Прва Бундеслига (фудбал)

Бундес Лигата е професионална фудбалска лига во Германија. На врвот на фудбалскиот лига - систем во Германија, ова е највисоко рангираното фудбалско натпреварување. Во оваа лига се натпреваруваат 18 тима и работи според системот на промовирање и испаѓање со втората Бундес Лига. Вкупно 54 тимови се натпреварувале во Бундес Лигата од нејзиното формирање до денес. Уште од 70-те години на 20-от век, Баерн Минхен доминира во првенството, освојувајќи 26 титули. И покрај тоа, Бундес Лигата била сведок и на други клубови кои го кренале шампионскиот трофеј, како што се Хамбургер, Борусија Дортмунд, Вердер Бремен, Борусија Менхенгладбах и Штутгарт кои биле едни од најистакнатите. Бундес Лигата е една од најдобрите национални лиги, според УЕФА коефициентот во сезоната 2016-2017 таа вила тангирана на второто место воЕвропа според неодамнешните европски постигнувања.[1]. Бундеслигата е број еден фудбалска лига во светот во однос на просечната посетеност; од сите спортови, нејзиниот просек од 45.134 навивачи по натпревар за време на сезоната 2011-12 бил втор по бројност од секоја спортска лига во светот по Националната фудбалска лига.[2] Бундеслигата се емитува на телевизија во повеќе од 200 земји.[3]

Моментална сезона или издание:
2019/2020
СпортФудбал
Основана1963
Број на екипи18
ДржаваГерманија
Тековен првакБајерн Минхен (2018/19)

За разлика од другите држави, несвојствено за Германија било тоа што темелите на структурата на националната лига биле прилично доцна воспоставени. Бундес Лигата била формирана дури во 1963 година и структурата и организацијата на националните фудбалски лиги биле подложни на чести промени кои се манифестираат дури до денес. Лигата за првпат биле формирана од страна на Германската Фудбалска Асоцијација, но сега е управувана од страна на Германската Фудбалска Лига (Англиски: German Football League).

Преглед

уреди

Бундес лигата била составена од две дивизии: Прва Бундес Лига (и покрај тоа што ретко се нарекува со претставката Прва) и, под неа, Втората Бундес Лига која е по редослед на второ место уште од 1974 година. Бундес Лигите (во множина) се професионални лиги. Од 2008 година, Третата Лига во Германија исто така е професионална лига, но не се нарекува Бундес Лига, поради тоа што со Лигата раководи Германската Фудбалска Асоцијација, а не како во случајот со Втората Бундес Лига која што е водена од Германската Фудбалска Лига. Под Третата Лига, лигите најчесто се делат на регионална основа. На пример, Регионалната Лига е составена од Северна, Јужна и Западна дивизија, а Премиер Лигата (горни лиги) е составена од девет дивизии претставувајќи ги федералните држави или големи урбани или географски подрачја. Лигите кои по ранг се подолу од Премиер Лигата се разликуваат една од друга во зависност од локалното подрачје во кое се наоѓаат. Структурата на лигата често се менувала и најчесто се одразувала на степенот на учество во спортот во различни делови од државата. Во раните деведесетти, промени биле направени поради обединување на Германија и интеграциите што следуваа од националните лиги од Источна и Западна Германија. Секој тим во двете Бундес Лиги мора да има лиценца за да играат во лигата, или ќе бидат пренесени (паднати) во регионалните лиги. За да се добие лиценца, тимовите мораат да финансиски стабилни и да исполнуваат одредени стандарди на однесување како организатори. Како и во други национални првенства, така, и тука постојат одредени придобивки кога се учествува во највисоката по ранг дивизија: - поголемиот дел од поделба на средствата од телевизиските права оди во Првата Бундес Лига; - тимовите од Првата Бундес Лига привлекуваат поголем број на навивачи. Просечна посетеност на натпреварите од првата лига се движи околу 38.000 гледачи по натпревар, двојно повеќе од посетеноста во Втората Бундес Лига; - поголемата изложеност на телевизија и поголемата посетеност придонесуваат Првата Бундес Лига да ги привлече најпрофитабилните спонзори; - Првата Бундес Лига развила значителна финансиска моќ преку комбинирањето на телевизиските приходи и приходите од навивачите, спонзорствата, и рекламирање на брендовите на другите тимови. Ова им овозможува да привлечат и задржат квалификувани фудбалери од дома или од странство и да изградат стадиони со највисоки стандарди. Првата Бундес Лига е финансиски силна, и Втората Бундес Лига почнала да се развива во слична насока, станувајќи повеќе стабилна организационо и финансиски, и одразувајќи сè поголеми стандарди на професионална игра. Интернационално, најпознатите германски клубови се Баерн Минхен, Хамбургер, Борусија Дортмунд, Вердер Бремен, Шалке 04, Баер Леверкузен и Штутгарт. Хамбургер е единствениот клуб кој непрекинато играл во Бундес Лига од нејзино формирање. Во сезоната 2008-2009, Бундес Лига го врати претходниот германски систем за промовирање и испаѓање: - тимовите кои ќе завршат на последните две места во Бундес Лигата автоматски испаѓаат во Втората Бундес Лига, каде што тимовите кои завршиле на првите две места во Втората Бундес Лига ги заземаат нивните места; - тимот пласиран на шеснаесеттото место во Бундес Лига ќе треба да игра плејаут - бараж, два натпревара со тимот кој завршил на третото место во Втората Бундес Лига, каде што победникот го пополнува последното место за следната сезона во Бундес Лигата. Неколку години, се употребуваше поинаков систем во кој трите екипи кои ќе завршат на последните три места автоматски испаѓаа во втората лига, за да бидат заменети со највисоко пласираните три екипи од Втората Бундес Лига. (Пред сезоната 1974-1975 доаѓаше замена на четири наместо шест). Сезоната почнува на почетокот на август и трае до крајот на мај, со зимска пауза од шест недели (средина на декември до крајот на јануари). Во поново време, натпреварите се играат во сабота (седум средби што започнуваат во 3:30 часот попладне) и во недела (две средби што започнуваат во 5:00 попладно). Нов телевизиски договор во 2006 година ја претстави замислата за пренос на натпревар во петок (со почеток во 8:30 навечер) на местото на еден натпревар од сабота.

Историја

уреди

Потекло

уреди

Пред формирањето на Бундес Лига, германскиот фудбал се играл на аматерско ниво во голем број на суб-регионални лиги, сè до 1949 година, кога привремено полупрофесионализмот бил воведен и останале само пет регионални Премиер Лиги. Регионалните шампиони и тие со освоено второ место играле серија меѓусебни натпревари за правото да се натпреваруваа во финалниот натпревар за државното првенство. На 28 јануари 1900 година, националната асоцијација, Германска Фудбалска Федерација беше формирана во Лајпциг со зачленети 86 екипи. Првиот признат национално шампион бил СФК Лајпциг, кој ја поразил ГФК Прага со 7-2, натпревар одигран на 31 мај 1903 година во Алтона. Во текот на 50-те години од 20-от век, постојано се повикувало за формирање на централна професионална лига, посебно поради фактот што професионалните првенства во другите држави почнале да ги собираат најдобрите германски играчи од домашните полупрофесионални првенства. На меѓународно ниво германската игра влегла во криза како што германските тимови лошо поминувале против професионалните тимови од другите држави. Клучниот поддржувач на концептот за централна лига бил главниот тренер на репрезентацијата Сеп Хербергер кој изјавил: “Ако сакаме да останеме конкурентски настроени меѓународно, мораме да ги зголемиме нашите очекувања на национално ниво”. Во меѓувреме, во Источна Германија, била основана посебна лига заедно со формирањето на Германската Спортска Премиер Лига во 1951 година. Лигата во 1958 година билапреименувана во Фудбалска Премиер Лига и гласела едноставно како ДДР - Лига или како ДДР - Премиер Лига. Лигата се состоела од 14 тима со две места за испаѓање.

Формирање

уреди

Поразот од репрезентацијата на Југославија со 0-1 во четврт финалето на Светското Првенство во Чиле во 1962 година, било поттик за формирање на национална лига. Под новоформираната Фудбалска Федерација на Германија, Претседателот Херман Госман кој бил избран тој ден, Бундес Лигата била основана на 28 јули 1962 година во Дортмунд, и првата нејзина сезона се одржала во сезоната 1963-1964. Во тоа време, постоеле пет Премиер Лиги, кои ја претставувале Западна Германија и тоа нејзината северна, јужна, западна, југозападна страна и Берлин. Источна Германија, позади Железната Завеса, остана со своја посебна лига. 46 екипи се пријавиле за учество во новата лига. 16 тима беа одбрани во однос на нивниот успех на теренот, економските можности и застапеноста на различни тимови од секоја Премиер Лига. - од Северната Премиер Лига: Ајнтахт Франкфурт, Вердер Бремен, СК Хамбургер; - од Западната Премиер Лига: Борусија Дортмунд, Келн, СК Меидерихер (сегашен СФК - Дисбург), Пројсен Мунстер, Шалке 04; - од Југозападна Премиер Лига: Кајзерслаутерн, ФК Сарбрукен; - од Јужна Премиер Лига: Ајнтрахт Франкфурт, Карлсруе, ФК Нирнберг, СФК 1860 Минхен, Штутгарт; - од Берлин Премиер Лигата: Херта Берлин. Првите натпревари во Бундес Лигата се одиграа на 24 август 1963 година. Фаворитот Келн стана и првиот шампоин во Бундес Лигата, а на второто и третото место завршија СК Меидерихер, односно Ајнтрахт Франкфурт.

Систем на квалификации

уреди

Системот на квалификации за новата лига бил прилично сложен. Подредувањето на клубовите кои играле во Премиер Лигата во последните десет сезони се земениле предвид, каде што резултатите од 1952 до 1955 година еднаш се сметани, резултатите од 1955 до 1959 година двојно се сметани и резултатите од 1959 до 1963 година тројно. За првото место биле доделени 16 бода, а за шестнаесеттото место еден бод. Учествувањето во финалето во германското првенство или германскиот Фудбалски Куп исто така било наградувано со бодови. Петте премиерлигашки шампиони од сезоната 1962-1963 им беше овозможен директен влез во Бундес лигата. Сè на сè, 46 екипи поднеле барање за 16. слободни места во Бундес Лигата. Според системот, до 11 јануари 1963 година, ФФГ ги објавиле деветте клуба кои се натпреварувале во новата лига и ги намалиле критериумите за учество на клубовите кои ги исполнувале условите во лигата за останатите седум места. Клубовите во Премиер Лигата кои биле одделени со помалку од 50 бода се сметале за еднакви и групирањето на екипите во сезоната 1962-1963 се користеле за да се утврдат тимовите кои се квалификувале.

СТРУКТУРА И НАТПРЕВАРУВАЊЕ

уреди

Германскиот фудбалски шампион се одлучува со натпреварување во Бундес Лигата. Секој клуб игра против останатите клубови, еднаш на свој терен, а еднаш на гости. Првично, победата носела два бода, нерешениот резултат носел еден бод, а поразот не носел бодови. Уште од сезоната 1995-1996, победата носела три бода, без промени во вредноста на нерешениот исход или поразот. Клубот со најмногу освоени бодови на крајот на сезоната ќе станат германски шампиони. Моментално, најдобрите два клуба на табелата изборуваат директно место во групната фаза во Лигата на Шампионите, додека третопласираниот тим игра квалификациски натпревари за влез во Лигата на Шампионите. Двата тима што се на дното на табелата испаѓаат во Втората Бундес Лига, додека првите два тима од Втората Бундес Лига ги заземаат нивните места. Тимот што ја завршил сезоната на шеснаесеттото место и тимот кој завршил на третото место во Втората Бундес Лига играат две меѓусебни средби. Победникот на натпреварите следната сезона ќе игра во Бундес Лига, а поразениот во Втората Бундес Лига. Ако екипите имаат ист број на бодови, одлучувачки фактор ќе биде: 1. Гол - разликата во текот на целата сезона; 2. Вкупниот број на погодоци постигнати во целата сезона; 3. Резултати постигнати на натпреварите играни помеѓу овие два тима; 4. Вкупниот број на постигнати погодоци на меѓусебните средби; 5. Постигнатите голови на гостински терен на меѓусебните средби; 6. Вкупниот број на постигнати погодоци на гостински терен за целата сезона. Ако после овие фактори клубовите повторно имаа исти резултати, се одржува еден натпревар на неутрален стадион за да го одлучи победникот. Меѓутоа, ова никогаш не се случило во историјата на Бундес Лигата. Во однос на селекција на тимот за еден натпревар мора да има најмногу петмина кои немаат потекло од рамките на Европската Унија. Дозволено е да бидат одбрани седум резервни играчи, од кои тројца можат да бидат внесени во игра во текот на средбата.

ИЗМЕНИТЕ ВО СТРУКТУРАТА НА ЛИГАТА

уреди

Број на тимови: - 1963-1964 до 1964-1965: 16 екипи; - 1965-1966 до 1990-1991: 18 екипи; - 1991-1992: 20 екипи, додека Источна и Западна Германија се соединија по германското припојување; - Од 1992-1993: 18 екипи. Бројот на тимови кои испаднале: - 1963-1964 до 1973-1974: 2 тима; - 1974-1975 до 1980-1981: 3 тима; - од 1981-1982 до 1990-1991: 2 плус шеснаесеттиот на табелата од Првата Бундес Лига мора да игра плејаут - бараж два натпревара со третопласираниот тим од Втората Бундес Лига за местото што води во Првата Бундес Лига; - 1991-1992: 4 тима; - од 1991-1993 до 2007-2008: 3 тима; - од 2008-2009: два тима автоматски плус шеснаесеттопласираниот тим од Првата Бундес Лига игра бараж два натпревара со третопласираниот тим од Втората Бундес Лига за последното место кое води во Првата Бундес Лига за следната сезона.

ЕВРОПСКИ КВАЛИФИКАЦИИ (ОД 2008-2009)

уреди

- првото и второто место водат директно во Лига на Шампионите; - третото и четвртото играат квалификациски натпревари за влез во групната фаза од Лигата на Шампиони. Победниците од квалификациските средби изборуваат место за натпреварување во групната фаза, а поразените влегуваат во натпревари од групната фаза на Европа Лигата; - победникот од Германскиот Куп се здобива со место во 4. квалификациска рунда во Европа Лигата, без разлика на кое место се наоѓа на табелата; - ако победникот во Купот се квалификува за Лига на Шампиони, местото во Европа Лигата го зазема поразениот тим од финалето за Купот, ако не изборил место за меѓународно натпреварување, ако е така тогаш тој ќе се натпреварува едно коло порано од тимот кој го освоил Купот. Ова правило постоеше и кај претходникот на Европа Лигата, УЕФА Купот; - тимот кој ќе има придобивки од ова правило не мора да биде учесник во Првата Бундес Лига. На пример, и покрај поразот на Алеманија Ахен од Вердер Бремен во куп финалето во 2004 година, Алеманија обезбеди место во УЕФА Купот, поради тоа што Вердер обезбеди место во Лига на Шампиони поради освоената титула во првата лига; - исто така, ако и двата куп-финалисти се квалификуваат во Лигата на Шампиони му се допушта на највисокопласираниот тим, но кој не игра на меѓународна сцена да го заземе нивното место. Ова скоро се лучи во 2010 година, кога шампионот во првенството Баерн Минхен го победи третопласираниот Вердер Бремен во финалето на Купот. Како резултат на тоа шестопласираниот СФК Штутгарт го доби правото да се натпреварува во следната сезона во Европа Лигата; - четвртото место изборува место во четвртата квалификациска рунда во Лига Европа; - петтото место изборува место во третата квалификациска рунда во Лига Европа; - дополнително место во Лига Европа може да биде доделено поради механизмот нас УЕФА за фер игра. Ова правило беше преземено од УЕФА Купот. Последниот тим од Бундес Лигата кој се здобил со влез во УЕФА Купот според механизмот за фер игра беше Мајнц 05 во сезоната 2005-2006; - 16. тим на табелата игра плејаут - бараж од два натпревара (дома и на гости) против третопласираниот тим во Втората Бундес Лига; - 17. и 18. место директно водат во Втората Бундес Лига. Бројот на германските клубови кои можат да учествуваат во европските купови се детерминира од страна на УЕФА коефициентот, кој ги зема предвид постигнатите резултати од одредени клубови во европските натпреварувања во изминатите пет години.

ИСТОРИЈАТ НА ЕВРОПСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ

уреди

Европски Куп/Лига на Шампиони:

- се до 1996-1997 се пласирал само германскиот шампион; - 1997-1998 најдобрите две екипи; - 1999-2008 два тима одат директно во групната фаза. Во зависност од УЕФА коефициентот за германско првенство, или еден или два тима (најчесто еден) влегува во третата квалификациска рунда и победниците во оваа рунда влегуваат во фазата по групи.

УЕФА Куп/Европа Лига:

- почнувајќи во сезоната 1999-2000, победникот во Германскиот Куп обезбедува директно место. Во зависност од УЕФА коефициентот за германското првенство, можат да влезат некаде помеѓу ниту еден и три дополнителни тима учесници. Уште кога Купот на Победниците на Куповите беше претопен во УЕФА Куп во 1999 година, на германската лига секогаш и беа доделени најмалку три клуба во УЕФА Купот, и и беше овозможен влез на четврти клуб. Екипите кои ќе влезат преку механизмот на УЕФА за фер игра или пак тие што влегле преку сега непостоечкиот Интертото Куп, не е помината националната квота. Од 2006 година па сè до последниот Интертото Куп во 2008 година, само еден тим од Првата Бундес Лига имал право да влезе во Интертото Купот и можност да учествува во УЕФА Купот. За сезоната 2005-2006, ФФГ се здоби со уште едно место во УЕФА Купот поради фер игра, а ова место го доби Мајнц 05 како највисокорангиран на фер игра - табелата во Првата Бундес Лига кој не изборил место за Европа; - Купот на Победниците на Куповите (укинат после 1999 година); - победникот во Германскиот Куп се натпреваруваше во Купот на Победниците на Куповите, но денес тој клуб се изборува за место во Европа Лигата.

ИСТАКНАТИ ШАМПИОНСКИ КЛУБОВИ

уреди

Во 2004 година, беше за првпат беше употребен обичај кој беше преземан од Италијанската Фудбалска Федерација нарешен “истакнати шампионски клубови”, за да се спознаат тимовите кои имаат освоено повеќе првенства или други трофеи, изразувајќи со златна ѕвезда на нивниот симбол и дрес. Секој начин на користење се разликува еден од друг и во Германија е да се стави една ѕвезда за три освоени титули, две ѕвезди за пет титули, три ѕвезди за десет титули и четири ѕвезди за дваесет титули. Поранешниот тим од Источна Германија, ФК Берлинер Динамо сметаа дека три ѕвезди треба да означуваат тесеткратен шампион. Тие издадоа петиција до лигата, за да нивните титули од Премиер Лигата бидат признати, но не добија одговор. Динамо подоцна ги презеде тработите во свои раце и ги украсија своите дресови со три ѕвезди. Ова предизвика одредени дебати поради природата поради клоја тие ги освоиле титулите и нивната поврзаност со Стаси - тајната полиција на Источна Германија. Проблемот исто така влијае и врз друг поранешни источнаци и шампиони пред Бундес Лигата. Во ноември 2005 година, ФФГ дозволи сите поранешни шампиони да прикажат една ѕвезда, во неа гравиран број на освоени титули, вклучувајќи машки трофеи од 1903 година, женски трофеи од 1974 година и трофеи од Источна Германија. Овој начин на функционирање се однесува само на тимови кои играат под првите две Бундес Лиги, уште кога стапи во сила конвенцијата за германските фудбалски лиги. СФК Динамо Берлин не се придржувал до овие правила и продолжил да носи три ѕвезди, отколку една со гравирана бројка 10. Греутер Фурт неофицијално прикажа три сребрени ѕвезди за титули освоени пред војната, и покрај тоа што беше присутен во Втората Бундес Лига. Во јуни 2010 на следниве клубови им е дозволено да носат ѕвезди додека играат во Бундес Лигата. Бројот во загради го означува бројот на освоени титули во Бундес Лигата: - четири ѕвезди на Баерн Минхен (21); - две ѕвезди на Борусија Менхенградбах (5); - една ѕвезда за Борусија Дортмунд (4); - една ѕвезда за СК Вердер Бремен (4); - една ѕвезда за СК Хамбургер (3); - една ѕвезда за СФК Штутгарт (3).

Надворешни врски

уреди
  1. „UEFA Country Ranking 2015“. kassiesa.home.xs4all.nl. Bert Kassies. n.d. Архивирано од изворникот на 2015-05-16. Посетено на 4 November 2015.
  2. Cutler, Matt (15 June 2010). „Bundesliga attendance reigns supreme despite decrease“. Sport Business. Посетено на 4 January 2012.
  3. „TV BROADCASTERS WORLDWIDE“. Архивирано од изворникот на 2013-05-20. Посетено на 2018-01-20.