Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016 - друмска трка за мажи
Друмската трка за мажи била една од осумнаесетте велосипедски дисциплини на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, која започнала и завршила на 6 август на тврдината Копакабана. Трката била освоена од Грег ван Авермат од Белгија.
Велосипедизам на Летните олимписки игри 2016 | ||||
---|---|---|---|---|
Друмски велосипедизам | ||||
Друмска трка | мажи | жени | ||
Хронометар | мажи | жени | ||
Велодромски велосипедизам | ||||
Спринт | мажи | жени | ||
Екипен спринт | мажи | жени | ||
Кеирин | мажи | жени | ||
Екипна потера | мажи | жени | ||
Омниум | мажи | жени | ||
Планински велосипедизам | ||||
Крос-кантри | мажи | жени | ||
BMX | ||||
BMX | мажи | жени |
Фаворити пред трката
уредиПоради напорната патека, за медалот се очекувало да се борат оние велосипедисти со вештини при искачувањата и спуштањата. Иако, општиот список на фаворити за трката бил Крис Фрум, Алехандро Валверде, Винченцо Нибали, Михал Квјатковски, Руј Кошта и Ромен Барде,[1] многу очекувале дека Крис Фрум може да има помош од некои од неговите колеги во Тим Скај и предноста од тоа да стори нешто историски: ако го освоил златото ќе биде првиот човек кој некогаш го освоил Тур де Франс и олимписката друмска трка во иста година.[2]
Патека
уредиПатеката за друмската трка за мажи била долга 241,6 километри. Започнала од тврдината Копакбана,[3] главната група подоцна се движела на запад низ Ипанема, Бара да Тижука и Резерва де Марапенди покрај крајбрежјето, стигнувајќи до кругот од 24,8 километри на Понтал.[4] По четири круга на Понтал, патеката се враќала на исток на истиот крајбрежен пат до кругот кај Виста Кинеза, каде имало три круга, пред да се врати пак на тврдината Копакабана.[5]
- Карти од патеката на олимписката друмска трка
Учесници
уредиСледниве национални олимписки комитети (НОК) имале квалификувано велосипедисти за настап на друмската трка. Следниве возачи биле потврдени од нивните соодветни НОК.
Резултат
уредиРезултат на олимписката друмска трка за мажи[6]
|
Наводи
уреди- ↑ „Olympic Cycling: Rio 2016 men's road race preview“. skysports.com. Посетено на 5 август 2016.
- ↑ „Rio Olympics 2016: Team GB believe Chris Froome can make history in cycling road race“. telegraph.co.uk. Посетено на 5 август 2016.
- ↑ „Rio Olympic Games Facilities: Copacabana Region“. brasil2016.gov.br. Посетено на 1 април 2016.
- ↑ „Rio Olympic Games Facilities: Barra Region“. brasil2016.gov.br. Посетено на 1 април 2016.
- ↑ „Rio 2016 Road Cycling - Men's Race updated“ (PDF). UCI. 25 март 2015. стр. 2.
- ↑ Елтон-Волтерс, Џек (6 август 2016). „Greg Van Avermaet wins Rio 2016 Olympic men's road race“. Cycling Weekly. Посетено на 6 август 2016.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-08-06. Посетено на 2016-08-07.
- ↑ „UCI Cycling Regulations, Part II: Road Races“. UCI. 1 февруари 2012. стр. 31.