Ксенобиотик
Ксенобиотик (од грчки xenon = туѓо) е секое хемиско соединение кое може да се најде во еден организам, но кое најчесто не се создава, ниту пак се очекува дека ќе биде присутно во тој организам. Ксенобиотици можат да бидат и материи кои се присутни во многу поголеми концентрации од вообичаените соединенија. Поконкретно, лековите како антибиотиците се ксенобиотици во телото на човекот, бидејќи човековото тело нема способност да ги синтетизира. Меѓутоа, овој поим во екотоксикологијата се користи во контекст на загадувачи како што се диоксини и полихлорирани бифенили и нивното влијание на живиот свет. Природните соединенија можат исто така што бидат ксенобиотици доколку си најдат пат во некој друг организам каде не се присутни (на пример, природните човекови хормони можат да достигнат во организмот на рибата која живее во река каде се излева градската канализација).
Токсикант е отровен ксенобиотик, додека загадувач (полутант) е материја која загадува. Загадувачите може да се онечистувачи - некои хемиски неоргански соединенија, како DDT во водата, хемикалии, физикални фактори, тешки метали (на пример, оловото во организмот може да се ослободи по пат на лактација, тешките метали најмногу се акумулираат во коренот на морковот, цвеклото итн.) или класични загадувачи - органски материи (како E. coli во водата - фекално загадување), биолошки супстрати (штавење на кожата), крв, микроорганизми и слично.
- ↑ Que son los xenobióticos? Архивирано на 7 септември 2009 г., Посетено на 23. септембар 2010