Бремен (покраина)

Бремен (службено: Слободен ханзин град Бремен; германски: Bremen или Freie Hansestadt Bremen) — најмала и најненаселена од шеснаесетте сојузни држави на Германија (Bundesländer).

Слободен ханзин град Бремен
Freie Hansestadt Bremen (германски)
Сојузна покраина
Знаме на Слободен ханзин град Бремен
Знаме
Грб на Слободен ханзин град Бремен
Грб
Locator map Bremen in Germany.svg
Координати: 53°20′50″N 8°35′29″E / 53.34722° СГШ; 8.59139° ИГД / 53.34722; 8.59139
ДржаваГерманија
Главен градБремен
Управа
 • Претседател на СенатотАндреас Бофеншулте
 • Владејачки партииСДП / Зелени / Левица
 • Гласови во Бундесратот3 (од 69)
Површина
 • Вкупно419,38 км2 (16,192 ми2)
Население (2020-12-31)[1]
 • Вкупно680.130
 • Густина16/км2 (42/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166DE-HB
БДП€ 34 млрд. € млрд. (2019[2])
NUTS-регионDE5
Мреж. местоbremen.de

Неофицијално е наречена Покраина Бремен, иако понекогаш ова се користи и во службени цели. Покраината се состои од градот Бремен и приморската ексклава, Бремерхафен, опкружена од поголемата покраина Долна Саксонија во северниот дел на Германија.

ГеографијаУреди

Покраината Бремен се состои од две неповрзани територии. Овие енклави ги опфаќа Бремен, службено со статус град (Stadtgemeinde Bremen), кој е и покраинскиот главен град, како и градот Бремерхафен (Stadt Bremerhaven). Обата се сместени на реката Везер; Бремерхафен (буквално „пристаништето на Бремен“) се наоѓа низводно на устието на Везер со отвореното море на Северно Море. Обете енклави се целосно опкружени од соседната покраина Долна Саксонија (Niedersachsen). Највисока точка во покраината е Фридехорст Парк (32,5 метри).

ИсторијаУреди

 
Територијата на Бремен во 1603 година

Градот Бремен, член на сојузот Ханза, станал слободен царски град на Светото Римско Царство, а потоа држава, во 1646. Кога се распаднало Светото Римско Царство, градот не бил медијатизиран (не бил вклучен во териториите на околните монархии), туку станал суверена држава официјално наречена Слободен ханзин град Бремен. Валутата на државата била бременски талер (до 1873 година). Во 1811 година, Првото Француско Царство ја анектирало градот-државата.

По Виенскиот конгрес во 1815 година, бременскиот емисар и подоцна градоначалник, Јохан Шмит, успешно издејствувал потврдување на самостојноста на градот и бил потврден како една од 39. суверени држави на новиот Германски сојуз.

Во 1827 година, Бремен купил земјиште на устието на Везер од Кралството Хановер, за да го подигне новото морско пристаниште, Бремерхафен. Ова овозможило Бремен да остане главно германско пристаниште за тргнување на емигрантите кон Америка и подоцна за колонијалната трговија на Германија.

По поразот на Австрија и припојувањето на Хановер, во 1867 година Прусија го привлекла Бремен во Северногерманскиот Сојуз, а потоа по германската победа над Франција во 1871 година, во новото Германско Царство предводено од Прусија како една од 26. основачки држави.

Како меѓународно пристаниште и стопанско средиште, Бремен имал силна лева и либерална традиција. На последните избори за царскиот Рајхстаг во Берлин, во јануари 1912 година, социјалдемократите (SPD) обезбедиле мнозинство од гласовите, 53,4%. Левите либерали (Linksliberale) освоиле 41,4%, а само 5,1% отишле за конзервативците.[3] На последните слободни избори во Вајмарската Република, во ноември 1932 година, социјалдемократите освоиле 31,2% од гласовите, а комунистите (KPD) 17,4%, споредено со 20,8 за нацистите.[4][5]

Кога дури и по компромитираните општи избори во март 1933 година, нацистите освоиле само една третина од гласовите во Бремен (32,7%),[4] нацистичкиот режим го распуштил државниот парламент и неговиот сенат. Бремен во наредните дванаесет години останал под директна власт на водачот на Гау. Во овие години, малата еврејска заедница на Бремен (1.438 луѓе во 1933 година)[6] била уништена преку присилна емиграција и депортација кон камповите на смртта.

Сојузничкото бомбардирање го уништило поголемиот дел од историскиот ханзин град, како и 60% од станбената површина на Бремен во текот на Втората светска војна. Британската трета пешадиска дивизија го освоила Бремен кон крајот на април 1945 година.

Додека Хановер бил под британска контрола по крајот на Втората светска војна во 1945 година, Бремен бил ставен под контрола на САД, бидејќи на окупациската зона на САД и бил потребен пристап до океанот. Како резултат на ова, Бремен го задржал своето државништво, иако другите помали држави биле споени со поголеми.

Бремен бил повторно основан како држава во 1947 и во 1949 година, повторно именуван како Слободен ханзин град Бремен, со што станал составна држава на новата Сојузна Република Германија, нарекувана само како Западна Германија до 1990 година.

ПолитикаУреди

Политички системУреди

 
Зградата на Граѓанското собрание во Бремен

Законодавната власт во покраината Бремен ја има 83-членото Граѓанско собрание (Bürgerschaft), избирано од граѓаните на двата града Бремен и Бремерхафен.

Извршната власт е составена од Сенатот на Бремен, избиран од Граѓанското собрание. Сенатот е предводен од претседател, кој е еден од градоначалниците на градот Бремен и е избиран директно од Граѓанското собрание. Сенатот избира од своите членови како втор градоначалник, кој служи како заменик на претседателот. Спротив на сојузниот канцелар на Германија или други германски покраини, претседателот на Сенатот нема власт да поништи одлука на сенаторите, која е донесена заеднички на сенатот. Од 1945 година, Сенатот постојано бил во мнозинство од социјалдемократската партија.

На општинско ниво, двата града во покраината се управувани посебно:

  • Управата на градот Бремен се води од двата градоначалници и контролирана од делот во Граѓанското собрание избрано од градот Бремен (68 членови).
  • Бремерхафен, од друга страна, има општинско собрание различно од покраинската законодавна власт и управа од различен градоначалник и различен втор градоначалник.

Политички мнозинстваУреди

Во повоен Бремен, пристаништето, бродоградилиштата и поврзаните индустрии ја привлекле работничката класа. Како и пред 1933 година, ова довело до поддршка на социјалдемократите. Меѓутоа, во 1980-тите години механизацијата на пристаништето и затворањето на водечкото бродоградилиште довело до криза во вработеноста и ја нарушило довербата во традиционалната база на гласачи на партијата. Партијата SPD, која имала 51% од гласовите во 1987 година, го изгубила своето ефективно мнозинство.[7] Поради тоа, владината коалиција станала редовна појава.

На покраинските избори во Бремен во 2019 година одржани на 26 мај 2019 година за избор на членови на Граѓанското собрание на Бремен, како и за градските совети на Бремен и Бремерхафен. Изборите се одржале на истиот ден како изборите за Европскиот парламент.[8][9][10] Демохристијанскиот сојуз (CDU), по првпат, станала најголема партија во Граѓанското собрание, додека социјалдемократите паднале на второто место. Зелените и Левица имале мали подобрувања. По изборите, SPD, Зелените и Левица се согласила да создадат влада. Карстен Зилинг поднел оставка како градоначалник и бил заменет од сопартиецот Андреас Бофеншулте.[11][12]

Преглед на изборните резултати од 26 мај 2019 година за Граѓанското собрание на Бремен
Партија Гласови % +/- Места Вкупно
места
+/- Места %
Бремен Бремерхафен
Демохристијански сојуз (CDU) 391.709 26,7 4,3 20 4 24 4 28,6
Социјалдемократска партија (SPD) 366.375 24,9 7,9 19 4 23 7 27,4
Сојуз 90/Зелени (Grüne) 256.181 17,4 2,3 13 3 16 2 19,0
Левица (Linke) 166.378 11,3 1,8 9 1 10 2 11,9
Алтернатива за Германија (AfD) 89.939 6,1 0,6 4 1 5 1 6,0
Слободна демократска партија (FDP) 87.420 5,9 0,7 4 1 5 1 6,0
Граѓани во гнев (BiW) 35.808 2,4 0,8 0 1 1 0 1,2
Ди Партај (PARTEI) 24.433 1,7 0,2 0 0 0 ±0 0
Слободни гласачи (FW) 14.205 1,0 1,0 0 0 0 ±0 0
Пиратска партија (Piraten) 14.143 1,0 0,5 0 0 0 ±0 0
Други 22.915 1,6 0 0 0 ±0 0
Вкупно 1.469.506 100,0 69 15 84 1
Изленост на гласачите 64,1 13,9
Удел во гласовите
CDU
  
26,66 %
SPD
  
24,93 %
B'90/GRÜNE
  
17,43 %
DIE LINKE
  
11,32 %
AfD
  
6,12 %
FDP
  
5,95 %
BiW
  
2,44 %
Other
  
5,15 %
Места во Граѓанското собрание
CDU
  
28,57 %
SPD
  
27,38 %
B'90/GRÜNE
  
19,05 %
DIE LINKE
  
11,90 %
AfD
  
5,95 %
FDP
  
5,95 %
BiW
  
1,19 %

ГрбУреди

Грбот и знамето на Бремен се:

СтопанствоУреди

 
Контејнерското пристаниште во Бремен
 
Бременскиот универзитет

Повоеното стопанство по Втората светска војна во Бремен доживеало подем заедно со западногерманскиот виртшафтсвундер („стопанско чудо“) во 1950-тите и во 1960-тите години. Ова довело до раст и постојано населување на мигрантско работничко население, главно од Турција и Јужна Европа.

Дел од тешката индустрија во градот не успеале да се повратат од нафтениот шок во раните 1970-ти години. Двете најголеми бродоградилишта се затвориле во 1983 и во 1997 година. Други отпуштања биле предизвикани од реструктурирањето и зголемувањето на механизацијата на пристаништето. Полу- и неквалификуваната работна сила тешко можела повторно да најде работа и стапката на невработеност во периодот на 1980-тите била скоро двојно поголема од западногерманскиот просек.

Поради структурните промени во стопанство, Бремен бил принуден да троши повеќе на социјалните услуги. Субурбанизацијата го намалила населението и даночните приходи. Проширувањето со околните рурални општини не е возможно за Бремен, бидејќи тие припаѓаат на покраината Долна Саксонија.[13]

Со финансиска поддршка од Европската Унија и од сојузната влада, стопанската политика била насочена кон поддршка на воспоставените стопански сектори, кои се засноваат на напредна технологија, како авијација и производство на авиони, производство на автомобили, поморство и логистика, како и развој на образованието и инфраструктурата за нови дигитални претпријатија. Во ова важна улога игра и растечкиот универзитетски сектор. Понатамошни инвестиции имало во обнова на центарот на градот, но тоа не го поттикнало туризмот. Неколку стручњаци го опишуваат услужниот сектор на Бремен како недоволно развиен, поради недостиг на седишта на поголеми компании.[13]

На почетокот на овој век, невработеноста во Бремен изнесувала 13%, стапка која била помала само од „новите покраини“ во поранешната Источна Германија.

Стапката на невработеност се спуштила на 9,5% во октомври 2018 година и била највисока од сите 16 германски покраини.[14]

Година[15] 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Стапка на невработеност (во %) 13,0 12,4 12,5 13,2 13,2 16,8 14,9 12,7 11,4 11,8 12,0 11,6 11,2 11,1 10,9 10,9 10,5 10,2

ОбразованиеУреди

Бременскиот универзитет е најголемиот универзитет во Бремен. Тој е еден од 11. универзитети означени како „елитни“ во Германија и на него се школуваат околу 23.500 студенти од 126 држави. Во Бремен исто така се наоѓаат Високата школа за уметност Бремен, Високата школа за применети науки Бремен со кампуси во Бремен и Бремерхафен и Универзитетот „Џејкобс“, меѓународен истражувачки универзитет во Фегезак.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Bevölkerungsentwicklung im Land Bremen“ (PDF). Статистичка служба на Бремен (германски). јуни 2021.
  2. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 25 June 2020. Посетено на 23 June 2020.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)
  3. „Reichstag 1867-1918 - Bremen“. www.wahlen-in-deutschland.de. Посетено на 2021-05-17.
  4. 4,0 4,1 „Reichstagswahlen 1919-1933 - Bremen“. wahlen-in-deutschland.de. Посетено на 2021-05-17.
  5. Herbert Schwarzwälder (1983) Bremen in der Weimarer Republik (1918–1933) (Geschichte der Freien Hansestadt Bremen, Vol. 3), Christians, 1983, p. 609.
  6. Herbert Schwarzwälder (2003), Das Große Bremen-Lexikon. Edition Temmen, ISBN 3-86108-693-X, p. 442.
  7. „Bürgerschaftswahlen Bremen seit 1945 - Ergebnisse in der Stadt Bremen“. www.wahlen-in-deutschland.de. Посетено на 2021-05-19.
  8. „Bürgerschaftswahl 2019 in Bremen: Die wichtigsten Fakten im Überblick“. www.merkur.de (германски). 2019-04-05. Посетено на 2019-05-05.
  9. „Bürgerschaftswahl 2019 in Bremen: Fragen und Antworten zur Wahl in Bremen“. handelsblatt.com (германски). Посетено на 2019-05-05.
  10. „Bürgerschaftswahl 2019 - Wahlen zur Bremischen Bürgerschaft“. landesportal.bremen.de (германски). Посетено на 2019-05-05.
  11. „Bremen: So tickt Andreas Bovenschulte (SPD)“. 8 July 2019 – преку www.welt.de.
  12. „Bremer SPD schließt Koalition mit CDU aus - buten un binnen“. www.butenunbinnen.de. Архивирано од изворникот на 26 May 2019. Посетено на 25 July 2020.
  13. 13,0 13,1 Plöger, Jörg (2007). Bremen: City Report (PDF). London: Centre for the Analysis of Social Exclusion, LSE.
  14. „Arbeitslosenquote nach Bundesländern in Deutschland 2018 | Statista“. Statista (германски). Посетено на 2018-11-13.
  15. (Destatis), © Statistisches Bundesamt (2018-11-13). „Federal Statistical Office Germany - GENESIS-Online“. www-genesis.destatis.de (англиски). Посетено на 2018-11-13.

Надворешни врскиУреди