Филологија е наука за античките текстови и јазици. Поимот оригинално значи љубов (грчки philo-) за учење и литература (грчки -logia). Во академските традиции на неколку народи, широко поимање на „филологија“ ја опишува студијата на јазикот заедно со неговата литература и историскиот и културен контекст што се неопходни за разбирање на книжевните дела и другите културно значајни текстови. Филологија на тој начин поврзува студии како граматика, реторика, историја, интерпретација на автори и др. Оваа дефиниција станува се поретка со време и поимот „филологија“ сè повеќе добива значење на студија на текстови од перспектива на историска лингвистика.

Поврзано

уреди

Некои стари јазици

уреди