Отвори го главното мени
Танц

Танцот (од герм. Tanz) e еден вид уметност што се состои од движење на телото, по некој музички ритам.[1]

Содржина

ИсторијаУреди

Околу 15 000 години п.н.е., некои пештерски цртежи од каменото доба во Европа и Африка ги прикажуваат луѓето во положба која би можело да одговара на танц. Во периодот 3000-1000 година п.н.е., старите Египјани со обредни и церемониални танци ги почитувале боговите. Околу 1400 година п.н.е., танцувањето околу бик била омилена забава околу Крит при што луѓето танцувале скокајќи му на грбот и меѓу роговите. Околу 1000 година п.н.е., кинеските шамани со танц ги повикувале боговите да се симнат на земјата. Во периодот 500-400 година п.н.е., спартанците во рамките на воената обука имале и танц, а грчкиот филозоф Сократ тврдел дека „Најдобриот танчер е и воедно најдобриот војник“. Во 150 година п.н.е., Римјаните ги затвориле сите танцови училишта, а римскиот конзул Цицерон тврдел дека „ниту еден човек не танцува доколку не е луд“. Во 400 година п.н.е. се појавиле Кагура-танцовите во јапонските светилишта при што танчерот бил следен од тапани и со лимена музика. Веќе во 1300 година во кралските сали ширум Европа се одржувале балови, додека во 1400 година масовните танци ширум Европа воделе до лудост и до транс. Во [[Италија],] на пример, со танцот „тарантела“ се лекувале луѓето од каснување на отровниот пајак тарантула. Во 1416 година бил објавен првиот европски прирачник за танцот “За уметноста на танцувањето и управувањето со хорови“, додека во 1500 година била прикажана најстарата танцова претстава и облик на балет - „Бало“. Подоцна, во 1600 година, во Италија бил создаден танцот „Катакали“, а во 1635 година, францускиот крал Луј XIV настапувал како четиринаесетгодишник во „Ноќниот балет“. Подоцна, во 1681 година, на жените им било дозволено да танцуваат во балетот. Во 1832 година, Мари Талони била првата балерина која настапувала на врвовите на прстите, а во 1870 година бил претставен танцот „Кан-Кан“.

Во 1900 година, Исидора Данкан станала првата современа танчарка која ги развила слободните облици на танц. Во периодот 1920-1930 година, „степувањето“ и други видови танц стекнале широка популарност. Во 1927 година, Рудолф фон Лабан го открил методот на бележење на балетските движења со геометриски слики. Во периодот 1930- 1940 година, „Џитербаг“ и „џајв“ станале најпопуларни џез-танци. Во 1933 година, Тед Шон основал машка танчарска група за да ги претстави танчерите во полно светло, а не само како помагачи на танчерките. Во 1945 година, латиноамериканските танци, „самба“, „ча-ча-ча“ и „калипсо“ влегле во кругот на афирмирани танци. Во 1950-1960 година, рокенролот се развил како најпопуларен танц меѓу младите луѓе. Во текот на 1960-1970, во Њујорк, бил создаден постмодерниот танц, полн со експерименти и со импровизации. Во 1970- 1980 година се раширило диско-танцувањето, главно во Европа и во САД. Во 1980-1990 настанал „брејкденсот“ каде играчите се вртат на грб и глава и имитираат движења на робот.

Традиционални танциУреди

Повеќето земји во светот си имаат по некој традиционален танц кој се развивал со години. Тие танци, често од верски или племенски обреди се развивале со сложени танцови облици со утврдени движења. Во многу култури, на пример танцувањето доведува до транс за да можат на тој начин да се комуницира со боговите. Во Европа, многу традиционални танци водат потекло од верските обреди. На пример, играњето во круг води потекло од кружењето околу личноста која се почитувала. Во Источна Азија, традиционалните танци се дел од театарските драми, на пример кинеската опера. Јапонските „гагаку“ и „бугака“ се најстарите облици на традиционалните танци во светот. Во Африка, традиционалните танци водат потекло од племенските обреди. Тука се танците во чест на Сонцето и Месечината, танци посветени на оружјето и.т.н. Во Америка, домородците танцуваат на посебни свечености за да ја придобијат наклонетоста на духовите, предците или боговите.

Танчери на 20 векУреди

Танчерски рекордиУреди

Најбрзото степнување го поставил англичанецот Стивен Гер, кој степнувал 32 пати во секунда во 1990 година. Најдолгата конга била супер конгата во Мајами 1988 година. Во неа се вклучиле 119.986 луѓе.

Танчерски занимливостиУреди

Во северна Африка, стомачните танчерки се вреднуваат според начинот на кој ги движат рамениците. Судиите на ирските натпревари во танцување на жигот седат под сцената за да ја оценат брзината и прецизноста на чекорите на танчерот. „Кејкволк“ е првиот афроамерикански танц кој го преземале и белите Американци. Се развил од танцовиот натпревар во кој обично наградата била колач.

Танцот како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Танцот како тема во книжевностаУреди

Танцот како тема во филмотУреди

Танцот како тема во популарната музикаУреди

  • „Танцувај на музиката“ (Dance to the music) - песна на американската соул-група „Слај енд д фемили Стоун“ (Sly and the Family Stone) од 1968 година.[6]
  • „Танцот на фараонот“ (англиски: Pharaoh's Dance) - композиција на американскиот џез-музичар Мајлс Дејвис (Miles Davis) од 1969 година.[7]
  • „Месечев танц“ (Moondance) - песна од истоимениот албум на ирскиот музичар Ван Морисон (Van Morrison) од 1970 година.[8]
  • „Вселенски танчер“ (Cosmic Dancer) - песна на британската рок-група „Т. Рекс“ (T.Rex) од 1971 година.[9]
  • „Нон-стоп танцување“ (Non-Stop Dancing) - песна на британската рок-група „Џем“ (The Jam) од 1977 година.[10]
  • „Танцувам со себеси“ (Dancing with Myself) - песна на англиската панк-група „Џенерејшн Х“ (Generation X) од 1980 година.[11]
  • „Приватна танчерка“ (Private Dancer) - песна на американската поп-пејачка Тина Тарнер (Tina Turner) од 1984 година.[12]
  • „Танцувам со солзи во очите“ (Dancing with tears in my eyes) - песна на англиската поп-група „Алтравокс“ (Ultarvox) од 1984 година.[13]
  • „Не знаеш да танцуваш“ (You Can't Dance) - песна на американскиот рапер ЛЛ Кул Ј (LL Cool J).[14]

НаводиУреди