Сиким е сојузна држава во Индија со површина од 7.096 км2 и 540.493 жители (состојба: 1. јан. 2001). Државата е со најмал број на жители во Индија и се наоѓа на Хималаите. До 1975 година Сиким била независна држава со која владеела династијата Чогјал. На референдумот во 1975 година, народот одлучил да се припои кон Индија и со тоа Сиким станала 22-та индиска држава. Граничи со Непал на запад, Кина, т.е Тибет на север и Бутан на југоисток. На југ граничи со Западен Бенгал.

Сиким
Сиким - सिक्किम
Држава: Индија
Главен град: Гангток
Површина: 7.096 км2
Население: 540.493 (2001)
Густина на население: 76,17 жит./км2
Јазик: непалски , англиски, хинду, бутански
Религија: хиндуизам и будизам
Мрежно место: sikim.nic.in[мртва врска]
Мапа
Положба на Сиким во Индија
Положба на Сиким во Индија