Портал:Технологија

уреди  

ТЕХНОЛОГИЈА

Технологија (грчки. технологија (τεχνολογία) < техне (τέχνη) "craft" + logos (λόγος); "причина") Технологијата ја обединува науката и инженерството. Може да се дефинира како : "Решение за реалните човекови проблеми преку развој и примена на алатки, материјали, добра или информации во форма на вештини, знаење, обработка, планирање, дијаграми, апстрактни модели, формули, табели, инженерски дизајни, спецификации, кориснички напатствија или инсрукции."
уреди  

Избрана статија

Микропроцесор е главниот дел од компјутерот кој е задолжен за извршувањето на наредбите и компјутерските програми. Тоа е микрочип кој извршува аритметичко-логички операции. Микропроцесорите физички се изградени од милиони делови од силициум. Силициумот се користи бидејќи е полупроводник, па соодветно при различни услови може да биде или проводник или изолатор. Тој содржи милиони транзистори меѓусебно поврзани со тенки жици од алуминиум или бакар. Големината на транзисторите со текот на развитокот се менувала од неколку микрометри па стигна сè до моменталната 45nm(нанометарска) технологија која се користи денес. (повеќе)

уреди  

Одбрана слика

Изглед на првиот транзистор

во светот, произведен во Бел лабораториите на 23-ти Декември 1947-ма година. (повеќе)

уреди  

Одбрана биографија

Аиртон Сена да Силва (португалски: Ayrton Senna da Silva) (Саун Пауло, 21 март 1960 - Имола, Италија, 1 мај 1994) бил бразилски возач на тркачки автомобили, еден од најголемите возачи на автомобилското натпреварување во светот на „Формула 1“. Бил трикратен шампион (1988, 1990 и 1991 година). Победил во 41 трка, освоил 65 пол позиции и имал 19 најдобри кругови. Посебно е познат по добрите возења по дождливо време поради што го има добиено и прекарот дождовниот човек.

Загинал за време на трката во Имола, Италија.

уреди  

Цитати

Вистинска опасност не е тоа дека компјутерите ќе почнат да размислуваат како човекот, туку дека човекот ќе почне да размислува како компјутерите.

The real danger is not that computers will begin to think like men, but that men will begin to think like computers. —Сидни Херис

уреди  

Потпортали

уреди  

Категории

уреди  

Дали знаете...

...во периодниот систем е повлечена дијагонална линија од борот (B) до полониумот (Po) за да ги одвои металите од неметалите.

...Типичен GPS приемник ја пресметува неговата позиција користејќи сигнали од четири или повеќе GPS сателити.

...Безжичните телефони прв ги измислил Тери Пол, во 1965 година.

...Примарен опслужувач за администрирање и управување со врвниот македонски домен „.mk“ е Македонската академска истражувачка мрежа - МАРНет

уреди  

Технологија на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)

Purge server cache