесниот сојуз и го поразиле. Во окупацијата која траела години, Гил-галад, Високиот крал на самовилите, Елендил, владејачот на Гондор и Арнор и Анарион, синот на Елендил, биле убиени, како што било и телото на Саурон. Другиот син на Елендил, Изилдур, конечно го отсекол главниот прстен од раката на Саурон со мечот на неговиот татко, со што ги смалил моќите на Саурон и повторно дозволил неговиот дух да побегне, со што постигнал победа и мир. Но, Изилдур одбил да го уништи главниот прстен во огнот на Кобната планина, и покрај советите, го земал како подарок за неговиот татко и брат. Сепак, прстенот потоа го измамил кога го напуштил по една заседа од страна на Орките во Веселите полиња; Изилдур бил убиен а прстенот изгубин во Андуин.
Третото доба
уредиВо Третото доба се издигнале царствата Арнор и Гондор, но и пропаднале. Во книгата Господарот на прстените, Саурон веќе повратил голем дел од својата поранешна сила, и го барал главниот прстен. Дознал дека го поседува хобит и ги пратил трите Привиденија да го вратат. Носачот на прстенот, Фродо Багинс, заминал за Ривендел, каде било одлучено дека прстенот треба да биде уништен на единствениот можен начин: да биде фрлен во огнот на Кобната планина. Фродо тргнал на мисијата со осум сопатници – Дружината на прстенот. Во последен момент се премислил, но со интервенцијата на суштеството Голум – кој бил спасен поради милоста на Фродо и на Билбо Багинс – прстенот сепак бил уништен. Фродо и неговиот сопатник Сем Гемџи биле хеорите. Саурон бил уништен и духот засекогаш исчезнал. Крајот на Третото доба го означува крајот на владеењето на самовилите и почетокот на царувањето на луѓето. Како што почнало Четвртото доба, голем број од самовилите што престојувале во Средна земја заминале за Валинор и никогаш не се вратиле; тие што останале просто „исчезнувале“ и се намалувале. Џуџињата се вратиле во голем број во Морија и повторно се сместиле таму, иако на крајот и тие исчезнувале. Под кралот Елесар од Гондор (Арагорн од Дунедаин), бил вратен мирот меѓу Гондор и земјите од југот и истокот.
Јазици и народи
уредиАинур
уредиАинурите биле ангелски суштества создадени од Илуватар. Космолошкиот мит наречен Аинулиндале, или „Музика на Аинур“, опишува како Аинурите пееле за Илуватар, кој потоа ја создал Еа за на нивната музика да ѝ даде материјална форма. Голем број од Аинурите влегле во Еа, а најголемите од тие биле наречени Валари. Мелкор, главниот агент на злото во Еа, и подоцна наречен Моргот, првично бил еден од Валарите. Со Валарите дошле и помалите духови на Аинурите, наречени Маиар. Мелијан, жената на самовилскиот крал Тингол од Првото доба, била нарекувана Маија. Имало и зли Маиари, наречени Умаиари, вклучувајќи ги Балрозите и вториот Мрачен Лорд, Саурон. Саурон го измислил Црниот говор (Бурзум) за неговите робови (Орките) да зборуваат. Во Третото доба, одреден број од Маиарите биле отелотворени и пратени во Средната земја да помогнат во ослободувањето на народите под Саурон. Тоа биле Истари (или Мудрите, наречени Волшебници од страна на луѓето), вклучувајќи го Гандалф, Саруман, Радагаст, Алатар и Паландо.
Самовили
уредиСамовилите се познати како првородени од страна на Илуватар: интелигентни суштества создадени од самиот Илуватар. Постојат голем број различни кланови на самовили, но главната разлика е меѓу Калаквенди или Светлите самовили и Морикенди или Мрачните самовили. Делото на Толкин, Силмарилионот, кажува како Валарите пристигнале во Средна земја веднаш по будењето на самовилите и ги поканил да дојдат со него и да живеат во Аман. Тие самовили што прифатиле и го започнале големото патување до Аман од нивното родно место Куивиенен биле наречени Елдари или Елдари од Средна земја. Самовилите што го завршиле патувањето понекогаш се нарекувани Светли самовили поради магичната Светлина на Двете дрва, изворот на светлото за Аман. Тие што ја одбиле поканата биле наречени Авари, а Елдарите што се умориле од долгото патување кон запад останале назад во Средна земја и биле наречени Мрачни самовили бидејќи никогаш нема да ја видат Светлината на Двете дрва. Генерално Мрачните самовили се смета дека се помалку моќни од Светлите, но терминот „Мрачни“ не имплицирал дека се зли. Подоцна некои од Светлите самовили (главно кланот Нолдор) се вратил во Средна земја, главно на мисија да ги вратат скапоцените камења наречени Силмарили, украдени од Моргот. Оригинално самовилите го зборувал истиот обичен елдарински древен јазик, но по долгата одвоеност од илјадници години, тој им се променил во неколку јазици. Двата главни самовилски јазици се Кенја, зборуван од Светлите самовили, и Синдарин, зборуван од Синдарите и од Мрачните самовили што останале во Белерианд. Толкин ја споредил употребата на Кенја во Средна земја со латинскиот, каде синдаринскиот е обичен говор. Телерите од Валинор зборувале телерински, кој бил многу близок со Кенја, но оригинално се сметал како различен јазик, а не како дијалект. Физички самовилите се слични на луѓето, речиси идентични; несомнено тоа се два исти вида, бидејќи се женат и мажат меѓусебно и имаат деца (иако тоа е екстремно ретко, полусамовилите се затоа многу познати). Сепак, самовилите имаат многу повеќе духовна отколку утробна природа, а нивните тела „исчезнуваат“ во нивниот дух, до точка до која самовилите стануваат како духови и речиси невидливи за луѓето. Самовилите се многу агилни и брзи. Генерално се нешто повисоки од луѓето. Исто така, тие се екстремно координирани, како што може да се види од Дружината на прстенот, кога самовилите одат по јаже во шумата Лотлориен. Нивниот вид е како сокол и се вели дека блескаат како светлина. Друг пример е кога Друштвото треба да премине преку Карадрас, каде Леголас од Мирквуд може да оди врз длабокиот снег без да пропадне во него. Иако може да бидат убиени, самовилите се бесмртни, и кога ќе стигнат зрело доба престануваат да стареат, или барем стареат грациозно (како во случајот на Сирдан). Исто така, се појавуваат и како Валинор, ако бидат убиени или умрат во несреќен случај. Нивните уши се малку зашилени.
Луѓе
уредиЛуѓето се второродени од Децата на Илуватар, кои се разбудиле во Средна земја многу подоцна за разлика од самовилите и (веројатни) подоцна и од џуџињата. Според изгледот личат на самовилите, но за разлика од нив се смртници, стареат и умираат брзо (обично живеат меѓу 40 и 80 години, иако Нуменореанците живеат неколку века), а исто така просечно се помалку убави. Луѓето вклучени во приказните на Толкин главно се трите племиња на луѓето кои се здружиле со самовилите од Белерианд во Првото доба, во сојуз наречен Едаин. Како награда за нивната лојалност и патењето во Војната за Белерианд, наследниците на Едаин им бил даден островот Нуменор, да им биде дом. Но, како што е опишано во делот Историјата на Средна земја, Нуменор евентуално бил уништен и останатите Нуменоријанци утврдиле царства во северните земји на Ендор. Тие што останале верни на Валарите ги основале нивните кралства во Арнор и Гондор. Тогаш биле познати како Дунедаин. Другите Нуменоријанци што преживеале, сè уште биле посветени на злото но живееле на југот и станале познати како Црните Нуменоријанци. Јазиците што ги зборувале луѓето го вклучувале Адунаик – говорен од Нуменоријанците, Вестрон – „Обичниот говор“ – претставен со англискиот, и Рорски – говорен од Роримите – претставен во Господарот на прстените со староанглискиот. Во Третото доба и во почетокот на Четвртото, Кралот на Гондор е Арагорн, синот на Араторн. Другите познати меѓу луѓето во Господарот на прстените се Теоден, Еовин и Еомер од Рохан, и браќата Боромир и Фарамир од Гондор. Терминот „човек“ е употребен како полово неутрален расен опис, за разликување на луѓето од хуманоидните раси во Средна земја.
Џуџиња
уредиЏуџињата се вели дека се создадени од Вала Ауле, кој се понудил да ги уништи кога Илуватар се конфронтирал со него. Кога Илуватар видел дека се живи седумте џуџиња татковци, му простил на Ауле за престапот и ги прифатил џуџињата како свои. Неговиот единствен услов бил да не им се дозволи да се разбудат пред самовилите. Така создавачот на џуџињата, Ауле, ги заспал во скриени локации во планините сè додека не се разбудат самовилите. Тие џуџиња се познати како Седумте татковци на џуџињата, кои (заедно со своите другари) кога се разбудиле заминале да ги основаат седумте родбински групи на џуџињата. Првото џуџе што се разбудило било Дурин, таткото на Долгобрадестите, најстарото и најмудрото џуџе, и главниот фокус на приказните на Толкин. Дурин го основал најголемото кралство на џуџињата наречено Казад-дум, подоцна познато како Мориа во Маглестите планини. Џуџињата се рашириле низ северниот Ендор и секоја робдинска група основала свое кралство. Само две од другите кралства се споменати од Толкин, Ногрод и Белегост во Еред Луин или Сините планини. Тоа биле домовите на Огнобрадите и Прозрачните, кои биле сојузници на самовилите од Белерианд против Моргот во Првото доба. Јазикот што го говореле џуџињата е наречен Куздул и бил чуван како таен јазик за нивна употреба. Џуџињата се смртници како и луѓето, но живеат многу подолго, обично неколку стотици години. Интересното за џуџињата е тоа што и машките и женските се со бради, поради што изгледаат како идентични за туѓинците.
Хобити
уредиТолкин ги идентификува Хобитите како изданок на луѓето. Другото име за Хобит е „Халфлинг“ (Половични), бидејќи обично се половина од големината на луѓето (тогаш луѓето обично растеле до шест стапки во височина, а хобитите само три или четири). Нивниот животен стил и навиките се слични на тие од луѓето, освен во тоа што сакаат да живеат во дупки под земја. Иако нивното потекло и историја не се познати, Толкин имплицира дека се сместиле во Долините на Андуин рано во Третото доба, но по илјада години хобитите почнале да мигрираат кон запад преку Сините планини во Ериадор. На крајот голем број хобити се сместиле во Шајрот и близу Бри. Толкин вели дека постојат три вида хобити: Стури, Фалохиди и Харфути. Најпознатите хобити од приказните на Толкин се Билбо Багинс и неговиот внук Фродо Багинс, кои заедно имаат важна улога во мисијата за уништување на Главниот прстен на моќта направен од Саурон; друг хобит е Смигол, кој го поседувал прстенот кога го нашол во Андуин. Гандалф му вели на Фродо дека Смигол бил дел од некој крајбрежен народ што личел на хобитите, но долгото поседување на прстенот го расипал и го деформирал во суштеството Голум. До издавањето на Господарот на прстените, хобитите долго време го зборувале човечкиот јазик Вестрон, иако нивниот дијалект индицира дека претходно зборувале јазик сличен на тој на луѓето од Рохан.
Други раси
уредиДруга важна раса спомената од Толкин се Ентовите, водачите на дрвјата. Биле создадени од Илуватар по барање на Вала Јавана за некој да ги зашитува дрвјата од сечењата на самовилите, џуџињата и на луѓето. И покрај ова, самовилите прво ги научиле ентовите да зборуваат, бидејќи кога се разбудиле сакале да разговараат со сите нешта. Во Господарот на прстените, ентовите, водени од најстариот, Дрвобрадест, помагаат во поразот на Саруман со уништување на неговата тврдина Изенгард. Ентовите имаат свој јазик, „ентовски“, кој е невозможно другите раси да го зборуваат поради тоа што е долг според неговата описна природа, дури и за најмалите теми, вклучува комплексни нијанси на звуци и тонови. Како и да е, ентовите можат да ги научат јазиците на другите раси и можат да комуницираат со нив на тој начин. Орките и Троловите се зли суштества одгледани од Моргот. Не се оригинални творби туку се „пародии“ на Децата на Илуватар и на ентовите, бидејќи само Илуватар ја има способноста да им дава битие на нештата. Деталното потекло на орките и на троловите е непознато (Толкин сметал на многу можности и честопати го менувал мислењето). Се чини дека најверојатно е орките да се одгледани како расипани самовили или луѓе. Подоцна во Третото доба, Уруците или Урук-хаите се појавуваат како раса на орки, големи по градба и сила, и за разлика од обичните орки, не ги повредува дневната светлина. Толкин исто така споменува и „луѓе-орки“ и „орки-луѓе“; или „полуорки“ или „гоблини-луѓе“, но не е јасно дали тие се истите како Уруците, или се некоја друга раса. Троловите се направени од камен, како што ентовите се направени од дрвја. Ентот Долгобрадест ги опишува нив во Господарот на прстените како имитација на ентовите, кои се глупави, со погрден јазик и се брутални. Ако излезат на дневна светлина се претвораат во камења. Во поглавје од Хобитот, три трола го фаќаат Билбо и неговите џуџиња придружници, и планираат да ги изедат. Сепак, светлината од зората ги претвора во камења пред да ги изедат. Толкин исто така опишува и раса од тролови одгледана од Саурон, наречена Олог-хаи, која е поголема и појака од обичните тролови и може да поднесе светлина.Се појавуваат и мудри животни, како што се орли, Хуан, Големото куче од Валинор и Варзите кои личат на волци. Орлите се создадени од Илуватар заедно со ентовите, а варзите е можно да се наследници на првите врколаци, но генерално потеклата на овие животни и нивната природа се нејасни. Некои од нив може да биле Маиари во животинска форма, или можени дури и потомци на Маиари и нормални животни. Огромните пајаци како Шелобите се потомци на Унголијант, кој возможно да е Аинуец. Беорн, огромен човек со способност да се претвори во мечка, се појавува во Хобитот. Беорн честопати го напушта својот дом, некогаш со часови или со денови, од непознати причини. Можно е да го прави тоа за да ги елиминира непријателите и другите закани од околните земји, или да пронајде јадлива вегетација. Беорн можеби е и ноктурнално суштество, бидејќи заминува навечер во облик на мечка. Неговото потекло е во далечното минато, а Гандалф Сивиот претпоставува дека Беорн се симнал од планините со неговиот народ.
Книги
уредиХобитот и Господарот на прстените се претставени како прераскажување на настаните, опишани во Црвената книга на Вестмарч, напишана од Билбо Багинс, Фродо Багинс и други хобити, и коригирана и коментирани од еден или повеќе гондорски схоластичари. Толкин опширно пишувал и за лингвистиката, митологијата и историјата на светот, што нуди заднина за сите приказни. Голем број од овие пишувања се уредени и објавени посмртно од неговиот син Христофер. Забележливи меѓу нив е Силмарилионот, која нуди создавање на приказната и опис на космологијата каде е вклучена Средна земја. Силмарилионот е главниот извор на информации за Валинор, Нуменор и другите земји. Исто така, забележлива е и Незавршените приказни и повеќето томови од Историјата на Средна земја, која вклучува многу некомплетни приказни и есеи како и бројни нацрти од митологијата на Средната земја, од најпрвите форми сè до последните пишувања во неговиот живот.
Дела за Средна земја од Толкин
уреди- 1937 Хобитот
- Хобитот Билбо Багинс се придружува на дружина од Џуџиња и волшебникот Гандалф во мисија да вратат старо царство на џуџињата од змејот Смауг.
- 1954 Дружината на прстенот, прв дел од Господарот на прстените.
- Роднината на Билбо и неговиот наследник, Фродо Багинс, тргнува на мисија за да ја ослободи Средна земја од главниот прстен, со Дружината на прстенот.
- 1954 Двете кули, втор дел од Господарот на прстените.
- Дружината е поделена: додека Фродо и неговиот пријател Сем продолжуваат на мисијата, Арагордн, Гимли иЛеголас се борат даги спасат хобитите Перегрин Тук (Пипин) и Мериадок Брандибук (Мери) од Орките и да го спасат кралството Рохан.
- 1955 Враќањето на Кралот, трети дел од Господарот на прстените.
- Фродо и Сем стигнуваат во Мордор, додека Арагорн стигнува во Гондор и го враќа своето наследство.
- 1962 Авантурите на Том Бомбадил и Другите стихови од Црвената книга.
- Збир од поеми, донекаде засновани на Господарот на прстените.
- 1967 Патот засекогаш продолжува
- Циклус од една песна со композиторот Доналд Свон (одамна не се печати, но препечатена е во 2002)
Толкин починал во 1973. Сите натамошни дела биле уредени од Христофер Толкин и објавени посмртно. Само Силмарилионот, Последната песна на Билбо и Децата на Хурин се претставени како завршени дела – останатот е збир од белешки и нацрти.
- 1977 Силмарилионот
- Историја за старите денови, пред Господарот на прстените, вклучувајќи го падот на Нуменор.
- 1980 Незавршените приказни за Нуменор и Средна земја
- Приказни и есеи поврзани со Силмарилионот и Господарот на прстените, но голем дел од нив не се завршени.
- 1981 Писмата на Џ. Р. Р. Толкин
- Компилација од разни писма напишани од Толкин додека бил жив. Повеќето се однесуваат на Средна земја.
- 1990 Последната песна на Билбо
- Поема (објавена на постер во 1974, не е издадена како книга сè до 1990)
- Историјата на Средна земја:
- 1983 Книга за изгубените приказни 1
- 1984 Книга за изгубените приказни 2
- Најпрвите верзии за митологијата, од почеток до крај
- 1985 Баладите за Белерианд
- Две долги поеми (Баладата за Леитиан за Берен и Лутиен, и сагата Турин)
- 1986 Обликувањето на Средна земја
- Почетокот на препишување на митологијата од почеток
- 1987 Последниот пат и други пишувања
- Вовед ов Нуменор во митологијата
- 1988 Враќањето на сенката (Историјата на Господарот на прстените, том 1)
- 1989 Издавањето на Изенгард (Историјата на Господарот на прстените, том 2)
- 1990 Војната за прстенот (Историјата на Господарот на прстените, том 3)
- 1992 Саурон е поразен (Историјата на Господарот на прстените, том 4)
- Развивањето на Господарот на прстените. Саурон е поразен вклучува друга верзија од приказната на Нуменор).
- 1993 Прстенот на Моргот (Подоцнежниот Силмарилион, прв дел)
- 1994 Војната за скапоцените камења (Подоцнежниот Силмарилион, втор дел)
- Обиди за ревидирање на митологијата после Господарот на прстените. Го вклучува и контроверзниот дел „Трансформирани митови“, кој документира како мислите на Толкин се менувале радикално низ последните години од неговиот живот.
- 1996 Народите во Средна земја
- Изворен материјал за додатоците во Господарот на прстените и некои други подоцнежните пишувања поврзана со Силмарилионот и Господарот на прстените.
- 2007 Децата на Хурин
- Прераскажување на трите „Големи приказни“ за Силмарилионот (другите две се приказна за Берен и Лутиен и приказна за Падот на Гондолин) како едно делот, наменети за зголемување на бројот на читатели и да се понудат повеќе детали споредено со пократкото раскажување во Силмарилионот.
- Историјата на Хобитот (во два тома, уредено од Џон Рателиф)
- 2007 Г. Багинс
- 2007 Враќање во Бег-енд
Адаптации
уредиФилмови
уредиВо писмо до неговиот син Христофер Толкин, Џ. Р. Р. Толкин ја назначува својата политика во врска со филмските адаптации на неговите дела: „Уметност или пари“. Ги продал правата за Хобитот и Господарот на прстените на Јунајтед Артистс во 1969 откако се соочил со висок данок. Моментално правата се во рацете на Толкин Ентерпрајзес. Толкин Естејт ги задржил правата за Силмарилионот и другите дела. Првата адаптација на Хобитот во 1977 е направена од Ранкин-Бас студио. Првично била прикажувана на телевизијата Јунајтед Артистс. Следната година (1978), бил издаден филм насловен како Господарот на прстените, продуциран и режиран од Ралф Бакши; тоа било адаптација на првата половина од приказната, употребувајќи ротоскоп анимација. Иако филмот бил релативно верен на приказната, комерцијалниот успех и критичните реакции биле мешовити. Во 1980, Ранкин-Бас продуцирале тв-емисија која грубо ја опфатила другата половина од Господарот на прстените, насловена Враќањето на Кралот. Сепак, оваа не продолжувала директно од крајот на филмот на Бакши. Планови за вистински филм за Господарот на прстените се случуиле дури во доцните 90-ти. Биле режирани од Питер Џексон и финансирани од Њу Лајн Синема со поддршка од владата и банкарскиот систем на Нов Зеланд.
- Господарот на прстените: Дружината на прстенот (2001)
- Господарот на прстените: Двете кули (2002)
- Господарот на прстените: Враќањето на Кралот (2003)
Трилогијата била голем успех и во кино салите и кај критичарите. Трите филма освоиле седумнаесет оскари заедно (барем по еден во категориите фикција, англиски јазик, оригинален акциски филм, освен во категориите за глума) Закажани се уште три филма за издавање во декември 2012 и 2013 и во јуни 2014, и моментално се во продукција во Нов Зеланд под режија на Питер Џексон.
- Хобитот: Неочекувано патување (2012)
- Хобитот: Десолацијата на Смауг (2013)
- Хобитот: Таму и повторно назад (2014)
Надворешни врски
уреди„Средна земја“ на Ризницата ? |
- Tolkien Gateway – wiki about Middle-earth and Tolkien.
- Encyclopedia of Arda – encyclopaedia about Middle-earth.
- The Tolkien Meta-FAQ – answers to commonly asked questions about Tolkien and Middle-earth.
- Michael Martinez Tolkien Essays – a collection of essays on Tolkien and Middle-earth.