Википедија:Избрана статија/2018/26
Шагринска кожа (француски: La Peau de chagrin) — роман од францускиот романописец и драматург, Оноре де Балзак, издаден во 1831 година. Дејството, сместено во почетокот на XIX. век во Париз, ја кажува приказната за едно младо момче кое наоѓа парче шагрен, кое има моќ да ја исполни секоја негова желба. Но, со секоја посакана желба кожата се намалува и црпи дел од неговата физичка енергија. Романот припаѓа на „Филозофските студии“, група од Балзаковата романорека, „Човечка комедија“.
Иако романот користи фантастични елементи, главната цел му е реално прикажување на прекумерноста на буржоаскиот материјализам. Главната тема на книгата е конфликтот помеѓу желбата и долговечноста, каде што волшебната кожа ја претставува моќта на својот сопственик, која се троши со секое изразување на желба, особено кога станува збор за самото поседување на моќ.
Пред да биде завршена книгата, Балзак пробудил возбуда со тоа што издал серија статии и фрагменти во неколку париски весници. Иако задоцнил пет месеци во доставување на ракописот, тој успеал да привлече доволно интерес со што романот се распродал веднаш по неговото издавање. Второ издание, кое содржело серија од дванаесет други „филозофски сказни“, било издадено еден месец подоцна. (Дознајте повеќе...)