Википедија:Избрана статија/2018/45
Прва светска војна — глобална војна со потекло од Европа која траела од 28 јули 1914 до 11 ноември 1918 година. Повеќе од 70 милиони воени лица, вклучувајќи ги и 60 милиони Европејци, биле мобилизирани во една од најголемите војни во историјата. Повеќе од девет милиони борци и седум милиони цивили загинале како резултат на војната (вклучувајќи ги и жртвите на голем број геноциди). Оваа војна била една од најсмртоносните конфликти во историјата и го отворила патот за големи политички промени, вклучително и револуциите во многу од вклучените земји. Нерешените соперништва што сѐ уште постоеле на крајот од конфликтот придонеле за почетокот на Втората светска војна само дваесет и една година подоцна.
Војната ги вовлекла сите светски економски големи сили, собрани во две спротивставени сојузи: Сојузници (врз основа на тројната Антанта помеѓу Руско Царство, Трета Француска Република и Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска) наспроти Централните сили на Германско Царство и Австроунгарија. Иако Италија била членка на Тројната алијанса заедно со Германија и Австроунгарија, таа не им се придружила на Централните сили, бидејќи Австроунгарија презела офанзивата против условите на сојузот. Овие сојузи биле реорганизирани и проширени како што повеќе земји влегле во војната: Италија, Јапонија и САД се приклучиле кон сојузниците, додека Отоманското Царство и Царство Бугарија се приклучиле кон Централните сили. (Дознајте повеќе...)