Правопис или ортографија[1] на еден јазик е збир симболи (глифи и дијакритични знаци) за запишување на еден јазик, како и збир правила за тоа како се запишуваат овие глифи, како спелинг (кај некои јазици) , интерпункција и капитализација.

Правопис на македонскиот литературен јазик од 1991

Во правописот спаѓа и писмото на еден јазик. Македонскиот јазик има многу помалку правописни правила од многу други јазици, од проста причина што тој, заедно со други јужнословенски правописи, е веројатно најсовршениот во светот. Англискиот јазик, од друга страна, со неговата азбука од 26 букви има согласки и самогласки, но нема глифи за нагласок. Меѓутоа секоја англиска буква може да претставува повеќе од еден звук, а секоја англиски звук (фонема) може да биде напишан со повеќе од една буква. На пример едно правописно правило за буквите е i пред e освен по c; друг пример е дека множината е пишува со буквата s без разлика дали се изговара како [ц], како во cats, или [з], како во dogs. Покрај ова, комбинациите од букви наречени диграфи, како th, всушност прествавувале еден едиствен звук во англискиот јазик. Други јазици со истата азбука може и да не ги користат истите диграфи.

Еден од најкомплексните правописни системи се системот на јапонскиот јазик, кој користи комбинација на неколку илјади логографски знаци (кинески знаци ханце) наречени канџи, два слоговника наречени катакана и хирагана, и латиницата, ромаџи. Сите зборови можат да се напишат во речиси сите системи. Изборот на писмото зависи од ред фактори, како обичаи, читливост, и стилски избор.

Еден правопис се смета за 'ефикасен' ако има еден глиф по звук (фонема) и обратно, но многу малку системи се волку совршени. Меѓу таквите екстремно ретки примери е македонскиот правопис.

Правопосот кој не ги претставува сите звуци во јазикот, како оние кај италијанскиот, англискиот или арапскиот, е наречен 'дефектен'. Како неефикасните, така и дефектните правописи се потенцијален мотив за правописна реформа.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ортографија“ — Лексикон на македонскиот јазик
  • Smalley, W.A. (уред.) 1964. Orthography studies: articles on new writing systems (United Bible Society, Лондон).

Надворешни врски

уреди