Битка кај Лепанто
Битка кај Лепанто — поморска битка која се одвила на 7 октомври 1571 година во Патрискиот Залив, во Јонското Море. Обединетите сили на Светата лига, која ја сочинувале Шпанија, Џенова, Венеција, Папската Држава, Малтешкиот ред, Сицилија, Неапол, Савоја, Тоскана и Парма успеале да ја поразат флотата на Османлиското Царство.
Битка кај Лепанто | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Четврта османлиско-венецијанска војна и Османлиско-хабсбуршки војни | |||||||
Битката кај Лепанто , Х. Летер, Национален поморски музеј, Гринич/Лондон |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Света лига : | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Хуан Австриски Алваро де Базан Луис де Зуњига Себастијано Вениер Маркантонио Колона | Али Паша † Улуџ Али Рејс |
||||||
Сила | |||||||
208 бродови
22.840 војници | 251 бродови
31.490 војници |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
7.500 мртви 17 уништени бродови[2] | 20.000 мртви[2], повредени или заробени,[3] 137 уништени бродови 50 потонати бродови 10.000 ослободени робови (христијани) |
Заднина
уредиВо XVI век помеѓу морските држави се водела битка за превласт во Средоземното Море. Најголемо било соперништвото помеѓу Хабсбуршка Шпанија и Османлиското Царство. Во 1570 година, султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот Кипар и крајбрежните делови од денешните држави Италија и Шпанија. Војната продолжила и во периодот од 1570 до 1573 година. Од друга страна, римскиот папа Пиј V успеал да организира антиосманлиска коалиција, составена од Шпанија и Венеција, позната под името Светата лига.
Сили
уредиКомандант на сојузничките флоти бил 24-годишниот Хуан Австриски, вонбрачен син на шпанскиот крал Карл V и полубрат на Филип II од Шпанија. Силите на заедничката Светата Лига била претставена од флота која не била видена дотогаш во Европа. Таа броела повеќе од 300 различни бродови, од кои 108 венецијански галии, 81 шпански галии, 32 галии од папската армија и од другите италијански земји, како и 6 галии на Венеција. Вкупниот број војници изнесувал околу 84 000. Османлиската флота, под команда од Али паша, броела околу 88 000 војници.
Битка
уредиСојузничката флота ги блокирала османлиските бродови во Патрискиот Залив, во Јонското Море. Турскиот командант претпоставил дека силите на сојузниците се наоѓале кај островот Кефалонија, а Дон Хуан Австриски сметал дека Османлиите се во нивната база - Лепанто. Утрото на 7 октомври 1571 година, двете флоти, сосема неочекувано и за двете страни, се сретнале кај влезот од заливот, на 60 километри од Лепанто.
Битката кај Лепанто го означил крајот на владеењето на османлиската флота во Средоземното Море. Сепак, сојузничките флоти не ја искористиле големата победа. Шпанците извршиле десант во Тунис, а Венецијанската Република започнала војна во Далмација. Турскиот султан добил можност да ја врати својата флота и во пролетта следната година, Османлиите изградиле 220 галии. Овојпат, флотата била предводена од страна на Улуџ Али.
Светата лига се распаднала и во март 1573 година, Венеција потпишала договор со Османлиското Царство, според кој Кипар им бил отстапен на Турците кои, на тој начин, повторно станале господари на источниот дел од Средоземно Море.